Oсигурен случај се подразбира иден, неизвесен и независен случај од исклучивата волја на договарачот.
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОЖАР И НЕКОИ ДРУГИ ОПАСНОСТИ
Февруари 2022 година
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Овие Услови се применуваат за осигурување на имот, освен онаму каде што со посебните или дополнителните услови за осигурување на имоти не е посебно исклучена нивната примена. Термините употребени во овие Услови го имаат следното значење:
Осигурувач Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
Договарач на осигурувања лице што со осигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник лице на кое имотот му е осигурен и на кое му припаѓаат правата од осигурувањето.
Премија за осигурување износ што договарачот на осигурувањето го плаќа по склучен договор за осигурување.
Сума на осигурување износ на кој имотот, односно имотниот интерес е осигурен, освен ако од содржината на договорот за осигурување не произлегува нешто друго.
Лист на покритие потврда што привремено ја заменува полисата.
Полиса документ со кој се потврдува постоење на договорот за осигурување.
Oсигурен случај се подразбира иден, неизвесен и независен случај од исклучивата волја на договарачот.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување од опасностите наведени во членот 2 од овие Услови може да бидат сите предмети, освен оние што со овие Услови се исклучени од осигурувањето.
Осигурени се само оние предмети што се означени во полисата, а според следните одредби:
- кај осигурувањето на градежни објекти и на други неподвижни предмети се сметаат за осигурени сите делови на градежниот објект, темелните и подрумските ѕидови, сите вградени инсталации, сета вградена опрема (лифт, централно греење со цистерна за гориво, бојлери, уреди за климатизаци- ја, хидрофори и др.). Не може да се осигурат само покривот и запаливите делови на градежниот објект;
- кај осигурувањето на подвижни предмети, ако во полисата предметите не се поединечно наведени, туку како група, се смета дека се осигурени сите предмети што се наоѓаат во местото на осигурување, а и рипаѓаат на осигурената група , како они е што постоеле во моментот на склучувањето на осигурувањето така и оние што дополнително се внесуваат во таа група. Осигурени се само оние пред- мети што се сопственост на осигуреникот.
Кај осигурувањата на домаќинствата се осигурени и предметите што припаѓаат и на лицата што живеат со осигуреникот во заедничко домаќинство.
Само ако е посебно договорено и наведено во полисата, осигурени се и:
- предметите на работниците што се на работа на место- то на осигурување, како и предметите на трети лица примени заради поправка, преработка, обработка, чување, продажба, во залог под наем и на услуга;
- брани - масивно градени (од камен, бетон, метал) и насипи од земја со непропустливо јадро и обложени со цврст материјал (камен, бетон и сл.) од водената страна;
- железнички пруги;
- изградени брегови, кејови, пристаништа, брани и пропусти (камен, бетон, метал и сл.);
- насипи - обложени или обѕидани со цврст материјал (камен, бетон, асфалт и сл.);
- мостови;
- огради, потпорни ѕидови, патишта, друмови, авионски писти, тротоари, поплочени дворишта;
- жична мрежа со столбови - во лозја, хмелските насади, овошните плантажи и сл.;
- мелиорации, регулации и обложени или обѕидани насипи на водени текови, кои се масивно градени;
- подземни, надземни и подводни мрежи (водоводна, канализациска, телефонска, на гас, електрична и сл.), освен мрежата што е составен дел на зградата, како и мрежата на осигуреникот доколку е во негова сопственост;
- спортски терени, терени на детски игралишта, отворени капалишта и лизгалишта;
- пари и хартии од вредност;
- залихи на xxxxxxx xxxxx;
- предмети на изложби и на панаѓури;
- приколки, самоодни машини и трактори на земјоделски стопанства;
- масла и други полнења, како катализатори кога нивната вредност не е содржана во вредноста на осигурените предмети;
- телевизиски и радиоантени.
