Contract
0519 УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА КОРИСНИК НА КРЕДИТ
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Со овие услови за осигурување на живот за случај на смрт на корисник на кредит (во понатамошниот текст: услови) се уредуваат меѓусебните односи на учесниците во договорот за осигурување на живот.
(2) Овие Посебни услови се составен и неразделен дел на договорот за осигурување на живот за случај на смрт на корисник на кредит што договорувачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: договорувач) го склучува со Акционерското друштво за осигурување на живот KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД - Друштво за осигурување на Живот (во понатамошниот текст: осигурувач).
(3) Посебни поими кои се користат во овие Услови го имаат следното значење:
- Осигурувач е Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје
- Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот и превзема обврска за плаќање на премии и други обврски што врз основа на договорот настануваат за страната која се појавува наспроти осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
- Осигуреник е лицето на кое се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
- Корисник на осигурувањето е банката која на осигуреникот му одобрила кредит и тоа до преостанатиот износ на неисплатениот дел на главницата и соодветните камати, а над тој износ до висината на осигурената сума корисник на осигурувањето е лицето одредено за корисник;
- Полиса е исправа за склучено осигурување,
- договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е сумата определена со договорот која осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигуран случај;
- премија на осигурувањето е износ што договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување на живот.
- математичка резерва е техничка резерва која се издвојува и пресметува и претставува разлика помеѓу обврските на осигурувачот и обврските на осигуреникот во одредена година од времетраење на осигурувањето.
(4) Со договорот за осигурување на живот склучен по овие Услови договорувачот се обврзува на осигурувачот да му ја уплати премијата за осигурувањето во договорените рокови, а осигурувачот се обврзува, со настанувањето на осигурениот случај, да му ја исплати на корисникот осигурената сума, односно нејзиниот дел.
(5) Покрај осигурување на живот по овие услови можат да се договорат и дополнителни
осигурувања, според дополнителните услови на осигурувачот.
(6) Со договорот за осигурување се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорувачот, осигуреникот, корисникот и осигурувачот. Составен и неразделен дел на договорот за осигурување на живот се понудата, полисата, овие Услови за осигурување.
(7) Ако со осигурување на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел на договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување.
(8) По овие услови мозат да се осигураат здрави лица од навршени 18 (осумнаесет) години на живот и тоа од првиот ден на месецот кој следи по месецот во кој осигуреникот стекнал право на осигурување на својот живот, па сè до завршувањето на календарската година во која осигуреното лице навршило 65 (шеесетипет) години на живот. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ке наврши 75 години старост.
(9) Сите понуди, изјави, барања и измени од било која договорена страна мора да биде во писмена форма.
II ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 2.
(1) Ова осигурување се склучува на одредено траење, со тоа што не може да биде склучено на времетраење пократко од една година.
(2) По правило осигурувањето се склучува за целовреметраење на кредитот.
(3) Осигурувањето почнува првиот ден месецот во кој е одобрен кредитот, и тоа во 00.00 часот, а тој на полисата е наведен како ден на почеток на осигурувањето.
(4) До денот кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето мора да биде платена првата премија.
Член 3.
(1) Осигурувањето престанува во 00.00 часот оној ден кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
(2) Осигурувањето престанува да важи, без разлика на тоа на колку е договорено осигурувањето, оној ден кога:
- ќе настапи смрт на осигуреникот,
- истече календарската година во која осигуреникот навршил 75 годишна возраст,
- не е платена премијата согласно роковите предвидени во овие Услови,
- една од договорените страни го раскине договорот согласно овие Услови.
(3) Осигурувањето важи и понатаму, по отплата на кредитот во банка, ако осигуреникот продолжи уредно да ја плака премијата.
III ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4.
(1) Со договорот за осигурување на живот во случај на смрт на корисник на кредит или ако е договорено осигурување на живот за две лица, во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници, осигурувачот има обврска да исплати цела осигурена сума.
