Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ОД УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОД
Февруари 2022 година
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ
Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења:
1. ОСИГУРУВАЧ - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје (во понатамошниот текс ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ).
2. ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ - лице кое што со осигурувачот го склучува договорот за oсигурување;
3. ОСИГУРЕНИК - лице чијашто одговорност е покриена со осигурувањето,
4. ТРЕТО ЛИЦЕ - лице кое не е субјект на договорот за осигурување, односно лице чија одговорност не е покриена со осигурувањето , но нему му припаѓаат правата од осигурувањето
5. СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ - највисок износ на обврската на осигурувачот за секој осигурен случај.
6. ПРЕМИЈА - износ што се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
7. ПОЛИСА - исправа на договорот за осигурување;
8. ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ - иден неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот штетен случај, кој има за последица настанување на штета за кој надомест може да бара трето оштетно лице;
9. ИЗВОР НА ОПАСНОСТИ - дејност (занимање), ствари (подвижни и неподвижни), правен однос или одредено својство од кои може да нас- тане одговорност како ризик покриен со ова осигурување.
10. АГРЕГАТЕН ЛИМИТ – претставува горна граница на обврски на осигурувачот за сите осигурени случаеви остварени во осигурителниот период ( една година )
11. ЧИСТО ИМОТНА ШТЕТА – штета која претставува економска загуба која не настанала ниту од повреда на лице, ниту оштетување или уништување на предмети.
12. ЧИСТО ФИНАНСИСКА ШТЕТА – штета која претставува исклучиво парични средства и не е во никаква врска со штети настанати на опрема, предмети и не е во никаква врска со штети настанати со повреда на лице.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на Осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.
Со ова осигурување покриена е одговорноста за штети кои ќе настанат на трети лица од производи со недостаток ( недостаток во зависност од видот на производот), кој Осигуреникот ги пуштил во промет.
(1) Производот е неисправен ако, земјаќи ги предвид сите околности на случајот, а особено начинот на кој производот е претставен, целите во кои според разумното очекување производот може да биде употребен и времето кога производот е пуштен во промет, не дава сигурност што од таквите производи оправдано се очекува.
(2) Производот ставен во промет не се смета за неисправен ако подоцнежниот ваков вид производ, пуштен во промет, е со подобри својства.(регулирано со член 165-б од ЗОО)
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 2
Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан, кој настанал од производ со недостаток, врз која основа , трето оштетено лице би можело да бара надомест на штета.
1) Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога таквиот настан почнал да се остварува.
2) Под еден осигурен сличај се мисли и на повеќе штети за чие настанување е причина претставува еден, единствен и одреден ризик, без обзир на број на оштетени лица
ТЕРИТОРИЈАЛНО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 3
Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што настанале на територијата на Република Северна Македонија.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
1) Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај, па и тогаш кога за штетата одговараат повеќе лица чијашто одговорност е покриена со ова осигурување.
2) Агрегатен лимит претставува горна граница на обврски на осигурувачот за сите осигурени случаеви остварени во осигурителниот период ( една година )
3) По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата ,осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување од полисата.
4) Износот на сумата на осигурување и агрегатниот лимит мора да се впишани во полисата за осигурување
ФРАНШИЗА ( УЧЕСТВО НА ОСИГУРЕНИКОТ ВО ШТЕТА )
Член 5
Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штата.
Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
ВРЕМЕНСКО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
1) Осигурувачот е во обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важење на осигурувањето.
2) Осигурениот случај којшто настанал за време на важењето на осигурувањето, а чијашто причина е од периодот којшто претходи на склучување на договорот за осигурување или од време кога осигурувањето било прекинато, покриен е со осигурување само тогаш ако на договорувачот на осигурувањето или на осигуреникот до почетокот на осигурувањето или повторниот почеток на осигурувањето не му биде позната причината од која потекнува осигурениот случај.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 7
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
[3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
[4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ШТЕТИ ИСКУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
Со осигурување се исклучени штети кои се предизвикани од :
1) Заради намерно и грубо предизвикани штети од страна на осигуреникот или заради штети направени како последица од свесни постапки надвор од Законите, со измени и дополнувања, прописи, акти во чии рамки се извршува неговата професионалната регистрирана дејност.
2) За штети кои настанале како последица на неправилно , некомплетно, грешно упатство за користење на производот.
3) За штети кои имаат непосредна или посредна врска со искористување на нуклеарна енергија, освен за штети од радиоизотопи кои се користат во мирновременски намени ( во медицина, биологија, индуструја , земјоделство и т.н.)
4) За штети кои настанале како последица од неможноста на производот да ги исполни условите и намената за кои е произведен.