Според овие Услови, од осигурувањето се исклучени:
- земјишта, вклучително и тие на кои се изградени градежните објекти, непоплочени дворишта, брани и насипи што не се изградени во смисла на ставот 3, точка 2 и 5 од овој член на Условите, морска вода во преработка;
- насипи, изградени брегови, кејови, пристанишни брани и пропусти доколку не се изградени од цврст материјал;
- копнени моторни возила, приколки и самоодни машини, освен во случај од ставот 3, точка 15, и кога претставуваат трговски залихи во трговијата, царинските складови, во работилниците на поправки и слично;
- пловни објекти на вода, освен кога претставуваат трговски залихи во трговијата, царинските складови, во работилниците на поправки и слично;
- летала, освен кога претставуваат трговски залихи во трговијата, царинските складови, во работилниците на поправки и слично;
- стока во превоз;
- риби и други животни во истечни и во мирни води;
- предмети изложени на саеми;
- патишта без долна подлога.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 2
Осигурувањето по овие Услови дава осигурителна заштита од следните ризици (основни ризици):
- пожар и удар од гром;
- експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија, доколку не е договорено поинаку;
- излевање на вода од водоводна и од канализациска инсталација;
- луња;
- град;
- удар со сопствено моторно возило и со сопствена подвижна работна машина во осигурените градежни објекти;
- паѓање на летала x
- манифестација и демонстрација.
- Ако посебно се договори и се плати доплатна премија, осигурителната заштита се проширува на еден или на повеќе дополнителни опасности, според тоа како ќе се договори, и тоа:
- поплава и порој;
- лизгање и одронување на земјиште;
- слегнување на почвата;
- снежна лавина;
- истечување на течности (лекажа);
- самозапалување на залихи;
- излевање на вжарена течна растопена маса;
- удар на непознато моторно возило во осигурен градежен објект и
- земјотрес.
Со осигурувањето се покриени и:
- штетите од уништување или од оштетување на осигурен предмет предизвикани при спасување (рушење, изнесување, укажување помош и слично) поради настанатиот осигурен случај;
- штетите поради исчезнување на осигурениот предмет при настанување на осигурен случај;
- трошоците направени за расчистување и за рушење во врска со настанатиот осигурен случај на осигурениот предмет во висина одредена според членот 22, став 1од овие Услови;
- трошоците што осигуреникот ги направил кога нас- танал осигурениот случај на осигурениот предмет за презе- мените мерки заради отстранување и намалување на штетата.
Осигурувачот има обврска да исплати надоместок само во случај на непосредна штета на осигурениот предмет, а не и при посредна штета, како што е штетата до која дошло поради: загуба на закупнина, загуба предизвикана со прекин на работа, намалена можност за употреба и поради други слични загуби поради настанатиот осигурен случај.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИТЕ ОД ПОЖАР И ОД УДАР ОД ГРОМ
Член 3
Под пожар во смисла на овие Услови се смета оган појавен надвор од определено огниште или оган што го напуштил ова место и е способен понатаму да се развива со сопствената сила.
Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот нема обврска да плати надоместок ако осигурениот предмет е уништен и оштетен:
- поради изложување на оган или на топлина заради обработка или за други цели (на пример, во индустриска преработка при пеглање, сушење, пржење, печење и сл.) или поради паѓање или фрлање во огниште (печка, шпорет и сл.); или поради неправилна употреба на телото а со намера за греење
- со осмадување (подгорување), опрлување или прегорување од цигари, пури, справи за осветлување, жар и сл.
- поради намерен процес на вриење, затоплување, варење, чадење и сл.
Со осигурувањето од опасности од пожар не се опфатени штетите на оџаците настанати во врска со вршење на нивната функција.
Осигурувањето од удар од гром, во смисла на овие Услови, покрива штети што громот ги предизвикал на осигурените предмети со дејство на силата или на топлината, како и штети од удар на предмети соборени од громот како и штети од пожар што би настанал со дејство на електричната енергија и што, по престанувањето на тоа дејство, самостојно би се развивал.
Со осигурувањето не се опфатени:
- штети на осигурените електрични машини, апарати, (вклучувајќи ги и апаратите за готвење, пеглање, греење на кревет, радиоапарати, телевизиски приемници, ламби, светилки и сл.) или на електрични водови поради дејство на електрична енергија од пренапон или од загревање поради преоптоварување, атмосферски влијанија како статички оптоварувања, индукција поради атмосферски празнења и слични појави на пренесена енергија, бидејќи таквите штети се сметаат за погонски;
- штети предизвикани со пренесување на електрична енергија преку водови како последица на удар на гром, како и
- штети на заштитни осигурувачи од кој било вид, заштитни прекинувачи, одводници за пренапон, громобрани и слични уреди, настанати при вршење на нивната нормална функција.
