1.1.1 Договорен орган е ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, со адреса 6335 Вевчани, телефон за контакт 046-798-387,факс 046-798-658 електронска адреса zdrdomvevcani@gmail.com ,контакт лице Рената Пешиноска електронска адреса renatapesinoska@gmail.com...
XXX XXXXXXXXXX ДОМ ВЕВЧАНИ
НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
[ до 10.000 евра за стоки преку ЕСЈН со е-аукција]
ЗА НАБАВКА НА СТОМАТОЛОШКИ ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ
2021
Xxxxxxx, Xxxx 2021 година
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност на стоки за Стоматолошки потрошен материјал
Тендерската документација содржи:
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА 3
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 7
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 13
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 15
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 16
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.1.1 Договорен орган е ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, со адреса 6335 Вевчани, телефон за контакт 000-000-000,факс 000-000-000 електронска адреса xxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx ,контакт лице Xxxxxx Xxxxxxxxx електронска адреса xxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx тел.072/700-223
1.2.1. Предмет на набавка е Стоматолошки потрошен материјал
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
1.2.2. Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.
1.2.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 1 година.
1.3. Општи мерки за спречување на корупцијата
1.3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.4. Вид на постапка за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
1.4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
1.4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка1
1.5.1 Електронска аукција
1.5.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција на која ќе се добијат нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.2
1.5.1.2 Предмет на електронската аукција ќе биде:
само цената, кога критериум за избор на најповолна понуда е само најниската цена.
1.5.1.3 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат, да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.5.1.4 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.5.1.5 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.5.1.6 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
1.5.2 Рамковна спогодба
1.5.2.1 Оваа постапка нема да заврши со склучување на рамковна спогодба.3
.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот и _______________________________________________
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН4, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во валута како што е утврдено во тендерската документација.
3.5.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.6 Начин на испорака
3.6.1 Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин:
- ЈЗУ Здравствен дом- Вевчани по писмена нарачка, по склучен договор.
- ЈЗУ Здравствен дом-Вевчани не презема одговорност за исплата на патни трошоци.
Економскиот оператор се задолжува да ја испорача бараната стока сукцесивно според потребите на договорниот орган во неговото седиште.
Договорниот орган го задржува правото да не ја набави максималната количина од бараната стока наведена во техничката спецификација
3.7. Рок на испорака и посебни услови
3.7. Набавката ќе се одвива според потребите во рок од 1/една/ година. Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 3/три/ дена по писмена нарачка, а врз основа на договор.
3.8. Начин на плаќање
3.8.1 Начин на плаќање е преку фактура, рок на плаќање одложено за 90 дена од денот на прием на фактурата во архивата на договорниот орган.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање кој е поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде отфрлена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
[доколку цената на понудата се искажува во валута различна од денарот курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние што важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. [Доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата].
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.11.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 03.08.2021 година, до 09:00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
Документ за регистрирана дејност,
Решение за промет на големо со лекови согласно Законот за лекови и медицински средства
4.3.2 Понудите кои нема да ги содржат погоре наведените елементи нeма да се земат во предвит и ќе бидат отфрлени како не прифатливи
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 03.08.2021 во 09:00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација ЈЗУ Здравствен Дом,6335 Вевчани.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.1.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавка.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
- Документ за регистрирана дејност – образец ДРД или потврда за регистрирана дејност
5.2.2 Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.
- Решение за промет на големо со лекови согласно Законот за лекови и медицински средства
5.2.3 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
цената
5.3.2 За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките, услугите или работите5 што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик6.
5.4.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.6.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.7. 1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка [или рамковната спогодба] во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка Клима уреди и панел греалки .
