Contract
Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија објавува
Оглас за вработување
За работно место:
„Административен помошник“ во Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ).
Адреса: Ул. 11 Октомври бр. 52А/1 – 3, 1000 Скопје
Број на извршители: 1 (еден) Опис на работно место:
• Извршува административно-технички работи за потребите на ИОРРСМ (примање телефонски повици и барања, примање и испраќање редовна пошта, водење на деловодна книга, односно е-деловодна книга, набавки и други активности од административно технички аспект, административни и логистички активности за спроведување на настани за обука, КПУ, испит и други).
• Извршува работи што му ги доверува Управниот одбор и Генералниот секретар на ИОРРСМ.
• Извршува и други работи согласно договорот за вработување и актите на ИОРРСМ.
Потребни квалификации:
1. Средна стручна подготовка (ССП);
2. Претходното работно искуство е препорачливо, но, не е задолжително;
3. Познавање на англиски јазик;
4. Познавање на работа со MS Office.
Услови за вработување:
• Договор за вработување на определено работно време од 3 месеци со можност за продолжување на неопределено работно време;
• Полно работно време од 8 часа дневно, односно 40 часа неделно од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
• Почетна основна нето плата во висина од 27.000,00 денари.
Потребна документација:
Рокот за пријавување е 31 октомври 2023 година.
По завршување на рокот за пријавување, планирано е да се направи интервју со потенцијалните кандидати во просториите на ИОРРСМ или по пат на видео конференција за што соодветно ќе бидат известени. Постапката ќе се одвива во рамките на законските рокови дадени во Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Заштита на лични податоци:
ИОРРСМ ги обработува личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Со доставување на Вашата апликација на овој оглас за вработување, Вие доброволно ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци.