Contract
ЦДХВ
АД Скопје Функционална надградба
-
Задача 2: Развој и имплементација
на систем
Земја: ПЈР Македонија
Бизнис сектор: Финансиски институции
Број на проект: 8018
Извор на финансирање: Специјален акционерски фонд на ЕБРД и ЦДХВ АД Скопје
Вид на договор: Консултантски услуги
Вид на оглас: Покана за изразување на интерес (ППИ)
Датум на објавување: 5 август 2016
Краен датум: 12 септември 2016 23:59 Скопје
24.08.2016 - Крајниот датум е продолжен до 12. септември 2016 23:59 (локално време Скопје)
Објавата за набвка беше дополнета на 10 август 2016 како што следи:
Второ контакт лице од страна на ЕБРД
Ажурирано барање за познавање на локалниот јазик
Забелешка бр. 3 во врска со барањата за појаснување
Извршна
агенција
(Клиент):
Централен
депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ)
АД Скопје
Кузман Јосифовски Питу
1,
1000 Скопје,
ПЈР Македонија
Лице
за контакт на Клиентот:
Xxxxxx
Xxxxxxx, раководител на Дирекција за
информатичка технологија
Централен
депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ)
АД Скопје
Кузман Јосифовски Питу
1,
1000 Скопје,
ПЈР Македонија
Тел:
x000 00000000
Факс: x000 00000000
Е-пошта:
xxxxxxxx@xxxx.xx
или
Xxxxx
Xxxxxxxxxx, раководител на Дирекција
за информатичка технологија
Централен
депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ)
АД Скопје
Кузман Јосифовски Питу
1,
1000 Скопје,
ПЈР Македонија
Тел:
x000 00000000
Факс: x000 00000000
Е-пошта:
xxxxxxxxxxx@xxxx.xx
Лице за контакт на ЕБРД:
Xxxxxxx Xxxxxxxxxx
European Bank for Reconstruction and Development
One Exchange Square
London EC2A 2JN
Tel: + 00 00 0000 0000
Fax: x00 00 0000 0000
E-mail: xxxxxxxx@xxxx.xxx
Xxxxx
Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Deputy Head TC Operations
European
Bank for Reconstruction and Development
Xxx
Xxxxxxxx Xxxxxx
Xxxxxx,
XX0X 0XX
Tel:
+ 00 00 0000 0000
Fax:
x00 00 0000 0000
E-mail:
xxxxxxxx@xxxx.xxx
Опис
на проектот:
Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ) е депозитар во ПЈР Македонија, кој е авторизиран за чување на хартии од вредност издадени во земјата, порамнување на трговски трансакции и нетрговски преноси на хартии од вредност. ЦДХВ е саморегулирачка организација и работи со дозвола издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ). Во насока на агендата на ПЈР Македонија за евроинтеграција, Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ) има стратешка цел за усогласување на своите системи, сервиси и практики со европските и меѓународните стандарди, користејки ги како репер другите депозитари во регионот. ЦДХВ се стреми кон усогласување со најдобрите мeѓународни стандарди со цел обезбедување интегритет на пазарот на хартии од вредност и заштита на интересите на инвеститорите, поради што официјално побара ЕБРД да го подржи надградувањето на неговите функции (Проект).
Овој проект ќе развие нов информативен портал за крајните корисници на услугите на ЦДХВ (инвеститори и издавачи на хартии од вредност), следејќи ги најдобрите практики во областа на информатичката безбедност и заштита на личните податоци, со цел да се зголеми транспарентноста на пазарот и пристапот до информации за хартиите од вредност. Услугата има за цел да им обезбеди на инвеститорите и издавачите подобрување на пристапот до нивните информации за сопственост на акции, да обезбеди достапност на информации за потребите на известувањата, и да овозможи доставување и прием на информации за корпоративните активности. Во моментов ЦДХВ АД Скопје не е во можност да понуди директен пристап за имателите на хартии од вредност и сите извештаи се изработуваат по барање и се во писмена или електронска форма. Особено, за меѓународните инвеститори истото претставува информациска бариера заради фактот што критичните информации може да бидат достапни подоцна одошто за локалните учесници на пазарот на капитал.
