ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА СОФТВЕРСКИОТ ПАКЕТ PANTHEON НА „ДАТАЛАБ“
ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА СОФТВЕРСКИОТ ПАКЕТ PANTHEON НА „ДАТАЛАБ“
1 Дефиниции
1.1 Давателот на услуги е друштвото „Даталаб МК“, друштво за деловни информациски решенија д.о.о.е.л, со седиште на улица 8-ми Септември 2/2, ТЦЦ Плаза, 1000 Скопје, даночен број МК4030005549311. Давателот на услуги го склучува овој Договор за лиценца за софтвер со Xxxxxxxx во свое име и за своја сметка.
1.2 Клиентот е правен субјект или приватно лице кому му беше испратено профактура или фактура од Давателот на услуги, врз основа на нарачка на Софтверски пакет и можно склучување на дополнителни договори, ја плати профактурата или фактурата и за возврат доби сериски број и статус на регистриран Клиент, што му овозможува да го активира Софтверскиот пакет.
1.3 Софтверскиот пакет се состои од компјутерската програма PANTHEON на „Даталаб“ и дополнителни материјали.
1.4 Компјутерската програма е компјутерска програма PANTHEON на „Даталаб“ во која било од своите достапни верзии, составена од група документи во форма на извор или составен или извршен код.
1.5 Дополнителните материјали се информации кои се наменети за работење или прикажување на работењето на Софтверскиот пакет, материјали за обука, видеа и други материјали кои се обезбедени од Давателот на услуги за Клиентот во замена за надоместок или бесплатно. Дополнителните материјали, исто така, вклучуваат и писмена (дигитална или печатена), аудио и видео документација за Софтверскиот пакет и основни податоци за користењето на Софтверскиот пакет, достапни на порталот на заедницата на корисници на Давателот на услуги. Дополнителните материјали може да подлежат на услови за посебни лиценци.
1.6 Писмената документација претставува пишани упатства за употреба на Софтверскиот пакет. Само Писмената документација е релевантна за дефинирање на грешка. Без оглед на ставот 1.5, Давателот на услуги секогаш му обезбедува на Клиентот бесплатни писмени упатства за употреба на Софтверскиот пакет. Клиентот може да најде писмени упатства на интернет-страницата на Давателот на услуги.
1.7 Надградениот софтверски пакет е Софтверски пакет кој неразделно ги содржи најновите ажурирања за промени во законодавството, подобрувања, поправки, промени и нови додатоци; Клиентот има право на него со склучен Договор за лиценца за софтвер и Претплата за надградба. Сите услови од Договорот за лиценца за софтвер се применуваат и на Надградениот софтверски пакет, освен условите од член 2 (Доделување на лиценца) и член 6 (Ограничена гаранција).
1.8 Правата на интелектуална сопственост се сите сопственички, сродни и други права, вклучувајќи ги
правата sui generis на давателот на услуги на базата на податоци како што е регулирано со Законот за
авторски и сродни права на Република Северна Македонија; понатаму, вклучувајќи ги и сите други права на интелектуална сопственост, особено правата на индустриска сопственост кои се регулирани со Законот за индустриска сопственост на Република Северна Македонија и други права слични на правата на интелектуална сопственост кои подлежат на договорот за лиценца или сите други договори меѓу Давателот на услуги и Клиентот.
1.9 Договорот за лиценца за софтвер е овој договор за лиценца, кој го опфаќа користењето на Софтверскиот пакет и дополнителните права на Клиентот и ги дефинира условите за користење на Софтверскиот пакет. Договорот за лиценца е потпишан од страна на Давателот на услуги и Клиентот.
1.10 Дополнителните договори се договори кои се или може да бидат склучени од страна на Давателот на услуги и Клиентот во врска со Софтверскиот пакет, особено за Претплата за надградба и други договори за услуги.
1.11 Претплатата за надградба е овој договор, кој ги регулира правата и обврските на Давателот на услуги и Клиентот во врска со надградбите на Софтверскиот пакет.
1.12 Општите правила за услугите на Сервисните служби ги регулираат правилата и условите за услугите на Сервисните служби за Софтверскиот пакет кои вклучуваат поддршка, помош и спроведување на нови и неупотребени додатоци на Софтверскиот пакет.
1.13 Работната станица е компјутерска работна станица или уред со слична функционалност со која Корисниците користат или пристапуваат до Софтверскиот пакет и/или податоците на Клиентот кои се обработуваат од страна на Софтверскиот пакет PANTHEON.
