I.ОПШТИ ОДРЕДБИ
0527 ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ
ЗА СЛУЧАЈ НА СМРТ И ДОЖИВУВАЊЕ СО ЕДНОКРАТНА УПЛАТА НА ПРЕМИЈА
I.ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Со овие Посебни услови за осигурување на живот за случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија (во понатамошниот текст: Посебниуслови) се уредуваат меѓусебните односи на учесниците во договорот за осигурување на живот во случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија.
(2) Овие Посебни услови се составен и неразделен дел на договорот за осигурување н живот за случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија што договарачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: договарач) го склучува со Акционерското друштво за осигурување на живот KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот (во понатамошниот текст: осигурувач).
Член 2
Одделните поими кои се користат во овие Посебни услови го имаат следното значење:
- понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот;
- понудувач е лице кое има намера да склучи договор за осигурување на живот и за таа цел поднесува писмена понуда до осигурувачот;
- осигурувач е Кроација осигурување АД-Друштво за осигурување на живот Скопје;
- договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот и превзема обврска за плаќање на премии и други обврски што врз основа на договорот настануваат за страната која се појавува наспроти осигурувачот.
Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
- осигуреник е лицето на кое се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
- корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договараосигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
- договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е сумата определена со договорот која осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигуран случај;
- полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
- премија на осигурувањето е износ што договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување на живот.
- математичка резерва е техничка резерва која се издвојува и пресметува и претставува разлика помеѓу обврските на осигурувачот и обврските на осигуреникот во одредена година од времетраење на осигурувањето.
- откуп е износот кој го исплатува осигурителот при предвремен престанок на осигурувањето по барање на договорувачот.
Член 3
(1) Со договорот за осигурување на живот договарачот се обврзува на осигурувачот да му ја уплати премијата на осигурувањето, а осигурувачот се обврзува, со настанувањето на осигурениот случај, да му ја исплати на корисникот осигурената сума, односно нејзиниот дел, согласно овие услови.
(2) Покрај осигурување на живот по овие Посебни услови можат според дополнителните услови на осигурувачот да се договорат и дополнителни осигурувања за кои премијата
се плаќа однапред за целата осигурителна година. Кај договарање на дополнителнително осигурување на лица од последици на несреќен случај не може со ова осигурување да се договори дополнителна двократна осигурена сума за случај на смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај.
(3) По овие Посебни услови можат да се осигураат здрави лица од навршена 14(четиринаесетта) година на живот и тоа од првиот ден на месецот кој следи по месецот во кој осигуреникот стекнал право на осигурување на својот живот, па сè до завршувањето на календарската година во која осигуреното лице навршило 65 (шеесетипет) години на живот. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 75 години старост.
(4) Лицата одстав (3) на овој член, зависно од висината на осигурената сума, и болни лица можат да се осигураат исклучително врз основа на извршен лекарски преглед, односно врз основана процена на ризикот на осигурувачот, со примена на одредбите на Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот.
(5) Сите изјави и барања на договорните страни се поднесуваат исклучително во писмена форма, а сесмета дека се доставени оној ден кога ги примила договорната страна до која се испратени. Во случај ако поднесокот се доставува по пошта, и како ден на приемот, за секоја договорна страна, се смета датумот на поштенскиот жиг.
II. ПОНУДА Член 4
(1) Понудата за осигурување на живот, поднесена на образец на осигурувачот, е составен и неразделен дел дел на договорот и ги содржи сите битни елементи на договорот за осигурување на живот.
(2) Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно, и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот за осигурување на живот.
(3) Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно утврдување на дополнителни факти битни за склучување на договорот, вклучувајќи и лекарски преглед на осигуреникот.
(4) Осигуреникот мора да ја потпише понудата во случај кога договарачот не е воедно и осигуреник, и потписот на осигуреникот на понудата ќе се смета за негова согласност за склучување на Договорот за осигурување на живот под условите наведени во понудата. Ако осигуреникот е малолетно лице, понудата треба да ја потпише неговиот законски застапник.