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Оваа точка треба да биде содржана доколку во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Во оваа точка договорниот орган ги наведува задолжителните одредби од договорот како на пример:
предмет на договорот;
времетрање на договорот;
динамика на испорака на стоките, услугите или работите;
начин, услови и рокови на плаќање;
разлики во цена;
услови за квантитативна и квалитативна контрола;
начин на примопредавање на стоката, извршување на услугите и на работите;
виша сила;
услови за прекинување или раскинување на договорот;
решавање на спорови. и сл./или се дава Модел на договор
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
СТОМАТОЛОШКИ ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ 2021
|
|
|
|
Xxx |
Xxxxx |
Ед.мера |
Количина |
1 |
Стоматолошки спреј за дезинфекција на насадни инструменти- антибактериско, антитуберкулозно,фунгицидно,антивирусно |
мл |
3000 |
2 |
Стоматолошки ватеролни(тампони) за еднократна употреба |
гр |
5000 |
3 |
Спреј за површинска анестезија- LIDOCAIN SPRAY 10% ATC код N01BB02 |
мл |
114 |
4 |
Држачи за стоматолошки огледалца. |
парче |
30 |
5 |
Стоматолошки огледалца без држач (со раб.дел,дршка и винт) за преглед на заби и меки ткива во усна шуплина.Огледалцето да е рамно-ПЛАН со големина на работниот дел до 20мм. |
парче |
50 |
6 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:12
|
парче |
15 |
7 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:14
|
парче |
15 |
8 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:16
|
парче |
15 |
9 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:18 |
парче |
15 |
10 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:21
|
парче |
15 |
11 |
Челични
борери за стоматолошки насаден
инструмент колењак, форма: фисурни,
големина бр:18 |
парче |
15 |
12 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма - топчести, бр.12 со син xxxxxx. |
парче |
15 |
13 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма - топчести, бр.14 со зелен прстен. |
парче |
15 |
14 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма - топчести, бр.16 со син xxxxxx. |
парче |
15 |
15 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма – топчести,бр.18 со син xxxxxx. |
парче |
15 |
16 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма: фисурни ,бр.16 со зелен прстен. |
парче |
15 |
17 |
Гумици за полирање за колењак за композити,бели пламичасти,должина максимум 30мм,дебелина максимум 10мм |
парче |
15 |
18 |
Гумици за полирање за колењак за композити,бели обратноконични,должина максимум 30мм,дебелина максимум 10мм |
парче |
15 |
19 |
Месингани четки за чистење на стоматолошки потрошен материјал (дијам. и чел. борери, разни видови игли и др.) |
парче |
5 |
20 |
Пластични сисалки (аспиратори за плунка),ПВЦ ,должина до 15цм за една употреба |
парче |
500 |
21 |
Четкици за отстранување на меки наслаги на забите за насаден инструмент колењак,форма: обратноконични, дебелина на работен дел до150мм,должина на работен дел до 2,5мм. |
парче |
300 |
22 |
Петриеви шољи стаклени(со три прегради) за стерилизација на стоматолошки потрошен материјал,дијаметар 10 цм(+/- 10%) (дијам. и чел. xxxxxx,вата и др.) |
парче |
3 |
23 |
Петриеви шољи стаклени без преграда за стерилизација на стоматолошки потрошен материјал,дијаметар 10цм(+/- 10%) (дијам. и чел. xxxxxx,вата и др.);
|
парче |
3 |
24 |
Капен бочици со капаче и подлога со пет (5) места за разни стоматолошки потрошен материјал (во течна состојба)
|
парче |
2 |
25 |
Артикулациона хартија во облик на правоаголни ливчиња за одредување на висина на загриз на забите - при апликација на стоматолошки потрошен материјал за привремено или дефинитивно затворање,должина до 100мм ,ширина до 20мм. |
парче |
20 |
26 |
Полиестерни траки за изолација на кавитети на забите при апликација на стоматолошки потрошен материјал за привремено и дефинитивно полнење,ширина до 10 мм,должина максимум 0,1 м |
парче |
50 |
27 |
Паста за полирање ,максимум до 16% kalcium karbonat со средна гранулација. |
гр |
500 |
28 |
Средство за третман на орални лезии,афти и мали улцерации на орална мукоза на база на еугенол и трихлороцетна киселина |
мл |
60 |
29 |
Јодоформ прав |
гр |
40 |
30 |
Јодоформ траки-Штрајфни 5%, ширина мах.1 см, должина мах. до 5 м |
м |
2 |
31 |
Паста за минерализација и реминерализација на забната структура која е направена на органска основа и е дериват на млечниот протеин-казеин |
гр |
600 |
32 |
Стакло-јономерен материјал со висока концентрација на флуориди за дефинитивно затварање на кавитети |
сет |
6 |
33 |
Паста за директно и индиректно прекривање на пулпа на база на Ca(OH)2,(база+катализатор),радиоконтрасна |
сет |
2 |
34 |
Цинк - фосфатен цемент,прашок+течност,нормално врзувачка подлога |
сет |
2 |
35 |
Средство за привременозатворање на кавитети (на база на ZnO) |
гр |
80 |
36 |
Глајсономерен
заштитен материјал за залевање на
фисури - Состав: 2.Течност: кополимер на полиакрилна и итаконска киселина, винска киселина и H2O Испуштање
на флуориди |
сет |
25 |
37 |
Р-ор за дезинфекција на коренски канали на база на фенол камфор (на 1 мл раствор 587,4 мг камфор и 297,3 мг фенол (+/- 5 %)) со благо антисептичко и анестетичко дејство |
мл |
20 |
38 |
Заштитен лак за гласјономер за дефинитивна обтурација на кавитети (на база на изопропил ацетат ,кополимер на винилацетат и винилхлорид) |
мл |
30 |
39 |
Стоматолошки спреј за подмачкување на стоматолошки насадни инструменти |
мл |
1000 |
40 |
Траки за полирање,полиестерски, мин. ширина 4мм и мин 150мм должина ,финост реф 440 33 |
парче |
30 |
41 |
Средство за девитализација на пулпа, паста врз база на параформалдехид |
гр |
10 |
42 |
Цинк-оксид еугенол цемент (олеум кариофилорум) |
сет |
2 |
43 |
Раствор со концентрација на натриум флуорид од 223 ppm F до 2000 ppm F,за локална употреба. |
мл |
2000 |
44 |
Стоматолошки компреси во ролна двослојни изработени од еден слој чиста целулоза за една употреба 54см х 60см (+/- 2 см) |
парче |
1000 |
45
|
Турбина без светло со 180000 до 400000 вртежи /минута, со 5 отвори.
|
парче |
1 |
46 |
Халогени сијалици за хелио лампи до 15V до 150 W |
парче |
2 |
47 |
Халогени сијалички за хелио лампи до 12 V до 100 W |
парче |
2 |
48 |
Сијалици за рефлектор до 12 V до 55 W со долга жичка |
парче |
4 |
49 |
Бактерицидна неонка до 120см до 30 W |
парче |
2 |
50 |
Метален држач за вата должина до 8цм и ширина до 4цм. |
парче |
2 |
51 |
Метални тацни за стоматолошки инструменти со максимални димензии 20 цм x 11цм |
парче |
30 |
52 |
Стоматолошки метални остри сонди,прави. |
парче |
30 |
53 |
Стоматолошки пластични инструменти двострани од 2-2,5мм ,двата краја со иста широчина |
парче |
10 |
54 |
Анатомски стоматолошки пинцети |
парче |
30 |
55 |
Стоматолошки метални набијачи моларни двострани од 2,5мм двата краја со различна големина. |
парче |
5 |
56 |
Стоматолошки метални набијачи премоларни двострани од 1.3 мм двата краја со различна големина. |
парче |
5 |
57 |
Метален бубрежњак со димензии макс.200x100x40милиметри |
парче |
2 |
58 |
Метален барабан округли за гази со димензии :макс.19 цм дијаметар и 12.5 цм висина |
парче |
2 |
59 |
Метална касетка за чување на инструменти со димензии долж.макс.23цм x шир.13цм x вис.5цм |
парче |
2 |
60 |
Двострана метална шпатула за мешање стоматолошки материјал со должина мин. 16цм и ширана 6мм |
парче |
2 |
61 |
Колењак со сина боја и број на вртежи :минимум 40 000 вртежи/мин и довод на вода ,компатибилен за стоматолошки стол ACTUS EC 2 TU 85 N3 еквивалентно. |
парче |
1 |
62 |
Колењак со сина боја и број на вртежи :минимум 40 000 вртежи/мин и довод на вода ,компатибилен за стоматолошки стол MEDIA model BDS 8002-1 или еквивалентно.
|
парче |
1 |
63 |
Инструмент за ЧЗК миртен лист |
парче |
2 |
64 |
Инструмент за ЧЗК лев српест инструмент |
парче |
2 |
65 |
Инструмент за ЧЗК десен српест инструмент |
парче |
2 |
66 |
Инструмент за ЧЗК лев трапезаст инструмент |
парче |
2 |
67 |
Инструмент за ЧЗК десен трапезаст инструмент |
парче |
2 |
Карактеристики кои треба да ги имааат стоматолошките материјали:
Дел 31
да има неутрална ПХ вредност
да ја спречува деминерализацијата
да не содржи лактоза
да содржи млечни протеини
да содржи аморфен калциум фосфат
Дел 32
-ослободување на флуориди после 24 часа:200µg/cm2, по една седмица :430 µg/cm2, по еден месец:820 µg/cm2, по една година:1200 µg/cm2.
-компресивна цврстена после 24 часа:220 МРа, по една седмица 230МРа.
Дел 36
- примарна улога залевање фисури
- да не бара екстремна изолација
да може да се употребува во влажна средина
да не бара употреба на средство за бондирање
да содржи многу високо ниво на флуор кое ќе обезбеди долготрајна резистенција на киселини
флуорот кој се содржи во залевачот да е бавно ослободувачки-до 24 месеци и повеќе
да е погоден за млади трајно заби со незрел емајл
хемиска адхезија за забна структура
да биде во боја за подобра визуализација и следење
има повеќе од 250 апликации
Стоматолошките материјали под дел бр.31,32 и 36 да не бидат задолжително фотоплимезирачки.
За стоматолошките препарати задолжително да има упатство на македонски јазик за карактеристиките, составот и начинот на употреба и да се достави заедно со понудата во скенирана форма.
|
|
|
||||
|
|
|
|
|||
|
|
|
|
|||
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|||||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број ________ објавен од страна на ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани, за набавка на Стоматолошки потрошен материјал) со спроведување на набавка од мала вредност, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број: ____________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки/услуги/работи:
Стоматолошки потрошен материјал, дел/ови:
_____________________________________________;
[Во оваа точка понудувачот ги наведува стоките/услугите/работите кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација. Доколку е попрактично, табелата може да се прилагоди или да се замени со друга форма која договорниот орган ја смета за соодветна. Доколку договорот за јавна набавка е поделен на делови, треба да се предвидат табели за секој дел посебно со идентификување на кој дел се однесува секоја табела]
II.2. Во прилог ги доставуваме бараните брошури, каталози и слично за стоките кои ги нудиме, и тоа: ______________________________________________________________.
[Во оваа точка, понудувачот треба да го наведе видот на документите кои ги доставува за приказ на стоките што ги нуди. Доколку не се побарани брошури, каталози и слично, оваа точка се брише.]
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот7 на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III. 1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
I. СТОМАТОЛОШКИ ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ |
|
|
|
|
|
|
|
|
ДЕЛ. |
Опис |
Единица мерка |
Количина |
Единечна цена без ДДВ |
ДДВ __% |
Ед. цена со ___% ДДВ |
Вкупно без ДДВ |
Вкупно со ДДВ |
1 |
Стоматолошки спреј за дезинфекција на насадни инструменти- антибактериско, антитуберкулозно,фунгицидно,антивирусно |
мл |
3000 |
|
|
|
|
|
2 |
Стоматолошки ватеролни(тампони) за еднократна употреба |
гр |
5000 |
|
|
|
|
|
3 |
Спреј за површинска анестезија- LIDOCAIN SPRAY 10% ATC код N01BB02 |
мл |
114 |
|
|
|
|
|
4 |
Држачи за стоматолошки огледалца. |
парче |
30 |
|
|
|
|
|
5 |
Стоматолошки огледалца без држач (со раб.дел,дршка и винт) за преглед на заби и меки ткива во усна шуплина.Огледалцето да е рамно-ПЛАН со големина на работниот дел до 20мм. |
парче |
50 |
|
|
|
|
|
6 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:12
|
парче
|
15 |
|
|
|
|
|
7 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:14
|
парче
|
15 |
|
|
|
|
|
8 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:16
|
парче
|
15 |
|
|
|
|
|
9 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:18 |
парче
|
15 |
|
|
|
|
|
10 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: округли, големина бр:21
|
парче |
15 |
|
|
|
|
|
11 |
Челични борери за стоматолошки насаден инструмент колењак, форма: фисурни, големина бр:18 |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
12 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма - топчести, бр.12 со син xxxxxx. |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
13 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма - топчести, бр.14 со зелен прстен. |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
14 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма - топчести, бр.16 со син xxxxxx. |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