Проектот е во согласност со мандатот на ЕБОР да ги испорача целите на Иницијативата за локални валути и Xxxxxx на капитал во поддршката на развојот на инфраструктутрите на пазарите на капитал. Модернизацијата на системот ќе го унапреди не само работењето на ЦДХВ, туку и целокупниот пазар на капитал. Членките на Македонската берза за хартии од вредност (МБХВ) кои се членки на СЕЕ Линк проектот истотака ќе имаат придобивки од функционалната надградба на ЦДХВ со зголемување на транспарентноста на пазарот вклучувајќи и директен пристап до информациите за сметките на хартии од вредност. Тоа ќе ја издигне ПЈР Македонија на еднакво ниво со другите земји во регионот и ќе ја овозможи подобро интеграцијата на македонскиот пазар на капитал со SEE Link платформата. Долгорочните резултати ќе ја зголемат меѓуграничната соработка на пазарите на капитал и ќе ја зголемат можноста на приклучување кон Target2Securities (T2S).
ЦДХВ АД Скопје ангажираше консултант со цел извршување на Фазата 1: "Дефинирање на стратегија и поддршка на набавките" и во рамките на истиот се дефинирани Услови за работа (Terms of reference) за фазата 2 од Проектот.
ЦДХВ АД Скопје сега има потреба од консултант кој ќе ја спроведе за фазата 2 од Проектот „Развој и имплементација на системот“ (Задача).
Опис на задачата:
Целта на Задачата е дизајнирање, развој и имплементација на Портал за Инвеститори и издавачи кој ќе овозможи дигитални услуги на сите корисници на ЦДХВ, базиран на следните принципи:
Бесплатен пристап и пристап со наплата (со користење на кредитна картичка) на клиентите;
Две целни групи клиенти: Издавачи и Инвеститори;
Распространување на информациите во дигитална форма кон клиентите
Овозможување на официјални (дигитално потпишани и временски означени) и неофицијални (за информативни цели) потврди од ЦДХВ и документи
Автентикација (фактор-1 и фактор-2) и авторизација на клиентите на ЦДХВ
Овозможено лесно оддржувањена администраторите во ЦДХВ и понатамошна надградба на услугите кон регулаторните тела.
Порталот ќе претставува единствена точка на контакт за сите интеракции помеѓу јавноста и ЦДХВ, и треба да биде дизајниран и имплементиран на начин што:
Користи делови од платформи кои ќе бидат градечки блокови за целосен информационен систем на ЦДХВ во иднина
Ќе биде испорачан на нова скалабилна ИКТ инфраструктура која може да биде користена како основа на понатамошна трансформација на главниот систем на ЦДХВ
Новиот портал треба да биде хостиран на посебна и целосно нова ИКТ инфраструктура кој ќе биде интегрирана во постоечката ИКТ инфраструктура на ЦДХВ. Консултантот ќе изврши набавка, ќе го инсталира и конфигурира хардверот, стандардниот софтвер и мрежната инфраструктура за порталот. Успешниот понудувач ќе ги покрие сите трошоци за набавка, инсталација, конфигурација и интегрирање на потребната инфраструктура во рамките на одобрените средства.
Условите за работа (Terms of reference) за Фазата 2 вклучително и обрасците кои треба да се поднесат а се однесуваат на планот за работа, тимските задачи, финансиската понуда и анализа на трошоците се приложени тука.
Статус на процесот на селекција: Заинтересираните фирми или група на фирми се покануваат да достават изразување на интерес, вклучувајќи ги техничките и финансиски понуди (Подетално образложено во Поважни забелешки).
Почетен датум и траење на Задачата: Се очекува Задачата да започне на 1 Октомври 2016г и има проценето максимално времетраење од шест месеци и половина.
Проценка на трошоците за Задачата: 190.000 ЕУР (без ДДВ) од кои 51.100 ЕУР се наменети за набавка на стандарден софтвер, хардвер и мрежни компоненти потребни за работа на Порталот за Инвеститори и Издавачи.
Консултантот треба да утврди дали за услугите треба да биде пресметан ДДВ и основот за таа пресметка, без да се земе во предвид посебниот статус на Банката како меѓународна финансиска институција, и потребно е ова да го изјави на Банката во неговиот одговор на Поканата за Изразување на Интерес. Зависно од степенот до кој за консултантот настанува влезен ДДВ за стоки и услуги купени во врска со давањето на услуги (на пр. ДДВ за авио билет) кој не е на друг начин надоместив за консултантот од локалната даночна управа, бруто трошокот кон консултантот за ваквите трошоци ќе се третира како надоместиви трошоци.
Извор на финансирање: Задачата ќе биде финансирана од страна на Специјалниот акционерски фонд на ЕБОР (SSF)( не повеќе од 140.000 ЕУР) и ЦДХВ АД Скопје (не повеќе од 50.000 ЕУР).
Квалификација: Не се утврдени квалификациони ограничувања.
Профил
на Kонсултантот:
Потребни се корпоративни услуги.
Консултантот треба да биде друштво или
група на друштва со докажано искуство
во:
Работа на слични задачи со учесници на пазарот на капитал, финансиски институции и надлежни органи
Дизајнирање на функционални и технички барања за решенија за портали, вклучително и електронско пополнување на документи.
Дефинирање на податочни услуги за клиенти во финансискиот сектор, вклучитено и испорака на сертифицирани дигитални документи и електронски плаќања на услугите
Бизнис анализа (моделирање на податочните сервиси за портали) и
Компетенции во доменот на базите на податоци и развивање на комплексни бази на податоци (MS SQL/алатки за анализа)
Компанијата треба да предложи тим од специјалисти кои ќе ја извршуваат Задачата. Приложената експертиза треба да ги опфати сите области како што е дефинирано во обемот на работа од Условите за работа (Scope of work од Terms of Reference). Се очекува дека тимот на Консултантот од клучните експерти ќе се состои од:
1) Лидер на тимот со разбирање од областа на пазарите на капитал/ ЦДХВ операции со:
Пожелно 10 годишно искуство во управување на големи проекти за регистрирање и анализа на регулирани податоци за пазари на капитал, финансиски институции и /или регулаторни тела;
Пожелно 5 години искуство во улога на Xxxxx на тим во управување со проекти со портали базирани на е-услуги;
Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
2) Софтвер Архитект со искуство во креирање на податочни портали со:
Пожелно 7 годишно искуство во дизајнирање, развој и имплементирање на портали со е-услуги
5 годишно искуство во подготовка на дизајн спецификации со користење на најдобри меѓународни практики за моделирање на архитектури на претпријатија (enterprise architecture)
Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
Минимум високо образование во областа на информатичката технологија, бизнис информатиката или софтверско инженерство
3) Специјалист за сигурност:
Пожелно 5 годишно искуство во дизајнирање, имплементирање и/или оддржување на сигурност на мрежи на решенија кај големи претпријатија
5 годишно искуство во информациска сигурност/ризици/инциденти со поддршка на одбрана од прва линија на мрежите, заштитувајќи ги информациите од неовластен пристап и нарушување
Микрософт сертификати - Сигурност на мрежи, пораки, дизајн на инфраструктури или слични
Минимум високо образование во областа на информатичката технологија
Познавање на пишан и говорен англиски јазик.
Консултантот истотака ќе обезбеди локална јазична поддршка за превод на Порталот.
Услови за доставување: Со цел утврдување на способноста и искуството на Консултантите кои сакаат да бидат избрани во потесниот избор, доставените информации треба да го вклучуваат следново:
А Техничка понуда
А1 Кратко резиме на фирмата/групата на фирми, вклучувајќи профил на компанијата, организација и кадровска екипираност (2-4 страни);
А2 Податоци за претходно искуство на проекти или слични задачи реализирани особено во изминатите пет години, вклучувајќи и информации за вредноста на договорот, договорниот субјект/клиент, локацијата на проектот /земја, времетраењето (од мм / гг до мм / гг), месеците за реализација на стручниот дел (доколку се разликува од трањето на проектот), главните активности, цели, вклучително и:
најмалку една референца за проект за дизајн на големи портали со е-услуги за јавни институции/ финансиски институции или регулаторни тела
најмалку една референца за проект за развој и имплементација на решение за дистрибуција на податоци од јавна институција/финансиска институција или регулаторно тело вклучувајќи и испорака на сертифицирани дигитални документи и е-наплата на услугите
најмалку една референца за имплементација на решение за дигитално пополнување на документи во постоечкиот систем на јавна институција/ финансиска институција или регулаторно тело со вклучување на дигитален потпис и електронско плаќање
А3. Технолошки пристап и методологија (максимум 30 страни) што ќе го опфати пристапот на консултантот кон Задачата и разбирање на истата, вклучувајќи работен план и тимска задача и елаборација на самото решение со користење на некои меѓународни методологии за приказ (use cases, логички дизајн, технички дизајн итн) кои ќе опфатат:
Разбирање на областа и технологијата - Дизајн на функционалните и технички барања на решението
Разбирање на услугите кои треба да се обезбедат - дефинирање на податочни сервиси во контекст на информациите од ЦДХВ кои ќе се користат од клиентите
Документирање на способноста за испорака - Презентација на демо решение, со нагласок на функционалностите и услугите кои треба да се испорачаат
Спецификација на тестот за пенетрација кој ќе се спроведе и профил на експертот или фирмата која ќе го спроведе тестот.
А4.