Член 5
(1) Писмената понуда за склучување на договорот гообврзува осигурувачот да одговори на понудата, 8(осум) дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата за осигурување и дополнителна документација без лекарски преглед, а ако е потребен лекарски преглед, тогаш за време од 30 (триесет) дена сметано исто така од денот кога ја примил понудата и дополнителната докуметација. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, која не отстапува од условите на осигурувачот под кои се склучува предложеното осигурување, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека договорот е склучен.
(2) Договарачот, како и самиот осигуреник, должни се со писмено да го известат осигурувачот ако во периодот од поднесувањето на понудата до склучувањето на договорот настапи зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како што е потешко заболување или повреда на осигуреникот, промена на професијата или занимавање со спорт.
(3) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување
на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договарачот.
III. ПОЛИСА Член 6
(1) Полисата за осигурување на живот е доказ за склучениот договор за осигурување на живот.
(2) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договарачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигурен случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт односно доживување и датум на издавање на полисата. Покрај тоа полисата треба да содржи и констатација дека Договорувачот на осигурувањето е предупреден дека Посебните и дополнителните услови на осигурувањето се составен дел на договорот и дека текстот на истите му е предаден.
(3) Како составен и неразделен дел на договорот за осигурувањето на живот, на задната страна од полисата се содржани Таблицата на откупни вредности, како и овие Посебни услови кои заедно со полисата непосредно му се врачуваат на договорувачот .
(4) Потписите на договарачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата.
(5) Ако со осигурување на живот се договори и дополнителено осигурување, составни делови на договорот се и дополнителените услови на осигирувачот за соодветното дополнителено осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик во смисла на член 3 став (4) од овие Посебни услови, составен дел на договорот се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот.
Член 7
(1) Полисата можеда гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на доносител .
(2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
IV. ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 8
(1) Осигурувањето на живот започнува во 00:00 часот првиот ден во месецот кој следи по месецот на склучување на договорот и плаќање на премијата.
(2) Обврската на осигурувачот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член само ако до тој ден е платена премијата за целото договорено временатраење на осигурувањето.
(3) Ако премијата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурувач отпочнува во 00:00 часот оној ден кога договорената премија ќе биде платена во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
(4) Обврската на осигурувачот трае до 00:00 часот на денот кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
V. ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 9
(1) Премијата на осигурувањето, како и висината на осигурената сума, спогодбено ја утврдуваат договарачот и осигурувачот врз основана податоците од понудата, важечките ценовници, пристапната возраст на осигуреникот, полот, професијата, спортот, времетраењето наосигурувањето.
(2) Пристапна старост претставува разликата помеѓу календарската година во која почнува осигурувањето и календарската година на раѓање на осигуреникот.
(3) Премијата за взаемно осигурување на живот на две лица, како и висината на осигурената сума, се утврдува врз основа на податоците од понудата, важечките ценовници, заедничката пристапна старост, занимање, професија, спортот, времетраење на осигурувањето и роковите на плаќање на премија. Заедничка пристапна старост се утврдува врз основа на помошна таблица за утврдување на заедничка пристапна старост дефинирана со ценовник.
(4) Кај зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии или посебни услови.
Член 10
(1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договараат во ЕВРА или денари.
(2) Премијата по правило се плаќа во денарска противвредност. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во ЕВРА плашањето може да биде извршено и во ЕВРА.
Член 11
(1) Договарачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Премијата се плаќа на благајните на осигурувачот или се уплатува преку пошта или банка. Се смета дека премијата е платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата.
(3) Ако уплатата на премијата не може да се реализира од причини за кои е одговорен договарачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е реализирана уплатата.
(4) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
VI. ОБВРСКИ НА ДОГОВАРАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 12
(1) Договарачот е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности кои се значајни за оцената на ризикот, ако и му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурувачот бара дополнителни податоци.
(3) Договарачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот сите потребни податоци кои на него се однесуваат.
(4) Ако договорот за осигурување, вклучувајќи го и взаемното осигурување на живот, се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје VII од овие Посебни услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
Член 13
(1) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето
да го известат осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето ја промени професијата, занимањето (пилот, пиротехничар- демонтер на мини, нуркач, рудар) или започне да се занимава со некои од спортовите (алпинизам, банџи-џампинг, параглајдинг, нуркање, летање со змеј) односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(2) Тој е должен, согласно став 1 од овој член, без одлагање да го извести осигурувачот за зголемувањето на ризикот, ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество тој е должен да го извести во рок од 14 дена од кога дознал за тоа.
(3) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот не би склучил договор ако постоела таква состојба во моментот на неговото склучување, тој може да го раскине договорот.
(4) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот би склучил договор само со поголема премија да постоела таква состојба во моментот на склучувањето на договорот, тој може на договарачот на осигурувањето да му предложи нова стапка на премијата.
(5) Ако договарачот на осигурувањето не се согласи со нова стапка на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот на новата стапка, договорот престанува според самиот закон.
(6) Договорот останува во сила и осигурувачот повеќе не може да ги користи овластувањата да му предложи на договарачот на осигурувањето нова стапка на премијата или да го раскине договорот, ако не ги искористи тие овластувања во рок од еден месец од кога на кој и да е начин дознал за зголемувањето на ризикот, или ако уште пред истекот на тој рок покаже на некој начин дека се согласува со продолжувањето на договорот (ако ја прими премијата, исплати надомест за осигуран случај што настанал по тоа зголемување и слично).
(7) Ако осигурениот случај настане пред да биде известен осигурувачот за зголемувањето на ризикот или откако е известен за зголемувањето на ризикот, но пред да го раскине договорот, или да постигне спогодба со договарачот на осигурувањето за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу платените премии и премиите што би требало да се платат според зголемениот ризик.
Член 14
(1) Договорувачот е должен писмено да го извести Осигурувачот во случај на промена на адресата во полисата за осигурување на живот, како и за промена на адресата на електронското сандаче, пријавена од договорувачот, најдоцна во рок од 5(пет) дена од денот на извршената промена.
(2) Договорувачот е должен да го извести писмено Осигурувачот за секоја промена на адресата и местото на плаќање на премијата најдоцна во рок од 3(три) дена од извршената промена, во спротивно Осигурувачот го задржува правото сите писмена да ги испраќа на последната пријавена адреса од Договорувачот, и сите последици од испратените писмена на последната пријавена адреса од Договорувачот се сметаат за уредно доставени.
(3) Доколку Договорувачот, кај Осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, Осигурувачот може да ги доставува писмената наменети за Договорувачот на наведената адреса на електронско сандаче.
VII. НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 15
(1) Ако договарачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за правата состојба на работите, и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот и осигурувачот
нема обврска да ја исплати осигурената сума.
(2) Во случај на поништување на договорот од причините наведени став (1) од овој член, осигурувачот ја задржува наплатената премија. .
(3) Правотона осигурувачот да бара поништување на договорот престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договарачот на осигурувањето дека има намера да го користи со тоа право.
Член 16
(1) Ако договорувачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
(2) Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договорувачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
(3) Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
Член 17
Одредбите на членовите 15 и 16 на овие Посебни услови, за последиците од неточната пријава или премолчувањето на околностите од значење за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите од значење за оцената на ризикот.
Член 18
По исклучок на одредбите на оваа глава за последиците од неточни пријави и премолчување на околностите од значење за оцена на ризикот, за неточна пријава на староста во договорите за осигурување на живот важат следниве правила:
1) договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен во секој случај да ја врати примената премија, ако при неговото склучување неточно е пријавена староста на осигуреникот, а неговата вистинска граница ја преминува границата на староста до која осигурувачот, според своите услови и тарифи, врши осигурување на живот;
2) ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговата вистинска старост не ја преминува границата до која осигурувачот врши осигурување на живот, договорот е полноважен, а осигурената сума се намалува во сразмер со договорената премија и со премијата предвидена за осигурување на живот на лицата кои се на возраст како осигуреникот и
3) кога осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучувањето на договорот, премијата се намалува на соодветен износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата меѓу примената премија и премијата на која има право.
4) Ништовно е осигурувањето за случај на смрт на трето лице помладо од 14 години, и кога осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето
имало под 14 години живот, како и на лице наполно лишено од деловна способност, а осигурувачот е должен да му ја врати на договорувачот на осигурувањето премијата примена врз основа на таков договор
VIII. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 19
(1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:
1. За случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;
2. За случај на смрт на осигуреникот целата осигурена сума, без оглед на поминатото временатраење на осигурувањето.
(2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа:
1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување,
2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници.
(3) Осигурувачот има обврскаво случаите од став (1) и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.
IX. ИСКЛУЧУВАЊА И ОГРАНИЧУВАЊА НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 20
(1) Со договорот за осигурување за случај на смрт не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се случило во првата година од осигурувањето. Во случај самоубиството да се случило во рок од три години од денот на склучувањето на договорот, осигурувачот не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, туку само математичката резерва од договорот.
(2) Осигурувачот се ослободува од обврската да му ја исплати на корисникот осигурената сума, ако овој намерно предизвикал смрт на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии, да му ја исплати математичката резерва од договорот на договорувачот на осигурувањето, а ако е тој осигуреник, на неговите наследници.
(3) Осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај.
(4) Ако смртта на осигуреникот е причинета со воени операции, осигурувачот, ако нешто друго не е договорено, не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, но е должен да му ја исплати математичката резерва од договорот. Ако не е договорено нешто друго, осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај ако несреќниот случај е причинет со воени операции.
(5) Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума туку само до тогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
1. како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна,
2. поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје,
3. како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани.
4. со извршување на смрттна казна;
5. поради земјотрес;
6. поради поплави;
7. како последица на директна или индиректна последица од атомска катастрофа;
8. како последица на пандемија прогласена од страна на надлежно државно тело;
Член 21
Исклучени се во потполност сите обврски на осигурувачот, ако осигурениот случај настанал:
1. поради саботажа или тероризам извршен од политички побуди, насилство или други слични настани во кои учествувал осигуреникот;
2. при подготвување, обид или извршување на казнено дело со умисла како и при бегство после такво дејствие;
3. при управување со летала од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без соодветна возачка исправа (вклучувајќи и лице кое е на обука за добивање возачка исправа без присуство на овластено лице), или на нелагален начин управувало со моторно возило или лице кое е соучесник во таквиот чин;
4. при управување на моторно возило од страна на возач почетник во случаите кога не сме да управува со возилото согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
5. поради дејство на алкохол , наркотички дроги или психотропни супстанци кај осигуреникот, без оглед на каква било одговорност на трето лице за настанокот на осигурениот случај. Се смета дека осигурениот случај настанал поради дејство на алкохолот, ако по настанокот на несреќниот случај е утврдено дека:
- кај осигуреникот кој управувал со возилот е присутна концентрација поголема од 0,5 g/кg на алкохол во организмот;
- кај останатите сопатници е присутна концентрација поголема од 1,00 g/кg алкохол во oрганизмот, и ако таквата состојба на осигуреникот имала причинска врска со настанокот на осигурениот случај.
6. Како последица на нелегално извршување на работи од страна на осигуреникот кој не бил пријавен во задолжително социјално осигурување;
7. Како резултат на непридржување на осигуреникот кон предвидените мерки на безбедност и правилата за користење на соодветна заштитна опрема при извршување на работните задачи на работно место, пропишани со нормативни акти;
Член 22
(1) Ако посебно не се договори осигурително покритие или за време на траењето на осигурувањето договорувачот, односно осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на член 13 од овие Посебни услови за зголемениот ризик кој дополнително би се договорил со доплатна премија и би се вклучил во полното осигурително покритие кога осигурувачот би знаел за зголемениот ризик, осигурувачот, ако осигурениот случај настапил како последица на тој зголемен ризик, е должен да ја исплати само до тогаш насобраната математичка резерва,
(2) Ако не е посебно договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, договорените осигурени суми се намалуваат во сразмер помеѓу премијата што требало да се плати и дотогаш платената премија, кога ќе настане несреќен случај:
- при управување и возење на авион и летала од сите видови, како и при спортски скокови со падобран, освен во својство на патници во јавниот превоз;
- при рекреација од кој било вид, тренинг или учество на осигуреникот на јавни спортски натпревари во својство на регистриран член на аматерско или професионално спортско здружение и тоа за следните спортови: велосипедизам, xxxx xxxxxxx, картинг, хокеј, борење, xxx xxxx, џидо, кајак, кошарка, возење со ролшули, летање со змај, падобранство, параглајдинг, рафтинг, санкање, воздухопловство, алпинизам, автомобилизам, бокс, карате, кик бокс,
мотоциклизам, мотокрос, фудбал, подводен риболов, нуркање, рагби, ракомет, скијање, скијашки спортови, тае –квон-до;
X. ПРАВА НА ДОГОВАРАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ПРЕДНАСТАПОТ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 23
(1) Договарачот може најдоцна 30 (триесет) дена пред почетокот на новата осигурувачна години да побара промени по полисата.