- Штети настанати како резултат на повреда на техничките и други прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените ствари, како и заштитни мерки.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТИ ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА
ОД ВОДОВОДНА И ОД КАНАЛИЗАЦИСКА ИНСТАЛАЦИЈА
Член 4
За излевање на вода, во смисла на овие Услови, се смета:
- неочекувано излевање на вода од водоводни и од одводни (канализациски) инсталации, како и од уреди за греење со топла вода и за парно греење и од други уреди и апарати што се приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување (кршење, прскање или откажување на уредите за управување и сигурност) на тие уреди и апарати.
Под инсталација на соодветниот објект се смета сè до приклучокот на надворешната мрежа (пример: шахта, хидрофор, потстаница за топла вода);
неочекувано избивање на пареа од уредите за топла вода или за парно греење.
Осигуреникот е должен да се грижи за одржување на водоводната и на одводната (канализациска) мрежа, на уредите за греење со топла вода и за парно греење, како и за нивната заштита од мраз.
Штетите на инсталациите од кои водата се излеала, се покриени до износ од 500 евра во денарска противвредност сметано според средниот курс на Народна банка на РМ на денот на штетата. До тој износ се плаќаат штети на водоводни, канализациони цевки, топловодни и цевки за климатизација, колена, вентили, панцир црева, бојлери и сл.
Со ова осигурување се покриени и штети настанати од излевање на вода од олуци и од цевки за одвод на дождовница, како последица од неочекувано и ненадејно паѓање на големи количини атмосферски води, топење на снег и мраз, но само до износ од 1.500 евра во денарска противвредност, сметано според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, на денот на настанување на штетата.
Со осигурувањето не се опфатени штети:
- од излевање на вода од отворени славини, како и од водоводни или канализациски цевки, ако штетата настанала поради затнување на цевките што се под контролата на осигуреникот;
- од кршење или од прскање поради смрзнување настанати на самите водоводни и одводни уреди, апарати и котли;
- поради дотраеност, истрошеност и корозија во прос- ториите на осигуреникот што се достапни на контролата на осигуреникот;
- од габички поради влага;
- од загуба на вода и од загубена добивка;
- на хидроскопни залихи што не се складирани на палети високи најмалку 10 цм или на пропишан начин;
- настанати како последица на повреда на должноста на осигуреникот од ставот 2 од овој член;
- од излевање вода од надворешна инсталација (улична и сл.);
- од слегнување на земјиште како последица на излевање на вода од водоводни и од канализациски цевки;
- поради смрзнување на инсталациите и на уредите што се под контролата на осигуреникот.
- повреда на техничките и други прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените ствари, како и заштитни мерки.
- поради пренамена,пренасочување и доградба на исталациите надвор постојниот проектен план
- предметите чувани во магацин како и компјутерските и другите електронски сметачи задолжително да бидат подигнати на 10 см од подот и соодветно заштитени, во спротивно осигурувачот нема обврка за надомест на штета.
- Пуштање во употреба на репариран предмет пред да биде целосно поправен и подготвен
- Промена на грејни инсталации-парно спортивно од прописите,упатствата и процедурите на регулаторното тело
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ЕКСПЛОЗИЈА
Член 5
Под експлозија, со исклучок на експлозија од нуклеарна енергија, доколку не се договори поинаку, се смета ненадејно пројавување сила заснована на стремежот на пареа или на гасови за проширување.
