Contract
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај
Член 1
Во Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/13) по членот 3 се додава нов член 3-а кој гласи:
„Член 3-а
Договор за превоз или налог за утовар на стока мора да биде напишан јасно и лесно разбирлив. Двосмислени или неразбирливи договорни одредби се толкуваат во полза на превозникот.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз со која се забранува на превозникот да го раскине договорот, ако корисникот на превозот и/или организаторот на превозот не ги исполнил своите обврски.
За нечесна се смета одредба од договор за превоз што го обврзува превозникот да ги извршува своите обврски од договорот и покрај тоа што корисникот на превозот и/или организаторот на превозот не ги извршил или доцни со извршување на своите обврски.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз со која се овластува корисникот на превозот и/или организаторот на превозот еднострано да го раскине или да го менува договорот, без образложение, без обештетување, освен во случаи на крајна нужда.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз со која се ослободува корисникот на превозот и/или организаторот на превоз или нивните вработени од одговорност за штета во случај на вина или од одговорност во случај на неисполнување на обврската што преставува основен елемент на договорот.
За нечесна се смета одредба од договорот за превоз со која корисникот на превозот и/или организаторот на превозот се ослободуваат од одговорност за правните и скриените материјални недостатоци на истиот.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз со која се определува неразумен рок во кој превозникот треба да го изврши превозот или да достави документација како доказ за извршена услуга кога примачот на стоката е истовремено и нарачател на превозот.
За нечесни одредби во договор за превоз се сметаат и оние со кои во случај на спор :
- се ограничуваат доказните средств
а што може да ги користи превозникот;
- го принудуваат превозникот да се откаже од своите правни средства против корисникот на превозот и/или организаторот на превозот и
- му дозволуваат на корисникот на превозот и/или организаторот на превозот, избор на определено место за седиште или живеалиште што е наведено во договорот, својата тужба да ја изјави во место што е различно од важечките домашни прописи за стварна и месна надлежнос.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз со која однапред апстрактно се утврдува износот на надоместот на штета, што може да се бара во случај на неисполнување или доцнење при извршување на обврските на превозникот преземени со договорот што очигледно го надминуваат обемот на штетата што корисникот на превозот и/или организаторот на превозот може да ја претрпи заради неисполнување или доцнењето на превозникот.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз со која на корисникот на превозот и/или организаторот на превозот му се дозволува во случај на неисполнување или раскинување на договорот да ги задржи износите кои требало да ги плати утврдени со договорот без во исто време да се утврди правото на превозникот да наплати еквивалентен износ од корисникот на превозот и/или организаторот на превозот во случај на негово неисполнување или раскинување на договор.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз кога превозникот има право да го раскине договорот без предходна најава.
За нечесна се смета одредба во договор за превоз со која на несоодветен начин се исклучуваат или ограничуваат законските права и должности на превозникот во однос на корисникот на превозот и/или организаторот на превозот, во случај на целосно или делумно неисполнување на договорните обврски од страна на корисникот на превозот и/или организаторот на превозот.
За нечесна се смета одредба во договоот за превоз со која на несоодветен начин се исклучуваат или ограничуваат законските права и должности на превозникот во однос на организаторот на превозот, со плаќање на оштета, во случај кога превозникот презема договорни обврски со друг организатор на превоз за корисник на превоз кој предходно имал потпишани договори со првиот организатор на превоз.
При оценување на одредба од договор за превоз дали е чесна или не, ќе се земе предвид карактерот и видот на превозот предмет на договорот, сите околности пред и при склучување на договорот, другите договорни одредби, важечките законски одредби во националното законодавство како и традиционалните деловни обичаи за превоз во патниот сообраќај.
За нечесна ќе се смета одредба во договорот за превоз со која не се дозволува да се оценува дали се чесни договорните одредби за услугата и цената, доколку тие одредби се јасни и лесно разбирливи.