1.14 Корисникот е приватно лице кое може да користи или да пристапи до Софтверскиот пакет преку работната станица и/или да пристапи до податоците на Клиентот кои се обработуваат од страна на Софтверскиот пакет PANTHEON преку Софтверскиот пакет.
1.15 Вертикалното решение е софтвер, хардвер или слично решение кое го надополнува или надградува Софтверскиот пакет PANTHEON и овозможува користење или пристап до Софтверскиот пакет и/или до податоците на Клиентот, кои се обработуваат од страна на Софтверскиот пакет PANTHEON.
1.16 Конектор е секое поединечно лице, компјутерска програма или друг сличен уред или технологија која користи или е дел од секое поединечно Вертикално решение.
1.17 Лиценцата за конектор е договор помеѓу Давателот на услуги и Клиентот, а која овозможува користење или пристап до Софтверскиот пакет и/или податоците на Клиентот кои се обработуваат од страна на Софтверскиот пакет PANTHEON од страна на Конектори. Сите одредби од овој Договор за лиценца важат и за Лиценцата за конектор, освен кога овој Договор за лиценца обезбедува посебни одредби за Надворешни конектори.
1.18 Нарачката е нарачка што Xxxxxxxx ја прави на интернет-страницата на Давателот на услуги или на некој друг начин и со тоа покажува интерес за склучување Договор за лиценца за софтвер за посакуваната верзија на Софтверскиот пакет и за сите дополнителни договори; Нарачката вклучува број на корисници кои може истовремено да го користат Софтверскиот пакет.
1.19 Профактурата се издава од страна на Давателот на услуги на Клиентот врз основа на добиената Нарачка. Таа ги вклучува верзијата на Софтверскиот пакет, Пазарната цена, Набавната цена, Цената на дополнителните договори, важењето на лиценцата, бројот на корисници кои може истовремено да го користат Софтверскиот пакет и бројот на Лиценци за конектори. Профактурата, исто така, вклучува план за плаќање на Набавната цена или Цената на дополнителните договори, на пример, бројот на инсталации за одреден период. Профактурата вклучува референција за важењето на одредбите од овој Договор за лиценца за софтвер и врска до интернет-страницата каде што овој Договор за лиценца за софтвер е објавен. Профактурата станува дел од Договорот за лиценца за софтвер во делот каде што се наведени верзијата на Софтверскиот пакет, важењето на лиценцата, Набавната цена, бројот на корисници кои може истовремено да го користат Софтверскиот пакет, бројот на Лиценци за конектори и планот за наплата.
1.20 Серискиот број е серија карактери кои Давателот на услуги ги испраќа до Клиентот врз основа на платена Профактура или друг документ.
1.21 Регистрираното име на Клиентот е корисничкото име кое Давателот на услуги му го доделува на Клиентот врз основа на платена Профактура или друг документ.
1.22 Датумот на активација е датумот кога е завршена активацијата на Софтверскиот пакет, како што е опишано во член 2.3 од Договорот за лиценца за софтвер.
1.23 Пазарната цена е препорачаната продажна цена на Давателот на услуги, во моментот на пресметувањето на цената за користење на верзијата на Софтверски пакет и за дополнителните права на Клиентот кои се поврзани со Софтверскиот пакет од Договорот за лиценца за софтвер, помножена со бројот на корисници кои може истовремено да го користат Софтверскиот пакет. Пазарната цена ја вклучува цената на сите Лиценци за конектор.
1.24 Набавната цена е еднаква на Пазарната цена во моментот на правење на Нарачката, намалена за износот на сите попусти на Давателот на услуги и зголемена за износот на сите дополнителни трошоци и данокот на додадена вредност. Набавната цена е наведена на Профактурата или фактурата.
1.25 Цената на дополнителните договори е збирен термин за цената на Претплатата за надградба и сите други договори.
1.26 Давателите на поддршка се правни субјекти или приватни лица кои обезбедуваат поддршка и други Услуги на сервисните служби за Софтверскиот пакет врз основа на договорна или друга врска со Давателот
на услуги. Давателите на поддршка ќе добијат потврда за обезбедување услуги за поддршка за Софтверскиот пакет и други услуги на Сервисните служби.