Експлозија на садови под притисок (казани, цевки и сл.) постои само тогаш кога ѕидовите на садот во толкава мерка се искинати што се јавува моментно изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
Со осигурувањето не се опфатени:
- штети на предметите на осигуреникот предизвикани од минирања што се вршат во рамките на неговата дејност или во рамките на дозволената дејност на трети лица;
- штети на машини предизвикани од експлозија во просторот за внатрешно согорување (цилиндар на моторот);
- штети од експлозија што се нормална појава во процесот на производството;
- штети од експлозивно издувување од печки и од слични направи;
- штети од експлозија од биолошки карактер;
- штети поради пробивање на звучен ѕид;
- штети од воден удар, кои во тунели и во цевководи под притисок се манифестираат како експлозија;
- штети од експлозија на садови под притисок од ставот 1, алинеја 2, од овој член поради дотраеност, појава на трошење или на прекумерна наслага на ’рѓа, бигор, талог, тиња на
осигурените предмети, но се надоместува штета на другите предмети во врска со настанатата експлозија;
- штети од експлозија на бомби, мини, молотови коктели и на слични направи, без оглед на тоа како дошло до нивно активирање.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ЛУЊА
Член 6
Под луња во смисла на овие Услови се смета ветер со брзина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер со оваа брзина во местото каде што се наоѓаат осигурените предмети ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил редовно одржуван градежен објект. Во случај на сомневање, осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот со извештај од хидрометеоролошката служба.
Штети од луња се опфатени со осигурувањето ако се предизвикани механички оштетувања на осигурените предмети:
- со непосредно дејство од луњата;
- со директен удар од соборените или од носените предмети од луњата;
- со нанесување снег со ветер дефиниран во ставот 1 на овој член. Осигуреникот е должен веднаш да ги преземе сите мерки за расчистување на снегот.
Со осигурувањето од луња не се опфатени штети:
- од навлегување дожд, град или снег или други наноси низ отворен прозорец или низ други отвори што постојат на зградата, освен ако отворите не настанале од луњата;
- од дожд и од други врнежи на предмети сместени на слободен простор (во пластови, камари и сл.), во ритчиња, под настрешници и други отворени згради;
- до пропишаната тежина на снег нанесен со ветер како
- што е дефиниран во ставот 2, точка 3 на овој член;
- на градежен објект што слабо е одржуван или е дотраен;
- на фолии од вештачки материјал на топли леи, кои служат за покривање на растенија непосредно или во вид на тунел.
- повреда на техничките и други прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените ствари, како и заштитни мерки
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ГРАД
Член 7
Со осигурувањето се опфатени штети од уништување, односно оштетување на осигурените предмети што ги предизвикува градот со својот удар. Опфатени се и штетите од навлегување град и дожд низ отвори настанати од паѓање на град.
Со осигурувањето не се покриени штети на стаклата и на фолиите на топли леи и на оранжерии, како ни штети на малтерот (жбуката) на фасадата што е лошо одржувана или е дотраена.
Доколку посебно се договори, покриени се штети на стакла на стакленици.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД УДАР НА СОПСТВЕНО МОТОРНО ВОЗИЛО И НА СОПСТВЕНА ПОДВИЖНА РАБОТНА МАШИНА
Член 8
Со осигурувањето се опфатени штети што настанале од удар на сопствено моторно возило или на сопствена подвижна работна машина на осигурените градежни објекти.
Со осигурувањето се опфатени и штети на други осигурени предмети што ќе настанат како последица на рушење на градежниот објект или на дел од објектот, предизвикани со удар на моторно возило во смисла на ставот 1 од овој член.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ПАЃАЊЕ НА ЛЕТАЛО
Член 9
Се смета дека настапил осигурен случај паѓање на летало ако со непосреден удар на леталото или на неговите делови, како и од предмети од леталото, се уништи или се оштети осигурениот предмет.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД МАНИФЕСТАЦИЈА И ОД ДЕМОНСТРАЦИЈА
Член 10
Под манифестација и демонстрација во смисла на овие Услови се смета организирано или спонтано јавно собирање на група граѓани.
Се смета дека настапил осигурен случај манифестација или демонстрација ако осигурениот предмет е уништен на кој било начин при дејствување на манифестантите, односно демонстрантите (рушење, демолирање, разбивање, палење и др.).
Доколку не се договори поинаку, за група граѓани во смисла на овој член не се сметаат лица што се редовно, привремено или сезонски вработени кај осигуреникот.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ПОПЛАВА, ПОРОЈ И ОД ВИСОКА ВОДА
Член 11
Под поплава во смисла на овие Услови се смета стихиско неочекувано поплавување на терен од постојани води (реки, езера, мориња и др.) поради тоа што водата се излеала од коритото или го провалила одбранбениот насип или браната, излевање вода поради вонреден висок прилив и на брановите на море и на езеро со необична јачина, и од надоаѓање вода од вештачки езера.
