Contract
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кавадарци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за стари, изнемоштени, инвалидизирани и лица со оштетен вид” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско- корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица- корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- млади лица до 29 години со ниски квалификации
- невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година
- млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
- деца без родители и родителска грижа
- самохрани родители
- Роми
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- Неговател/ка за пружење на елементарна помош и грижа за старите, изнемоштените, инвалидизираните и лицата со оштетен вид која опфаќа: Набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба; Набавка и достава
на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби; Плаќање на месечните сметки за струја, телефон, вода и слично; Заедничко дружење со корисниците на проектот
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кавадарци и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кавадарци кај лицето Вишна Ристовска, Претставник на општината за Програмата
„Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Велика Мурџевалеска, Центар за социјлна работа Кавадарци кај лицето Xxxxxx Xxxxxxx.
Изготвил:Xxxxx Xxxxxxxxx X. Контролирал: Xxxxx Xxxxxxx Одобрил: Xxxx Xxxxx