Contract
Врз основа на Член 30 и 56 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.19/2004 и 109/2005), Комисијата за јавни набавки на Државниот завод за ревизија, објавува,
ОТВОРЕН ПОВИК БР. 11/06 ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА НАБАВКА АВИОБИЛЕТИ
1. НАБАВУВАЧ
Државен завод за ревизија, со седиште на xxxxx Xxxxxx Xxxx xx.00/0, Xxxxxx Македонија, Скопје, Република Македонија.
2. ПОНУДУВАЧИ
Право да поднесе понуда има секое заинтересирано домашно правно лице кое е регистрирано за редовен воздушен превоз.
3. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
3.1. Предметот на набавката е : резервација и купување авиобилети и превоз до и од аеродромите во Република Македонија, за потребите на Државниот завод за ревизија- Скопје, сукцесивно согласно потребите на набавувачот за период од една година.
3.2. Со најдобро рангираниот понудувач по Отворениот повик, Набавувачот ќе склучи едногодишен Рамковен договор за реализација на конкретни набавки за резервација и купување на авиобилети и превоз до и од аеродромите во Република Македонија, кое ќе се реализира сукцесивно за период од една година.
3.3. Обемот на набавката е во зависност од потребите на Набавувачот. 3.4.Тендерската документација заинтересираните понудувачи ќе можат да ја подигнат од денот на објавувањето на Отворениот повик бр.11/06 секој работен ден од 09,00 до 15,15 часот на 3-ти кат во архивата на Државниот завод за ревизија-бесплатно.
3.5. Набавката е неделива.
3.6. Понудата на понудувачот која нема да ги содржи сите позиции од одделен дел во Тендерската документација, ќе се смета за некомплетна и нема да биде разгледувана.
4. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА
4.1. Понудата треба да го содржи:
4.2. Името, адресата и седиштето на понудувачот
4.3.Процентот на намалувањето од нето цената на авиобилет без аеродромски такси и други такси кои не се предмет на провизија.
4.4 Рокот и начинот на плаќање - само еден начин недвосмислено дефиниран, при што треба да го има во предвид членот 88 став 2, 3 и 4 од Законот за јавни набавки.
4.5. Бенефиции по разни основи:превоз до и од аеродроми во РМ и други погодности кои ги нуди понудувачот.
4.6. Рокот на важност на понудата да изнесува минимум 90 дена сметано од денот на јавното отворање на понудите.
Понудите кои не ги содржат сите погоренаведени податоци, односно понудите во кои изнесените податоци не се искажани на бараниот, конкретен начин ќе се сметаат за некомплетни и ќе бидат исклучени од понатамошната постапка, односно нема да бидат евалуирани (оценети).
5. ДОСТАВУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА (ЕЛИМИНАТОРНА)
СОГЛАСНО ЧЛЕН 40 И 41 ОД ЗЈН
5.1. Документи за финансиска и економска способност член 40 од ЗЈН
5.1.1. Документ за бонитет кој го издава Централниот регистар.
5.1.2. Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци придонеси и други јавни давачки
5.1.3. Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Р.Македонија.
5.1.4. Дозвола од надлежен орган за работење (дејност) за физички лица.
5.1 5. Потврда дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација.
5.1.6. Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност
- забрана за вршење на дејност.
5.1.7 Целокупната документација која се бара треба да е оригинална или заверени копии од страна на понудувачот, согласно член 40 став 2 од ЗЈН. Документацијата не смее да е постара од 6 месеци.
5.2. Документи за утврдување на техничката способност - член 41 од ЗЈН
5.2.1. Референтна листа - Листа на испораки на авиобилети во последните 3
години со износи, датуми и примачи (коминтенти -правни лица),
5.2.2. Потврда од минимум 3 корисници на услугите - набавувачи- правни лица, кои извршиле претходна набавка на авиобилети од понудувачот, за навремено и квалитетно извршување на набавката.
5.2.3. Договор за користење на глобален светски резервациски систем, , (АМАДЕУС, ГАЛИЛЕО, ГАБРИЕЛ и други)
5.2.4. Xxxxxxxxx екипираност со персонал, за спроведување на набавката.и тоа:
⮚ минимум 2 вработени кај понудувачот кои задолжително треба да поседуваат: сертификат за секој вработен за продажба на авиобилети во редовниот меѓународен сообраќај, издаден од овластен школски центар или школски центар на авиокомпаниите членки на асоцијацијата ИАТА и
⮚ лиценца за вработениот/вработените дека е оспособен за користење на глобален светски резервациски систем - АМАДЕУС, ГАЛИЛЕО, ГАБРИЕЛ и други како и образец М1/М2 за овој вработен/вработени.
5.2.5. Листа на склучени договори со авиопревозници во редовниот меѓународен сообраќај, или нивни застапници во Република Македонија, за овластено продавање на нивни авиобилети.
5.2.6 Доказ за поседување на лиценца согласно Законот за угостителска и туристичка дејност, издадена од Министерството за економија на Република Македонија, со која е опфатена продажбата на авиобилети во редовниот меѓународен авионски сообраќај ( за туристички агенции)
5.2.7 Xxxxxx од понудувачот дека во понудата нема да ги зголеми цените на авиобилетите добиени од авиопревозникот.
5.2.8. Целокупната документација која се бара треба да е оригинална или заверени копии од страна на понудувачот.
Понудите на понудувачите кои не ги исполнуваат критериумите за техничка способност ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
6. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ (согласно Член 50 од Законот за јавните набавки).
6.1. Висина на намалувањето | 50 | бода |
6.2. Бенефиции по разни основи | 35 | бода |
6.3. Начин и услови на плаќање | 15 | бода |
7. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
7.1. Понудата се доставува согласно Член 78, 79; 80 од Законот за јавните набавки.
7.2. Рокот за доставување на понудата е најдоцна до денот и часот на јавното отворање на понудите во архивата на Државниот завод за ревизија. Понудите што ќе се достават по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
7.3. Понудувачот, во согласност со член 78 од Законот за јавни набавки, понудата треба да ја достави во еден оригинален примерок кој треба да биде заверен и потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот.
7.4. Понудувачите своите понуди треба да ги достават на следната адреса: Државен завод за ревизија улица Маршал Тито, бр.12/3 Палата Македонија Скопје или да се предаде во архивата на Државниот завод за ревизија секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
7.5. Отворањето на понудите ќе се изврши на ден 24.10.2006 година во 09,00 часот, во просториите на набавувачот на горенаведената адреса, во присуство на овластените претставници на понудувачите.
8. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
8.1. Секој понудувач може да учествува само со една понуда, што подразбира и неможност за давање на алтернативи во понудата.
8.2. Понудите кои нема да бидат доставени до утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата на Отворениот повик, како и оние кои немаат целокупна документација која се бара во Отворениот повик, нема да се разгледуваат.