Нечесната договорна одредба е ништовна. Ништовноста на одделни одредби/одредба од договорот не повлекува ништовност и на самиот договор доколку истиот може да опстане без ништовната одредба/одредби.“
Член 3 – б
Право на преземање активности за покренување тужба пред надлежен суд за примена на договорни одредби меѓу економски субјекти кои се значително неправедни и нефер согласно член 3-а и спротивни на член 105 од овој Закон, имаат асоцијациите, здруженијата и независни професионални организации основани согласно со закон, кои ги застапуваат интересите на соодветните економски оператори “.
Член 2
Во член 5, став 1 во точката 16 по зборот „предмет“ се додаваат зборовите „во течна, кашеста, гасовита или цврста состојба“.
По точката 19 се додаваат дванаесет нови точки кои гласат:
20. Мустра е примерок од стока во течна, кашеста или гасовита состојба (млеко, вино, масло, нафта, нафтени деривати и други слични производи) која се превезува рефус во специјално конструирани возила за таа намена, земена на лице место од товарено возило, запечатена на прописен начин и предадена на возачот.
21. Природни својства на стока се подразбира природна или механичка промена на стоката која се случува поради општо познати и прифатени основни карактеристики, како што се: сушење, испарување, рѓа, кршење, угинување на жива стока, протекување и други промени кои настануваат без влијание на човечки фактор или груба негрижа.
22. Товарен лист во меѓународниот превоз е образец означен со назив „CMR“, кој е пропишан во точно одреден облик и форма врз основа на ЦМР Конвенција како единствен образец применлив на територијата на државите потписнички на ЦМР Конвенцијата. Значењето на посебните полиња и обврските за пополнување на образецот се прифаќаат од ЦМР Конвенцијата како меѓународен документ ратификуван од страна на Република Македонија.
23. Инкотермс е кратенка за меѓународните трговски правила (Интернатионал Комерциал Термс). Основната функција на Инкотермс правилата е да се дефинираат трошоците и ризиците распределени меѓу страните потписнички на купопродажен договор (купувач и продавач) , а во врска со испорака, осигурување како и организација на превоз на стока како што е дефинирано и прифатено во купопродажниот договор. Врз основа на Инкотермс се врши дефинирање на страните во процесот на превоз, дали се испорачатели или примачи на стока во процесот на преземање на стока за превоз. Примачот на стока, во согласност со Инкотермс правилата, во исто време може да биде и испорачател на стока.
24.Налог за утовар е договор за вршење на превоз на стока во кој се дефинираат сите обврски и права меѓу превозникот и налогодавецот за извршување на конкретен превоз на стока. Нлогодавец може да биде : организатор на превоз, испорачател или приемник на стока.
25. Договор за превоз потпишан врз основа на товарен лист во внатрешниот превоз односно со ЦМР образец во меѓународниот превоз, значи и облигација за количината, состојбата на амбалажата и/или стоката која неможе да се пакува согласно член 57 став (1) од овој закон , за стока која се презема за превоз од и до одредена дестинациа без разлика дали испорачателот е или не е корисник на превозот - налогодавач;.
26, Парична обврска е износ за договорен надоместок за превоз на патници или стока при што износот е наведена во договор, или фактура или друго соодветно барање за исплата.
27. Фактура е документ во кој е наведен паричниот надоместок за превоз на патници или стока, надомест за авто ден или вредност на одредена штета настаната при превоз во патниот сообраќај.
28. Задоцнето плаќање е неисполнување на парична обврска во роковите утврдени со овој закон.
29. Економски оператор во смисла на овој закон е корисник на превоз, организатор на превоз и превозник.“
30. Одговорно лице во економски оператор е лицето кое има извршни овластувања во правното лице од точка 29 на овој член.
31.Законска казнета камата е камата утврдена согласно со одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 3
Во член 6 во ставот 2 зборот „во“ се заменува со зборовите „со овој закон и со“.
По ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи:
„Превозникот кој има дозвола за вршење на редовен линиски превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај треба возните билети за линијата/линиите да ги продава преку унифициран електронски систем со електронско плаќање на билетите на автобуските станици.“
Ставот 4 станува став 5.
