Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ИЗВРШИТЕЛИ
Февруари 2022 година
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
ОСИГУРУВАЧ - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ - е правно или физичко лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
ОСИГУРЕНИК - е Извршителот кој врши извршителски работи и чија одговорност е покриена со осигурувањето.
ТРЕТО ЛИЦЕ - е корисник на осигурувањето кое ќе претрпи штети од вршење на извршителските работи.
ПОЛИСА - е исправа за склученото осигурување.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ - е износ што договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот го плаќа согласно договорот за осигурување.
ИЗВРШИТЕЛСКИ ИСПРАВИ- се исправи за правни работи и исправи кои ги составуваат извршителите (извршителски акти) и потврди и факти кои ќе ги посведочи извршителот .
За подзаконски акти се сметаат:
1.Правилник за определување на бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд и утврдување на китериумите за бројот и распоредот на службените седишта на изврршителите на подрачјето на Република Северна Македонија.
2.Правилник за формата , содржината и употребата на налогот за извршување. 3.Правилник за начинот на водењето на евиденција за примените барања за извршување. 4.Правилник за начинот на водење на евиденција на извршителите.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување согласно на овие Услови е законската одговорност на Извршителите за причинети штети кои ќе ги предизвикаат на трети лица при спроведување на правосилно извршување на судска одлука, одлука донесена во управна постапка, за времетраење на осигурувањето, а согласно на Законот за извршување.
Предмет на осигурување е и законската одговорност на заменикот на извршителот за причинетите штети кои ќе ги предизвика при обавување на извршителските работи, во време кога со договор или одобрение го заменува одсутниот извршител.
Со ова осигурување , законската одговорност на извршителот и заменик извршителот е покриена за штети кои ќе настанат и кои ќе ги пријават за време траење на осигурувањето, а кои се настанати како последица од непредвидлив, неочекуван и непознат штетен настан во вид на пропуст или грешка од небрижност, а при спроведување на извршувањето.
Со надомест на штета се опфаќаат сите оштетени трети лица во време на трење на осигурувањето.
Со осигурување не се опфаќа одговорност за штети , кои се преземени со намера , измама и грубо невнимание од страна на овластените извршител и заменикот на извршител.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
Сумата на осигурување по склучен договор за ревизија, преставува горна граница за обврските на осигурувачот по еден осигурен случај.
Минимална сума на осигурување под која не може да се склучи договор за осигурување изнесува
100.000 Евра во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на осигурувањето.
Осигуреникот може да договори и повисока сума на осигурување од минималната, согласно Xxxxxxxx на осигурувачот.
ИЗВОР НА ОПАСНОСТ
Член 3
Извор на опасност се законските должности од кои можат да настанат пропусти и грешки при совесно и чесно обавување на дејноста на овластените извршители согласно на Законот за извршување а тие се:
1.Извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, како и одлука донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска;
2.Во овој делокруг на работата на извршителите се нагласени во член 40 од Законот за извршители:
(1) Извршителот ги презема следниве дејствија:
-прима писмени и усмени барања за извршување;
-врши достава на судски писмена;
-врши достава на налози, записници, заклучоции други документи кои произлегуваат од вршење на неговата работа:
-врши легитимирање на странките и учесниците во извршувањето
-прибира податоци за имотната состојба на должникот во функција на извршувањето
-донесува налози и заклучоци, составува записници, барања и службени белешки,согласно со одредбите на овој закон;
-врши попис, процена, пленидбаи продажба на подвижни предмети, права и недвижности,прима средства од дожникот, предава во владение и распределува средства;
-врши иселување и другу извршни дејствија потребни за спроведување на извршувањето определени со закон и опзаконски акти;
-врши објавување во средствата за јавно информирање и
-врши и други дејствија предвидени со законот.
(2)Запродажба на подвижни работи, извршителот може на своја сметка да ополномошти комисионер. 3.Превземаат на чување исправи и пари заради наплата на присилно извршување и наплата на побарување.
4.Не законско спроведување на извршните дејства и неисполнување на должностите што ги има како извршител според овој закон кон трети лица кои се сметаат сите лица на кои им е причинета штета , освен лицата од членот 42 од законот.
- Извршување на поединечни дејства што ги предизвикале лицата од членот 42 на законот.
- Незаконско спроведување или неисполнувањето на должностите определени со овој закон се утврдуваат со одлука на председателот на судот донесена согласно со одребите на членот 77 од законот.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 4
За осигуран случај според овие Услови се смета законската одговорност на извршителот и заменик извршителот за пропусти или грешки направени при спроведување на постапката за извршување, со што ќе предизвика штета на трети лица за период на осигурителното покритие.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога се остварил штетен настанврз оаснова на кој би можело да се истакне оштетно барање од трето лице за чисто имотна и материјална штета.
Не се смета за осигурен случај, пропуст или грешка во вршење на извршителската работа, кои биле познати или морале да бидат познати при вршење на истата.
Осигурениот случај треба да биде иден, неизвесен и независен од исклучива воља на осигуреникот.Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејствие, односно настанало пропуштање при обавување на дејност означена во полисата , со кое е предизвикана чиста имотна штета на трето лице.
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 5
Од осигурување се исклучени сите штети кои се настанати ;
1. Поради намера, измама и превара од страна на субјектот на извршувањето;
2. Поради Xxxxxx, измама и грубо невнимание од овластениот извршител и заменикот извршител;
3. Преземени обврски вон доменот на постапката за извршување;
4. Незапазување на договорените рокови;
5. При вршење на извршување без дозвола за работа поради неисполнети законски услови;
6. При вршење на постапката за извршување спротивно на Законот за извшување;
7. При вршење на извршителска работа спротивно на чл.13 и 27 од Законот за извршување;
8. При неспроведено извршување;
9. Со губење на документација , извештај, стручно мислење, информации и други документи и сознанија за субјектот на постапката на извршување;
10. Во сите случаи кога не може да се утврди одговорност на осигуреникот согласно на Уставот и Законот за извршување;
11.Други ризици кои не се предмет на осигурување.
12.Во случај на застапување на странки спротивно на одредбите од Законот за извршување;
13.За смрт или телесна повреда на лица и за оштетување и исчезнување на ствари, вклучувајќи и кражба на ствари на трети лица;
14.За штети настанати од сите други ризици кои не се опфатени со овие услови;
15. Кога со одлука на суд е утврдено дека не постоеле услови за извршување и покрај тоа што извршителот постапил на извршна исправа.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
Договор за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда поднесена од Извршителот, а склучен е кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
Ако осигуреникот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот го примил бараното дополнување или измена.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 7
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
[3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
[4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 8
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 9
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[2] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[3] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 10
[1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
[2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
[3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 11
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 12
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
ПРОМЕНА НА АДРЕСА И ИМЕ НА ФИРМА
Член 13
Договорувачот на осигурување е должен за секоја промена на адреса и седиштето, да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на извршената промена.
Ако договорувачот на осигурувањето не постапи според предходниот став, за важност односно валидност на известието упатено од страна на осигурувачот, доволно е осигурувачот да постапил според податоците со кои располагал во времето на известување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 14
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот најдоцна во рок од 3 дена од денот на пријавувањето на оштетното побарување од оштетениот.
Осигуреникот е должен на осигурувачот да му овозможи увид во целокупната документација со уредна сметководствена евиденција и аргументирани факти кои се потребни за утврдување на причината и висината на штетата.
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и да достави наод од надлежен орган, кога барањето за надомест на штета против него е истакнато преку суд.
Осигуреникот не е овластен без претходна согласност од осигурувачот да се изјаснува по барањето, а особено да го признае потполно или делумно, да се спогодува или да изврши исплата.
Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, тој е должен да го извести осигурувачот писмено во врска со штетниот настан, како и да се договорат околу водењето на спорот.
Во случај кога оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно ќе му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен да даде писмена изјава за причината за настанување на штета и е должен да ги презентира сите документи од уредно водената евиденција и битните факти со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
До колку осигуреникот не се придржува кон обврските од овој член самиот ќе ги сноси штетните последици кои ќе настанат поради тоа, освен ако тие би настанале и да се придржувал кон обврските.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНИОТ
Член 15
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетениот субјект, осигурувачот има обврска:
- заедно со осигуреникот да преземе одбрана од неосновани и претерани барања за надомест на штета (правна заштита);
- да ја надомести настанатата штета ( надомест на штета);
- да ги надомести трошоците по судска постапка (надомест на судските трошоци).
ПРАВНА ЗАШТИТА
Член 16
Осигурувачот во согласност со овие услови за осигурување му обезбедува на осигуреникот правна заштита и тоа во поглед на:
- испитување и утврдување на одговорноста за штетен настан;
- изнесува советодавни-консултативни ставови и насоки за постапување;
Доколку оштетниот води спор директно со осигуреникот, осигурувачот се обврзува дека за потребите на истиот може да се вклучи како замешувач, да дава изјави кои што смета дека ќе бидат од корист за задоволување или за одбрана од неосновано или претерано барање за надомест на штета, како и во насока на утврдување на постоење на осигуран случај и процена на висината на истата.
Како би добил правна заштита благовремено, осигуреникот е должен веднаш да го извести и запознае осигурувачот за сите предјавени или најавени оштетни побарувања упатени директно кон него или за секој поведен судски спор поврзан со предметно осигурување и е должен да се придржува строго до упатствата и насоките добиени од осигурувачот, во спротивно секое поинакво негово дејствување, со исклучок на правосилно утврдена правна работа нема да биде основ за обештетување.
Во случај осигурувачот на име надомест на штета да ја исплатил сумата на осигурување пред покренување на спорот, престанува и неговата обврска на правна заштита.
Осигурувачот може да даде согласност водењето на спорот да му се довери на осигуреникот кој е должен да се придржува на упатствата кога се работи за неосновани барања.
Осигурувачот може да одбие да води постапка за надомест на штета во име на осигуреникот, ако оцени дека нема место за давање правна заштита, односно доколку оцени дека штетниот настан не е осигуран случај.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 17
Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога е утврдена обврска и висината на таа обрска, односно од денот на комплетирање на барањето за штета.
До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утрдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета се додека не се достави потребната документација.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ ПО ПОСТАПКАТА
Член 18
Ако спорот е воден со знаење и согласност на осигурувачот со осигурувањето се покриени и трошоците на спорот, доколку со главниот долг на име надомест на штета не ја надминува сумата на осигурување. Трошоци за кривична постапка, како и трошоци за застапување на осигуреникот, осигурувачот не е во обврска да ги надомести.
Кога ќе ја изврши својата обврска со исплата на сумата на осигурување, осигурувачот се ослободува од сите понатамошни давачки во име на надомест на штета и трошоци.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНИОТ СУБЈЕКТ
Член 19
Ако оштетениот субјект, своето барање и тужба за надомест на штета ги упати само спрема осигурувачот, осигурувачот е должен да го извести осигуреникот и да го повика да ги презентира сите потребни докази, а осигуреникот е должен да преземе мерки заради заштита на своите интереси.
До колку во случајот од претходниот став осигурувачот одлучи да исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
УТВРДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 20
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигуреникот и осигурувачот со оштетениот субјект, односно нивни овластени преставници.
Штетата се утврдува и проценува врз основа на уредно водена целокупна документација за спроведување на постапка за извршување, која се доставува на увид на овластениот преставник на осигурувачот, а согласно на Законот за облигационите односи и Законот за извршување.
ВЕШТАЧЕЊЕ НА ШТЕТА
Член 21
До колку при утврдување и проценување на штетата не се согласат договорените страни и оштетениот, може да побараат штетата да се утврди и процени по пат на вештачење.
Секоја од договорените страни и оштетениот писмено го именува својот вештак. За вештаци може да се именуваат лица кои се во работен однос кај нив,а кои не учествувале во претходната извршна постапка. Пред почетокот на вештачењето, именуваните вештаци бираат вештак за претседател, а кој е со високо образование и не е во работен однос кај некоја од договорните страни. Претседателот дава стручно мислење по спорните прашања на вештаците.
Предмет на вештачење можат да бидат само спорни факти. Кои спорни факти ќе бидат предмет на вештачењето, како и постапката за вештачење, конкретно ги определуваат договерените страни со писмен договор за вештачење .
Секоја договорена страна и оштетениот ги сноси трошоците за својот вештак, а за претседателот ги сносат сите страни рамномерно.
ВИСИНА НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 22
Висината на надоместот на штета не може да биде поголема од штетата што оштетениот ја претрпел со настанување на осигурениот случај.
Надоместот на штета и судските трошоци се исплатуваат најмногу до договорената сума на осигурувањето, со што престанува и обврската на осигурувачот.
ФРАНШИЗА
Член 23
Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штета.
Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
ПРАВО НА РЕГРЕС
Член 24
Осигурувачот задржува право на регрес од осигуреникот, односно право на повраќај на штета од оштетениот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за која, на осигурувачот од страна на осигуреникот, односно оштетениот не му се презентирани точни и вистински податоци, односно докази за надомест на штета и во други случаеви утврдени со Закон.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊЕТО
Член 25
Барањето за надомест на штета причинета со повреда на должноста на Извршителот, а поднесено од страна на оштетениот субјект, застарува согласно на одредбите од Законот за облигациони односи.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 26
Со осигурувањето се опфатени само осигурени случаи што ќе настанат на територијата на Република Северна Македонија.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 27 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 28 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
член 28-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 28-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на
согласност по пошта на следната адреса: xx. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 28-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 28-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 28-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 28-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 29
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx