УСЛОВИ ЗA ОСИГУРУВAЊЕ HA ОДГОВОРHОСТ HA ПРЕВОЗHИЦИТЕ ВО ПAТHИОТ ПРЕВОЗ HA СТОКA ВО ДОМAШЕH И МЕhУHAРОДЕH СООБРAŹAJ
УСЛОВИ ЗA ОСИГУРУВAЊЕ
HA ОДГОВОРHОСТ HA ПРЕВОЗHИЦИТЕ ВО ПAТHИОТ ПРЕВОЗ HA СТОКA ВО ДОМAШЕH И МЕhУHAРОДЕH СООБРAŹAJ
-Пречистен текст-
Член 1 - Предмет нa осигурувaње
(1) Cо овие услови се осигурува одговорноста на осигуреникот како превозник спрема корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меŕународен патен превоз, преземени на превоз со товарен лист или договор, во обем и под услови наведени во одредбите од член 2, 3 и 6 од овие Услови.
(2) Cо овие Услови не е осигурена вон договорната одговорност на осигуреникот.
(3) Овие Услови се составен дел на полисата за осигурување од одговорност на превозникот што договарачот, односно осигуреникот ке ја склучи со Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК – Cкопје.
Член 2 -Утврдувaње нa одговорностa
(1) Одговорноста на осигуреникот се утврдува според одредбите на овие Услови и :
- Конвенцијата за договорот за меŕународен патен превоз на стока (ЦМР), (“Cл. весник на РМ” бр. 8/94).
- Законот за облигационите односи (“Cл.
весник на РМ” бр.18/01 и 4/02) ;
Член 3 - Обем нa покритието
(1) Осигурувачот ке му ги надомести на осигуреникот сите износи кои што тој треба да ги плати врз основа на одговорноста од член 2 на овие Услови, освен штетите настанати од причините наведени во член 4 и 5.
(2) Максимална обврска на осигурувачот е ограничена до висината на осигурената сума утврдена во полисата за осигурување на одговорноста на превозникот.
(3) Покритието од став (2) се пресметува во денарска противвредност по среден курс на индикативната курсна листа на Народна банка на Р. Македонија на еврото на денот на настанување на штетата.
(4) Доколку вредноста на одделна пратка ја надминува осигурената сума на полисата, осигуреникот може да ја осигура својата одговорност и преку лимитот од претходниот став, односно да ја осигура пратката како стока во транспорт (карго осигурување),со тоа што таквите пратки мора писмено да ги пријави на
осигурувачот, со назначување на нивната вредност најмалку 2 работни дена пред започнувањето на превозот. За таквите пратки и зголеменото осигурително покритие по ЦМР, осигуреникот доплака премија на разликата над лимитот, за што осигурувачот му издава посебна полиса за осигувурање на одговорноста или посебна карго полиса.
(5). Лимитот на осигурителното покритие и премијата се определуваат според влекачот на возилото.
(6) Осигурувачот ке му надомести на осигуреникот и:
- трошоци за спор како и вон судски трошоци направени во врска со реализацијата на барањето (ако се направени во согласност со осигурувачот, поради одбрана од неосновани или преголеми барања на трети лица) и досудени камати, превознина како и вонредни трошоци за превоз и претовар, лежарина, складиштнина и сл.
- вистинските трошоци за спасување, но најмногу до 40% од лимитот по штетен настан.
Осигурувачот ке ги надомести овие трошоци, и кога тие заедно со штетата ке ја надминат максималната обврска од став (2) на овој член.