1.27 Алатката за поддршка на Службата за техничка помош е интернет апликација ставена на порталот на корисничката заедница на Давателот на услуги, Корисничката страница (xxxxx://xxx.xxxxxxx.xxx.xx/xxxxxxxx/) која се користи за поддршка и други услуги на Сервисните служби, за испраќање пораки, пријавување грешки (вклучувајќи случаи на гаранција) и друга комуникација меѓу Клиентот и Давателот на услуги. Клиентот може да пристапи до неа кога е пријавен на Корисничката страница, но и преку електронска пошта, откако ќе се пријави со својата електронска адреса; испраќа е- пошта на xxxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.28 Грешка е функционирање или содржина на Софтверскиот пакет која не е во согласност со спецификациите или наменетата функција како што е опишано во Писмената документација.
1.29 Извештајот за грешка е поднесувањето на писмен опис за Грешка од страна на Клиентот во апликацијата на Службата за техничка помош, која пак го испраќа до Давателот на поддршка.
2 Склучување Договор за лиценца за софтвер
2.1 Клиентот му испраќа на Давателот на услуги Нарачка која мора да вклучува целосно име на Клиентот/име на друштвото, адреса/адреса на седиштето на друштвото, даночен број и други информации за идентификација, вклучувајќи ја и адресата на електронска пошта на Клиентот. Единствено Клиентот е одговорен за веродостојноста и вистинитоста на информациите за идентификување кои му се дадени на Давателот на услуги. Врз основа на Нарачката, Давателот на услуги му испраќа на Клиентот Профактура или Фактура.
2.2 Откако Клиентот ќе ја плати Профактурата или Фактурата, Давателот на услуги му испраќа на Клиентот електронска порака на адресата која е наведена во Нарачката, која содржи Сериски број, Името на регистрираниот клиент и врска од каде што можат да се активираат Софтверскиот пакет и услугите на Сервисните служби.
2.3 Клиентот може да го активира Софтверскиот пакет, што значи дека Клиентот се согласува со условите на Договорот за лиценца за софтвер и со Општите услови на Сервисните служби и го инсталира Софтверскиот пакет. Пред инсталацијата на Софтверскиот пакет, Клиентот пополнува образец со Серискиот број и Име на регистрираниот клиент и ќе кликне на копчето „Се согласувам“ и со тоа ги прифаќа сите услови на Договорот за лиценца за софтвер и Општите услови на Сервисните служби кои стануваат обврзувачки. Работната станица каде што се изведува активацијата во текот на целото траење на процесот на активација мора да биде поврзана со интернет; во овој процес, Давателот на услуги го запомнува прифаќањето на Договорот за лиценца за софтвер, подготвува отпечаток за серверот на Клиентот и на крајот испраќа електронска порака кога активацијата е завршена.
2.4 Со кликнување на копчето „Се согласувам“, приватно лице што го врши потпишувањето изјавува дека е законски претставник на Клиентот или е лице кое Xxxxxxxx го овластил за да ја изведе споменатата акција.
2.5 Со кликнување на копчето „Се согласувам“, Xxxxxxxx изјавува дека се согласува со соодветната важечка верзија на овој Договор за лиценца за софтвер, која е објавена на интернет-страницата на Давателот на услуги.
2.6 Клиентот се смета дека е информиран за содржината на овој Договор, ако бил експлицитно насочен кон неа во Профактурата или Фактурата и содржината на Договорот е достапна на интернет-страницата како што е наведено на Профактурата или Фактурата.
2.7 Серискиот број е важечки за опслужувач на податоци на само еден Клиент, кој се идентификува со дигитален отпечаток. Клиентот може да го промени опслужувачот на податоци многу пати, а тоа може да го направи само со следење на процесот кој е опишан на интернет-страницата на Давателот на услуги.
2.8 Ако Клиентот не се согласува со кои било од одредбите од овој Договор за лиценца за софтвер или со Општите услови на Сервисните служби, тој може да не го инсталира Софтверскиот пакет. Во тој случај, но најдоцна до 7 дена по плаќањето на Профактурата или Фактурата, Клиентот има право да го извести Давателот на услуги дека тој нема да го инсталира и користи Софтверскиот пакет и да побара целосно враќање на парите од Набавната цена, што Xxxxxxxxx на услуги ќе ги врати во рок од 30 дена по добивањето на навременото известување.
