Contract
Потсетник за потрошувчи
a. Елементи на договорот:
Во договорот за снабдување со електрична енергија помеѓу ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ Скопје и потрошувачот се уредуваат правата на двете страни кои меѓу другото ги содржат следните елементи:
• Основни податоци за договорните страни;
• Датум на почеток и крај на снабдувањето со електрична енергиjа;
• Цени на електрична енергија;
• Моќност, количина и динамика на испорака на електричната енергија;
• Список на мерни места;
• Услови и начин на плаќање;
• Обврска на потрошувачот за откуп на електричната енергија произведена од повластените производители на електрична енергија со повластена тарифа;
• Начин и постапка на меѓусебно информирање;
• Начин и постапка на раскинување на договорот и
• Можност за продолжување на договорот.
b. Договор – за склучување на договор за снабдување, потребно е да ги доствите следните документи и информации кон ГЕН-И:
i. Барање за снабдување со електрична енергија;
ii. Изјава дека ја прифаќате понудата која ќе ви биде издадена и дека прифаќате да бидете снабдувани од ГЕН-И;
iii. Информација за вашите мерни места кои би биле снабдувани од ГЕН-И;
Доколку сите доставени информации се точни и целосни, договорот за снабдување помеѓу потрошувачот и ГЕН-И може да се склучи. Понатаму, процесот на регистрација на мерните места согласно доставените информацији, балансната група ја води ГЕН-И. За овој процес потребно е претходно да издадете полномошно на ГЕН-И, со цел да се овласти ГЕН-И да ја спроведе и управува, во ваше име, постапката за префрлување, со операторот на дистрибутивниот систем и балансната групата и да ги спроведе сите други потребни процедури за спроведување на договорот за снабдување. Доколку користите повеќе мерни места, имате право да одберете различни снабдувачи за разлчни мерни места.
c. Времетраење на договорот - Договорот за снабдување е склучен на одреден временски период, утврден во договорот за снабдување. Снабдувањето со електрична енергија врз основа на важечкиот договор за снабдување ќе започнува првтиот ден од месецот во 00:00 часот согласно наведениот месец за почеток на снабдувањето, додека завршувањето е последниот ден од месецот во 24:00 часот, согласно договорот.
d. Цена – цената на електрична енергија зависи од берзанските цени во регионот, позицијата на ГЕН-И на македонскиот пазар и на регионалните пазари, како и цените на прекуграничните капацитети. Во финалната цена се пресметани и ги вклучува сите трошоци за набавка и транспорт на енергија до мрежата на систем операторот АД МЕПСО, како и следните услуги и трошоци:
i. Балансирање на потрошувачката на учесникот;
ii. Техничките и административните постапки за приклучување на вашите мерни места во Балансната група на ГЕН-И;
iii. Комуникација со операторите на системи за пренос и дистрибуција како и операторот на пазар на електрична енеријал;
iv. Логистички услуги за реализација на снабдувањето;
Цената на електричната енергија не вклучува ДДВ; акцизи за електрична енергија; трошок за енергетска ефикасност; надомест за обезбедување поддршка за високо-ефикасна когенерација и обновливи извори на енергија; трошоци на снабдувачот за постигнување на заштеда на енергија од крајните корисници; трошоци за употреба на електрични мрежи, доплата и надоместоци за употреба на електрична мрежа и други јавни давачки / даноци пропишани од државата или државните институции.
e. Фактурирање – во тековниот месец после добивањето на податоците за потрошувачката на електрична енергија од дистрибутивниот систем оператор, ГЕН-И ќе Ви подготви и издаде фактури за остварената потрошувачка на електрична енергија во претходниот месец, најдоцна до 18-ти во месецот. По ваше барање, ГЕН-И во прилог на месечната фактура, ќе Ви достави детален приказ за потрошената електрична енергија, за периодот наведен во фактурата. Приказот ќе ги содржи информациите за потрошувачката на секое мерно место на потрошувачот, поделено на активна ниска и висока тарифа, на дневно ниво. Од страна на операторот на дистрибутивниот систем ќе добивате фактури за надоместокот за дистрибутивната мрежа. Тарифите за мрежните услуги според категоријата на приклучок, може да ги најете на веб страната на Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги.
f. Поволности – зависно од пазарните услови, начинот на вашето користење на електрична енергија, позицијата на ГЕН-И на македонскиот и регионалниот пазар, во одредени периоди би можеле да понудиме и дополнителни бонуси, попусти и други поволности доколку редовно ги подмирувате обврските према ГЕН-И или во случај на склучување договори на подолг временски период (годишен или повеќе годишен). Со тоа вашата компанија би остварила дополнителен бенефит.