(2) Осигурувачот ја исплаќа осигурената сума на корисникот банка – кредиторот на начин одреден на полисата за осигурување, а согласно член 1 став (2) од овие Услови.
(3) Согласно овие услови, осигурувачот нема други обврски за исплата на договорувачот, осигуреникот или корисникот.
Член 5.
(1) Со договорот за осигурување за случај на смрт не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се случило во првата година од осигурувањето. Во случај самоубиството да се случило во рок од три години од денот на склучувањето на договорот, осигурувачот не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, туку само математичката резерва од договорот.
(2) Осигурувачот се ослободува од обврската да му ја исплати на корисникот осигурената сума, ако овој намерно предизвикал смрт на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии, да му ја исплати математичката резерва од договорот на договорувачот на осигурувањето, а ако е тој осигуреник, на неговите наследници.
(3) Осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај.
(4) Ако смртта на осигуреникот е причинета со воени операции, осигурувачот, ако нешто друго не е договорено, не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, но е должен да му ја исплати математичката резерва од договорот. Ако не е договорено нешто друго, осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај ако
несреќниот случај е причинет со воени операции.
(5) Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума туку само до тогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
1. како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна,
2. поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје,
3. како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани.
4. со извршување на смрттна казна;
5. поради земјотрес;
6. поради поплави;
7. како последица на директна или индиректна последица од атомска катастрофа;
8. како последица на пандемија прогласена од страна на надлежно државно тело;
Член 6
Исклучени се во потполност сите обврски на осигурувачот, ако осигурениот случај настанал:
1. поради саботажа или тероризам извршен од политички побуди, насилство или други слични настани во кои учествувал осигуреникот;
2. при подготвување, обид или извршување на казнено дело со умисла како и при бегство после такво дејствие;
3. при управување со летала од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без соодветна возачка исправа (вклучувајќи и лице кое е на обука за добивање возачка исправа без присуство на овластено лице), или на нелагален начин управувало со моторно возило или лице кое е соучесник во таквиот чин;
4. при управување на моторно возило од страна на возач почетник во случаите кога не сме да управува со возилото согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
5. поради дејство на алкохол , наркотички дроги или психотропни супстанци кај осигуреникот, без оглед на каква било одговорност на трето лице за настанокот на осигурениот случај. Се смета дека осигурениот случај настанал поради дејство на алкохолот, ако по настанокот на несреќниот случај е утврдено дека:
- кај осигуреникот кој управувал со возилот е присутна концентрација поголема од 0,5 g/кg на алкохол во организмот;
- кај останатите сопатници е присутна концентрација поголема од 1,00 g/кg алкохол во oрганизмот, и ако таквата состојба на осигуреникот имала причинска врска со настанокот на осигурениот случај.
6. Како последица на нелегално извршување на работи од страна на осигуреникот кој не бил пријавен во задолжително социјално осигурување;
7. Како резултат на непридржување на осигуреникот кон предвидените мерки на безбедност и правилата за користење на соодветна заштитна опрема при извршување на работните задачи на работно место, пропишани со нормативни акти;
Член 7.
1. Ако посебно не се договори осигурително покритие или за време на траењето на осигурувањето договорувачот, односно осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на член 15 од овие Посебни услови за зголемениот ризик кој дополнително би се договорил со доплатна премија и би се вклучил во полното осигурително покритие кога осигурувачот би знаел за зголемениот ризик, осигурувачот, ако осигурениот случај настапил како последица на тој зголемен ризик, е должен да ја исплати само до тогаш насобраната математичка резерва,
2. Ако не е посебно договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, договорените осигурени суми се намалуваат во сразмер помеѓу премијата што требало да се плати и дотогаш платената премија, кога ќе настане несреќен случај:
− при управување и возење на авион и летала од сите видови, како и при спортски скокови со падобран, освен во својство на патници во јавниот превоз;
− при рекреација од кој било вид, тренинг или учество на осигуреникот на јавни спортски натпревари во својство на регистриран член на аматерско или професионално спортско здружение и тоа за следните спортови: велосипедизам, xxxx xxxxxxx, картинг, хокеј, борење, xxx xxxx, џидо, кајак, кошарка, возење со ролшули, летање со змај, падобранство, параглајдинг, рафтинг, санкање, воздухопловство, алпинизам, автомобилизам, бокс, карате, кик бокс, мотоциклизам, мотокрос, фудбал, подводен риболов, нуркање, рагби, ракомет, скијање, скијашки спортови, тае –квон-до;
IV ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ И ОСИГУРЕНИКОТ
Член 8.