3 Права на интелектуална сопственост за Софтверскиот пакет и надградениот Софтверски пакет
3.1 Давателот на услуги му гарантира на Клиентот дека Давателот на услуги законски ги добил сите права на интелектуална сопственост за Софтверскиот пакет кои се потребни за Клиентот да го користи Софтверскиот пакет или дека Давателот на услуги е носител на сите права на интелектуална сопственост за Софтверскиот пакет.
3.2 Договорот за лиценца за софтвер не му дава на Клиентот какви било права на интелектуална сопственост; му дава на Корисникот само неесклузивно, непреносливо и ограничено право да го користи Софтверскиот пакет што е наведено во Профактурата или Фактурата и според условите на Договорот за лиценца за софтвер како и врз основа на дополнителните права на Клиентот во врска со Софтверскиот пакет, како што е дефинирано во Договорот за лиценца за софтвер или според Законот за авторски и сродни права на Република Северна Македонија .
3.3 Ако трето лице поднесе жалба против Клиентот тврдејќи дека е носител на какви било права на интелектуална сопственост за Софтверскиот пакет или дека Давателот на услуги не ги добил сите права на интелектуална сопственост за Софтверскиот пакет кои се потребни за Клиентот да го користи Софтверскиот пакет, Давателот на услуги ќе го брани Клиентот од таква жалба. Оваа обврска на Давателот на услуги се применува ако Клиентот го информирал Давателот на услуги за жалбата на третото лице, пред Клиентот да
се согласи со какви било барања на третото лице. Оваа обврска на Давателот на услуги, земајќи ги предвид правните ограничувања, престанува да се применува по една година од кога Xxxxxxxx бил информиран за жалбата на третото лице.
4 Услови за употреба на Софтверскиот пакет
4.1 Клиентот може да го инсталира Софтверскиот пакет на неограничен број Работни станици, но Софтверскиот пакет со договорениот опсег на додатоци може да се користи или до него да се пристапи само од онолку Корисници колку што се наведени во Профактурата или Фактурата.
4.2 Клиентот може да овозможи истовремено користење или пристап до софтверскиот пакет и/или податоците на Клиентот кои Софтверскиот пакет PANTHEON ги обработува само за онолку Конектори колку што има соодветни Лиценци кои Клиентот ги купил од Давателот на услуги.
4.3 Без брза писмена дозвола од Давателот на услуги, земајќи ги предвид правните ограничувања на правата на Давателот на услуги, Клиентот не може да ги размножува деловите или целиот Софтверски пакет, без разлика дали размножувањето е трајно или привремено и без разлика на средствата и форматот на размножување, освен во случај на став 4.6 од Договорот за лиценца за софтвер.
4.4 Без брза писмена дозвола од Давателот на услуги, земајќи ги предвид правните ограничувања на правата на Давателот на услуги, Клиентот не може да го компајлира, да го приспособува, да го менува или на друг начин да го модифицира Софтверскиот пакет, вклучувајќи ги и поправките на грешки.
4.5 Клиентот, земајќи ги предвид правните ограничувања на правата на Давателот на услуги, не може да го дистрибуира Софтверскиот пакет во која било форма или да го позајмува на други.
4.6 Клиентот може да направи две размножувања на Софтверскиот пакет за резерва со единствена цел осигурување на непрекинато работење на Софтверскиот пакет како што е дефинирано во Договорот за лиценца за софтвер.
5 Дополнителни права на Клиентот во врска со Софтверскиот пакет
5.1 Изнесување податоци. Откако ќе се раскинат Договорите за лиценца за софтвер поради која било причина, Клиентот може да го задржи Софтверскиот пакет инсталиран на една Работна станица или да го користи на една Работна станица до 30 (триесет) дена по раскинувањето на Лиценцата за софтвер. Софтверскиот пакет може да остане инсталиран според овој став со единствена цел на изнесусвање на датотеките со податоци на Клиентот. Клиентот може да ги изнесува датотеките со податоци само во формата или форматот што ги вклучуваат само неговите податоци и не ја вклучуваат логиката на обработување на податоците. По 30 дена, Клиентот мора трајно да го избрише Софтверскиот пакет вклучувајќи ги датотеките со податоци на Клиентот од Работната станица и/или да престане да го користи Софтверскиот пакет на таа Работна станица и да го избрише од главниот опслужувач.
5.2 Правно усогласување. Клиентот има право на Правно усогласување само за закон кој е активен во моментот на испраќање на неговите лични информации од точка 2.2 на Давателот на услуги. Клиентот подоцна има право на Правно усогласување само ако склучил Претплата за надградба со Давателот на услуги.
