Mакедонски Телеком АД - Скопје
Mакедонски Телеком АД - Скопје
Согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Македонски Телеком АД – Скопје (Македонски Телеком/Друштвото), Собранието на Друштвото, на својата годишна седница одржана на ден 15.04.2015 година ја донесе следната:
Предлог Одлука
за одобрување на склучување на Рамковен договор за заем помеѓу Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија,
како зделка со заинтересирана страна
Член 1
Собранието на Друштвото го одобрува склучувањето на Рамковен договор за заем како зделка со заинтересирана страна помеѓу Македонски Телеком, како Заемодавец, и Т-Мобиле Македонија АД Скопје (Т-Мобиле Македонија), како Заемопримач, со следните главни услови:
- Т – Мобиле Македонија ќе му даде на Македонски Телеком заем со максимален износ од 615.000.000,00 денари (шестотини и петнаесет милиони денари) со девизна клаузула (пресметана според девизниот курс на датумот на исплатата и отплатата);
- Исплатата на заемот ќе биде направена врз основа на рамковниот договор и по потреба, проследено со потпишување на Анекс (-и) на Рамковниот договор специфицирајќи го точниот износ, каматата и датумот на исплата, до максималниот износ на заемот;
- Македонски Телеком се обврзува да му плати на Т – Мобиле Македонија пазарна каматна стапка во Република Македонија која ќе биде утврдена врз основа на информативни понуди од најмалку две македонски банки за сличен тип на комерцијални заеми. Информативните понуди ќе бидат прибирани пред секоја исплата и ќе се применува најниската каматна стапка;
- Заемот ќе биде вратен најдоцна до 31.12.2015 година;
- Македонски Телеком може да го врати целосно или делумно заемот пред 31.12.2015 година;
- Македонски Телеком ќе издаде бланко меница како обезбедување за примениот заем.
Член 2
Се овластуваат Главниот извршен директор и Главниот директор за финансии во име и за сметка на Македонски Телеком да го потпишат Рамковниот договор за заем и поврзаните Xxxxxx со Т-Мобиле Македонија како Заемодавец кој ќе ги содржи главните елементи наведени во член 1 од оваа Одлука, како и бланко меницата како обезбедување за заемот.
Член 3
Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
Собрание Претседавач