Contract
ПРЕДЛОГ - ДОГОВОР
За закуп на генератор за заварување
Склучен на ден год , помеѓу:
1. КВАЛИТЕТ-ПРОМ ДООЕЛ, Куманово, со седиште на ул. “Xxxxxx Xxxxx“ бр.160 Куманово, со ЕМБС: 4204816 и ЕДБ: 4017991119390, претставуванo од Управителот Xxxx Xxxxxxxxxxxxx, (во понатамошен текст: Закуподавач),
и
2. ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД КУМАНОВО, ул. 11 Ноември бр.87А, со ЕМБС: 4028201, со ЕДБ 4017991106167 застапувана од Извршен Директор Xxxxxxx Xxxxx, дипл.маш.инж. (во понатамошен текст: Закупец)
ПРЕАМБУЛА НА ДОГОВОРОТ:
I. Закуподавачот е единствен сопственик на генератор за заварување, кој е детално опишан по вид и тип подолу во овој Договор и преставува негов составен дел.
Генераторот за заварување ги исполнува сите административни, технички и безбедносни услови потребни за правилна употреба во согласност со важечките прописи и спецификации.
II.Закупецот има намера да го користи генераторот за заварување при извршување на својата основна дејност во производствениот погон лоциран на ул. 11 Ноември бр.87А Куманово.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предметот на овој договор е давање под закуп на генератор за заварување од страна на Закуподавачот на Закупецот на начин што истиот непречено да се користи согласно неговата намена со цел непречено извршување на дејноста на Закупецот во производствениот погон лоциран на ул. 11 Ноември бр.87А Куманово
Генератор за заварување е со следните карактеристики:
Производител: EFD Induction a.s. Scien, Norway Тип: WELDAC
Сериски број: NO-19-09-11919. IMC1800/100 17/22/V
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ И ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ
Член 2
Вкупната вредност на овој договор изнесува 866.292,00 евра противвредност во денари сметано по среден курс на НБСРМ на денот на фактурирањето.
Единечна цена за давање под закуп на генераторот за заварување е 10.313.00 евра месечно сметано по среден курс на НБСРМ на денот на фактурирањето.
Закуподавачот ќе изготвува фактури за закупот на месечно ниво. Закупецот ќе врши плаќање по доставената ф-ра во рок од 15 дена.
Во случај на задоцнето плаќање, Закуподавачот има право на договорна камата во висина од 3,5% на годишно ниво.
Сите трошоци поврзани со тековното одржување и користењето на генераторот за заварување паѓаат на товар на Закупецот.
Член 3
Со склучување на овој Договор Закупецот добива и можност за купување на генераторот за заварување под следните услови:
• Закупецот да достави писмено известување со намера за купување на генераторот за заварување најмалку 1 (еден) месец пред истек на рокот на договорот за закуп,
• Двете страните ќе склучат Договор за купопродажба во кој ќе се утврдат сите елементи на купопродажбата ( цена, начин на плаќање и тн...)
• Во купопродажната цена ќе биде засметан вкупно платениот износ од Закупецот согласно одредбите на овој Договор.
ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Овој Договор е склучен на определено време од 7 (седум ) години и произведува правно дејство од моментот на потпишување од овластени претставници на двете страни.
Договорот може да биде раскинат поради неисполнување на обврските по овој Договор од било која страна со писмено известување за раскинување со отказен рок од 30 дена.
Договорот престанува да важи и доколку страните одлучат да склучат Договор за купопродажба на генераторот за заварување согласно чл. 3 од овој Договор
УСЛОВИ ЗА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ
Член 5
Генераторот за заварување се предава во оптимални услови, нов, целосно технички и оперативно подготвен за употреба.
Закуподавачот ги пренесува Гаранциите од опремата – составен дел на генераторот дирекно од Производителот.
За сите недостатоци, поправки, видливи и невидливи мани кои ќе се констатираат на генераторот за заварување Закупецот ке го информира Закуподавачот и ќе побара од Производителот отсранување на недостатоците во гарантен рок на трошок на Производителот.
Сите недостатоци, поправки, видливи и невидливи мани кои не спагаат под гаранција и/или по истек на гарантниот рок се обврска на Закупецот
Сите трошоци за дополнително за одржување на генераторот кои можат да настанат со тековното користење на генераторот се на товар на Закупецот.
ПРИЕМ
Член 6
За прием на генераторот за заварување ќе се состави записник за примопредавање, кој ќе биде составен на лице место и потпишан од двете договорни страни.
ЛИЧНИ ОБВРСКИ И ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК
Член 7
Закупецот има обврска да обезбеди елаборат за заштита при работа за ракување со генераторот за заварување
Закупецот е должен да се придржува кон сите наведени ставки од елаборатот за безбедност и здравје при работа и кон сите законски прописи за безбедност и здравје при работа.
ОДГОВОРНОСТИ
Член 8
Закупецот ќе го осигура генераторот за заварување на сопствен трошок винкулиран во корист на Закуподавачот.
Закупецот е целосно одговорен за сите потребни законски обврски спрема лицата кои ќе ракуваат со генераторот за заварување предмет на овој Договор и истите се трошок на Закупецот, вклучително и нивниот надоместок, социјално и друго осигурување, безбедност при работа, како и проценка на ризик на работни места и здраствен преглед и обука на работната сила која ќе ги користи и управува со генераторот за заварување од овој договор.
Закупецот е целосно одговорен за квалификациите, стручноста и компетентност на работната сила која ќе управува со генераторот за заварување.
ОВЛАСТУВАЊА
Член 10 Преместување на генераторот за заварување:
Ако од која било причина генераторот за заварување е потребно да се дислоцира на друга локација различна од локацијата наведена во чл.1 од Договорот, Закуподавачот ќе даде посебна согласност и овластување на Закупецот да го премести на друго место генераторот за заварување.
НАДЛЕЖНИ СУДОВИ
Член 11
Договорните страни се согласни сите евентуални спорови кои произлегуваат од овој Договор да се решаваат спогодбено, а доколку не е можно, надлежен е Основен Суд во Куманово.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 12
Во согласност со Законот за лични податоци (Сл.весник на РМ бр.7/05, 103/08, 124/10 и 135/11) договорните страни изречно изјавуваат дека личните податоци кои се доставени ќе бидат дел од нивниот архив, дека ќе бидат обработувани со цел за исполнување на обврските настанати по основ на овој договор и дека ќе бидат доставени информации до другата договорна страна на услугите директно поврзани со предметот на овој договор, по електронски пат, по пошта или по факс.
Во секој случај, договорните страни ќе може да го користат правото на пристап, измени, бришења и забелешки предвидени со законот, известувајќи ја другата договорна страна по писмен пат.
По завршувањето на овој договор, Договорнисте страни ќе ги вратат или уништат на другата договорна страна сите електронски или други архиви кои содржат лични податоци соопштени во било кој облик и кои во тој момент во било која форма се сочувани од нивна страна. Оваа
обврска е независна од обврската за чување на документацијата предвидена со меродавните законски обврски.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 13
Доколку било кој дел од овој договор стане невалиден или неприменлив, тој дел ќе биде третиран како одделен и без влијание на полноважноста и применливоста на останатите делови на овој договор. Договорните страни се согласни повторно да преговараат во врска со кој било дел од овој договор кој е невалиден или неизвршлив и дека таквиот дел ќе се замени со полноважна одредба на начин кој одговара на првобитните намери на договорните страни.
Ниедна промена, измена или отстапка од овој Договор нема да се смета за важечка доколку не е во писмена форма и потпишана од или во име на секоја од договорните страни.
Договорот е составен на Македонски јазик.
Овој Договор е составен и ќе биде сметан дека е во согласност со законите на РМ.
ОПШТИ УСЛОВИ
Член 14
Овој Договор ја поништува секоја комуникација која претходи на овој документ и која противречи на некоја од неговите одредби.
Секоја штета предизвикана по налог/наредба даден од страна на Закупецот за начинот на управување и користење на генераторот за заварување, предизвикана спрема трети лица ќе биде на товар исклучиво на Закупецот.
Доколку настапат околности кои би донеле до горенаведените штети и доколку нивното економско значење така наложи, одговорноста ќе ја сноси Закупецот.
Закупецот ќе назначи одговорни лица за ракување со генераторот за заварување, и запознавање со работа и функционална оператива со генераторот за заварување.
Договорните страни го потпишуваат овој Договор преку свои овластени застапници.
За потврда на истото, Договорните страни го склучуваат овој Договор за закуп на место и датум назначени во ова поглавје.
Договорот е составен во 2 (два) примероци од кои секоја страна задржува по 1(еден) примерок.
ЗАКУПОДАВАЧ ЗАКУПЕЦ
КВАЛИТЕТ-ПРОМ ДООЕЛ ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД КУМАНОВО