5.3 Поддршка, вклучувајќи поправање грешки и други услуги на Сервисните служби (ад-хок Сервисни служби).
Поддршката е една од услугите на Сервисните служби и значи помош за Клиентот во врска со користењето и работењето на Софтверскиот пакет, вклучувајќи и поправање грешки. Покрај поддршката, услугите на Сервисните служби вклучуваат помош и спроведување на нови и неупотребени додатоци на Софтверскиот пакет. Услугите на Сервисните служби може да се добијат на следните начини:
- Далечински со Алатката за поддршка на Службата за техничка помош
- Далечински со друга технологија базирана на интернет; обезбедено преку решение базирано на интернет кое е достапно на корисничката страница на Корисникот, Давателот на услуги и давателите на поддршка (користејќи поврзување со Далечински работен простор, „Скајп“ (Skype) или слични решенија). Има заедничка функција на работен простор која овозможува споделување на екранот на Клиентот и преземање контрола врз тастатурата и глувчето. Испишаната комуникација (разговор) меѓу Клиентот и Давателот на услуги или давателот на поддршка е зачувана во дневникот за поддршка и е составен дел од сесијата за поддршка, заедно со извештајот на крајот на сесијата и прашалникот за задоволство од поддршката. Давателот на услуги и давателот на поддршка можат да пристапат до далечинскиот дневник за поддршка.
- Далечински преку телефон
- Далечински преку електронска пошта со испраќање на електронска порака на xxxxx@xxxxxxx.xxx.xx ,
што автоматски креира запис во апликацијата на Службата за техничка помош.
- Во просториите на Клиентот од страна на персоналот на Давателот на услуги или од персоналот на Давателот на поддршка.
5.4 Давателот на услуги обезбедува поддршка и други услуги на Сервисните служби. Поддршка и други услуги на Сервисните служби како и таканаречени дополнителни услуги на давателите на поддршка можат да бидат обезбедени од Давателите на поддршка, согласно договорот слкучен меѓу давателот и корисникот на услугата. Давателот на услуги или Давателот на поддршка има право на надомест за дадените услуги за поддршка или други услуги на Сервисните служби, согласно важечките ценовници кои се објавени на интернет-страницата на Давателот на услуги или на Давателот на поддршка.
5.5 Давателот на услуги или давателите на поддршка обезбедуваат поддршка само за последната верзија на (надградениот) Софтверскиот пакет поради технички причини. Клиентот ќе ги обезбеди техничките можности за далечинска поддршка и други услуги на Сервисните служби според спецификацијата на Давателот на услуги.
6 Ограничена гаранција за Софтверскиот пакет
6.1 Давателот на услуги му гарантира на Клиентот дека Софтверскиот пакет ќе работи без грешки 90
(деведесет) дена од датумот на активација.
6.2 Единствената обврска на Давателот на услуги и единственото право на Клиентот врз основа на гаранцијата од претходниот став е – ако Софтверскиот пакет не функционира согласно со претходниот став и Клиентот го информира Давателот на услуги за тоа преку апликацијата на Службата за техничка помош - да го поправи или замени Софтверскиот пакет на Клиентот.
6.3 Клиентот ги нема правата од став 6.2 врз основа на ограничената гаранција и Давателот на услуги нема обврски врз основа на ограничената гаранција, ако Клиентот се повикува на ограничената гаранција и ако неправилното функционирање на Софтверскиот пакет според став 6.1 е предизвикано од користењето на Софтверскиот пакет кое не е во согласност со Договорот за лиценца за софтвер, писмената документација или кое било дејство или настан или состојба од страна на Клиентот или ако Клиентот ја доверил поддршката, одржувањето, поправањето на грешките, надградувањето или кои било други промени на Софтверскиот пакет на лица кои не се овластени Даватели на поддршка на Давателот на услуги.
6.4 Клиентот ги нема правата од став 6.2 врз основа на ограничената гаранција и Давателот на услуги нема обврски врз основа на ограничената гаранција, ако Клиентот се повикува на ограничената гаранција и ако неправилното функционирање на Софтверскиот пакет според став 6.1 е предизвикано од користењето на или пристапувањето кон Софтверскиот пакет преку Конектор.
6.5 Давателот на услуги не му дава на Клиентот или на кои било трети лица гаранции покрај ограничената гаранција за Софтверскиот пакет како што е дефинирано во овој дел.
