СОПСТВЕНИЦИ И ОПЕРAТОРИ НA AЕРОДРОМИ)
УСЛОВИ ЗA ОСИГУРУВAЊЕ
ОД ОДГОВОРНОСТ НA AЕРОДРОМИ
(СОПСТВЕНИЦИ И ОПЕРAТОРИ НA AЕРОДРОМИ)
-Пречистен текст-
(1) Осигурувачот се согласува, во обем и на начин обезбедени со овие услови, во корист на осигуреникот да ги исплаи сите суми кои осигуреникот ке биде должен да ги исплати според законот или според донесена конечна пресуда, но не во поголеми износи од оние специфирани во полисата, по лице или лица поради:
а) телесна повреда вклучително со настапување смрт како последица на тоа (понатаму во текстот: телесна повреда),
б) загуба или штета на имоти на други (понатаму во текстот: материјална штета) предизвикана од несрекен случај што настанал за време на периодот наведен во полисата и како последица на ризиците/ опасностите),
предвидени во Дел 1, 2 и 3 подолу во текстот.
ДЕЛ 1
(1) Телесна повреда или материјална штета:
- во или во близина на просториите специфицирани во полисата, како директна последица на услугите што ги дава осигуреникот,
- на друго место во текот на каква било работа или обавување должности што ги врши осигуреникот или неговите вработени во врска со работењето или активностите специфицирани во полисата, предизвикани од грешка или негрижа на осигуреникот или некој од неговите вработени или поради дефект во просториите, начините на работа, работењето, машините или погоните што осигуреникот ги користи во својата работа.
(2) Овој дел подлежи на следниве исклучоци:
1. Загуба или штета на имот што е во сопственост, изнајмен, под лизинг, закупен, додека е под грижа, надзор или во владение на осигуреникот или службеник на осигуреникот, но овој исклучок нема да се применува на возила што не се во сопственост на осигуреникот додека се наоŕаат на просторот специфициран во полисата.
2. Телесна повреда или материјална штета предизвикана од:
- какво било возило на механички погон кое може да го користи осигуреникот или да му дозволи на некое друго лице да го користи на патиштата на начин на којшто стануваат одговорни за осигурувањето според кој било домашен или меŕународен закон со кој се уредува патниот сообракај, или онаму каде што не постои таков закон, додека таквото возило се наоŕа на кој било државен главен пат;
- каков било брод, пловен објект, летало или авион, земен под чартер, се користи или оперира од страна на или на сметка на осигуреникот, но овој исклучок нема да се применува на авион во сопственост на други, а кој што се наоŕа на земја и за кој надоместокот инаку се обезбедува под Дел 2 на оваа Полиса, без оглед на тоа дали ваквиот Дел е опфатен подолу или не.
3. Телесна повреда или материјална штета како последица на аеромитинг, аеро трка или аеро шоу, ниту кое било место за сместување на гледачите во врска со ова, освен ако не е претходно договорено со осигурувачот.
4. Телесна повреда или материјална штета како последица на градење, уривање или адаптација на згради, писти или инсталации на осигуреникот или неговите договарачи или поддоговарачи (а што не спаŕа во редовните активности на одржување), освен ако не е претходно договорено со осигурувачите.
5.Телесна повреда или материјална штета како последица на која било стока или продукти произведени, конструирани, променети, поправени, сервисирани, третирани, продадени, набавени или дистрибуирани од страна на осигуреникот или неговите вработени откако ваквата стока или продукти престанале да бидат во сопственост или владение на осигурникот, но овој исклучок нема да се применува на набавката на храна или пијалок од страна на осигуреникот, во просториите специфицирани во полисата.
ДЕЛ 2
( 1) Загуба или штета на авион или авионска опрема која не е во сопственост, не е изнајмена или земена под лизинг од страна на осигуреникот, додека е на земја под грижа, надзор или во владение на или за време на сервисирање, ракување или одржување од страна на осигуреникот или некој негов службеник.
(2) Овој дел подлежи на следниве исклучоци:
1. Загуба или штета на облека, гардероба, лични предмети или добра од кој било вид.
2. Загуба или штета на авион или авионска опрема, изнајмена или земена под лизинг од страна или позајмена на осигуреникот.
3.Загуба или штета на каков било авион во лет.
