Барател секое физичко лице кое наполнило 18 години и со правен капацитет да склучи договор за купување на Билети за 2017 УЕФА Супер Купот™ во согласност со овие Услови. Формулар за барање електронскиот формулар, пополнет и поднесен од страна на...
2017 УЕФА СУПЕР КУП™ - Политика за приватност на лични податоци при продавање на билети
(“Политика за приватност”) Јуни 2017
1. Дефиниции
Во оваа Политика за приватност, следните зборови и изрази ги имаат следните значења:
Барател | секое физичко лице кое наполнило 18 години и со правен капацитет да склучи договор за купување на Билети за 2017 УЕФА Супер Купот™ во согласност со овие Услови. |
Формулар за барање | електронскиот формулар, пополнет и поднесен од страна на Барателот онлајн преку Порталот за билети со цел да се направи Барање за билет. |
Гостин | лице кое придружува Успешен барател (како што е дефинирано во Условите) на Натпреварот кому Билетите може да му бидат префрлени согласно овие Услови и чии податоци биле обезбедени на Барањето. |
Асоцијација-домаќин | Фудбалската федерација на Македонија, бул. АСНОМ бб, MK – 1000, Скопје, Поранешна Југословенска Република Македонија, која е одговорна за организација и одржување на натпреварот во Поранешна Југословенска Република Македонија. За избегнување на сомнеж, Асоцијацијата-домаќин се смета за „организатор“ на Натпреварот според позитивниот закон. |
Натпревар | 2017 УЕФА Супер Купот™ кој ќе се одржи на Стадионот на 8-ми август, 2017 (или на друг датум/локација како што ќе биде известено од страна на УЕФА). |
Стадион | сите простории на стадионот во Скопје, 1000, Поранешна Југословенска Република Македонија, вклучително сите области за кои е потребен Билет (или гостинска пропусница, доколку е применлива) за да се добие пристап. |
Услови | Условите за продажба на билети за 2017 УЕФА Супер Купот™ достапни на следната веб-страница: |
Билет(и) | билет од хартија или пластика во сопственост на Имателот на билет кој (предмет на овие Услови) му дава на Имателот на билет право да присуствува на Натпреварот и да заземе седиште на Стадионот како што е наведено на секој таков Билет. |
Имател на билет | секое лице кое има вистинско и легитимно владение на Билет вклучувајќи ги и, без ограничување, Успешните баратели (како што е дефинирано во Условите) и нивните гости (како што е применливо). |
Портал за билети | интернет платформа преку која Барателите можат да се пријават за Билети на: |
Барање за билет | Налогот поднесен од Барателот преку Барањето за Билет(и) за Натпреварот во согласност со Условите. |
УЕФА | Унија на европски фудбалски асоцијации чии канцеларии се наоѓаат на Route de Genève 46, 1260 Нион 2, Швајцарија и секоја целосно поседувана подружница, вклучително со но не и ограничено на, UEFA Events SA. |
2. Цел на Политиката за приватност
Барањето за билет и потенцијалното последователно купување на Билет(и) за Натпреварот се врши преку Формуларот за барање достапен на Порталот за билети.
Порталот за билети е во сопственост на, и управуван од УЕФА, асоцијација според Законот на Швајцарија лоцирана во Нион. За време на барањето и поднесувањето на Барање за билет, потребно е Барателите да обезбедат одредени лични податоци за себеси и нивниот Гостин(и). Обезбедените лични податоци се чуваат во базата на податоци чиј што софтвер е лоциран во Швајцарија и се процесираат во согласност со применливиот закон за заштита на податоци, особено Федералниот закон на Швајцарија од 19 јуни 1992 година за Заштита на податоци.
УЕФА е посветена, во текот на активностите и во согласност со применливиот закон за заштита на податоци, да ја осигура заштитата, доверливоста и безбедноста на личните податоци, како и да ја почитува приватноста на Барателите и Гостите. Обврските опишани во Политиката за приватност ги исполнуваат вредностите, принципите за дејство и
однесување на УЕФА и се утврдени во согласност со законот на Швајцарија и поконкретно Федералниот закон на Швајцарија од 19 јуни 1992 за Заштита на податоци.
3. Подрачје на примена на Политиката за приватност
Политиката за приватност го покрива процесирањето на лични податоци кои УЕФА ги собира на Порталот за билети или кога Барателите го поднесуваат Xxxxxxxx, како што е опишано подолу.
Политиката за приватност не се применува за практиките на кои било компании или правни субјекти кои УЕФА не ги поседува или контролира или практиките на кое било лице кое УЕФА го нема вработено или не раководи со истото, вклучително, без ограничување, рекламирачи или спонзори на трети страни на кои Барателите и Гостите им обезбедуваат информации. УЕФА не е одговорна за политиките за приватност или практиките на други веб-страници на кои Барателите или Гостите може да влегуваат преку Порталот за билети.
4. УЕФА правично и законски собира и процесира лични податоци
УЕФА собира и процесира лични податоци за следните три намени: за организациски и безбедносни намени поврзани со Натпреварот и кој било друг натпревар(и) организиран и спроведен од УЕФА (4.1.), за намените на продажба на Билети за натпреварот (4.2), и за комерцијални намени (4.3).
4.1 Собирање и процесирање на лични податоци за организациски и безбедносни намени поврзани со Натпреварот и кој било друг натпревар(и) организиран и воден од УЕФА
УЕФА ги собира и процесира следните лични податоци на Барателот: пол, презиме, име(иња), датум на раѓање, место на раѓање, националност, пасош/ИД број, земја на престој, телефонски број, адреса на е-пошта, целосна поштенска адреса и ажурирани податоци за кредитна картичка. Барателот исто така ќе ги обезбеди следните лични податоци за секој Гостин како што е наведено во Барањето, кои што ќе бидат собрани и процесирани од страна на УЕФА: презиме, име(иња), датум на раѓање, националност и пасош/ИД број. Сите такви лични податоци се собираат и процесираат за намените на процесирање на Барањата за билети како и за намените на идентификација и безбедност поврзани со Натпреварот и кој било друг натпревар(и) организиран и воден од УЕФА.
Личните податоци се бараат и се потребни за идентификување на лицата заинтересирани за присуство на Натпреварот и за да се гарантира ефективен безбедносен систем внатре во и околу Стадионот како и за борба против незаконската продажба на Билети за Натпреварот и кој било друг натпревар(и) организиран и воден од УЕФА.
УЕФА може да ги открие горенаведените лични податоци на своите даватели на услуги и трети страни, особено на давателите на услуги за безбедност и пристап на Стадионот,
како и на Асоцијацијата-домаќин и релевантните органи за горенаведени намени и за вршењето на нивните активности.
Личните податоци во однос на бројот за идентификација и пасош нема да се пренесуваат, во никои околности, на деловните партнери на УЕФА или на трети страни, со исклучок на случаите процесирани според Политиката за приватност. Овие лични податоци ќе се пренесуваат само на давателите на услуги за безбедност и пристап на Стадионот како и на релевантните надлежни органи и само до степенот кој е потребен за одржување на безбедноста и сигурноста во однос на Натпреварот.
4.2 Лични податоци собрани и процесирани за намените на продажба на Билети за натпреварот
УЕФА ги собира и процесира личните податоци во однос на презимето, името(ата), целосната поштенска адреса, како и детали за кредитни картички (кои ќе се користат само за купување на Билет(и) по нивното распределување, во согласност со Условите), заради фактурирање и испорака на Билетите.
Во согласност со Условите, УЕФА е одговорна за продажба на Билети.
УЕФА може да ги открива горенаведените лични податоци на своите даватели на услуги за горенаведените намени, и за вршење на своите активности.
4.3 Лични податоци собрани и процесирани за комерцијални намени
Xxxxxxx Xxxxxxxxx дал своја согласност во Барањето или Порталот за билети, личните податоци во врска со презимето, името(ата) и адресата на е-пошта ќе бидат собрани и процесирани од УЕФА за електронски да му обезбедат на Барателот информации и публицитет за производите, услугите, комерцијалните активности и настани на УЕФА.
Доколку Барателите не сакаат да примаат, или повеќе не сакаат да примаат какви било понуди и информации од нас, Барателите може тоа да го наведат директно во својата сметка.
Во дополнение, процесирање на лични податоци за комерцијални намени е предмет на одредбите на Политиката за приватност на УЕФА, која што е достапна на следната веб- страница: xxxx://xxx.xxxx.xxx/xxxxxxxxxxxxx.xxxx.
5 УЕФА ги усвојува потребните мерки за да ја осигура безбедноста на личните податоци
УЕФА ги спроведува соодветните технички и организациски мерки за заштита на личните податоци собрани на Порталот за билети наспроти која било загуба, промена или неовластено откривање или пристап.
УЕФА може да ги открива горенаведените лични податоци на своите даватели на услуги само заради нивните активности и при вршењето на нивните активности. УЕФА бара од своите вработени и даватели на услуги да дејствуваат во согласност со позитивниот закон за заштита на податоци и земајќи ја предвид доверливоста на податоците.
УЕФА ја осигурува безбедноста на банкарските податоци собрани во Порталот за билети со користење на индустриски стандарди за SSL енкрипција за заштита на преноси на податоци.
УЕФА користи систем за известување со кој го информира засегнатото лице во случај на нарушување на безбедноста на неговите лични податоци.
6 Право на пристап до Вашите лични податоци
Барателите и Гостите може да побараат пристап до нивните лични податоци, или неточни и нецелосни лични податоци поврзани со нив да се коригираат или евентуално избришат каде што намената за процесирање на податоци има изминато или прекинато да биде применлива од други причини, во кое било време со кликање тука.
За да го стори истото, УЕФА може да побара од Барателите и Гостите (како што е применливо) да обезбедат верификација на нивниот идентитет (на пр.: копија на официјален документ за идентификација со фотографија на која е наведен нивниот датум и место на раѓање).
УЕФА може да одбие, ограничи или одложи барања каде што законот го предвидува истото, каде тоа е потребно за да се заштитат поважните интереси на трети страни и/или каде што сопствените поважни интереси го бараат истото, при што УЕФА има право да го стори тоа според позитивниот закон за заштита на податоци.
7 Задржување на податоци
Личните податоци собрани од Порталот за билети во согласност со членови 4.1 и 4.2 се собираат и процесираат од страна на УЕФА не подолго од неопходното заради процесирањето како што е опишано во Политиката за приватност, освен ако користењето на лични податоци повеќе не е потребно за тековните административни или судски постапки поврзани со Натпреварот и кој било друг натпревар(и) организиран и воден од УЕФА.
Личните податоци собрани во Порталот за билети во согласност со член 4.3 се собираат и процесираат од страна на УЕФА не подолго од тоа што е потребно заради процесирањето и предмет на одредбите на Политиката за приватност на УЕФА, достапна на следната веб-страница: xxxx://xxx.xxxx.xxx/xxxxxxxxxxxxx.xxxx.