I. Инструкции за економските оператори
ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУША
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 01/2012
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ
БЕХАТОН ПЛОЧИ КОЈА ВКЛУЧУВА И НИВНО ПОСТАВУВАЊЕ И ВГРАДУВАЊЕ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
критериум за доделување на договорот:економски најповолна понуда
Изработил:
Виш соработник за јавни набавки Ајбеан Ајдини
Ростуше, април 2012 година
С о д р ж и н а
I. Инструкции за економските оператори
1. Општи информации
2. Способност на економските оператори
3. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
4. Подготовка и поднесување на понудите
5. Јавно отварање и евалуација на понудите
6. Доделување на договор за јавна набавка
7. Задолжителни елементи на Договорот за јавна набавка
8. Поништување на постапката
II. Технички спецификации
III.Модел на Договор
IV. Образец на понуда
IV.1. Општ дел
IV.2. Листа на цени и рокови
ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУША
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Општина Маврово и Ростуша, со адреса с.Ростуше, 1254 Ростуше, телефон за контакт 042/478-814, факс 042/4798-815 електронска пошта xx.xxxxxxx@xxxxx.xxx, има потреба од набавка на бехатон плочки и нивно вградување и поставување..
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена постапка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08 и 97/10), за што објави оглас број 01/2012.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 07.05.2012 во 11.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, модел на договор и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно, и ќе се изврши на 07.05.2012 година во 11.00 часот во просториите на Општина Маврово и Ростуша во с.Ростуше.
Однапред благодариме на соработката.
Во Ростуше 17.04.2012 година | Овластено лице Градоначалник Xxxxxx Xxxxxxx |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Општина Маврово и Ростуша, со седиште на адреса: с.Ростуше, 1254 Ростуше, телефон 042/478-814, факс 042/478-815, електронска пошта jn,xxxxxxx@xxxxx.xxx, интернет адреса: xxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Ајбеан Ајдини, телефон 042/478-814, факс 042/478-815, електронска пошта x.xxxxxx@xxxxx.xxx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот е набавка на стоки – бехатон плочки која набавка вклучува нивно вградување и поставување на локална улица.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. Критерум за доделување на договорот е економски најповолна понуда.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Регистрацијата во ЕСЈН е бесплатна. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, односно првично поднесените цени на секој од квалификуваните понудувачи. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Пред закажување на електронската аукција која се спроведува во постапка во која како критериум е избран економски најповолна понуда, комисијата прави целосна евалуација на првично поднесените понуди, при што доделува бодови за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда. Врз основа на спроведената евалуација и доделените бодови се формира почетна ранг листа на квалификувани кандидати.
На електронска аукција, понудувачите може да ги намалуваат своите првично поднесени цени на тој начин да ги зголемат првично добиените бодови за елементот цена,
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
додека бодовите доделени за останатите елементи остануваат непроменети како за времетраењето на е-аукцијата, така и по нејзинито завршување.
Договорниот орган ќе испрати поединечно известување до секој економски оператор дали е квалификуван за учество на електронска аукција.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на квалификуваниот понудувач, односно неговата првично поднесена цена, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени), доделените бодови за секој елемент, како и тековниот ранг на понудувачот направен врз основа на вкупниот број бодови доделени за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07, 130/08, 97/10, 185/11 и Пречистен текст 24/12, како и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и Законот за градење. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија.
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ и сопствено учество на Општина Маврово и Ростуша.
1.8 Право на учество
1.8.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.
1.8.2 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.3 Групата на понудувачи треба да назначи претставник што ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување на договор за јавна набавка и во текот на извршувањето на договорот, во случај истата да биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Во случај на понуда од група на понудувачи, претставникот на групата со својата понуда треба да достави и писмено овластување потпишано од сите членови на групата на понудувачи со кое тие го овластуваат претставникот да поднесе понуда и да ги презема сите права и обврски во нивно име и за нивна сметка. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.8.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една
понуда.
1.8.7 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и
финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.8 Понудувачот е должен во својата понуда да ги наведе деловите на понудата кои ќе ги отстапи на извршување на подизведувачи. / Понудувачот не е обврзан во својата понуда да ги наведе деловите на понудата кои ќе ги отстапи на извршување на подизведувачи. [непотребното да се избрише]
1.8.9 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
1.10.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
Цена 60 бодови,
Рок на набавка и изведување. 20 бодови,
Рок на плаќање. 20 бодови.