(2) Осигурувачот може од оправдани причини да го одбие барањето на договарачот.
Член 24
(1) Осигурувачот може, на писмено барање на договарачот, да ја исплати откупната вредност на полисата врз основа на Таблицата на откупни вредности, ако поминало најмалку година дена од почетокот на осигурувањето.
(2) Ако до денот на поднесувањето на барањето за откуп на осигурувањето истекла најмалку половина од договореното траење на осигурувањето, осигурувачот има обврска до тогаш припишаниот удел во добивката да го пресмета во откупната вредност на полисата.
(3) Барањето за откуп е овластен да го поднесе исклучиво само Договорувачот.
(4) Барањето за откуп се пополнува на образец на осигурувачот во прилог на кој се доставуваат следните исправи и документација:
− Полисата за животно осигурување во оригинал;
− Фотокопија од лична карта, согласно Закон
− Фотокопија од трансакциска сметка на договорувачот
− Обврската на осигурувачот при откуп престанува во 00:00 часот оној ден во кој е исплатена откупната вредност.
Член 25
(1) На барање на договарачот, осигурувачот може да одобри заем врз основа на склучениот договор.
(2) Ако договарачот не е осигуреник, заемот може врз основа на согласност на договарачот да побара и осигуреникот, во кој случај договарачот во едно е и солидарен гарант на осигуреникот.
(3) Осигурувачот и договарачот на осигурувањето склучуваат договор за заем кои се бележи на полисата.
Член 26
(1) Полисата за осигурување на живот може да биде дадена во залог.
(2) Заложувањето на полисата има дејство спрема осигурувачот само ако е писмено известен дека полисата е заложена кај определен доверител.
XI. УЧЕСТВО ВО ДОБИВКАТА Член 27
(1) Договарачот, осигуреникот, односно корисникот учествува во распределбата на остварената добивка на осигурувачот во осигурување на живот.
(2) Како остварена добивка се подразбира добивката што осигурувачот може да ја припише кон договорената сума, а произлегува од располагањето со средствата на договарачот. Висината и начинот на учествотово добивката се утврдуваат со посебна одлука на
Собрание на акционери на осигурувачот.
(3) Лицата од став (1) на овој член право на учество во распределбата на остварената добивка на осигурувачот при осигурување на живот стекнуваат со истекот на
рокот од 12 (дванаесет) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето.
(4) Уделите во добивката се пресметуваат на ден 31 декември секоја година, а договарачот затоа се известува во тековната година за изминатата година. При доживување уделот во добивката се исплаќа заедно со осигурената сума.
(5) Вослучај на смрт на осигуреникот, осигурената сума и дотогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат согласно со член 19 од овие Посебни услови.
(6) При откуп, откупната вредност на полисата и дотогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат согласно со член 24 од овие Посебни услови.
XII. РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 28
(1) На договарачот му припаѓаат сите права од склучениот договор, сè додека не настапи осигурениот случај.
(2) Сите изјави и барања на договарачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во писмена форма или на образец на осигурувачот, и примени се од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.
(3) Доколку корисникот умре пред да настапи осигурениот случај, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договарачот.