ДЕЛ 3
(1) Телесна повреда или материјална штета како последица на поседување, потрошувачка или ракување со која било стока или продукти произведени, конструирани, променети, поправени, сервисирани, третирани, продадени, набавени или дистрибуирани од страна на осигуреникот или неговите вработени, но само во однос на оние стоки и продукти кои се дел од или се користени во врска со авионот, но само откако таквите стоки или продукти престанале да бидат во сопственост или во владение на осигуреникот.
(2) Овој дел подлежи на следниве исклучоци:
1. Штета на имотот на осигуреникот или на имотот во негова грижа, надзор или владение.
2. Трошок за поправка или замена на дефектна стока или продукти произведени, конструирани, променети, поправени, сервисирани, третирани, продадени, набавени или дистрибуирани од страна на осигуреникот или каков било дефектен дел или делови врзано за тоа.
3. Загуба како последица на неправилна или несоодветна изведба, дизајн или спецификација, но овој икслучок нема да се применува за осигурана телесна повреда или материјална штета, која што произлегува од ова.
4. Загуба на употреба на воздухоплов што не настрадал или е оштетен во несрекен случај од кој произлегува оштетно побарување.
ИСКЛУЧОЦИ ШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО СИТЕ ДЕЛОВИ НА ОВИЕ УСЛОВИ
(1) Со ова осигурување не се покрива одговорноста за телесна повреда на лице, кое во време на здобивање ваква повреда е ангажирано во служба на осигуреникот или настапува во негово име, или одговорност за која осигуреникот или неговиот осигурувач може да се сметаат одговорни во согласност со закон за надомест за вработени, надоместок за невработеност или инвалидска помош или некој друг сличен закон.
(2) Со ова осигурување не се покрива трошокот на подобрување каква било лоша изработка за која осигуреникот, неговите вработени, договорачи или поддоговорачи може да бидат одговорни (но ова ограничување не исклучува штета што настанува како последица на ваквата лоша изработка).
(3) Со ова осигурување не се покрива одговорност превземена од страна на осигуреникот со договор, освен ако таквата договорност не му била доделена на осигуреникот и без постоење таков договор.
(4) Со ова осигурување не се покрива одговорноста на осигуреникот која директно или индиректно е предизвикана од, настанува за време или како последица на војна, инвазија, акт на странски непријател, непријателства (без оглед на тоа дали војната е објавена или не), граŕанска војна, востание, револуција, немири или воен пуч или узурпирана власт.
(5) Со ова осигурување не се покрива одговорност како последица на работењето на кулата за контрола на летање, освен ако претходно не е договорено со осигурувачот.
(6) Секој дел на овие услови исклучува одговорност која е или би била покриена со кој било друг дел на условите, било да е таков друг дел опфатен со ова осигурување или не.
(7) Осигурувањето според овие Услови ги исклучува штетите настанати од нуклеарни ризици.
ПЛАŹАЊЕ ТРОШОЦИ
(1) Покрај ограничувањата во полисата, осигурувачот ке ги плати сите правни и други настанати трошоци со нивна согласност при одбрана на секое побарување против осигуреникот, под услов во
случај на нивно барање да се оспори некое побарување
(2) Доколку побарувањето е успешно одбрането од страна на осигуреникот, осигурувачите ке ги платат сите трошоци што настанале од страна на осигуреникот врзано за ова, но не над сумата што е осигурана во полисата.
(3) Доколку треба да се изврши плакање што ја надминува осигурената сума за да се ликвидира оштетно побарување, одговорноста на осигурувачите за плакање на соодветните трошоци ке се ограничи на оној сооднос на споменатите трошоци за ликвидирање на оштетното побарување со износот на којшто гласи сумата осигурана во полисата.
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ТЕРМИНИ
(1) НЕЗГОДA - Зборот “незгода” (несрекен случај) ке се смета дека означува незгода или серија незгоди што произлегуваат од (се последица на) еден настан или појава.
(2) ЛЕТ -Терминот “лет” го означува времето на отпочнување на вистинското полетување на леталото и негово траење се до приземјувањето.