15 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма – топчести,бр.18 со син xxxxxx. |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
16 |
Дијамантски борери за стоматолошки насаден инструмент - турбина, форма: фисурни ,бр.16 со зелен прстен. |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
17 |
Гумици за полирање за колењак за композити,бели пламичасти,должина максимум 30мм,дебелина максимум 10мм |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
18 |
Гумици за полирање за колењак за композити,бели обратноконични,должина максимум 30мм,дебелина максимум 10мм |
парче |
15 |
|
|
|
|
|
19 |
Месингани четки за чистење на стоматолошки потрошен материјал (дијам. и чел. борери, разни видови игли и др.) |
парче |
5 |
|
|
|
|
|
20 |
Пластични сисалки (аспиратори за плунка),ПВЦ ,должина до 15цм за една употреба |
парче |
500 |
|
|
|
|
|
21 |
Четкици за отстранување на меки наслаги на забите за насаден инструмент колењак,форма: обратноконични, дебелина на работен дел до150мм,должина на работен дел до 2,5мм. |
парче |
300 |
|
|
|
|
|
22 |
Петриеви шољи стаклени(со три прегради) за стерилизација на стоматолошки потрошен материјал,дијаметар 10 цм(+/- 10%) (дијам. и чел. xxxxxx,вата и др.) |
парче |
3 |
|
|
|
|
|
23 |
Петриеви шољи стаклени без преграда за стерилизација на стоматолошки потрошен материјал,дијаметар 10цм(+/- 10%) (дијам. и чел. xxxxxx,вата и др.);
|
парче |
3 |
|
|
|
|
|
24 |
Капен бочици со капаче и подлога со пет (5) места за разни стоматолошки потрошен материјал (во течна состојба)
|
парче |
2 |
|
|
|
|
|
25 |
Артикулациона хартија во облик на правоаголни ливчиња за одредување на висина на загриз на забите - при апликација на стоматолошки потрошен материјал за привремено или дефинитивно затворање,должина до 100мм ,ширина до 20мм. |
парче |
20 |
|
|
|
|
|
26 |
Полиестерни траки за изолација на кавитети на забите при апликација на стоматолошки потрошен материјал за привремено и дефинитивно полнење,ширина до 10 мм,должина максимум 0,1 м |
парче |
50 |
|
|
|
|
|
27 |
Паста за полирање ,максимум до 16% kalcium karbonat со средна гранулација. |
гр |
500 |
|
|
|
|
|
28 |
Средство за третман на орални лезии,афти и мали улцерации на орална мукоза на база на еугенол и трихлороцетна киселина |
мл |
60 |
|
|
|
|
|
29 |
Јодоформ прав |
гр |
40 |
|
|
|
|
|
30 |
Јодоформ траки-Штрајфни 5%, ширина мах.1 см, должина мах. до 5 м |
м |
2 |
|
|
|
|
|
31 |
Паста за минерализација и реминерализација на забната структура која е направена на органска основа и е дериват на млечниот протеин-казеин |
гр |
600 |
|
|
|
|
|
32 |
Стакло-јономерен материјал со висока концентрација на флуориди за дефинитивно затварање на кавитети |
сет |
6 |
|
|
|
|
|
33 |
Паста за директно и индиректно прекривање на пулпа на база на Ca(OH)2,(база+катализатор),радиоконтрасна |
сет |
2 |
|
|
|
|
|
34 |
Цинк - фосфатен цемент,прашок+течност,нормално врзувачка подлога |
сет |
2 |
|
|
|
|
|
35 |
Средство за привременозатворање на кавитети (на база на ZnO) |
гр |
80 |
|
|
|
|
|
36 |
Глајсономерен
заштитен материјал за залевање на
фисури - Состав: 2.Течност: кополимер на полиакрилна и итаконска киселина, винска киселина и H2O Испуштање
на флуориди |
сет |
25 |
|
|
|
|
|
37 |
Р-ор за дезинфекција на коренски канали на база на фенол камфор (на 1 мл раствор 587,4 мг камфор и 297,3 мг фенол (+/- 5 %)) со благо антисептичко и анестетичко дејство |
мл |
20 |
|
|
|
|
|
38 |
Заштитен лак за гласјономер за дефинитивна обтурација на кавитети (на база на изопропил ацетат ,кополимер на винилацетат и винилхлорид) |
мл |
30 |
|
|
|
|
|
39 |
Стоматолошки спреј за подмачкување на стоматолошки насадни инструменти |
мл |
1000 |
|
|
|
|
|
40 |
Траки за полирање,полиестерски, мин. ширина 4мм и мин 150мм должина ,финост реф 440 33 |
парче |
30 |
|
|
|
|
|
41 |
Средство за девитализација на пулпа, паста врз база на параформалдехид |
гр |
10 |
|
|
|
|
|
42 |
Цинк-оксид еугенол цемент (олеум кариофилорум) |
сет |
2 |
|
|
|
|
|
43 |
Раствор со концентрација на натриум флуорид од 223 ppm F до 2000 ppm F,за локална употреба. |
мл |
2000 |
|
|
|
|
|
44 |
Стоматолошки компреси во ролна двослојни изработени од еден слој чиста целулоза за една употреба 54см х 60см (+/- 2 см) |
парче |
1000 |
|
|
|
|
|
45 |
Турбина без светло со 180000 до 400000 вртежи /минута, со 5 отвори.