7 Договорот за лиценца за софтвер во врска со дополнителните договори
7.1 Клиентот кој склучува Договор за лиценца за софтвер исто така вклучува и Претплата за надградба за која се применуваат одредбите на Претплатата за надградба.
7.2 Клиентот може да склучи други договори со Давателот на услуги кои ги уредуваат правата и обврските на Клиентот во врска со производите и услугите на Давателот на услуги.
8 Исклучување на одговорноста на Давателот на услуги
8.1 Давателот на услуги, неговите добавувачи, ко-изведувачи и даватели на поддршка, земајќи ги предвид само минималните правни ограничувања за исклучување на одговорност, во никој случај не се одговорни, кон Клиентот или трети лица, за какви било штети на Клиентот или трето лице кои се појавиле поради користењето или неможноста да се користи Софтверскиот пакет или поради каква било промена или модификација на онлајн Софтверскиот пакет, која Клиентот или третото лице ја направило врз основа на
каков било договор со Давателот на услуги или без тоа или поради каква било друга причина која произлегува од Договорот за лиценца за софтвер. За избегнување сомнежи, набројаните штети вклучуваат, но не се ограничени на, оштетување имот, губење на профит или приход, физичка или психолошка траума на други или штетно влијание на угледот на организацијата.
9.2 Давателот на услуги, неговите добавувачи, ко-изведувачи и даватели на поддршка во никој случај нема да му одговараат на Клиентот или на трети лица за штети на Клиентот или трети лица кои се случиле или може да се случат, бидејќи Клиентот дозволил лица кои не се овластени Даватели на поддршка на Давателот на услуги да овозможат поддршка, одржување, поправање на грешки или надградување на услуги или какви било други измени на Софтверскиот пакет.
8.3 Давателот на услуги, неговите добавувачи, ко-изведувачи и даватели на поддршка во никој случај нема да му одговараат на Клиентот или трети лица за штети на Клиентот или трети лица кои се случиле или може да се случат, бидејќи Клиентот дозволил користење и пристап до Софтверскиот пакет преку Конектори.
8.4. Целосната одговорност на Давателот на услуги во никој случај не е повисока од Набавната цена, земајќи ги предвид само минималните правни ограничувања за исклучување одговорност.
9 Рок и раскинување
9.1 Овој Договор за лиценца за софтвер е склучен на неопределен период. Секоја страна може да го раскине Договорот со известување од 30 дена. Договорот не може да се раскине во текот на првата година по неговото склучување.
9.2 Раскинувањето на Договорот за лиценца за софтвер, исто така, ќе резултира со раскинување на сите активни Претплати за надградба.
9.3 Изјавата за раскинување се поднесува во писмена форма и другата договорна страна се известува за истото.
10 Прекршување на Договорот и раскинување
10.1 Ако Клиентот ги прекрши кои било од одредбите од овој Договор, Xxxxxxxxx на услуги може веднаш да го спречи Клиентот да го користи Софтверскиот пакет, кој не се смета за прекршување на овој договор. Во таков случај, корисникот на услугата експлицитно му дозволува на давателот, да го спречи користењето на софтверскиот пакет за пристап до претплатнички компјутерски работни станици.
Покрај тоа, Давателот на услуги може во овој случај да го раскине Договорот и да бара од Клиентот да се избрише Софтверскиот пакет од сите Работни станици и да се уништат сите резерви на Софтверскиот пакет без да му се даде на Клиентот рок за да го поправи прекршувањето. Ако Давателот на услуги го раскине Договорот, во врска со Изнесувањето на податоци се применуваат Одредбите од овој Договор за лиценца за софтвер.
10.2 Ако Клиентот ги злоупотреби одредбите од овој Договор и со злоупотребување на одредбите од овој Договор за лиценца за софтвер дозволува користење и пристап до Софтверскиот пакет преку Конектори, Давателот на услуги може да бара од Клиентот веднаш или во рок од 30 дена од барањето на Давателот на услуги, да ја поправи злоупотребата со склучување или купување соодветен број на Лиценци за конектор. Ако Клиентот не ја поправи злоупотребата во предвидениот период, Давателот на услуги може да го спречи Клиентот да пристапува до Софтверскиот пакет, согласно одредби во точка 10.1. од овој договор за лиценца. Покрај тоа, Давателот на услуги може во овој случај да го раскине Договорот и да бара од Клиентот да се избрише Софтверскиот пакет од сите Работни станици и да се уништат сите резерви на Софтверскиот пакет. Ако Давателот на услуги го раскине Договорот, во врска со Изнесувањето на податоци се применуваат Одредбите од овој Договор за лиценца за софтвер.
