AНА НИКОДИНОВСКА КРСТЕВСКА
Некои размислувања за валидноста на Договорот од Преспа низ призмата на меѓународното задолжително право
XXX XXXXXXXXXXXX КРСТЕВСКА
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР, ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ „XXXX XXXXXX“ – ШТИП
Свечен научен собир „Современата македонска држава - две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година,
27-28 Септември 2021, Македонска Академија на Науките и Уметностите, вебинар.
• Вовед
• Владеење на правото
• Договорот од Преспа, 17 јуни 2018
• Повреда на внатрешното право
• Повреда на меѓународно право (формални и материјални аспекти)
• Заклучоци и прашања
СТРУКТУРА:
Потпишување на Договорот од Преспа,
17 јуни 2018, с. Нивици, Македонија
страните
(17 јуни 2018, Мала Преспа)
• Содржи во 3 дела, 20 членови и 90
параграфи (вкупно 20 страници) :
• Прв дел – го регулира спорот со името и прашања поврзани со него, како и добрососедските односи
• Втор дел – ја регулира стратешката соработка помеѓу страните
• Трет дел – ги регулира начините на
решавање на конфликтот
• Последен дел – ги содржи завршните одредби на Договорот
1. Процедури поврзани со склучување на Договорот
• Преговори (недостаток на уставна основа за преговори и преговорите се спроведоа во тајност – спротивно на член чл. 3 и
чл. 8 од Договорот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори од 1998)
• Потпишување на договорот (неуставно/сторување на “ultra xxxxx” чин – спротивно на чл. 119 од Уставот и чл. 3 од Договорот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори од 1998)
• Процедурите за усвојување на Договорот од Преспа (Собранието примени скратена постапка наместо регуларна процедура; договорот се разгледуваше во неадекватна собраниска комисија; договорот се усвои со просто мнозинство наместо со квалификувано 2/3 мнозинство како што е предвидено за решавање по прашања од фундаментална важност)
• Закон за ратификување на договорот (ѝ покрај 2 суспезивни вета од страна на Претседателот на Републиката, договорот сепак беше објавен во Службен весник заедно со Законот за употреба јазиците (и овој закон беше суспендиран два пати).
-
ПОВРЕДАТА НА ОВИЕ НОРМИ ОД ФУНДАМЕНТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ БЕШЕ МАНИФЕСТНА, НОТОРНА И ЗАСЕГАШЕ
ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРАВИЛА ОД ВНАТРЕШНОТО ПРАВО, И КАКО ТАКВА ГО АФЕКТИРА ЦЕЛОСНИОТ МЕЃУНАРОДЕН
ЛЕГИТИМИТЕТ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА КОЈ ВРЗ ОСНОВА НА ЧЛ. 46 ОД ВИЕНСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА ДОГОВОРНО ПРАВО ПРЕТСТАВУВА ПРАВНА ОСНОВА ЗА НЕГОВА НИШТОВНОСТ И НЕВАЛИДНОСТ
2. Процедури поврзани со отворање на процедурите за уставни измени за промена на името
• Противправна процедура за отпочнување на референдум (спротивно на чл. 9 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, видот на референдум беше противуставен затоа што беше консултативен/факултативен наместо задолжителен референдум; референдумското прашање беше прешироко и несоодветно поставено, како и референдумската процедура беше спротивна на Кодексот за добри референдумски пракси на Венецијанската комисија од 2007)
• Одлуката за референдум не беше земена предвид (референдумот беше неуспешен, бидејќи прагот за донесување на одлука беше над 50%, додека вкупниот број на гласачи изнесуваше 36,9%)
• Противправно отворање на процедурата за уставни измени (не постоше конституционална основа за
отворање на амандманските процедури)
• Противправни методи за усвојување на уставните промени (кореистење на поткуп и закани за 8 парламентарци од опозицијата и нивна уцена со Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 г., со цел да се достигне потребниот кворум од 2/3 мнозинство (81 пратеник), коешто е потребно за донесување на измените.
Повреда на меѓународното право (материјални аспекти) :
1. Повреда на принципот на суверена еднаквост помеѓу држави (принцип на суверентитет)
• Во договорот, името на државата – Република Македонија или ‘Поранешна Југословенска Република Македонија не е споменат во ниту еден дел, наместо тоа кон државата се реферира како ‘страната којашто беше примена во Обединетите нации во согласност со рез. 47/225 од 8 април 1993’. Текстот ретерира во однос на претходниот договор каде ‘втората страна’ се именува со името ‘поранешна Југословенска Република Македонија’
• Во воведниот дел од договорот, се наведуваат меѓународните документи врзани со спорот, но сепак се испушта Пресудата од Меѓународниот суд на правдата од 2011 која ја се однесува на повредаата на чл. 11 од Привремениот договор од 1993 од страна на Грција заради блокирање на влезот на Македонија во НАТО, која е пресудна во однос на исходот на спорот и потпишување на договорот.
