ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 04/2017
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати
I.1.2) Адреса: ул. Орце Николов бр. 71
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Xxxxxxx Xxxxxxxxxx Адреса на е-пошта: xxxxxxxx.xxxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx
Телефон/Факс: 00 0000 000/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
На следнава адреса
ул. Орце Николов бр.71 , 1000 Скопје, контакт лице Xxxxx Xxxxxx,, x000 (0)0 0000 000, xxxxx.xxxxxx@xxxx.xxx.xx, ТД е објавена на ЕСЈН во прилог на огласот бр.04/2017, ,
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи - Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Делива набавка на 1(еден) нафтен дериват Еуродизел БС (Д-Е V) за задолжителните резерви на Република Македонија
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 660.610.170,00
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Стоки - Купување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Во акцизен склад на територија на Република Македонија определен по писмен налог на ДЗРННД како договорен орган.
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка: Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Делива набавка на 1(еден) нафтен дериват Еуродизел БС (Д-Е В) за задолжителните резерви на Република Македонија
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра | Опис |
09134220-5 | Дизел гориво (EN 590) |
II.8) Дали предметот на набавката е делив: Да
Дел број | Опис на делот за набавка |
1 | Дел 1 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
2 | Дел 2 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
3 | Дел 3 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
4 | Дел 4 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
5 | Дел 5 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
6 | Дел 6 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
7 | Дел 7 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
8 | Дел 8 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
9 | Дел 9 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
10 | Дел 10 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
11 | Дел 11 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
12 | Дел 12 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
13 | Дел 13 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
14 | Дел 14 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
15 | Дел 15 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
16 | Дел 16 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
17 | Дел 17 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
18 | Дел 18 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
19 | Дел 19 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
20 | Дел 20 - Набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) во количини до 1.084.200 литри. |
II.9) Рамковна спогодба: Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди: Не
II.11) Времетраење на договорот:
120 денови
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција? Да
Дополнителни информации во врска со електронската аукција: За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (хттпсЧ//њњњ.е-набавки.гов.мк). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната единечна цена по литар вклучувајќи ги сите трошоци, попусти и увозни царини, без ДДВ и акциза, за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. На цената на предметниот нафтен дериват не се пресметува акциза бидејќи договорниот орган поседува акцизна дозвола и предметот на набавката треба да биде складиран во акцизен склад. Повеќе информации во врска со електронската аукција се содржани во тендерската документација.
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да
IV.1.2) Гаранција на понудата: Не
IV.1.3) Изјава за сериозност: Да
IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [5.00 %]
IV.1.5) Авансно плаќање: Не
IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија
, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: Документ за регистрирана дејност
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор од аспект на способност за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Економските оператори треба да ги исполнуваат и посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот односно Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16) и Законот за
задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/08, 35/11, 84/12 и 43/14). За докажување на способноста за вршење на професионална дејност - економските оператори треба да ги достават следниве документи - Домашните економски оператори треба да достават - документ за регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека се регистрирани како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка, издаден од Централен регистар на Република Македонија, - валидна лиценца за вршење на енергетска дејност - трговија на големо со нафтениот дериват Еуродизел БС издадена од РКЕ на Република Македонија, - валидна лиценца за вршење на енергетска дејност складирање на нафтениот дериват Еуродизел БС издадена од РКЕ на Република Македонија. Странските лица економски оператори треба да достават - документ за регистрирана дејност како доказ дека се регистрирани како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓаат на соодветно професионално здружение, издаден од надлежен орган согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, - валидна лиценца или друг соодветен документ за вршење на енергетска дејност - трговија на големо со нафтениот дериват Еуродизел БС издадена од надлежен орган согласно со прописите на земјата каде што се регистрирани, - валидна лиценца или друг соодветен документ за вршење на енергетска дејност – складирање на нафтениот дериват Еуродизел БС издадена од надлежен орган согласно со прописите на земјата каде што се регистрирани.
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов за економската и финансиската состојба со доставување на еден или повеќе од следниве документи - извештај за билансот на успех заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех или извадоци од извештајот за билансот на успех во случаи кога објавување на билансот на успех е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран, за последната финансиска година, - извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка за последната финансиска година за која се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации. Доколку билансот на успех бил предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да го достави истиот како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да биде дополнително заверен од надлежен орган. Доколку билансот на успех не бил предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор го доставува истиот заверен, односно издаден од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот
услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови - Да има остварено приход во висина од 20.000.000,00 денари во последната финансиска година.
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови за техничката или професионалната способност со доставување на - копии од сообраќајни дозволи или договори за изнајмување на автоцистерните и/или железничките вагон цистерни кои се склучени за период не пократок од периодот на важноста на понудата и истите треба да содржат податоци од сообраќајните дозволи за изнајмените автоцистерните и/или железничките вагон цистерни, - копии од минимум 3 (три) склучени договори за испорака на нафтени деривати извршени во последните три години, со поединечна вредност не помала од 1.500.000,00 денари, со обезбедување на потврди за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки, - економскиот оператор треба да достави валиден доказ дека на територијата на Република Македонија поседува сопствени и/или изнајмени резервоарски капацитети за нафтениот дериват Еуродизел БС предмет на набавка, за секој одделен дел/делови за кој се однесува неговата понуда, за кои поседува валидна акцизна дозвола издадена од Царинска управа на Република Македонија. Во случај на сопствени резервоарски капацитети соодветен доказ е валидна лиценца за вршење на енергетска дејност складирање на нафтениот дериват Еуродизел БС издадена од РКЕ на Република Македонија. Во случај на изнајмени акцизни резервоарски капацитети, прифатлив доказ е договор за закуп со важност од најмалку 5 години. За странските лица - економски оператори прифатлив доказ е соодветен договор за обезбеден склад на територија на РМ склучен со носител на валидна акцизна дозвола издадена од Царинска управа на Република Македонија и валидна лиценца за вршење на енергетска дејност складирање на нафтениот дериват Еуродизел БС издадена од РКЕ на Република Македонија. “
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техникча или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови - да има најмалку 5 (пет) сопствени или изнајмени технички исправни автоцистерни и/или железнички вагон цистерни за транспорт на светли нафтени деривати, кои треба да ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедност на возилата и посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за превоз на нафтени деривати за што треба да поседуваат соодветни документи утврдени согласно важечката законска регулатива во Република Македонија (Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај „Службен весник на Република Македонија“ бр.92/07, 147/08, 161/09, 127/10, 17/11, 54/11, 13/13, 163/13, 38/14, 166/14, 116/15, 193/15 и 31/16). - минимум 3 (три) склучени договори за испорака на течни горива извршени во последните три години, со поединечна вредност не помала од 1.500.000,00 денари, - економскиот оператор треба да обезбеди сопствени и/или изнајмени акцизни резервоарски капацитети за предметниот нафтен дериват Еуродизел БС на територијата на Република Македонија, за онолку делови за колку што се однесува неговата понуда.“
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 17.07.2017 во 11:00 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 11.07.2017 15:30
V.3) Период на важност на понудата: 90 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите
17.07.2017 во 11:00 Место: Во деловни простории на договорниот орган на ул. Орце Николов бр. 71, 1000 Скопје
V.3) Дополнителни информации
V.4) Датум на објава: 31.05.2017