Член 4 -Ризици зa кои не одговaрa превозникот и не се опфaтени во осигурувaњето
Cо овие Услови не е осигурена одговорноста на осигуреникот за штетите настанати на пратката примена на превоз поради:
1. виша сила (земјотрес, поплава, гром, луња, снежна лавина, одронување, лизгање на земјиште и сл;
2. припремна, мобилна и воена состојба, побуни, востанија, политички немири, вооружена кражба и сл;
3. штрајк, (прекин на работа) или запленување;
4. акти на надлежни органи;
5. вина на испракачот или примачот;
6. недостатоци во пакување или поради недоволно пакување на стоката и нечисти транспортни садови;
7. опасности поврзани со превоз на стоката во отворени возила;
8. потполна или делумна загуба или оштетување на стоката поради нејзините природни својства или мани, како рŕа, корозија, саморасипување, стврднување поради заситеност на воздухот со влага и сл., освен ако се превезуваат со наменски возила;
9. разбојнички или други напади;
10. превземени санитарни или дезинфекциони мерки и сл;
11. угинување на живи животни, живина и дивеч при превоз;
12. доколку стоката се прима на превоз само под одредени услови односно да е предадена на превоз со неисправни, неточни или непотполни ознаки или ако испракачот ги нема превземено пропишаните мерки на внимание;
13. промена на бојата, мирисот и вкусот на стоката, освен во случај на расипување (докажан дефект на термографот) термокингот на авто ладилници;
14. губење на комерцијална вредност на стоката, освен поради пречекорување на рокот на превозот во случаи на дефекти на возилото;
15. молци и други штетници;
16. разлика во мерење, освен ако постои документ за официјално мерење на исти начини при натовар и растовар на стоката.
Член 5 - Исклучени ризици
(1) Осигурувачот не е во обврска да надомести штета и ако осигуреникот спрема законските прописи за тоа е одговорен, а таа настанала како последица на една од следните причини:
1. Лона намера или груба небрежност Осигурувачот не ја надоместува штетата која настанала поради лоша намера или груба небрежност на осигуреникот и лицата за кои тој одговара.
2. Располагање на стоката
Ако испракачот или примачот одбие да ја превземе стоката, а осигуреникот без согласност на осигурувачот прифати сам да располага со истата, осигурувачот не го надоместува делот на штетата кој ке настане од таа причина.
3. Спогодбено договорен рок за испорака Со овие Услови не е покриена одговорноста на осигуреникот, ако договорениот рок за превоз е пократок од вообичаениот за таква пратка на таа релација, а штетата настанала како последица од неисполнување на договорениот рок.
4. Неисполнување на спогодбата за превоз Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која би настанала ако осигуреникот заклучил спогодба за превоз, па тој превоз не го извршил
или поради тоа што се јавил кај порачателот на превозот со задоцнување, а со тоа ја прекршил спогодбата за превоз.
5. Пречекорување на пропинаниот облик и тежина (габарит)
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета, ако осигуреникот пропуштил да ги преземе потребните организациони мерки за превоз на максимално дозволените профили и тежини во јавниот сообракај, а штетата ке настане поради непочитување на специјалните сообракајни прописи за дозовоелниот габарит за сигурен превоз (сообракаен знак за известување на дозоволената висина, ширина и носивост на друмско сообракајно средство).
6. Плаíање на застарено побарување Осигурувачот не ја надоместува штетата на осигуреникот, што осигуреникот ја исплатил за застарено побарување, без претходно да побара согласност од осигурувачот.
7. Фиктивни кусоци
Со овие Услови не е осигурена одговорноста на разни непојаснети кусоци, кои не се последица на физичка загуба или кражба на пратката. Според овие Услови, документите за мерење и вагање не се доказ на физичка загуба или кражба на пратката.
8. Превоз на благородни метали
Превозот на благородни метали, хартии од вредност, валути и други скапоцености, освен ако посебно не се пријават и се превезуваат со вооружена придружба и специјални возила.
9. Превоз на понтенски пратки
Осигурувачот не ја надоместува штетата на поштенски пратки, ако ги превезува на своите превозни средства.
10. Сопствен имот и предмети
Осигурувачот не надоместува штети на личен имот на осигуреникот, неговите вработени и останатите лица за кои тој одговара според членот 3 од ЦМР..,
Член 6 - Обврски на осигуреникот
(1) Осигуреникот е должен превозот да го врши во согласност со одредбите за превоз на стоки од Законот за превоз во патниот сообракај, а особено:
1. Возилата редовно и квалитетно да ги одржува, технички да се исправни и да одговараат за намената.