Член 4
Во член 7 во ставот 2 по зборовите „договорот за превоз“ се става запирка и се додаваат зборовите „врз основа на одредбите од овој закон“.
Член 5
Во член 10 по ставот 6 се додава нов став 7 кој гласи:
„Превозникот има право на надомест за изгубен ден (авто ден) во случај кога корисникот на превоз и/или организаторот на превоз го врати од местото одредено за преземање на патници, во случај кога започнатиот превоз е прекинат по вина на корисникот на превозот и/или организаторот на превоз, во случај кога чекањата се подолги од договорените при извршување на договорен превоз.“
Ставот 7 станува став 8.
Член 6
Во член 15 се додава нов став 2 кој гласи:
„ Ако превозот не започне во времето што е одредено со договор за превоз по вина на корисникот и/или организаторот на превозот, превозникот има право на надомест на штета на име авто ден за секој час доцнење.“
Член 7
Во член 16 ставот 2 се менува и гласи:
„Доколку превозникот не го превезе патникот до местото на определување во рок од 60 минути во внатрешниот превоз на патници и во рок од 180 минути во меѓународниот превоз на патници, патникот има право да бара превозникот, заедно со багажот, да го врати на појдовното место и да му ја врати сумата платена за соодветниот превоз.“
Член 8
Во член 21 во ставот 3 по зборот „штетата“ се додава зборот „не“.
Член 9
Во член 31 во ставот 2 по зборот „штетата“ се додава зборот „не“.
Член 10
Во член 33 се додава нов став 3 кој гласи:
„Обврската за исплата на договорената превознина од налогодавачот преминува како солидарна обврска на другите учесници во процесот на превоз на стока, во случај на неисполнување на договорните обврски во пропишаните законски рокови.“
Член 11
Членот 34 се менува и гласи:
„Договорот за превоз на стока може да се склучи во писмена форма или со образец од договор за меѓународен превоз на стоки (ЦМР образец) или товарен лист за внатрешен превоз или врз основа на потврден налог за утовар.
Договорот за превоз во писмена форма се потпишува меѓу организатор на превоз и/или испорачател на стоката и/или примачот на стоката и превозникот, независно од тоа кој е испорачател, а кој примач на стока “
Член 12
Во член 38, став 1 точката 4 се менува и гласи:
„4) на превозникот, на негово барање, нарачателот на превозот му даде обезбедување за побарувањето што би можело да настане поради замена на стоката.“
Член 13
Во член 48 во ставот 2 по зборот „утовар“ се додава зборот „или на место“.
Член 14
Во член 50 се додава нов став 2 кој гласи:
„Износот на име надомест на штетата врз основа на став 1 од овој член неможе да биде поголем од сумата која корисникот на превозот би ја платил како разлика меѓу договорената сума за превоз и сумата која е платена на ново ангажираниот превозник за извршување на превозот и/или надоместот кој го платил организаторот на превоз за неисполнување на превозот.“
Член 15
Во член 52 се додава нов став 2 кој гласи:
„Физичко присуство на стока во возило, во местото на истовар и/или во пред царинска постапка е „прима фаце“ доказ дека превозот е извршен од страна на превозникот. Недостатокот на ЦМР образец и/или товарен лист за внатрешен превоз како доказ се заменува со налог за утовар, друг транспортен документ и/или документи кои ја пратат стоката, како и допис односно известување во писмена форма од испраќачот на стоката кој дава целосни информации за предметната пратка.“
Член 16
Во членот 56 по зборот „испраќачот“ се додаваат зборовите„и/или корисникот на превозот“.
Член 17
Во член 57 во ставот 1 по зборот „превозникот“ се става запирка и се додаваат зборовите „доколку располага со разумни средства и можности за контролирање“.
По ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи:
„Одредбите на ставовите 1 и 2 на овој член не се применуваат за стока која се превезува рефус, а особено за возила специјално конструирани за таа намена – цистерна и/или цистерна контејнер како и за садови специјално конструирани за пакување на стока во течна состојба, прав или слична состојба.“
Член 18
Во член 59 став 1 се менува и гласи :
„ Примачот на стока согласно паритетот на кој е продадена стоката( инкотермс правила) во својство на испраќач и /или испраќачот може да бара од превозникот, а превозникот да се согласи за определен паричен надоместок да изврши прием на стока со проверка на: “
Член 19
Во член 61 во ставот 3 по зборот „испраќачот“ се додаваат зборовите „и/или примачот“.
Во ставот 4 по зборот „испраќачот“ се додаваат зборовите „и/или примачот“.
По ставот 5 се додава нов став 6 кој гласи:
„Во случаи кога нарачател на превоз е организатор на превозот, тој е директно одговорен пред превозникот за нанесена штета од став 3 и 4 на овој член. Организаторот на превозот надоместот за штета од став 3 и 4 на овој член, по исплата на сумата на превозникот ја надоместува со барање доставено до корисникот на превозот согласно паритетот на кој е продадена стоката ( инкотермс правила).“
Член 20
Во член 69 во ставот 2 по зборот „истовар“ се додаваат зборовите „односно местото на увозното царинење“.
Член 21
Во член 72 во ставот 3 по зборот „испраќачот“ се додаваат зборовите „односно налогодавачот согласно паритетот на кој е продадена стоката (инкотермс правила).“
Ставот 6 се менува и гласи:
„Превозникот во случајот од ставот 5 на овој член има право да бара исплата на сума со која била оптоварена стоката, од примачот на стоката, доколку предметната сума ја исплатил на испорачателот на стоката на местото на утовар.“
Член 22
Во член 73 во ставот 2 зборовите „бил договорен“ се заменуваат со зборовите „би бил одговорен“.
Член 23
Во член 85 во став 2 во првата реченица по зборот „приговор“ се додаваат зборовите „до превозникот и“.
По ставот 4 се додава нов став 5 кој гласи:
„Барање за оштетувањата на стоката што не можеле да се забележат во часот на предавањето (истовар) од став 2 на овој член е валидно во случаи кога стоката се истовара во магацински простор на примачот на стоката, во присуство на лица вработени кај примачот на стока, односно и во друг склад само под услов да постојат докази дека штетата можела да настане исклучиво во процесот на превоз, а не поради активности при утовар и/или растовар и чување на стоката во привремениот склад, во период не подолг од 10 работни дена од датата на истовар.“
Член 24
Член 98 се менува и гласи:
„Износот на штетата за кој превозникот одговара поради целосно губење или оштетување на стоката не може да биде поголем од надоместот утврден во член 62 став 2 од овој закон.
Износот на штета како надоместк за кусок на стоката дадена за превоз неможе да надмине 50 денари по килограм.
Покрај износот од ставовите 1 и 2 на овој член, превозникот е должен да му ја надомести на испраќачот и/или организаторот на превоз, однапред платената превознина и другите трошоци настанати во превозот на стоката, во целост ако станува збор за загубување на стоката, а сразмерен износ на штета од превознината ако станува збор за оштетување на стоката. Покрај тоа царината и другите трошоци во врска со превозот на стока треба да се надоместат во целост во случај на потполно губење, а во случај на делумно губење во сооднос према загубата и тука не влегуваат никакви други оштети.
Во случај на задоцнување со предавањето на стоката, превозникот е должен да плати една десеттина од превознината за секој ден задоцнување, но не повеќе од една третина од вкупната превознина.
Ако испраќачот на стоката и/или организаторот на превозот докаже дека поради задоцнување со предавањето на стоката претрпел штета, превозникот е должен да ја плати докажаната штета, но најмногу до двоен износ на превознината.