1.10.3 За елементот цена се утврдени вкупно 60 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
најниска цена (без ДДВ) . максимален број бодови
Цена (безДДВ)
1.10.4 За елементот Рок на набавка и изведување се утврдени вкупно 20 бодови. Истиот ќе се евалуира на по следната формула:
Најнизок рок (без ДДВ) . максимален број бодови
Број на бодови =
Понуден рок (безДДВ)
1.10.5 За елементот Рок на плаќање се утврдени вкупно 20 бодови. Истиот ќе се евалуира со следната:
Број на бодови =
Понуден рок (без ДДВ) . максимален број бодови
Најдолг рок (безДДВ)
.
1.10.6 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
- по пошта,
- по факс, или
- со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже :
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- економската и финансиска состојба,
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија или во одредени слуачи Основниот суд на подрачјето каде што е регистрирана фирмата.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови
- Биланс на состојба заверен од надлежен орган,
2.4.2 Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил обртот од потточка 2.4.1 во годините за кои постојат податоци.
2.4.3 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов од потточка 2.4.1 или 2.4.2 со доставување на:
- соодветни изводи од банки;
- доказ за релевантно осигурување за надомест при професионален ризик;
- извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран;
- извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
2.4.4 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот
услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган
2.4.5 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.4.6 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.7 Ако економски оператори поднесат понуда како група не економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиска состојба се утврдува согласно напред наведеното.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучително во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање на економскиот оператор (ако постојат оправдани причини) и да овозможи најмалку 5 работни денови за поднесување на понудите откако на економските оператори им ги обелоденил појаснувањата/дополнувањата.
3.2.3 Во случај на продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен писмено да ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
- докази за утврдување на економската и финансиската способност наведени во точка
2.4.3 од тендерската документација
- парафиран модел на договор;
- писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (само за група на економски оператори),
4.1.2 Економскиот оператор задолжително треба да ги користи обрасците дадени во оваа тендерска документација при што тие мора да се пополнети без никакви измени на нивната форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Ако цената на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара писмено објаснување за причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 3 дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 180 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Форма и потпишување на понудата
4.6.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок, испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата.
4.6.2 Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само ако е потпишано или парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.7 Затворање и обележување на понудите
4.7.1 Понуди можат да достават само економски оператори што имаат подигнато заверен примерок на тендерската документација од договорниот орган или преку ЕСЈН.
4.7.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на
кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така затворениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- не содржи информации за економскиот оператор;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, или „Do not open“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.7.3 Ако пликовите не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за нивно ненавремено и некомплетно пристигнување во неговата архива или за предвремено отворање на понудата.
4.8 Посета на локација
4.8.1 Во оваа постапка е предвидена посета на локацијата, и тоа во с.Скудриње, најдоцна до 03.05.2012 год.
4.8.2 Посетата на локацијата од точка 4.9.1 ќе се изврши на 03.05.2012 год. во 12.00
часот.
4.9 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.9.1 Краен рок за доставување на понудите е 07.05.2012 година, во 11.00 часот.
4.9.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Општина Маврово и Ростуша, 1254 Ростуша, со назнака "За отворена постапка бр.01/2012".
4.9.3 Понудата која поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.10 Алтернативни понуди
4.10.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.11 Измена, замена и повлекување на понудата
4.11.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.11.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.7, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.11.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
5. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Јавно отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 07.05.2012 година, во 11.00 часот, во Сала на Совет на Општина Маврово и Ростуша.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се
доставени според точка 4.9 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
5.1.7 Во текот на јавното отворање и евалуацијата на првично поднесените понуди се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат ист број на вкупни бодови, за најповолна ќе биде избрана онаа понуда која освоила повеќе бодови за оној елемент од критериумот економски најповолна понуда кој носи најмногу бодови. Ова правило ќе се применува соодветно за сите елементи според редоследот на важност.
6.1.3 Доколку две или повеќе понуди имаат идентичен број на вкупни бодови и идентичен број на бодови според елементите на критериумот економски најповолна понуда за најповолен понудувач ќе биде избран онoј кој прв ја поднел најниската цена во текот на електронската аукција.