(3) Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице и пред настапот на осигурениот случај, но за тоа му е потребна писменa согласност на договарачот на осигурувањето во која мора да биде наведено името и презимето на лицето на кое правото се пренесува. Ако осигурување на живот се однесува на животот на некое друго лице, тогаш е потребна иста таква согласност и од тоа лице.
XIII. ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ Член 29
(1) Xxxxxxxxxx е должен по настапот на осигурениот случај да поднесе до осигурувачот писмена пријава во рок од 14(четиринаесет) дена од денот на настанот.
(2) Пријавата се пополнува на образец на осигурувачот и со неа се поднесуваат следните документи:
1. Полисата за осигурување на живот во оригинал,
2. Копија од лична карта на корисникот согласно Закон,
3. Копија од трансакциска сметка на корисникот,
4. Ако настапила смрт на осигуреникот:
- Извод од матичната книга на умрените или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на осигуреникот,
- Доказ за причината на смртта,
- медицинска документација со која се потврдува смртта на осигуреникот,
- исправа со која се потврдува причината за смртта на осигуреникот
- потврда од лекарот кој последен го лекувал умрениот,со наведеување на причината за смртта на осигуреникот
- правосилно решение за наследување, ако како корисници со полисата се одредени законски наследници,
- доказ за сродството, ако корисникот не е одреден со именување.
(3) Осигурувачот има право да бара и други докази потребни за утврдување на правото на исплата.
(4) Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
XIV. ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА Член 30
(1) Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 28 од овие Посебни услови.
(2) Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
(3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
(4) Ако во моментот на утврдување на обврската постои спор околу примената на даночните прописи и другите прописи со кои се утврдуваат задолжителните давања кон органите на државната власт, осигурувачот ќе постапи согласно со став (3) на овој член.
(5) Кога осигурувачот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое на неа би имало право во случај кога корисникот не би бил одреден од договорувачот, осигурувачот се ослободува од обврската на договорот ако во моментот на исплатата не знаел ниту можел да знае дека корисникот е одреден со тестамент или со некој друг акт кој не му е доставен. Корисникот има право да бара поврат на исплатата од лицето кое од осигурувачот ја примило осигурената сума.
XV. КОРИСНИК Член 31
(1) Договорувачот го одредува корисникот во полисата.
(2) Xxxxxxxxxx не мора да биде одреден по име, туку е доволно во полисата да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
(3) Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума се исплаќа на сметка на малолетното лице. Во случај на спор, се постапува согласно позитивните законски прописи.
(5) Договорувачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
(6) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без оглед на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
XVI. ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 32
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по
средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на уплатата.
(2) Осигурената сума договорена во ЕВРА и припишаната добивка се исплаќаат во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на исплатата.
XVII. ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА Член 33
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службен весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележена некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен Весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XVIII. НАДОМЕСТОЦИ Член 34
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот за времетраење и по истекот на осигурувањетово висина која ја определува и ќе ја побара осигурувачот.
(2) Договорувачот се обврзува, заедно со договорената премија, да ги плати и сите давачки воведени со важечите прописи.
XIX. ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ Член 35
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(3) Приговорите од ст(.2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кох одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот-Агенција за супервизија на осигурување.
XX. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 36
Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел вонсудско решавање на настанатиот спор до:
1. Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2. Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организација за заштита на потрошувачи, и
4. Агенција за супервизија на осигурување
Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 37
Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XX. ОДРЕДБИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Член 38
Сите лични податоци со кои друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИАОСИГУРУВАЊЕ–АД, Друштво заосигурување наЖивот.
XXI. ЗАСТАРЕНОСТ Член 39
Побарувањата од договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
XXII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 40
(1) Во случај на судски спор надлежен е стварно и месно надлежен суд во седиштето на осигурувачот.
(2) За односите помеѓу осигурувачот и договорувачот, како и на другите лица на кои се однесува осигурувањето на живот, а кои не се уредени со овие Посебни услови, се применуваатпозитивните законски норми.
Член 41
Овие услови влегуваат во сила и ќе се применуваат од 01.06.2019 година.