• Договорот е асиметричен во однос на правата и обврските за двете земји (на пример, Грција има само права, освен 2 обврски, додека Македонија нема никави права, единствено обврски за исполнување на предметот на договорот).
Повреда на меѓународното право
(формална или процедурална повреда на правото) :
• Повреда на одредби од внатрешно право коишто се однесуваат на надлженоста за склучување на меѓународни договори – ПОВРЕДАТА БЕШЕ МАНИФЕСТНА И СЕ ОДНЕСУВАШЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ВНАТРЕШНОТО ПРАВО КОЕШТО Е ОД ФУНДАМЕНТАЛНА ВНАЖНОСТ, прекршувајќи ги чл. 7 и 8 од Виенската конвенција за договорно право (ВКДП) од 1969 г.
• Повреден е чл. 119 од Уставот на Република Македонија и чл. 3 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни одговори од 1998 г., беше сторен “ULTRA XXXXX” акт
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тоа значи дека:
Врз основа на чл. 46 од ВКДП овие претставуваат основа за невалидност на договорот заради недостаток на надлежност на страната да склучува меѓународни договори
Повреда на меѓународното право (материјални аспекти) :
2. Повреда на правото на самоопределување на народите
• Предметот на грчко-македонскиот спор недостасува, и напротив тој е проширен спротивно на претходниот Договори, и наместо да говори за една ‘разлика’ тој говори за “разлики’ (чл. 1) (коишто се однесуваат на името, јазикот, културата, историјата, образовниот систем, и сл.) коишто влегуваат во рамките на принципот на самоопределување, како императивна норма со јус когенс карактер и спротивно на претходниот договор
• Договорот наметнува: Промена на името во «Република Северна Македонија», за употреба
erga omnes
• Целосна елиминација на придавката ‘Македонски’ и терминот ‘Македонија’ без дополнителни додавки, заемнувајќи го со «на Северна Македонија» или «од Северна Македонија»
• Врз основа на чл. 53 од ВКДП овој договор треба да се смета за празен, затоа што повредува перемпторни норми на општото меѓународно право
Повреда на меѓународното право
(материјални аспекти) :
3. Повреда на принципот на забрана за мешање во внатрешните работи
• Договорот наметнува ревизија на официјални документи на државата со цел да ги прилагоди со новото име и наметнува отстранување на терминот ‘Македонија’ или пак додавање на додавката ‘Северна’ од секој државен симбол, документ, институција, зграда и сли.
• Договорот предвидува основање на ‘заеднички комитет’ сочинет од дипломати, археолози, историчари... чија цел е да се ревидираат сите школски книги и едукативни материјали и да се исчистат од терминот ‘Македонија’ или ‘Македонски’
Потврда за јус
когенс карактерот на повредените норми:
• Чл. 53 од ВКДП ја утврдува дека невалидноста на договорите склучени во конфликт или колизија со перемпторна/императивна норма на општото меѓународно право, и последователно дефинира што претставува императивна норма, но сепак не дава експлицитно објаснување
• Во подготвителните работи на ВКДП од страна на Комисијата за меѓународно право на Обединетите нации се излистани перемпторни норми со јус когенс карактер, меѓу кои фигурираат претходно посочените
• Посочените норми треба да се сметаат како императивни/задолжителни врз основа на универзалноста на Повелбата на Обединетите Нации, затоа што тие претставуваат општи принципи на правото, но пред сé врз основа на чл. 103 од Повелбата на Обединетите нации.
• Оттука следи дека нормите се задолжителни и дека тие не можат да бидат предмет на договарање, по што следи дека врз основа на чл. 53 и 64 од Виенската конвенција за договорно право, Договорот од Преспа треба да се смета за празен/невалиден во рамките на меѓународното право.
ЗАКЛУЧОЦИ:
• Реалноста е дека големите сили секогаш одлучуваат во која насока ќе се движат настаните и тие го имаат конечниот збор, додека малите држави се слаби и не се во можност да се спротивстават на нивните политики. Во суштина, целата историја е напишана од големите сили во дадениот момент.
• Ова потврдува дека владеењето на парвото во меѓународните односи е слаб принцип и дека нема соодветна заштита затоа што не постои меѓународно тело коешто ќе ги санкционира повредите на принципот на владеење на правото и ќе успее да се постави над суверенитетот на државите.