5) За штети настанати како последица на повлекување, замена или поправка на производот со недостаток.
6) За штети како последица на недостатоците кои не можеле да се откријат во време на пуштање на производот во промет, во рамки на развој на наука и техника.
7) За штети настанати како последица од производи од азбест во било кој облик и вид.
8) Заради договарање на проширена одговорност на осигуреникот за случаи кои по закон не одговаараат.
9) Предизвикани непосредно или посредно војна или политички ризици, без обзир дали е објавена војна или не.
10) Поради штети настанати од елементарни непогоди и виша сила :
- Елементарна непогода се смета изненадна голема несреќа која предизвикува жртви, штети од голем обем на имоти или нивно уништување, штети на инфраструктура и околина
11) За штети кои настанале како последица на загадување на тло, вода и воздух, кои се во непосредна или посредна врска со користење на нуклеарна енергија, со посед или користење на моторни возила и други возила на моторен погон, со посед и користење на пловни објекти и летала, од производи со недостатоци
12) За штети кои настанале како последица од долготрајно дејство на температура, плин, пареа, влага
13) За штети кои настанале како последица од неодржани и пробиени рокови, договорени пенали
14) За финансиски штети, загубена заработка, кои настанале како последица на прекин на работа на осигуреникот
15) За штети настанати како последица од која било врста повреда на авторски права, патенти, трговско име,бренд, лого , слоган
16) За штети настанати како последица од уништување, измена, оштетување, намалување на функцијата или достапност на компјутерски податоци, хардвар, софтвер, уреди за пренос на податоци, микрочипови, интегрирани склопови и сл. без разлика дали станува збор за делови на компјутерска или не-компјутерска електронска опрема.
17) За штети настанати како последица на уништување или губење на било која врста на податоци, вредносни хартии и др.
18) За штети настанти како последица на повреда на право на углед, добар глас и чест.
19) Осигурувачот нема обврска за надомест на штета, ако докаже дека:
- не го пуштил производот во промет,
- од околностите на случајот произлегува дека неисправноста, а ни нејзината причина не постоеле во моментот кога го пуштил производот во промет,
- производот не е произведен за продажба, давање во закуп или која било друга деловна цел, како и дека не е произведен или пуштен во промет во рамките на неговата дејност,
- неисправноста е последица на присилните прописи кои биле во сила во моментот кога го пуштил производот во промет, (вакцини, )
- штетата настапила исклучиво поради дејствие на оштетениот или лицето за кое тој одговара, односно дејствие на трето лице кое производителот не можел да го предвиди и чии последици не можел да ги избегне или отстрани.
Осигурувачот, односно производителот, на дел од производот се ослободува од одговорноста ако докаже дека неисправноста е предизвикана од конструкцијата на производот во кој е вграден овој дел или произлегува од напатствијата добиени од производителот на производот во кој е вграден овој дел. Одговорноста на производителот односно осигурувачот е делумна ако тој докаже дека за настанувањето на штетата придонел самиот оштетен или лицето за кое тој одговара.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 9
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 10
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[2] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[3] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 11
[1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
[2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
[3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 12
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 13
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
ГУБЕЊЕ НА ПРАВО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 14
Осигуреникот го губи правото на осигурување ако направи штета намерно или со грубо невнимание. Во тој случај осигурувачот има право од осигуреникот да бара и регресно побарување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 15
1) При склучување на договорот за осигурување осигуреникот е должен да ги пријави сите околности кои ги знаел или морал да ги знае, а се важни за процена на ризикот.
2) Да го извести осигурувачот за секоја промена на околности кои може да бидат важни за промена на ризикот, независно дали ризикот е променет со негова волја и постапка или не
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 16
1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за настанувањето на осигурениот случај како и за поднесеното барање за надомест на штетата најдоцна во рок од три дена по сознавањето.
2) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и тогаш кога барањето за надомест на штета против него ќе биде истакнато преку суд, ќе биде ставен во притвор, како и тогаш кога ќе биде поведена постапка за обезбедување на докази.
3) Ако е поведен извид, подигнат обвинителен акт, или е донесена Xxxxxx за кривична постапка, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот, па и тогаш кога веќе го пријавил настанувањето на штетниот настан. Исто така е должен да го достави наодот на надлежниот орган во врска со настанатиот штетен настан.
4) При склучување на договорот за осигурување осигуреникот е должен да ги пријави сите околности кои ги знаел или морал да ги знае, а се важни за процена на ризикот.
5) Да го извести осигурувачот за секоја промена на околности кои може да бидат важни за промена на ризикот, независно дали ризикот е променет со негова волја и постапка или не.
6) Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот да се изјасни за барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, да за барањето за надомест за штета се израмни како ниту да изврши исплата.