6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски
оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.5 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, односно ниту еден од понудувачите да не ја намали својата првично поднесена цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, ќе им биде испратена одлуката за доделување на договор како и известување за причините за неизбор на нивната понуда.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот, приемот на одлуката за избор на најповолна понуда или одлуката за поништување на постапката, или сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка.
6.3.3 Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од потточка 6.3.1, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
6.3.4 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице и печат.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.6 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.7 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.8 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.9 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата (доколку се барала).
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање xxxxxxxxx после достава на фактура за извршена ситуација во рок даден од економскиот оператор. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок – предложен од негова страна, но не подолго од 6 месеци од денот на потпишување на договорот на следнава локација – во с.Скудриње. Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведената аукција
7.5.1 По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
за набавка, поставување и вградување на бехатон плочки на улица во с.Скудриње
Ред. бр. | Предмет на набавка на стоки/ работи | Единица мерка | Количина |
1. | Ископ на земја III-та категорија во широк обем, , длабочина 0-2 м со утовар и локален транспорт до депонија на растојание до 5.0 км | м3 | 125 |
Машински ископ 90% | м3 | 112,5 | |
Рачен ископ 10% | м3 | 12,5 | |
2. | Нивелирање, планирање и машинско набивање на тлото со лесен динамички ваљак до потребна збиеност со носиви карактеристики према Проктор.констатирани од овластен надзорен инженер | м2 | 500 |
3. | Набавка, планирање, нивелирање, квасење и машинско набивање на тампон д-25см со лесен динамички ваљак до потребна збиеност со носиви карактеристики према Проктор констатирана од овластен надзорен инженер | м3 | 375 |
4. | Набавка, планирање, разастирање и нивелирање на песок д-10см | м3 | 150 |
5. | Набавка и монтажа на павер бетоснки елементи – бехатон плочки врз подлога од нивелиран песок со соодветна дебелина, димензии 20х10х8см, класичен распоред на елементи, монтирани бродски, заливање со цементно млеко | м3 | 1500 |
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Д О Г О В О Р
за јавна набавка, вградување и поставување на бехатон плочки
Склучен на ден .05.2012 год. помеѓу:
1. ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУША, с.Ростуше, 1254 Ростуше, застапувана од Градоначалник Xxxxxx Xxxxxxx, од едната страна како Набавувач, и
2. директор/управител
од , застапуван/а од
, со ЕДБ
и бр. на жиро-сметка , од другата страна како Носител на набавката,
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на овој Договор е набавка, вградување и поставување на бехатон плочки, како и потребните материјали за поставување на истите (песок, тампон и др.)
Предметот на набавка ќе се реализира во се според техничката спецификација која е составен дел на овој договор.
Вредност на договорот
Член 2
Вкупната цена на материјалите и работите од член 1 од договор изнесува
денари со вклучен ДДВ или без ДДВ.
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
Времетраење на договорот
Член 3
Договорот се склучува на определено време за период до извршување на работите но не подолго од 3 месеци, за кои период Носителот на набавката треба да ја комплетира.
Рок на набавка и изведување
Член 4
Носителот на набавката должен е испораката на материјалите и нивноното поставување и вградување да ја изврши во рок од дена.
Договорна казна
Член 5
Во случај на доцнење со испораката на предметот на набавката од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета.
Начин, услови и рокови за плаќање
Член 6
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го
врши на следниот начин и во следниот рок
, на сметка и банка за која писмено ќе го извести Носителот на набавката.
Квантитативна и квалитативна котрола на материјалите
Член 7
Квалитативен и квантитативен прием на материјалите и извршените работи кои се предмет на овој Договор од член 1 на истиот, врши Договорниот орган.
Контролата врз спроведувањето на набавката врши Договорниот орган преку Надзорен инженер.
Обврски на носителот на набавката
Член 8
Носителот на набавката должен е да ги достави и да ги вгради материјалите предмет на овој Договор во рокот предвиден во член 4 од договорот.
Носителот на набавката ја извршил обврската која прозилегува од оваа постапка, по правило, кога тоа ќе го констатира Надзорниот инженер.