За поплава се смета и неочекуваното поплавување на терен поради нагло образување големо количество водна маса што настанала како последица на пороен дожд.
Со осигурувањето од поплава се опфатени само штети предизвикани на осигурени предмети додека траела поплава- та и непосредно по повлекувањето на водата.
Со осигурувањето не се опфатени:
- штети на цевководи, канали и тунели од внатрешната страна предизвикани од механичкото дејство на водата;
- штети од габички поради влага;
- штети од слегнување на теренот како последица на поплава и на порои;
- штети од подземна вода во ускопи, нископи, подземни ходници и јами во рудниците;
- штети од поплавување од вода излеана од канализациска мрежа, освен ако до излевањето не дошло поради поплава или порој;
- штети на предмети сместени во живи и суви корита на потоци и реки, како и на простор помеѓу потоци, односно реки и насипи (инундациско подрачје), доколку не се договори поинаку;
- штети на хидроскопни залихи што не се складирани на палети високи најмалку 10 см или на пропишан начин.
Со осигурувањето не се опфатени штети на хидроградежни објекти поради подлокување на надворешните страни, а на канали, тунели и цевководи штетите од притисокот предизвикан од поплава во смисла на претходниот став, доколку не се договори поинку.
Со осигурувањето се опфатени штети од висока вода на хидроградежни објекти. Под висока вода во смисла на овие Услови се смета:
- исклучива појава на невообичаен пораст на водостојот;
- подземна вода како последица од висока вода.
Обврската на осигурувачот за штети од висока вода и од подземна вода како нејзина последица почнува со порастот на високата вода над однапред утврдените месечни коти на водостојот или протекот измерен според најблискиот поставен покажувач на водостојот.
За секој одделен месец е нормален оној највисок месечен водостој за последните 20 години што го покажува покажувачот на водостојот најблизок до осигурените предмети, со исклучок на особено високите водостои.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЛИЗГАЊЕ И ОД ОДРОНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО
Член 12
Под лизгање на земјиште во смисла на овие Услови се сметаат ненадејни движења на земјишната површина на коси терени со јасни манифестации на расцепување на површината на земјиштето и срозување, кои, со појава на силни деформации и пукнатини на градежните објекти, настануваат во кус временски период.
Под одронување во смисла на овие Услови се смета откинување и паѓање на материјалот како геолошка појава или во врска со лизгањето на теренот.
Се смета дека настапил осигурениот случај доколку деформациите, оштетувањата или уништувањата на осигурениот предмет настанале поради движење на земјиштето, притисок или удар на земјишниот материјал.
Со осигурувањето не се опфатени штетите:
- на осигурениот предмет што настанале пред или во моментот на склучувањето на осигурувањето;
- на осигурениот предмет доколку лизгањето на земјиштето или одронувањето се предизвикани со дејноста на осигуреникот или со дејноста на кое било трето лице;
- трошоците за санирање на земјиштето.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД СЛЕГНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ
Член 13
Под слегнување на земјиште во смисла на овие Услови се смета ненадејно вертикално движење на Земјината површина - улегнување како геолошка и хидролошка појава.
Со осигурувањето по овие Услови се опфатени штети од уништување и/или конструктивно оштетување на осигурениот предмет. Под конструктивно оштетување на осигурените предмети се сметаат деформации, пукнатини, кршење на поодделни витални делови, објекти, уреди, инсталации и сл., без кои објектот, уредите, инсталациите и сл. не може да се стават во предвидената функција и/или безбедно да се користат.
Со осигурување по овие Услови не се покриени штетите на осигурените предмети кај кои не настанало оштетување во смисла на ставовите 1 и 2 од овој член:
- слегнување поради грешка во статичката пресметка;
- промена на естетскиот изглед на осигурениот предмет;
- центрирање, испитување и пуштање во работа на машини и уреди кај кои не настанало оштетување на витал- ните делови;
- испитување и пуштање во работа на инсталации од сите видови;
- кршење на стакло од сите видови;
- пукнатини на земјишните објекти што не ја загрозуваат стабилноста или функционалноста на објектот;
- пукнатини на сите делови на градежниот објект што не влијаат врз стабилноста на тој дел или на целиот објект;
- малтерески пукнатини од сите видови;
- пукнатини на керамички и на сите други обложни плочи;
- молеро - бојадисувачки и собосликарски работи на градежните објекти.