7) Во случај да оштетено лице со барање за оштета непосредно се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги обезбеди и овозможи сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување за причината за штета и процена на основот и вид на на штета.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО ПОДНЕСЕНОТО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНОТО ЛИЦЕ
Член 17
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетеното лице осигурувачот има обврска:
1) заедно со осигуреникот да преземе одбрана на неосновани или претерани барања за надомест на штета .
2) да ги задоволи основните барања за надомест на штета (надомест на штета );
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 18
(1) Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметајќи од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска, односно од денот кога е комплетирано барањето за штета.
(2) Осигурувачот го исплатува надоместот од осигурувањето врз основа на:
1) признанието кое што го дал или одобрил;
2) порамнувањето кое што го заклучил или одобрил;
3) судската одлука.
(3) Осигурувачот е овластен на име надомест на осигуреникот да ја положи сумата на осигурување, па во тој случај се ослободува од сите обврски и постапки во врска со осигурениот случај.
(4) Осигурувачот учествува во депонирањето заради обезбедување на надомест на штета за која осигуреникот би бил должен врз основа на законските прописи или судските одлуки и тоа најмногу до износот на висината на неговата обврска за надомест на штета.
(5) Ако осигуреникот е должен да плати на име надомест на штета рента, а капитализираната вредност на рентата ја преминува сумата на осигурување, или остатокот на сумата по одбивање на другите давачки во врска со истиот осигурен сучај, долгуваната рента ќе се надомести само во сразмер помеѓу сумата на осигурување, односно остатокот на сумата на осигурување и капитализираната вредност на рентата.
Капитализираната вредност на рентата за пресметување на пропорциите, се смета врз основа на важечките таблици на смртност за осигурување на живот во Република Северна Македонија.
6) Побарувањето за надоместок на штетата предизвикана од неисправен производ застарува во рок од три години од денот кога оштетениот дознал или морал да дознае за штетата, неисправноста на производот и лицето кое е производител.
7) Во секој случај, побарувањето за надоместок на штета предизвикана од неисправен прозивод застарува со истекот на рокот од пет години, сметано од неговото ставање во промет, освен ако пред истекот на овој рок е прекината застареноста поради поведување на постапка пред суд или друг надлежен орган заради утврдување или остварување на побарувањето за надоместок на штета.(регулирано со 165-е)
8) Ако за настанувањето на штетата придонело и трето лице, тоа одговара солидарно со производителот. (Регулирано во член 165-д)
9) Надоместокот на нематеријална штета предизвилана од неисправен производ може да се бара само според општите правила за одговорност за штета.
10) Неисправноста на производот и причинетата штета, треба да ги докаже оштетениот.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ НА ОШТЕТНО ЛИЦЕ
Член 19
(1) Ако оштетното лице своето барање или тужбата за надомест на штета го упати само спрема осигурувачот, осигурувачот ќе го извести за тоа осигуреникот и ќе го повика за да му ги даде сите потребни податоци и постапки во согласност со член 12 од овие Услови, како и самиот осигуреник да ги преземе мерките заради заштита на своите интереси.
(2) До колку во случајов од претходниот став осигурувачот одлучи да му исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 20
(1) Ако основ за пресметување на премијата е годишниот нето личен доход на работниците, конечната пресметка на премијата се врши по завршувањето на годината врз основа на остварениот личен доход.
(2) Во случај на престанување на договорот за осигурување пред договорениот рок на траење, ако договорувачот имал некаков попуст на траење на осигурувањето, должен е износот на премијата одобрена на име попустот, да му го врати на осигурувачот.
Член 21
(1) Ако предметот, за чија употреба е склучено осигурувањето од одговорност, односно изворот на опасност наведен во полисата, престане да постои пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот од платената премија.
(2) Ако изворот на опасност наведен во полисата престане да постои за време на траење на осигурувањето, осигурувачот е должен да му врати на договорувачот на осигурувањето дел од премијата за извор на опасност кој што престанал да постои за преостанатото време, доколку за тој извор на опасност, осигурувачот не бил во обврска да плати надомест од осигурувањето.
(3) Во сите други случаи, со престанување на договорот за осигурување, пред истек на времето за кое е платена премија, премијата му припаѓа на осигурувачот само до истечување на денот до кој што бил во обврска, ако поинаку не е договорено.
Осигуреникот не може да бара прекин на договорот за осигурвање ако по истиот е пријавено штетно побарување или се има сознанија за настанат осигурен случај.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 22 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx
член 23 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
член 23-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 23-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 23-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 23-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 23-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 23-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 24
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавaње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот з а осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен Директор Xxxxxx Xxxxxxxx