Contract
Врз основа на член 19, став 1, алинеја 7 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 63/2006), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата одржана на 15 август 2006 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. На трговското друштво „АТЕЛ - СКОПЈЕ“ ДООЕЛ – Скопје му сe издава лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија.
2. Правата и обврските на носителот на лиценцата во вршењето на енергетската дејност трговија со електрична енергија се утврдени во Прилог 1, „Лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија “ кој што е составен дел на оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“
Претседател
бр. 02- 1148/1 Xxxxx Xxxxxxxxx
15 август 2006 година Скопје
Прилог 1
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. Име и седиштето на носителот на лиценцата
Друштво за трговија со електрична енергија АТЕЛ – СКОПЈЕ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје ул. Xxxxx Xxxxxxx xx.00/0, 0000 Xxxxxx, Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxx.
2. Енергетската дејност за која се издава лиценцата
Трговија со електрична енергија.
3. Датум на издавање на лиценцата:
15 август 2006 година
4. Период на важење на лиценцата:
10 години
5. Датум до кога важи лиценцата:
15 август 2016 година
6. Евидентен број на издадената лиценца:
ЕЕ- 13.10.1/06
7. Број на деловниот субјект - 6085393
8. Единствен даночен број - 4030006583904
9. Вид и обем на енергетската дејност што ќе се врши
Со оваа лиценца се определуваат условите за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија.
Како трговија со електрична енергија, во смисла на оваа лиценца се смета купување на електрична енергија произведена во Република Македонија или во странство, заради натамошна продажба на носителот на лиценца за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи на големо, квалификуваните потрошувачи, други трговци или извоз.
10. Опис на условите и начинот на вршење на дејноста: Енергетската дејност, трговија со електрична енергија, носителот на лиценцата ќе ја врши преку склучување на соодведтни договори за купување и продажба на електрична енергија и договори за закупување на преносен или дистрибутивен капацитет.
11. Подрачје на кое ќе се врши дејноста
Енергетската дејност трговија со електрична енергија, носителот на лиценцата може да ја врши на целата територија на Република Македонија и странство.
12. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- обезбеди непречена и континуирана испорака на електрична енергија на носителот на лиценца за снабдување на тарифни потрошувачи на големо и квалификуваните потрошувачи во согласност со склучените договори;
- обезбеди доволен преносен или дистрибутивен капацитет и регулирани услуги во согласност со применливата тарифа, пазар- ните правила, мрежните правила за пренос и мрежните правила за дистрибуција, за количините на електрична енергија кои се обвр- зал да ги испорача;
- обезбеди исполнување на условите за квалитет на електрична енергија која што ја испорачува, согласно со пропишаните норми за квалитетот и склучените договори;
- ги почитува законите, другите прописи и општи акти, а особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста трговија со електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа;
- ги почитува мрежните и пазарните правила и техничките нормативи и стандарди за работа на системот за пренос и системот за дистрибуција на електрична енергија;
- ги почитува правилниците и другите прописи кои ги пропишува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика во согласност со закон, а особено Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
13. Обврска за одвоена сметководствена евиденција
Носителот на лиценцата е должен :
- во своите интерни пресметки да води одвоена евиденција за секоја од енергетските дејности за кои што поседува лиценца;
- во согласност со сметководствените стандарди со кои се уредува сметководственото работење на претпријатието: да изготвува финансиски извештаи кои ќе обезбедат информации за средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите со резултатите од работењето, како и паричните текови на претпријатието, како и
- да обезбедува консолидирани финансиски извештаи.
14. Обврска за доставување на Годишен извештај за финансиското и деловното работење
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 10 март во тековната година да доставува
Годишен извештај за работењето во претходната година (извештајна година), кој особено треба да содржи податоци за количините и субјектите од кои е набавена и количините и субјектите на кои е продадена електричната енергија во текот на извештајната година, за секој месец поодделно.
15. Обврска за доставување на други извештаи, информации и податоци во врска со вршењето на дејноста до Регулаторната комисија за енергетика
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика да доставува:
- информации за набавените и испорачаните количините на електрична енергија согласно купопродажните договори склучени со носителот на лиценцата за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи на големо, согласно Табелата 1, која е составен дел на оваа лиценца.
- известувања за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на дејноста.
- други податоци во врска со вршењето на дејноста.
16. Обврска за овозможување на пристап до објектите и непосреден увид во документацијата
- Носителот на лиценцата е должен по барање на Регулаторната комисија за енергетика да овозможи непосреден увид во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
17. Изменување и дополнување на лиценцата
Изменувањето и дополнувањето на оваа лиценца ќе се врши исклучиво во согласност со одредбите од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности
18. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата
Доколку носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика ќе преземе мерки согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И X
На ден 06.07.2006 година друштвото за трговија со електрична енергија „АТЕЛ – СКОПЈЕ“ ДООЕЛ - Скопје ул.„Борка Талески“ бр 40/3, 1000 Скопје, Република Македонија, поднесе барање за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, заведен под архивски број 07 - 965/1. Барањето за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија беше доставено во согласност со член 14 и член 15 од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање на лиценци за вршење на енергетски дејности (Службен весник на Република Македонија бр. 47/05, во понатамошниот текст: Правилник), за што Регулаторната комисија на седницата одржана на ден 10.07.2006 година донесе Заклучок за уредност на барањето за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија бр.02 - 984/1, со што го задолжи друштвото за трговија со електрична енергија „АТЕЛ – СКОПЈЕ“ ДООЕЛ - Скопје да изготви Известување за барањето за издавање на лиценца. Формата и содржината на Известување за барањето за издавање на лиценца беше одобрено од страна на Регулаторната комисија и истото беше објавено во дневниот печат согласно член 20, став 2 од Правилникот. Мислења и предлози во врска со барањето за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија не беа доставени до Регулаторната комисија од страна на заинтересираните правни и физички лица согласно член 23 од Правилникот.
Во согласност со член 26 од Правилникот и член 22 од Деловникот
за работа на Регулаторната комисија, на ден 11.08.2006 година, Регулаторната комисија одржа подготвителна седница во врска со барањето за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија поднесено од друштвото за трговија со електрична енергија „АТЕЛ – СКОПЈЕ“ ДООЕЛ - Скопје. На подготвителната седница присуствуваа преставниците на Барателот, преставник на Министерството за економија и претставници на ЕСМ X.Д – Скопје кои ги искажаа своите ставови во врска со барањето за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија на друштвото за трговија со електрична енергија
„АТЕЛ – СКОПЈЕ“ ДООЕЛ – Скопје.
Во согласност со член 28 од Правилникот, Регулаторната комисија на ден 15 август 2006 година одржа редовна седница на која донесе Одлука за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија на друштвото за трговија со електрична енергија „АТЕЛ – СКОПЈЕ“ ДООЕЛ - Скопје ул.„Борка Талески“ xx.00/0, 0000 Xxxxxx, Република Македонија. Од поднесената документација во врска со барањето за издавање на лиценца за трговија со електрична енергија, Регулаторната комисија утврди дека друштвото за трговија со електрична енергија „АТЕЛ – СКОПЈЕ“ ДООЕЛ - Скопје ул..„Борка Талески“ бр.40/3, 1000 Скопје, Република Македонија. ги исполнува условите за вршење на енергетската дејност, трговија со електрична енергија на територијата на
Република Македониа. Имајќи ги во предвид горенаведените факти, Регулаторната комисија одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на оваа Одлука во Службен весника на Република Македонија. Жалбата поднесена против оваа Одлука, согласно член 33 став 1 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 63/06), не го одлага нејзиното извршување.
Прилог: Табела 1
ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОРАЧАНИ КОЛИЧИНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ , ГОДИНА
Xxxxxxxx | Испорачани количини во | Испорачани количини од | ||||
текот на месецот | почетокот на годината | |||||
Планирано согласно | Реализирано | Реализирано | Планирано согласно | Реализирано | Реализирано | |
1. Снабдувач со електрична енергија | договор | количина(kWh) | цена (ден/kWh) | договор | количина(kWh) | цена (ден/kWh) |
на тарифни потрошувачи на големо | ||||||
2. Квалификуван потрошувач | ||||||
3. Трговец со електрична енергија | ||||||
4. Извоз/увоз |