Со осигурување по овие Услови не се опфатени индирек- тните штети како последица на слегнување на земјиштето, и тоа:
- загуба на производството;
- загуба поради престанување на работата; 3.договорената загуба или одговорност;
- трошоците направени при спасување и расчистување;
- трошоците за санација на земјиштето - површината.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД СНЕЖНА ЛАВИНА
Член 14
Под снежна лавина во смисла на овие Услови се смета снежна маса во движење што се откинала од планинските страни.
Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејството на воздушниот притисок од снежната лавина.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ИСТЕКУВАЊЕ (ЛЕКАЖА)
Член 15
Под истекување (лекажа) во смисла на овие Услови се смета истекување на осигурени течности, односно гасови од неподвижни садови - цистерни, цевководи и сл., ако течноста истече поради ненадејно прскање на садот или неочекувано расипување на вградените уреди за испуштање и за преточување течности.
Нема да се надомести штета ако осигурената течност истече доколку прскањето на садот или расипувањето на уредите настанало поради дотраеност, лошо одржување на садот, односно на уредите, или лошо зачепување, односно лоши зачепки.
Со осигурувањето се покриени штети само на осигурената течност, односно гасовите, доколку не е договорено поинаку. Ако посебно се договори, покриени се штети од истечување на самиот осигурен предмет. Осигурувањето може да се склучи само на “прв ризик”.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД ИЗЛЕВАЊЕ ВЖАРЕНА ТЕЧНО РАСТОПЕНА МАСА
Член 16
Од опасноста излевање вжарена течнорастопена маса е покриена штета што би била предизвикана на осигурени предмети поради неочекувано излевање на вжарена течно растопена маса надвор од определеното место за испуштање и одвод и ако не е предизвикан пожар. Штетата што притоа ќе настане на уредите за отоплување и за одвод се надоместува само ако е предизвикана од надворешно дејство на растопена маса.
Со осигурувањето е покриена и штетата на растопената маса.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТА ОД САМОЗАПАЛУВАЊЕ НА ЗАЛИХИ
Член 17
Самозапалувањето е физичко-хемиски и биолошки процес на преминување на материјата од цврста состојба во состојба на пепел или на прав без влијание на надворешни извори на пламен или на висока температура.
Материи склони на самозапалување се: материјали од растително потекло (сено, житарки и сл.), тресет и фосилните јаглени, масти и масла од растително потекло, хемиски материи и смеси (фосфор, цинков и алуминиумски прав, соединенија на сулфур со метали, гареж, метално-органски соединенија, хидросулфиди, натриум, карбид на калциум и др.).
Влакнестите материјали поседуваат способност за самозапалување само во случаите кога се натопени со растителни и животински масти: ленено, конопно и памучно масло, фирнајс, рибино масло и др.
Опасноста од самозапалување на залихи е опфатена со осигурување само ако залихите се складирани и ако другите работи се извршени според законските, односно техничките прописи.
УДАР ОД НЕПОЗНАТО МОТОРНО ВОЗИЛО ВО ОСИГУРЕН ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ
Член 18
Со осигурувањето се опфатени штети на осигурениот градежен објект што ќе настанат со удар на непознато моторно возило.
Со осигурувањето се опфатени штетите и на другите осигурени предмети што ќе настанат како последица на рушење на градежниот објект или на дел од објектот предизвикано од удар на моторното возило во смисла на ставот 1 од овој член.
ЗЕМЈОТРЕС
Член 19
(1) Под земјотрес во смисла на овие Услови се подразбира природна вибрација на почвата предизвикана од геофизички процеси под површината на земјата што ја надминуваат магнитудата од 3,5 степени по Рихтеровата скала, измерени во најблиската станица до епицентарот на земјотресот.
(2) Со ова осигурување се опфатени и штети предизвикани од пожар и од експлозија што настануваат како последица од земјотресот.
(3) Овие Услови не даваат покритие за:
1. штети од загадување предизвикано од лекажа на опасни материи, вклучително и трошоците за чистење
2. штети настанати во подземните рударски окна
3. престанување на работата и изгубена добивка
4. трошоци направени при операции за спасување и зарасчистување на урнатини
5. загуби или штети на објекти што не се предадени во употреба или на предметите во тие објекти
6. згради што не се од масивна градежна категорија, вклучително и предметите во нив.