2. Да обезбеди континуирана обука на возачите и да ги познаваат обврските и правата што произлегуваат од договорот за превоз, ЦМР Конвенцијата, Упатството за користење на ТИР
Карнети, упатствата на осигуреникот и осигурувачот.
3. Возачите да ги обезбеди со потребните лични документи за превоз и на средствата (дозволи, ТИР Карнети, фактури, упатства и сл.) пред започнување на превозот.
4. Во меŕународен транспорт за релации подолги од 450 км, за секое возило да има два возачи само за Иточно Европските и вон Европските земји.
5. При натовар и растовар на стоките, возачот задолжително да е присутен и да врши правилен квантитативен и квалитативен прием и предавање на стоките, проверка на амбалажата, редењето и прицврстувањето како и при растоварот на стоките.
Доколку се констатираат неправилности на амбалажата при натоварот, задолжително да се бара испракачот веднаш да ги отстрани или во спротивно да става забелешки на товарниот лист за недостатоците при натовар или растовар што го вршат други лица.
6. Во товарниот лист прецизно, читливо и точно да биде наведена адресата на приемачот на стоката, негов телефон и да бара фотокопија од личната карта на лицето за контакт кое го одредил приемачот на стоката и само на тоа лице по извршената идентификација смее да му ја предаде стоката. Приемачот треба да има фотокопија од броевите на ЦМР / товарниот лист, ТИР Карнетот и бројот на пасош на возачот.
7. По извршената идентификација на примачот, едниот возач заедно со приемачот да оди во Царина, за да следи дали царинската постапка се извршува во царината и од надлежни лица.
8. По завршувањето на царинската постапка, да се заверат товарниот лист и XXX Xxxxxxxx и стоката, возачот да ја предаде на првиот примач со идентификација на магационерот на примачот од лична карта и со внесување на податоците од истата во товарниот лист како и местото на растовар со проверка на лицето за контакт со податоците со кои возачот не располага.
9. По пат низ Источно Европските земји, возачите да настојуваат да возат во конвои со други возила и да нокеваат и паркираат на јавни паркинзи и царински терминали.
10. Секоја видлива штета, за која постои одговорност на превозникот, да ја утврди со записник при предавање на пратката во присуство на приемачот на пратката и возачот пред предавање на пратката.
Осигуреникот е должен веднаш или најдоцна во рок од 3 дена од кога ке сознае, на осигурувачот да му ја пријави секоја штета која по негова оценка го надминува износот од 1.000 евра, како и да го има во предвид упатството на осигурувачот за ангажирање на хавариски комесар за извид и проценка на штетата.
11. Да ги превземе сите потребни мерки за спречување и намалување на штетата.
12. Во случај на кражба или измама при прием или предавање на товарот и сообракајна незгода, осигуреникот е должен таквиот настан да го пријави во полиција во најблиското место или на друг
надлежен орган и за таквите пријави да му приложи докази на осигурувачот.
(2) Доколку осигуреникот ги повредил обврските од овој член, осигурувачот не е во обврска да му ги надомести штетите кои ке настанат поради тоа.
Член 7 - Склучување на договорот за осигурување
(1) Договорот за осигурување на одговорноста на превозникот се склучува врз основа на одговорите во прашалникот за осигурување на одговорноста на превозникот, дадени и потпишани од осигуреникот. Прашалникот е образец на осигурувачот кој ги содржи сите податоци потребни за оцена на ризикот, и е составен дел на полисата за осигурување.
(2) Договорот за осигурување е склучен кога договарачот и осигурувачот ке ја потпишат полисата за осигурување.
(3) Бараното осигурително покритие се договара со посебна годишна полиса за осигурување на одговорноста на превозникот во земјата и странство за секое возило.