10.3 Давателот на услуги го задржува правото да проверува дали Xxxxxxxx го користи Софтверскиот пакет во согласност со одредбите од овој Договор, особено дали Клиентот дозволува користење или пристап до Софтверскиот пакет преку Конектори. Клиентот експлицитно му дозволува на Давателот на услуги да користи соодветни технички мерки за таа цел.
10.4 Во случај Клиентот да го прекрши договорот, Давателот на услуги има право на надомест за сета штета која би настанала како резултат на прекршувањето.
10.5 Клиентот му одговара на Давателот на услуги за сите штети кои му се предизвикани на Давателот на услуги или трети лица, бидејќи Клиентот дозволил користење и пристап до Софтверскиот пакет преку Конектори.
11 Завршни одредби
11.1 Клиентот не смее да префрли никакви права, делумни или целосни, од Договорот за лиценца за софтвер или Општите услови на Сервисните служби кои се дел од овој Договор за лиценца за софтвер, на трети лица без писмена дозвола од Давателот на услуги.
11.2 Клиентот се согласува да добива известувања од Давателот на услуги за ажурирања на Софтверскиот пакет и други вести и промени поврзани со производи преку електронска пошта или на друг начин.
11.3 Со склучување на овој Договор, Клиентот се согласува дека Давателот на услуги може да собира и да користи лични податоци кои ги добива од Клиентот (информации за лицата за контакт на договорниот орган кој соработуваат со клиентот врз основа на договор за вработување или друг правен однос) во согласност со политиката за приватност на Давателот на услуги, што е достапна на интернет-страницата на Давателот на услуги и важечките закони кои се однесуваат на заштитата на личните податоци. Клиентот гарантира дека сите лични податоци кои му се испратени на Давателот на услуги се собрани во согласност со применливите закони кои се однесуваат на заштитата на личните податоци (што се неопходни за извршување на договорот помеѓу давателот на услуги и договорниот субјект) и дека сите лица на кои се однесуваат податоците се свесни за политиката за приватност на Давателот на услуги, која е достапна на интернет-страницата на
Давателот на услуги. Давателот на услуги ќе ги третира сите лични податоци кои ги добил на овој начин во согласност со Законот за заштита на лични податоци и политиката за приватност на Давателот на услуги, што е достапна на интернет-страницата на Давателот на услуги. Понудувачот нема пристап до лични податоци кои Клиентот ги обработува како контролор кој ја користи компјутерската програма Пантеон, освен во контекст на имплементација на поддршка и други услуги на подршка кои не се предмет на овој договор за лиценци.
11.4 Клиентот се согласува дека Давателот на услуги или Давателот на поддршка може да ги користи информациите кои ги добил кога се склучувал или потпишувал Договорот за лиценца за софтвер, вклучувајќи и кога се дава поддршка или други услуги на Сервисните служби, во анонимна форма која не дозволува идентификација на Клиентот за деловни цели кои се однесуваат исклучиво за поддршка, дијагностика, тестирање, истражување или развој на Софтверскиот пакет или други производи или услуги на Давателот на услуги. Давателот на услуги ќе ги третира сите доверливи информации добиени на овој начин во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија. Давателот на услуги не можеда му одговара на кој било начин на Клиентот или на трети лица, ако Клиентот неправедно или без соодветна законска основа или спротивно на важечките закони открие какви било лични, доверливи или секакви други информации.
11.5 Ако некои од одредбите на Договорот за лиценца за софтвер може да се покажат како неважечки, другите одредби не се засегнати и остануваат ефективни.
11.6 Договорот за лиценца за софтвер е целиот Договор за лиценца за Софтверски пакет и ги заменува сите други договори во врска со предметот на Договорот за лиценца, освен ако во Договорот за лиценца за софтвер не е наведено дека е надополнет со дополнителни одредби од договор или документ, какви што се Профактурата или Фактурата.
11.7 Овој Договор за лиценца за софтвер е склучен без потпис на ниту една од страните, во согласност со одредбите од склучениот Договор за лиценца за софтвер во точка 2.
11.8 Судот во Скопје со соодветна јуриздикција за предметот за кој станува збор има надлежност за секој спор што произлегува од Договорот за лиценца за софтвер.