g. Параметри на квалитет - ГЕН-И обезбедува стручна и техничка поддршка, совети на потрошувачот за исполнување на нивните права од Законот за енергетика, мрежните правила за дистрибуција и пренос, како и договорот за приклучок на мрежата. Дополнително, по ваше барање ГЕН-И ќе Ви изготви анализа на потрошувачката на електрична енергија и ќе Ви даде препорака за начинот на работа и користење на тарифените модели. Исто така, ГЕН-И ќе обезбеди навремено доставување на фактурите во електронска форма и хартиен примерок на вашата адреса. По ваше барање, навремено превземање на постапка за приговори во однос на фактурите за електрична енергија, пристигнати електронски или хартиени до адресата на ГЕН-И.
h. Енергетска ефикасност – ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА, е ќерка фирма на GEN-I, trgovanje in prodaja električne energije, d.o.o која има широко познавање во областа тргување со електрична енергија како и во делот на енергетска ефикасност би можеле да ви понудиме разновидни совети за подобрување на енергетската ефикасност и придобивките од таквите мерки.
i. Прекин на испораката на електрична енергија - може да настане како резултат на не исполнување на обврската за плаќање на фактурата за снабдување со електрична енергија. Во тој случај ГЕН-И ќе ви испрати опомена пред раскнување на договорот за снабдување. Доколку трошокот повторно не биде подмирен, согласно потсетувањето, договорот за снабдување со електрична енергија ќе биде раскинат и последователно снабдувањето со електрична ќе биде прекинато. Доколку причина за прекинот или ограничувањето во снабдувањето е неподмирен долг, за повторно приклучување потребно е сите трошоци да бидат подмирени кон ГЕН-И и да доставите повторно барање за приклучок.
Испораката на електрична енергија, исто така може да биде прекината согласно Законот за енергетика, во случај на настан од виша сила, и/или случај на загрозена безбедност на електроенергетскиот систем. Во таков случај, ГЕН-И соодветно ќе ве извести за понатамошните чекори со цел да се зачува стабилноста на електроенергетскот систем.
j. Продолжување и раскинување на договорот - Договорот за снабдување се склучува на определено време. Снабдувачот најдоцна 60 дена дена пред истекот на договорот, ќе ве информира за истекот на важноста на договорот, како и крајниот рок за изјаснување дали сакате да ја продолжите соработката со постојниот снабдувач или ќе одлучите да одберете нов снабдувач. Во случај договорот за снабдување да трае само еден месец тогаш ова информација ќе биде доствена на почетокот од договорот.
Предвремено раскинување на договорот е можно со допис во рок определен со договорот. Пред да го раскинете договорот, информирајте се од текстот на договоерот и/или во комуникација со вашиот снабдувач за правата и обврските на двете договорни страни кои произлегуваат од предвременото раскинување на договорот за снабдување.
k. За промена на снабдувачот потребно е да доставите изјава до ГЕН-И со кое барате да бидете снабдуван од ГЕН-И и полномошно за понатамошни дејствија, со што ГЕН-И ќе ја спроведе постапката за промена на снабдувачот во ваше име за оние мерни места за кои ќе издадете овластување.
l. Kомуникација - за било какви прашања поврзани со извршување на договорот за снабдување, ГЕН-И секогаш ке биде достапен за комуникација преку телефонска врска, електронска пошта /писмена комуникација или преку дирекни средби. Од овие причини потребно е во договорот да ги наведете телефонските броеви и сите електронски адреси на кои сакате да бидете контактирани како и да ги наведете соодветните лица за контакт.
Во однос на фактурите, доколку не ги добиете во рокот наведен во договорот за снабдување, можете да се обратите до ГЕН-И, со цел во најкраток можен рок истите да ви бидат доставени преку електронска пошта и/или оригинал по пошта.
m. Приговори и претставки - Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаните услуги и/или фактура за испорачаната услуга, имате право на приговор кој може да го доставите до нашата адреса на писмено или преку електронска пошта. После добивањето на приговорот од ГЕН-И ќе добиете одговор во рок од 3 (три) работни дена.
Доколку после добиениот одоговор и понатаму не сте задоволни, ГЕН-И може да организира лична средба во која и двете страни ке пробаат да ги усогласат ставовите.
Доколку и понатаму постојат одредени разлики, односно не сте задоволни од одговорот, зависно од видот на спорот, истиот ќе биде решаван од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги и/или надлежен суд.
Доколку сметате дека вашите права се повредени од страна на други учесници и/или институции на пазарот на електрична енергија, во тој случај ГЕН-И како ваш снабдувач ќе ве представува пред соодветниот оператор и/или пред други органи како и пред Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги.
За било какви информации ви стиоме на располагање на тел x00000000000 или на емаил
Со почит,