Биографии на трите експерти
кои можат да ги извршат деталните услови
на Задачата, искуство во слични задачи,
особено задачи реализирани во изминатите
пет години, вклучувајќи информации за
договорниот субјект/клиент, локацијата
на проектот/земја, времетраењето (од мм
/ гг до мм / гг), месеците за реализација
на стручниот дел, буџет на задачата,
главните активности, цели.
А5. Пополнета изјава на Консултантот и Контакт Лист, за што образецот е достапен на следниот интернет-линк:
xxxx://xxx.xxxx.xxx/xxxxx/xxxxxxxxxxxxx/xxxxxxxxxxx/xxxxxxx/xxx/xxxxxxx_xxxxx.xxx
Б. Финансиска понуда (во форматот вклучен во Анекс 3 и 4 од ToRs) кој не го надминува максималниот буџет од 190.000 евра наведен во оваа објава.
Стандардниот софтвер, хардвер и мрежни компоненти потребни за работа на Порталот за Инвеститори и Издавачи е проценето да изнесува најмногу до 51.100 евра. Износот од 51.100 евра е наменет исклучиво за оваа ставка и консултантот не смее да очекува да добие конкурентска предност со тоа што ќе понуди помалку од 51.100 евра за оваа ставка.
Од тие причини Консултантот мора да специфицира 51.100 евра за стандардниот софтвер, хардвер и мрежни компоненти, додека пак во однос на останатиот дел од буџетот од 138.900 евра консултантот има право да го структурира согласно неговите планови.
Финансиските предлози кои вклучуваат повисока или пониска цена од 51.100 евра за стандардниот софтвер, хардвер и мрежни компоненти ќе бидат одбиени.
ФОРМАТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
А. Техничка понуда
Техничката понуда (вклучувајќи го резимето на фирмата, податоци за претходните искуства на фирмата, техничкиот пристап и методологија, биографиите, изјавата на Консултантот ) треба да бидат поднесени на англиски јазик преку електронска пошта (pdf) до лицето за контакт на Клиентот, за да стигнат до Клиентот не подоцна од крајниот датум. Една дополнителна копија треба да се достави до лицето за контакт на Банката во дадениот временски рок. Техничката понуда треба да биде во еден документ (pdf). Презентацијата на демо решението може да биде во различен формат и во различен фајл. Консултантот може да ја подели Понудата во повеќе документи само доколку е надминато ограничувањето во дозволената големина на документот.
Консултантите се потсетуваат дека во техничката понуда НЕ СМЕЕ да биде содржана и финансиската понуда (Насоките за финансиската понуда се дадени подоле).
Б. Финансиска понуда
Финаниската понуда треба да биде поднесена на англиски јазик по посебна електронска порака само до лицето за контакт на Xxxxxxx (xxxxxxxx@xxxx.xxx) со оглед дека нема да биде отворена заедно со техничката понуда. Консултантот не смее да ја испрати финансиската понуда до Клиентот заедно со техничката понуда. Финансиската понуда ќе биде презентирана на Клиентот по завршувањето на техничката евалуација.
Важни забелешки:
1.
Изборот вообичаено ќе биде направен
единствено од одговорите по однос на
ова известување. Највисоко рангираниот
Консултант ќе биде поканет да преговара
за склучување на договор, кој е условен
со расположивоста на средствата за
финансирање.
2.Валидноста
на понудите е 90 дена од крајниот рок за
прием на понудите. За овој период,
Консултантот мора да ја задржи понудата
без измени, вклучувајќи ги и експертите,
предложените ставки и вкупната цена.
3. Барањата за појаснување може да се испратат до двете контакт лица на клиентот по електронска пошта, со копии до двете контакт лица од Банката, не подоцна од две недели пред крајниот датум. Клиентот и банката ќе се обидат да одговорат на овие барања за појаснување со дополнувања на објавата за набавка една недела пред крајниот датум. Се препорачува Консултантите да ја проверуваат Објавата за набавка за појаснувањата.
4.Критериуми за евалуација и соодветните пондери се:
Претходно искуство на друштвото (25%)
Кратка биографија на експертите (20%)
Технички пристап и методологија (35%)
Финансиска понуда (20%)
5.
Евалуација на финансиска понуда
Само оние понуди кои имаат над 70% или повеќе од вкупните поени од техничките критериуми се квалификуваат за евалуација на нивните финансиски понуди. На најниско евалуираната финансиска понуда и се даваат максимум 20 поени.
Евалуацијата на финансиските поени се спроведува според следната формула:
Sf=20 Fm/F, при што Sf е финансиски поен, Fm е најниската цена, а F e цената на понудата предмет на евалуација.
6. Консултантот кој е ангажиран да ја изврши Фазата 1 од Задачата не е квалификуван да ја извршува Фазата 2.