|
парче |
1 |
|
|
|
|
|
46 |
Халогени сијалици за хелио лампи до 15V до 150 W |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
47 |
Халогени сијалички за хелио лампи до 12 V до 100 W |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
48 |
Сијалици за рефлектор до 12 V до 55 W со долга жичка |
парче |
4 |
|
|
|
|
|
49 |
Бактерицидна неонка до 120см до 30 W |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
50 |
Метален држач за вата должина до 8цм и ширина до 4цм. |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
51 |
Метални тацни за стоматолошки инструменти со максимални димензии 20 цм x 11цм |
парче |
30 |
|
|
|
|
|
52 |
Стоматолошки метални остри сонди,прави. |
парче |
30 |
|
|
|
|
|
53 |
Стоматолошки пластични инструменти двострани од 2-2,5мм ,двата краја со иста широчина |
парче |
10 |
|
|
|
|
|
54 |
Анатомски стоматолошки пинцети |
парче |
30 |
|
|
|
|
|
55 |
Стоматолошки метални набијачи моларни двострани од 2,5мм двата краја со различна големина. |
парче |
5 |
|
|
|
|
|
56 |
Стоматолошки метални набијачи премоларни двострани од 1.3 мм двата краја со различна големина. |
парче |
5 |
|
|
|
|
|
57 |
Метален бубрежњак со димензии макс.200x100x40милиметри |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
58 |
Метален барабан округли за гази со димензии :макс.19 цм дијаметар и 12.5 цм висина |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
59 |
Метална касетка за чување на инструменти со димензии долж.макс.23цм x шир.13цм x вис.5цм |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
60 |
Двострана метална шпатула за мешање стоматолошки материјал со должина мин. 16цм и ширана 6 мм |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
61 |
Колењак со сина боја и број на вртежи :минимум 40 000 вртежи/мин и довод на вода ,компатибилен за стоматолошки стол ACTUS EC 2 TU 85 N3 еквивалентно. |
парче |
1 |
|
|
|
|
|
62 |
Колењак со сина боја и број на вртежи :минимум 40 000 вртежи/мин и довод на вода ,компатибилен за стоматолошки стол MEDIA model BDS 8002-1 или еквивалентно.
|
парче |
1 |
|
|
|
|
|
63 |
Инструмент за ЧЗК миртен лист |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
64 |
Инструмент за ЧЗК лев српест инструмент |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
65 |
Инструмент за ЧЗК десен српест инструмент |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
66 |
Инструмент за ЧЗК лев трапезаст инструмент |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
67 |
Инструмент за ЧЗК десен трапезаст инструмент |
парче |
2 |
|
|
|
|
|
[Доколку договорот за јавна набавка е поделен на делови, треба да се предвидат листи на цени за секој дел посебно со идентификување на кој дел се однесува секоја листа на цени.]
III.3. Нашата понуда ваши за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот __________________________________________ [име и презиме] врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот________________________________ _________________________________________________ изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број ___________ за набавка на ...................... објавен од страна на --------- и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
1 Во случај да не се користи некој од пропишаните начини на доделување на договорот за јавна набавка, оваа точка се брише.
2 Во случај да не се користи е-аукција оваа точка се брише.
3 Во случај да не се склучува рамковна спогодба оваа точка се брише.
4На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
5 Ако предмет на набавка се стоки останува само тој збор, останатото се брише.
6 Во случај кога не е дозволено доставување на дел од понудата кој е во врска со техничката документација на странски јазик, оваа точка се брише.
7 Зборовите „ рокот на испорака“ се бришат во случај кога истиот не е дефиниран.