(4) Сите штети предизвикани во период од 72 часа по земјотресот ќе бидат сметани за единствен штетен настан.
(5) Ако поинаку не се договори, осигуреникот учествува во секоја штета со одбитна франшиза која задолжително се наведува во полисата за осигурување
ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРЕНИОТ ИМОТ
Член 20
Вредноста на осигурениот имот, доколку не се договори поинаку, е:
- за градежни објекти - градежната вредност на објектот, односно цената на чинење доколку во времето и местото на определување на вредноста (процената) таков ист објект одново би се градел, намалена за износот на пресметаната амортизација според членот 24 од овие Услови;
- за залихи на стока, материјал и суровина - набавната цена, а ако пазарната цена е пониска од набавната, тогаш пазарната цена зголемена за зависните трошоци;
- за залихи на готови производи и на недовршени производи кај производителот - производната цена, а ако пазарната цена е пониска од производната, пазарната цена;
- за машини, уреди и инсталации, транспортни средства и средства за врска, инвентар и предмети за домаќинство - набавната цена на нови предмети намалена за износот на пресметаната амортизација според членот 24 од овие Услови;
- за шуми - трошоците за подигнување, односно вреднос- та на дрвената маса, која во секој одделен случај треба точно да се определи;
- за пари, хартии од вредност, архивска граѓа, за музеи и предмети за изложби, предмети од благородни метали, непреработени скапоцени метали, бесценети камења и бисерни ѓердани, ретки и скапоцени предмети, уметнички предмети, планови, датотеки, цртежи, модели, калапи, макети, документи, ракописи, збирки на предмети и деловни книги – износот што заеднички ќе се одреди помеѓу осигурувачот и договарачот на осигурувањето;
- за пари, хартии од вредност, архивска граѓа, за музеи и предмети за изложби - спогодбено одредениот износ помеѓу осигурувачот и договарачот на осигурувањето.
МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 21
Осигурувањето важи за времето додека осигурените предмети се наоѓаат на местото означено во полисата.
Осигурувањето е во важност и тогаш кога сите осигурени предмети ќе се пренесат од местото што е означено во полисата на некое друго во рамките на седиштето на осигуреникот, односно место на живеење на територијата на Република Северна Македонија. Осигуреникот е должен за извршената промена на местото на осигурување да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од преместувањето. Имотот на земјоделските стопанства, групно осигурен со една полиса (паушално осигурување), е осигурен сè додека се наоѓа на земјишниот посед, пазарот, на местото на преработка, обработка, поправката и послугата. Овие предмети се сметаат за осигурени и при превозот дотаму и назад, освен кога не се во превоз со јавни превозни сообраќајни средства.
Средствата на работните организации се осигурени и на местото на обработката, преработката, како и кај лицата на кои им се дадени на услуга или во закуп.
Ако осигурениот предмет, според природата на употребата, се преместува од едно на друго место, тоа треба да се наведе во полисата. Во тој случај, доколку не може точно да се означат одделните места на осигурувањето, местото на осигурување е ограничено на територијата на Република Северна Македонија.
Осигурувањето не важи за времето додека осигурените предмети се наоѓаат на изложби, панаѓур или на саем, доколку не се договори поинаку.
Кај осигурувањата на „прв ризик” во полисата се наведу- ва прецизна локација на местото на осигурување за секој осигурен предмет.
УТВРДУВАЊЕ НАДОМЕСТОК ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 22
Висината на надоместокот од осигурувањето се утврдува:
- во случај на уништување или исчезнување на предметите според вредноста на осигурениот предмет (член 20), во време на настанување на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатоците и договорената франшиза, доколку не е договорено поинаку;
- во случај на оштетување во висина на трошоците за поправка според цената на материјалите и работната рака во време на настанување на осигурениот случај, намалени за износот на пресметаната амортизација според членот 24 од овие Услови и за вредноста на остатокот и договорената франшиза, доколку не е договорено поинаку.
Поголемите трошоци за поправки што настанале поради тоа што при поправката на оштетениот предмет се направени измени и подобрувања паѓаат на товар на осигуреникот.