Член 9
Носителот на набавката должен е да ги достави материјалите предмет на овој Договор до Договорниот орган во исправна состојба.
Носителот на набавката должен е да води градежен дневник и градежна книга за извршените работи.
Обврски на Договорниот орган
Член 10
Договорниот орган должен е на Носителот на набавката да му го исплати договорениот износ за набавката на начинот и во рокот предвиден во член 6 од овој Договор.
Одговорност за недостатоците на материјалите
Член 11
Носителот на набавката одговара за материјалните недостатоци на материјалите што тој ги имал во моментот на преминувањето на ризикот врз Договорниот орган, без оглед дали тоа му било познато.
Носителот на набавката одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на ризикот врз Договорниот орган ако се последица од причина што постоела пред тоа.
Незначителниот материјален недостаток не се зема предвид.
Решавање на евентауални спорови
Член 12
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку споровите не можат да се решат на начинот предвиден во став 1 на овој член, во тој случај за нивно решавање ќе биде надлежен Основен суд Гостивар.
Раскинување на Договорот
Член 13
Кога една од договорните страна не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнувањето на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Член 14
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Завршни одредби
Член 15
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 16
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 17
Овој Договор е составен во 5 (пет) еднообразни примероци, од кои 4 (четири) примерока за Нарачателот и 1 (еден) примерок за Носителот на набавката.
Договорни страни
Носител на набавката Набавувач
Општина Маврово и Ростуша
Управител/Директор Градоначалник Xxxxxx Xxxxxxx
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 01/2012 објавен од страна на Општина Маврово и Ростуша, за доделување на договор за јавна набавка на бехатон плочки со нивно вградување и поставување со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1.Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
Адреса: Телефон: Факс: Е-пошта: Лице за контакт:
Жиро сметка: Депонент
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Даночен број:
IV.1.5.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените и роковите на испорака дефинирани во Листата на цени и рокови на испорака.
IV.1.6. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од IV.1 ОПШТ ДЕЛ и IV.II ЛИСТА НА ЦЕНИ И РОКОВИ НА ИСПОРАКА, дадена како Прилог А,
- документи за докажување на личната состојба, дадени како прилог X,
- документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност, даден како прилог В,
- докази за исполнување на економската и финансиската способност, дадени како прилог Г,
- парафиран модел на договор, даден како прилог Д,
IV.1.7. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
IV.2. ЛИСТА НА ЦЕНИ И РОКОВИ НА ИСПОРАКА И ИЗВРШУВАЊЕ
Ред. бр. | Предмет на набавка на стоки/ работи | Единица мерка | Количина | Цена (Без ДДВ) | ДДВ | |
1. | Ископ на земја III-та категорија во широк обем, длабочина 0-2 м со утовар и локален транспорт до депонија на растојание до 5.0 км | м3 | 125 | |||
А. Машински ископ 90% | м3 | 112,5 | ||||
Б. Рачен ископ 10% | м3 | 12,5 | ||||
2. | Нивелирање, планирање и машинско набивање на тлото со лесен динамички ваљак до потребна збиеност со носиви карактеристики према Проктор.констатирани од овластен надзорен инженер | м2 | 500 | |||
3. | Набавка, планирање, нивелирање, квасење и машинско набивање на тампон д-25см со лесен динамички ваљак до потребна збиеност со носиви карактеристики према Проктор констатирана од овластен надзорен инженер | м3 | 375 | |||
4. | Набавка, планирање, разастирање и нивелирање на песок д-10см | м3 | 150 | |||
5. | Набавка и монтажа на павер бетоснки елементи – бехатон плочки врз подлога од нивелиран песок со соодветна дебелина, димензии 20х10х8см, класичен распоред на елементи, монтирани бродски, заливање со цементно млеко | м3 | 1500 | |||
6. | Непредвидени работи | |||||
ВКУПНО |
ВКУПНО БЕЗ ДДВ: ден.
18% ДДВ: ден. СЕ ВКУПНО: ден.
РОК НА НАБАВКА И ИЗВЕДУВАЊЕ
РОК НА ПЛАЌАЊЕ
НАПОМЕНА: Рокот на набавка и изведување и Рокот на плаќање треба да бидат изразени прецизно и во денови од причина што истите ќе се бодуваат од страна на Комисијата.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |