Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-нту-ХОТ 20-12-мк
Дополнителни услови за осигурување на гости во хотели и лекувалишта, како и капачи на јавни базени од последици на несреќен случај
член 1: дефиниции и воведни одредби
[1] Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (во понатамошниот текст: Општи услови) и овие Дополнителни услови се составен дел од договорот за осигурување на гости во хотели, лекувалишта, мотели, кампови, базени итн. од последици на несреќен случај.
[2] Договарач на осигурувањето, според овие дополнителни услови, може да биде секое правно или физичко лице кое има соодветни услови за преноќување на гостите или за вршење на дејности наведени во полисата.
член 2: осигурени лица
[1] Лицата наведени во член 1, став (1) од овие Дополнителни услови се осигуруваат без оглед на нивната здравствена состојба, општа работоспособност и старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9 став (1) точка 6 од Општите услови, освен лицата кои според член 4 став (3) од Општите услови, во секој случај се исклучени од осигурување.
член 3: осигурени опасности
[1] Осигурувачот гарантира за случај смрт поради несреќен случај и за последици од несреќни случаи кои им се случуваат на осигурениците во просториите на договарачот на осигурувањето и соодветните објекти со кои управува договарачот како и при активности кои ги организира договарачот.
[2] Во осигурувањето од последици на несреќен случај вклучено е и осигурувањето од одговорност на договарачот кон осигурените гости. Осигурувачот гарантира за настаните кои за последица имаат телесни оштетувања и оштетни побарувања, исчезнување или кражба на предмети кои им припаѓаат на гостите. Правата и должностите од ова осигурување се уредуваат со Посебни услови за осигурување од одговорност на договарачот на осигурувањето од последици на несреќен случај.
[3] Осигурувачот, исто така, му ја враќа однапред платената премија на осигуреникот за неискористените пансионски услуги, ако до прекин на престојот дошло поради болест, незгода или смрт на осигуреникот или член од потесното семејство (сопружник, дете, родител).
член 4: траење на осигурувањето
[1] Осигурителното покритие за поединечен гостин почнува веднаш по неговиот упис во евиденцијата на пријавени гости или после купувањето на влезница и влез во просториите на базенот и трае до тогаш до кога според хотелските или други соодветни прописи, повеќе не се смета за гостин.
член 5: плаќање на премија
[1] Договарачот е должен да му приложи на осигурувачот пресметка за премијата во рокот договорен во полисата според вистинскиот број на осигурени гости или продадени влезници, и истовремено да го достави вкупниот износ на премија. Премијата која треба да
се пресмета за групни, претплатнички и паушални влезници, се пресметува на таков начин што вкупната вредност на влезниците се дели со цената на редовна влезница за еднократна посета за поединечен посетител.
[2] Договарачот мора да ја плати договорената премија на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целокупното времетраење на осигурувањето во рокот наведен во полисата.
[3] Обврската на осигурувачот за поединечен осигуреник постои и во случај кога договарачот не ја платил премијата во рокот наведен во полисата, ако незгодата настанала за времетраењето на осигурувањето според одредбите од членовите 6 и 16 од Општите услови.
[4] Договарачот е должен да му овозможи увид на осигурувачот во деловните книги и други евиденции врз основа на кои може да се утврди исправноста на пресметката и плаќањето на премијата.
член 6: ограничување на опсегот на обврските на осигурувачот
[1] Ако осигуреникот во моментот на незгодата е постар од 75 години, осигурувачот исплаќа 50% од износот што инаку би морал да го плати.
[2] Ако осигуреникот умре поради болест, осигурувачот ја исплаќа сумата на осигурување за случај на смрт наведена во полисата, но најмногу до износ кој го одредува осигурувачот.
член 7: исклучување на обврските на осигурувачот
[1] Исклучени се сите обврски на осигурувачот за оштетување или исчезнување на предмети кои гостинот ги пријавил кај договарачот или осигурувачот, кога според хотелска или друга евиденција не се смета повеќе за гостин.
член 8: обврски на договарачот после осигурен случај
[1] Договарачот е должен да ги пријави на осигурувачот сите осигурени случаи за кои важи покритието според овие Дополнителни услови. Секој настан кој за последица има чија било одговорност, должен е да го пријави кај надлежните органи.
[2] Договорувачот е должен да му ги даде на осигурувачот сите потребни информации за појаснување на настанот и околностите кои се важни за утврдување на постоењето и висина на неговите обврски.
Член 9: примена на општи услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода)
За осигурувањата склучени согласно овие Дополнителни услови се применуваат и Општи услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), доколку не се во спротивност со Дополнителните услови.
Член 10: важност на условите
Овие Дополнителни услови стапуваат во сила од денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година.