Барањата за надомест на штета заради задоцнување од ставовите 4 и 5 на овој член се доставува до превозникот во писмена форма најдоцна во рок од пет работни дена од денот на предавањето на стоката, во спротивно се губи правото на надомест на штета.“
Член 25
По членот 114 се додаваат пет нови членови 114-а, 114-б , 114-в , 114-г , 114-д кои гласат:
„Член 114-а
Во договорите меѓу економските оператори, во случај кога должникот нема да ја исполни паричната обврска одноосно солидарната обврска во роковите предвидени со овој закон и доверителот ќе поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар, според кои се пречекорени законските рокови за плаќање на обврските од страна на должникот, судот, извршителот или нотарот се должни во рок од 10 дена од приемот на тужбата, предлогот за извршување односно предлогот за платен налог, во писмена , односно електронска форма , кога е тоа можно , да ја известат Управата за јавни приходи со цел да утврди дали се прекршени одредбите од овој закон од страна на економските оператори. “
Член 114-б
По применото писмено известувања од член 114-а , Управата за јавни приходи е должна да постапи и да изврши контрола на деловната трансакција во насока на утврдување на тоа дали се почитувани одредбите од овој закон во рок од 30 дена од приемот на известувањето во писарницата на Управа за јавни приходи .
Управата за јавни приходи е должна да изврши инспекциски надзор и да одлучи дали ќе поднесе прекршочна пријава до надлежен суд или ќе утврди дека нема повреди на овој закон во рок од 15 дена од денот на извршениот надзор кај контролираниот субјект .За поднесената прекршочна пријава , односно за констатацијата дека нема повреда на овој закон , Управата за јавни приходи е должна во писмена ,односно електронска форма кога тоа е можно да ја извести странката која ја поднела тужбата до судот, односно барањето за извршување до извршител, односно подноситекот на барањето за платен налог во рок од три дена од денот кога е поднесена прекршочната пријава , односно е констатирано дека нема повреди на одредбите од овој закон.
Доколку Управата за приходи не постапи во роковите утврдени во ставовите (1) и (2)на овој члени не ја извести странката во рокот утврден од ставот (2) на овој член,странката има право во рок од три работни дена од истекот на вака утврдените рокови да поднесе барање до писарницата на Управата за јавни приходи, за постапување согласно со одредбите од овој закон на инспекциските органи и за добивање на одговор за резултатот од извршениот инспекциски надзор.
Формата и содржината на образецот на барањето од став 3 на овој член е пропишан образец од страна на министерот за финансии врз основа на закон за финансиска дисциплина.
Директорот на Управата за јавни приходи е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесување на барањето од ставот (3) на овој член до соодветна писарница да обезбедат спроведување на инспекциски надзор над соодветните субјекти и да поднесат прекршочна пријава до надлежен суд, доколку се утврдат повреди на одредбите од овој закон,односно да констатираат дека нема повреди на одредбите од овој закон и за тоа да ја известат странката.
Кон барањето од ставот (3) на овој член подносителот на барањето доставува и копија од известувањето кое судот, нотарот или извршителот го испратиле до Управата за јавни приходи. На барање на странката судот,нотарот или извршителот се должни да и достават на странката копија од испратеното барање со известување за денот на приемот на таквото известување до Управата за приходи.
Доколку директорот на Управата за јавни приходи не постапи по барањето во рокот од ставот (5) на овој член и не го извести подносителот на барањето, истиот може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
Државниот управен инспектор е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (7) на овој член да изврши инспекциски во Управата за јавни приходи дали е спроведена постапката согласно со овој закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за преземените мерки.
Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Управата за јавни приходи во рок од десет дена да постапи по поднесеното барање , односно да спроведе инспекциски надзор , да поднесе прекршоча пријава или да констатира дека нема повреда на овој закон и да го извести подносителот на барањето и за преземените мерки,во истиот рок, да го извести инспекторот и да му достави копија од прекршочната пријава и известување до подносителот на барање , односно само известување до подносителот на барањето во случаите кога не се констатирани повреди на овој закон.