(1) Договорувачот односно осигуреникот се обврзани со склучување на договорот за осигурување да ги пријават сите околности кои се од значење за оценка на ризикот, а кои му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди сите потребни податоци кои се однесуваат на осигуреникот.
(3) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето ја промени професијата, занимањето (пилот, пиротехничар- демонтер на мини, нуркач, рудар) или започне да се занимава со некои од спортовите (алпинизам, банџи-џампинг, параглајдинг, нуркање, летање со змеј) односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(4) Тој е должен, согласно став 1 од овој член, без одлагање да го извести осигурувачот за
зголемувањето на ризикот, ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество тој е должен да го извести во рок од 14 дена од кога дознал за тоа.
(5) Договорувачот е должен писмено да го извести Осигурувачот во случај на промена на адресата во полисата за осигурување на живот, како и за промена на адресата на електонското сандаче, пријавена од договорувачот, најдоцна во рок од 5(пет) дена од денот на извршената промена.
(6) Договорувачот е должен да го писмено извести Осигурувачот за секоја промена на адресата и местото на плаќање на премијата најдоцна во рок од 3(три) дена од извршената промена, во спротивно Осигурувачот го задржува правото сите писмена да ги испраќа на последната пријавена адреса од Договорувачот, и сите последици од испратените писмена на последната пријавена адреса од Договорувачот се сметаат за уредно доставени.
(7) Доколку Договорувачот, кај Осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, Осигурувачот може да ги доставува писмената наменети за Договорувачот на наведената адреса на електронско сандаче.
(8) Ако договорот за осигурување, вклучувајки го и осигурувањето на два животи, се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје V од овие услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
V НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 9.
(1) Ако договорувачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот, и нема обврска да ја исплати осигурената сума.
(2) Во случај на поништување на договорот од причините наведени во став (1) од овој член,
осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот, и не е должен да ја исплати осигурената сума.
(3) Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот или корисникот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
Член 10
(1) Ако договорувачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
(2) Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договорувачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
(3) Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
Член 11
(1) Договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија ако за време на склучувањето на договорот се неточно пријавени годините на старост на осигуреникот, а неговите вистински години на старост ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот.
(2) Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговите вистински години на живот не ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот, договорот е важечки, а осигурената сума се намалува во размер помеѓу договорената премија и премијата предвидена за осигурување на живот на лице кое има години колку и осигуреникот.
(3) Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучување на договорот, премијата се намалува на соодветниот износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата помеѓу примените премиии и премиите на кои има право.
(4) Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето имало под 18 години живот, договорот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија.
VI ДОГОВАРУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНАТА СУМА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 12.
(1) Висината на осигурената сума и премија спогодбено ја утврдуваат договорувачот и осигурувачот зависно од висината на кредитот кој банката – кредиторот го одобрува на осигуреникот. Осигурената сума и премијата се договараат во евра или денари врз основа на податоците на понудата, пристапната старост на осигуреникот, полот, професијата, занимањето, занимавење со спорт,време траење на осигурувањето и начинот и роковите на плаќање на премијата.
(2) По правило осигурената сума се договара во висина на износот на кредитот, одобрени од банката
– кредиторот.
Договорената премија се плака во денари по однапред договорени рокови. Доколку е договорена
премија во евра уплатата се врши во денари според среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата.
Осигурената сума се исплаќа во денари. Доколку осигурената сума е договорена во евра исплатата се врши во денари според средниот курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на исплата.
(3) Ако е договорено под-годишно плакање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен надомест за под-годишно плаќање на секоја рата на премијата.
Член 13.
(1) Договорувачот е должен да ја плака премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Се смета дека премијата е платена на осигурувачот оној ден кој е наведен на потврдата за плаќање.
VII. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО Член 14
(1)Ако договорувачот не ја плати премијата ниту 5 (пет) месеци по достасувањето, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
(2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став (1) на овој член достасаната премија
не ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може:
1. со изјава да го раскине договорот и во тој случај дотогаш уплатената премија не му се враќа на договорувачот, или
2. доколку премијата за осигурување на живот е платена еднократно и се договорени дополнителни осигурувања да му изјави на договорувачот дека ги исклучува дополнителните осигурувања.
(3) Ако осигурениот случај настанал пред раскинувањето на договорот, а се исполнети претпоставките за раскин на договор се смета дека договорот е xxxxxxxx.
(4) Како исклучок, ако осигуреникот почине пред истекот на 6 (шест) месеци од уплатата на последната премија, осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со одредбите на член 4 и 5 на овие Посебни услови, намалена за неплатената премија по полисата за осигурителната година во која настапила смрт на осигуреникот.
VIII РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 15.
Сите права кои произлегуваат од овој договор за осигурување на живот припаѓаат на договорувачот се додека не настапи осигурен случај.
Член 16.
(1) Кога ќе се случи осигурен случај корисникот/ банката/ кредиторот до осигурувачот поднесува писмено барање во рок од 14 дена со кое ја приложува и полисата за осигурување во оригинал.
(2) Со барањето задолжително се приложува и извод од матична книга на умрени и медицинска документација и други исправи со кои се утврдуваат фактите за причините за смртта на осигуреникот, решение за наследување ако како корисници на полиста се одредени законските наследници, доказ за сродство ако корисникот не е одреден со именување.
(3) Осигурувачот има право да бара и други материјални докази потребни за утврдување на правото за исплата на осигурена сума.
IX ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА
Член 17.
(1) Осигурувачот е должен да исплати осигурена сума во согласност со договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена пресметувајки од денот кога го примил барањето за исплата и целата потребна документација за настанатиот осигурен случај.
(2) ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
(3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
(4) Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при секоја исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
(5) Право на исплата на осигурена сума согласно овие Услови има само корисникот наведен на полисата.
X ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА
Член 18.
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службен весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележана некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен Весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XI НАДОМЕСТОЦИ
Член 19
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот за времетраење и по истекот на осигурувањето во висина која ја определува и ќе ја побара осигурувачот.
(2) Договорувачот се обврзува, заедно со договорената премија, да ги плати и сите надоместоци и даноци предвидени со важечките прописи.
XII ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ
Член 20
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се
обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(3) Приговорите од ст.(2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, договорувачот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот на осигурување не се придржува кон одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлезен за вршење на надзор на осигурувачот- Агенција за супервизија на осигурување.
Член 21
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XIII ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 22
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
XIV ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 23
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
(2) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
(3) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(4) Приговорите од ст(.2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(5) Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кох одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот-Агенција за супервизија на осигурување.
XV ЗАСТАРЕНОСТ
Член 24
(1) Побарувањата од договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
XVI ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 25
(1) Во случај на судски спор надлежен е стварно и месно надлежен суд во седиштето на осигурувачот.
(2) За односите помеѓу осигурувачот и договорувачот, како и на другите лица на кои се однесува осигурувањето на живот, а кои не се уредени со овие услови, се применуваат
позитивните законски норми.
Член 26
Овие услови влегуваат во сила од и ќе се применуваат од 01.01.2019 година.