Ако предметите се осигурени на “прв ризик” најмногу до договорената сума на осигурување на “прв ризик”, одредбите за подосигурување не се применуваат.
Во случај на откуп на амортизирана вредност кај градежни објекти од масивна градежна категорија, надоместокот од осигурувањето при настанување на осигурен случај е најмалиот износ од следните:
- вистинскиот износ потребен за поправка или за замена на оштетениот имот;
- сумата на осигурување на оштетениот осигурен имот или вредноста на оштетениот осигурен имот.
Во масивна градежна категорија спаѓаат градежни објекти чии надворешни ѕидови се изведени од: камен; бетон или армиран бетон; бетонски блокови; печена тула; непечена тула со дебелина на ѕидот од најмалку 50 цм или метална конструкција со исполнување од огноотпорни градежни елементи/материјали, како и индустриски монтажни градежни елементи; а покривната покривка е изведена од: ќерамиди, бетонски елементи/плочки, салонитни плочи, етернит-плочи, шкрилци-плочи, метални плочи, армирано стакло на метална конструкција, по-веќеслојни лепенки со битуменско премачкување прекриено со гранулиран чакал врз рамна армирано-бетонска покривна плоча и сите видови огноот- порни покривни покривки поставени директно врз армирано- бетонска рамна или коса плоча.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ
Член 23
На име трошоци направени за расчистување и за рушење, во врска со настанатиот осигурен случај на осигурениот предмет, осигурувачот ги надоместува нужните издатоци за расчистување и за рушење, но доколку не се договори поинау, најмногу до 3% од сумата на осигурување, односно од вистинската вредност на оштетените предмети кај осигурувањата на договорена вредност.
Во трошоци за расчистување спаѓаат нужните издатоци за расчистување и за чистење на местото каде што е предизвикана штетата, како и издатоците за пренесување на изгореното, шутот и тињата до најблиското дозволено место на растоварување. Во трошоците за рушење спаѓаат нужните трошоци што договарачот на осигурувањето ги имал по настанување на осигурениот случај, за рушење на преостанатите оштетени неупотребливи делови за нивното пренесување до најблиското дозволено место за растоварување.
Осигурувачот ги надоместува нужните трошоци што договарачот на осигурувањето ги направил кога настанал осигурен случај на осигурениот предмет за преземени мерки заради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни, но доколку не се договори поинаку, најмногу до 5% од сумата на осигурувањата, односно на вистинската вредност на оштетените предмети кај осигурувањата на договорена вредност.
Вкупниот надоместок на име трошоци од ставовите 1 и 2 од овој член и на име надоместок на осигурувањето (член 22) не може да ја надмине сумата на осигурувањето, односно вистинската вредност на штетата, оштетениот предмет.
Неопходните трошоци за отстранување и за намалување на штетата, направени по налог на осигурувачот, се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот од осигурувањето (член 22) ја надминуваат сумата на осигурувањето.
Во случај на подосигурување, трошоците за расчистување, за рушење, како и трошоците за отстранување и за намалување на штетата, се надоместуваат во ист сразмер како и надоместокот од членот 22, освен во случаите кога тие трошоци се направени по налог на осигурувачот.
Осигурувачот нема обврска да ги надомести трошоците предизвикани заради отстранување на причината на штетата, како и трошоците за интервенција на противпожарните друштва или на други организации чија должност, според карактерот на работењето, е бесплатно да даваат помош кога
ќе настане осигурен случај.
ПРЕСМЕТАНА АМОРТИЗАЦИЈА
Член 24
Пресметка на амортизацијата при утврдување на надоместок од осигурување се врши во согласност со Уредбата за начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на нематеријалните и материјалните средства и за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки (Сл. весник на РМ бр. 64/2002, 98/2002 и 10/2008 година), со сите нејзини измени и дополнувања.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ
Член 25
Доколку не се во спротивност со овие Услови, на осигуру- вањата склучени според овие Услови се применуваат и Општите услови за осигурување на имот.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 26
Побарувањата на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, односно на трето лице од договорот за осигурување од незгода, застаруваат согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 27 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 28 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
член 28-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 28-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 28-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на
случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 28-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 28-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 28-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 27
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx