Осигурително покритиеЗдравствено осигурување и асистенција Basic Normal Comfort Лекување како последица на болест или незгода; Враќање на деца, освен кај бизнис пакети; Враќање на посмртни останки;Посета на пациент во странство;Надомест на телефонски...
Документ со информации за производот за осигурување
Компанија: ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Производ: Евроинс патничко осигурување
Во овој документ се сумирани клучните информации поврзани со производот за осигурување. Целосните преддоговорни и договорни информации за производот се составен дел одусловите за осигурување.
Вид на осигурување
Осигурително покритие Здравствено осигурување и асистенција | Basic | Normal | Comfort | |
Лекување како последица на болест или незгода; Враќање на деца, освен кај бизнис пакети; Враќање на посмртни останки; Посета на пациент во странство; Надомест на телефонски трошоци при болничко лекување; Продолжување на престој по болничко лекување; Враќање на моторно возило поради болест или повреда на осигуреник. | ||||
Незгода | ||||
Траен инвалидитет; Смрт од незгода. | ||||
Осигурување на багаж и патни документи | ||||
Задоцнето пристигнување на багаж; Провална кражба на багаж; Оштетување на багаж при лична повреда; Оштетување на багаж од природна катастрофа; Загуба на патни документи; * само за бизнис пакети Оштетување, уништување и кражба на примероци; Оштетување, уништување и кражба на деловна техничка опрема; Асистенција за враќање на осигуреникот во случај на кражба на платежни средства. | ||||
Правна помош | ||||
Правна помош и правна заштита. |
Евроинс Осигурување во соработка со асистентската мрежа со светско реноме Europ Assistance на своите осигуреници со патничко осигурување во случај на потреба од помош поради здравствени проблеми или потреба од друга помош при патувањеим обезбедува услуги и покритија при патување и престој во странство.
Дополнителни осигурувања
Дополнително осигурување при школување постојана/привремена работа во странство; Спортска незгода, за тип Normal и Comfort;
или
Исклучени ризици
Било која лекарска интервенција, нега или купување лекови неопходни заради претходната здравствена состојба на осигуреникот или од причини поврзани со неа;
Услуги кои не се неопходни за утврдување на дијагноза;
Главоболка, вртоглавица, менструална болка, Моментално влошување на здравствената состојба поврзана со стрес;
Неитен лекарски преглед, лекување;
Рутински прегледи, контролни прегледи и лекарски проверки;
Дополнителни трошоци кои ја надминуваат разумната и општа цена во земјата каде осигуреникот ги користел услугите;
Операции кои може да се одложат по враќањето дома без да се надмине разумното ниво на ризик кое се очекува;
Губење, напуштање, заборавање, испуштање на багаж и крадење на предмети кои се оставени без надзор;
Во случај кога багажот сместен во возилото е украден меѓу 22:00 и 06:00 часот по локално време;
Во случај кога осигуреникот не го става багажот за време на патувањето со возилото на местото определено за багаж;
Намерна штета причинета на трети лица од страна на осигуреникот, самостојно или во заговор со третото лице;
Штети на трети лица или на животната околина предизвикани со прекршочно или кривично дело од осигуреникот;
Штети на трети лица предизвикани од страна на осигуреникот при управување на било каков вид на моторно возило;
Откажување и/или одложување на патување, за тип Normal
и Comfort;
Одговорност кон трети лица, само за тип Comfort.
Штети настанати поради прекршување на прописите
и условите за патување на компанијата за транспорт од страна на осигуреникот;
Ограничувања на осигурувањето
Осигурувањето може да се склучи само за лице кое во моментот на настанување на договорниот однос престојува на територијата на Република Северна Македонија; Осигурувањето може да се склучи за траење од најмногу 365 дена, односно 366 дена; Дефинирани лимити и подлимити согласно полисата за осигурување;
Патничко осигурување се издава на лица на возраст до 72 години;
За осигурениците кои навршиле 65 години на почетокот на осигурувањето, осигурувачот ќе наплати 100% дополнителна премија на основната премија;
Патничкото осигурување и помош при патување за одредено време може да се склучи само еднаш. Доколку осигуреникот има повеќе осигурувања, осигурувачот дава надомест само еднаш по последно договорената полисата која има покритие за државата каде е настаната штетата.
Исклучени ризици
Рекреативни зимски спортски активности (скијање и сноубординг на обележани ски патеки предвидени за овие активности), освен доколку осигуреникот има доплаток на премијата за спортска незгода на полисата за осигурување;
Вежби, подготовки, тренинзи и учество на
спортски натпревари, за било кој вид на спорт или спортски активности, освен доколку осигуреникот има доплаток на премијата за спортска незгода на полисата за осигурување;
Осигурувањето на багаж и патни документи не се однесува на следните предмети:
- накит, благородни метали, уметнички предмети, колекции, скапоцено крзно, готовина или странски готовински платен инструмент,
- хартии од вредност, штедни книшки, различни видови на билети, документи,
- велосипед, спортска опрема, технички предмети и нивни делови како и алат за изведување на работа, инструменти и опрема и нејзини делови. Останати исклучувања во согласност со Условите за патничко осигурување.
Територијална важност на осигурувањето
Во зависност од договорот за осигурување, осигурувањето важи за определените држави со договорот, со исклучок на Република Северна Македонија.
Осигурителното покритие за Европа ги вклучува и следните држави: Русија, Азербејџан, Грузија, Ерменија, Турција, Кипар, Малта, Исланд и Гренланд.
За лицата кои не се жители на Република Северна Македонија, осигурувањето не важи во Република Северна Македонија и во земјата на нивното постојано живеење, освен доколку во договорот за осигурување-полисата не е поинаку определено.
Обврски на осигуреникот
Веднаш да го извести осигурувачот или неговиот партнер за сите околности и податоци кои произлегуваат од штетниот настан, односно се во врска со него;
Во случај на болест или повреда, веднаш да се јави на осигурувачот или партнерот пред да побара лакарска помош, или тоа да го направи најдоцна во рок од 24 часа од настанување на осигурениот случај, односно од посета на лекар.
Премија за осигурување
Xxxxxxxxxx, однапред. По исклучок, плаќањето на премијата може да се договори на рати.
Почеток и престанок на покритието
Осигурувањето започнува да трае во 00:00 часот во оној ден што е означен како почеток на осигурувањето, ако до тој ден е платена премија и ако поинаку не е договорено и престанува во 24:00 часот во оној ден што во полисата е договорен како ден на престанување на осигурувањето.