Contract
Зачленување во Воздухопловната Федерација на Македонија
Пристапувањето во ВФМ се врши според Статутот на ВФМ:
Член 10.
Во ВФМ може да членуваат само правни лица.
Членувањето во ВФМ е доброволно, а пристапувањето се потврдува со потпишување Договор за здружување во Воздухопловната Федерација на Македонија.
Член 11.
Правни лица според предходниот член, представуваат регистрирани воздухопловни организации кои се зачленуваат во ВФМ заради остварување на заеднички цели во областа на спортско воздухопловство, изнесени во член 8. од статутот.
Член 12.
За зачленување во ВФМ, воздухопловните организации-спортските клубови треба да ги исполнат следните основни услови:
1. Да се основани во согласност со “Законот за здруженија на граѓани и фондации“ и“ Закон за спорт“,
2. Да поднесат барање за зачленување во ВФМ,
3. Да поднесат Статут кој е усогласен со Статутот на ВФМ,
4. Да имаат обезбедено основни услови за работа (Формулар со податоци за клубот- воздухопловни средства, опрема, стручни лица, членство, аеродроми или терени). Одлуката за зачленување ја донесува Председарелството на ВФМ на предлог и со мислење од Комисијата за разгледување документи за зачленување во ВФМ.
Доколку воздухопловната организација-спортскиот клуб сака да учествува во организираниот систем на натпревари или да организира спортски натпревари потребно е од Агенцијата за млади и спорт да извади “Решение за вршење дејност спорт“.