Доколку директорот на Управата за јавни приходи не постапи во рокот од став (9) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Управата за јавни приходи ќе постапи по поднесеното барање , за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за преземените дејствија.Xxx известувајњето се доставува копија од прекршочната пријава и известување до подносителот на барањето,односно само известување до подносителот на барањето во случаите кога не се констатирала повреда на овој закон. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку директорот на Управата за јавни приходи не постапи и во дополнителниот рок од ставот (10) на овој член , инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинетел и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку управниот инспектор не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член подносителот на известувањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат.Доколку директорот нема писарница , барањето се поднесува до писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (12)на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (8) и (9) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (10) и (11) на овој член , директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни ден во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Во случајот од ставот (14) на овој член директорот на државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
Во случаите од став (15) на овој член директорот на Државниот на управен испекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи во согласност со ставот (13) од овој член , подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од 8 работни дена.
Доколку директорот на Управата за јавни приходи не постапи во рокот од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе прекршочна пријава до надлежен суд.
Постапката пред надлежниот суд е итна.
Член 114-в
Управата за јавни приходи , доколку утврди повреди на овој закон, постапуваќи во редовен или вондреден надзор и контрола над субјектите кои ги контролираат, ќе поведе прекршочна постапка.
Член 114 – г
Одредбите од деловните трансакции за кои е склучен договор за превоз меѓу економските оператори, кои не се во согласност со одредбите од овој закон , се сметаат за ништовни и немаат правно дејство.
За сите прашања кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од Закон за облигациони односи,
Цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг , компензацијата и други слични облигациони договори несмееат да се користат на начин кој ќе предизвика одложување на исполнувањето на паричните обврскли во согласност со утврдените рокови на овој закон.
Се смета за ништовна секоја облигација напишана во договор за превоз што значи промена или условеност за начин на исплата на надомест за извршен превоз согласно став 1 и 3 од овој член.
Член 114 –д
Глоба во висина од 5000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на правното лице економски оператор, доколку нема да ја намири паричната обврска во утврдените рокови и /или користи други начини за утврдување рокови за наплата на парични побарувања различни од утврдените со овој закон (член 10, 33, 101 и 104).
Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на трговец поединец, доколку нема да ја намири паричната обврска во утврдените рокови и /или користи други начини за утврдување рокови за наплата на парични побарувања различни од утврдените со овој закон ( член 10, 33, 101 и 104).
Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на одговорно лице во правното лице економски оператор доколку не ја намири паричната обврска во утврдените рокови и /или користи други начини за утврдување рокови за наплата на парични побарувања различни од утврдените со овој закон.( член 10, 33, 101 и 104)..
Глоба во висина од 5000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на правното лице економски оператор, доколку облигационите договори од член 114 г став (3) од овој закон ги користи на начин што предизвикуваат одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со овој закон.( член 10, 33, 101 и 104).
Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на одговорно лице во правното лице економски оператор, доколку облигационите договори од член 114 г став (3) од овој закон ги користи на начин што предизвикуваат одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со овој закон.( член 10, 33, 101 и 104).
Глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на корисник на превоз и/или организатор на превоз кој врз основа на објавен тендер за избор на нај поволен превозник нема да ги примени одредбите од член 105 на овој закон ( член 3-б).
Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на корисник на превоз и/или организатор на превоз кој во договорните одредби за извршување на прево во патниот сообраќај користи нечесни одредби од член 3-а од овој закон ( член 3-б).
Глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на корисникот на превоз и/или организаторот на превоз и/или превозник кој нема да надомести штета настаната при извршување на одредби од договор за превоз.“
Глоба во износ од 10. 000 – 15.000 евра денарска противвредност ќе му се изрече на корисник на превоз и/или организатор на превоз и/или превозник кој грубо ги крши одредбите од овој закон, намерно со нечесна цел го организира односно врши превоз во патниот сообраќај со цел да шверцува стока, наркотици и други недозволени средства.
Член 26
Одредбите од овој закон ќе се применуваат на сите деловни трансакции меѓу економските оператори, настанати пред и со денот на примена на овој закон.
Член 27
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен Весник на Република Македонија“.