за пoдготовка на документ ПРЕДЛОГ ПОЛИТИКИ СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европска Унија во Скопје и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор IPA/2017/391-843 ,финансиран преку повикот EuropeAid/ 155322/DD/ACT/MK
Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за пoдготовка на документ ПРЕДЛОГ ПОЛИТИКИ СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ НА ПОСТАПКА 15/5.2.3
Буџетска линија 5.2.3
Почитувани,
Македонско здружение за заштита при работа во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” Ве поканува да учествувате во постапка за подготовка на документ Policy Paper.
Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
❑ Барање за понуда (Анекс 1)
❑ Опис на работна задача
Со почит,
МЗЗПР- Проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”
Скопје,
27.02.2019
Проектот е финансиран од Eвропската унија
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на проектот (ToR).
2. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот мора да бидат напишани на локалниот јазик.
Постапката мора да се состои од Техничка и Финансиска понуда.
2.1 Техничка понуда
Техничката понуда (Организација и методологија), ја поднесува понудувачот. Понудувачот доколку е правно лице исто така мора да достави Тековна состојба и Доказ за регистрирана дејност од Централен регистрар на РМ (ДРД Образец).
2.2 Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ/персонален данок , следејќи го приложениот формат со печат и потпис од овлатено лице.
3. Поднесување на понуди
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 08.03.2019 година до 16 часот на следната адреса: МЗЗПР - проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” адреса: Востаничка 2/8 1000 Скопје или на: xxxxxxx.xxx-xxx@xxxxx.xxx.xx
Понудите мора да ги содржат сите потребни документи, наведени во точка 2.1 и 2.2.
4. Потпишување на договорот
Понудувачите писмено ќе биде информирани за прифаќање/одбивање на нивната понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на понудите.
5. Начин на плаќање
По реализација на предвидената работа, од страна на компанијата/физичкото лице треба да биде доставена фактура/барање за плаќање без ДДВ до нарачателот на услугите. Согласно со финансиките правила предвидени во Договорот за реализација на проектот помеѓу Делегација на Европска Унија и МЗЗПР, плаќањата не подлежат на ДДВ.
Доставената фактура од правниот субјект ќе биде исплатена од страна на МЗЗПР без ДДВ во рок од 45 дена , по целосна реализација на обемот на работа наведен во Повикот.
Проектот е финансиран од Eвропската унија
6. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
Предложена методологија и временска рамка: 30 поени |
Работна биографија/Портфолио: 40 поени |
Вкупно поени: 70 |
Финансиска евалуација - максимална можна оценка |
Вкупно поени: 30 |
Вкупно (техничка и финансиска евалуација) 100 поени |