(4) По склучување на договорот за осигурување, осигуреникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена да го извести осигурувачот за секоја промена на податоците наведени во Прашалникот, а особено за промени на регистерски броеви , број на мотор и шасија, видот на возилото, односно приколката и промени во лиценцата за меŕународен јавен превоз на стоки.
Член 8 - Премија за осигурување
(1)Осигуреникот е должен да ја плати премијата за осигурување како што е наведено во полисата за осигурување.
(2)Осигуреникот е должен да ја плати премијата за осигурување според утврдените рокови во полиста за осигурување. Доколку
осигуреникот доцни со плакањето, , осигурувачот му засметува законска затезна камата.
(3)Осигурувачот секоја година на осигуреникот ке му пресметува бонус односно малус согласно xxxxxxxx, земајки го во предвид неговиот технички резултат за последните 3 години.
(4) Доколку осигуреникот не ја обнови полисата, должен е да го врати износот што му е бил пресметан како попуст на премијата за повекегодишно осигурување во полисата што истекнала.
Член 9- Констатирање и пријавување на нтета
(1) Осигуреникот или неговиот помошник, е должен секоја видлива штета која е покриена со осигурување, да ја утврди записнички на вообичаен начин, со учество на примачот, односно корисникот на превозот пред предавање на пратката.
(2) Осигуреникот е должен секоја штета чиј износ ја надминува вредноста од 1.000 евра во денарска противвредност, без одлагање да му ја пријави на осигурувачот и да постапи по неговите упатства.
(3) Осигуреникот е должен да ги превземе сите мерки потребни за спречување односно намалување на штета.
(4) Секој случај на кражба или сообракајна незгода, осигуреникот треба веднаш да го пријави во полиција и записникот за тоа да му го предаде на осигурувачот.
(5) Доколку осигуреникот намерно или со крајно невнимание ги повреди обврските од овој член, осигурувачот може да се ослободи од обврската да му ги надомести штетите што ке настанат поради тоа.
Член 10 - Доставување на онтетно барање
(1)Ако оштетената странка поднесе оштетно барање, осигуреникот е должен веднаш да му го достави на осигурувачот заедно со сите документи и податоци потребни за решавање на штетата како што се:
- пријава за штета;
- оштетно барање на оштетеното лице;
- превозни документи (товарен лист, договор);
- фактура или друг документ како доказ за вредноста на пратката;
- писмена изјава на возачот или неговиот помошник, за причината и околностите за настанување на штетата;
- докази врз основа на кои би можело да се утврди постоење или непостоење на одговорност на осигуреникот за настанатата штета;
- записник од полиција, ако настанала сообракајна незгода или кражба на пратката;
- докази и изјави кои осигурурувачот ке ги побара за појаснување на оштетното барање.
(2) Доколку од околностите за настанатата штета или од поднесената документација не може со сигурност да се утврди одговорноста на осигуреникот за настанатата штета или за нејзината висина, осигурувачот е должен на осигуреникот да му даде упатство за правните и други мерки кои треба да ги превземе со цел да се заштити од недокажани, неосновани или преголеми оштетни барања.
(3) Осигуреникот е должен како добар стопанственик, да ги превземе сите потребни мерки со цел да се заштити од неосновани барања. За превземените мерки осигуреникот е должен да го извести осигурувачот.
Член 11 - Барање на согласност
(1) Осигуреникот е должен пред признавање на својата обврска за надомест на штетата да побара согласност од осигурувачот и да се придржува на неговите е упатства.
(2) Ако осигуреникот не постапи по одредбите од претходниот став, осигурувачот може да ја одбие исплатата на штетата целосно или делумно, во колку смета дека осигуреникот не бил одговорен за настанатата штета или неговата одговорност е помала од онаа која ја признал.
(3) Одредбите од претходниот став се применуваат и на случаите кога одговорноста на осигуреникот е утврдена во судски или арбитражен спор за кој осиреникот благовремено не го известил осигурувачот, а осигурувачот стави оправдана забелешка во врска со водењето на спорот.
Член 12 - Висина на отнтета
(1) Висината на отштетата за целосна или делумна загуба на пратката се утврдува според вредноста на предметите во времето и местото на отпрема како и фактурата на продавачот, а доколку таква вредност нема, тогаш според пазарната вредност, но во границите на законскиот лимит за ограничена одговорност, но максимум до лимитот од член 3 на овие Услови, односно до осигурената сума во полисата за осигурување.
(2) Ако осигуреникот превезувал пратка со поголема вредност од договорениот лимит и истата не ја пријавил во осигурување, односно нема полиса за дополнително осигурително покритие, во случај на настанување на штета на таквата пратка, при исплата ке се примени систем
на пропорција помеŕу осигурента вредност и вредноста на пратката.
(3) Ако осигуреникот има осигурително покритие за товарно возило, а со влекачот приклучил специјално возило или ладилник, а тоа не го пријавил во осигурување и не добил замена за полиса, во случај на штета ке се примени пропорција помеŕу премиите и висината на штетата.
Член 13 - Франниза
(1) Осигурувачот ке ја надомести настанатата штета поради сообракајна незгода, пожар и експлозија без франшиза.
(2) Во случај на погрешно предавање на пратката поради измама на возачите и кражба (освен докажана разбојничка кражба), осигуреникот учествува со 20% од настанатата штета.
(3) Во сите други случаи франшизата ке изнесува во висина на природната загуба (кало, крш, растур) за кој дел согласно законските прописи и Условите за осигурување, не одговара превозникот.
Член 14 - Исплата на нтета
(1) По утврдувањето на основот и висината на настанатата штета, осигурувачот ја исплака во рок од 15 дена.
(2) По овој рок осигурувачот е должен да плака законска камата.
(3) Оштетното барање нема да биде исплатено, ако претходно не е наплатена премијата за осигурување.
Член 15 - Забрана за неточно прикажување на осигурителното покритие со полисата за осигурување на одговорноста на корисниците на превозот
(1) Со овие Услови и полисата за
осигурување, покриена е одговорноста на осигуреникот како превозник за штети настанати на пратките. Поради тоа осигуреникот не смее да истапува кај корисникот на превозот со тврдење дека со полисата е осигурена и самата пратка (карго осигурување) со што би го довел корисникот на превозот или сопственикот на пратката во заблуда дака со овие Услови и полисата целосно се осигурени и неговите интереси.
Член 16 - Траење и отказ на осигурувањето
(1) Осигурувањето по овие Услови согласно бараното осигурително покритие се договара на траење од една година.
(2) Без оглед на договореното времетраење во полисата, осигурувањето престанува на денот на исплатата на целата осигурена сума по полисата.
(3) Осигурувачот може на осигуреникот да му го откаже осигурувањето по овие Услови и без отказен рок, доколку утврди дека осигуреникот ја прекршил забраната предвидена со одредбите од член 15 од овие Услови .
Член 17 - Ренавање на спорови
(1) Сите спорни прашања што можат да се појават во врска со договорот за осигурување договорните страни ке настојуваат да ги решаваат со усогласување, посредување или на друг мирен начин.
(2) Доколку не успеат спорот да го решат xxxxxxxxx, , тој ке се решава во стварно надлежниот суд во Скопје.
Член 18 - Важност на Опнтите услови за осигурување од одговорност
Дo кoлкy нe се вo спротивност co oвиe Уcлoви, нa осигурувањата cклyчeни според oвиe Уcлoви се применуваат Oпштитe услови зa осигурување од одговорност.
Овие Услови за осигурување на одговорност на превозниците во патниот превоз на стока во домашен и меŕународен сообракај, се донесени од Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК - Скопје, на 5-та редовна седница одржана на ден 21.05.2003 година, со Одлука број 0202-0621 со важност од 21.05.2003 година, измените и дополнувањата донесени од Одборот на директори 46-та редовна седница одржана на ден 30.07.2008 година со Одлука број 0202-6366/3, со примена од 30.07.2008 година,
СКОПJЕ, JУЛИ 2008