ОПШТИ УСЛОВИ
(1) При настанување незгода која има изгледи да предизвика оштетно побарување покриено по овие услови или при прием на пријава на штета или какви било други последователни постапки од страна на осигуреникот, тој е во обврска да поднесе писмена пријава со сите детали до осигурувачот во најкус можен рок, откако со истото ке биде запознаен осигуреникот или негов претставник. Секое писмо, оштетно побарување, судски налог, судска покана или постапка ке биде проследена до осигурувачот веднаш по нивниот прием од страна на осигуреникот.
(2) Сите горе специфирани пријави ке му бидат дадени од страна на осигуреникот на осигурувачот.
(3) Доколку некое ошетно побарување според овие услови е истовремено покриено со некое друго осигурување, во целост или делумно, одговорноста на осигурувачот ке биде ограничена на нивниот сооднос на платливост на таквото оштетно побарување.
(4) Доколку осигуреникот поднесе оштетно побарување знаејки дека истото е лажно или фалсификат во поглед на износот или друго, осигурителното покритие по овие услови станува неважечко и сите оштетни побарувања по тој основ се одбиваат.
(5) Осигурителното покритие може да биде откажана во кој било период со писмено барање од страна на осигуреникот или може да биде откажано од страна односно во име на осигурувачот со писмено известување поднесено 15 денови пред откажувањето. (Онаму каде што периодот од 15 денови за доставување писмено известување е во спротивност со законски или статутарни одредби, ке се применува минималниот дозволен период).
(6) Доколку Полисата биде откажана од страна на осигуреникот, осигурувачите ја задржуваат меродавната (искористена, заработена) премија за оној период во кој Полисата била правосилна, пресметана во склад со основата во полисата или пропорционално на минималната премиска стапка на краткорочно осигурување, пресметана во склад со вообичаената скала, односно она што е поголемо.
(7) Доколку полисата биде откажана од страна на осигурувачот, тие ке ја задржат премијата за оној период во кој Полисата била правосилна, пресметана во склад со основата во полисата или пропорционално на минималната премија, односно она што е поголемо. Известувањето за откажување од страна на осигурувачот ке важи дури иако осигурувачот не изврши плакање или не понуди вракање на премијата.
(8) Услов што му претходи на правото на осигуреникот на обештетување со оваа полиса е:
(9) Доколку по склучување на ова осигурување ризикот материјално се промени, осигурувачите мора веднаш по писмен пат да бидат известени за таквите промени.
(10) Нема да се признае одговорност, ниту прифакање, договарање, понудување, ветување или исплата од страна на осигуреникот, а без претходна писмена дозвола од страна на осигурувачот. Осигурувачот, може во име на осигуреникот да превземе и води одбрана на какво било оштетно побарување или во име и во корист на осигуреникот да покрене судски спор за какво било оштетно
побарување или штети против трети лица и ке има полна дискреција во водењето какви било преговори или судски постапки или пак решавање какво било оштетно побарување, при што осигуреникот ке ги даде сите потребни информации и помош на барање на осигурувачот.
(11) Осигуреникот за цело време ке се грижи, начините, примената, погоните, машините и уредите што се користат во деловната активност на осигуреникот да функционираат во целост и да се во исправна состојба за намената за која се користат, како и за тоа да се обезбедат и применуваат сите потребни заштитни мерки и мерки на претпазливост.
(12) Осигуреникот ке се придржува кон сите меŕународни и домашни владини регулативи и законски прописи.
(13) Без оглед на вклучување повеке од еден осигуреник во постоечката полиса, по пат на анекс кон договорот или на друг начин, вкупната одговорност на осигурувачот во однос на одговорноста на кој било од осигурениците нема да ја (ги) надмине границата (границите) на одговорност утврдена во полисата за осигурување.
ВAЖНОСТ НA ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗA ОСИГУРУВAЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Составен дел на договорот за осигурување склучен според овие Уcлoви за осигурување од одговорност на аеродроми (сопственици и оператори на аеродроми) , се Oпштитe ycлoви зa ocигypyвaњe од одговорност, а доколку нивната содржина е во спротивност со овие Услови, се применува соодветната одредба од овие Услови.
Овие Услови за осигурување од одговорност на аеродроми (сопственици и оператори на аеродроми) се донесени од Одборот на директори на Aкционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК – Скопје, на 35– та редовна седница, одржана на 27.06.2007 година, со Одлука број 0202- 4054/3, со примена од 27.06.2007 година и дополнувањата донесени на 100-та редовна седница одржана на ден 28.03.2014 година, со Одлука број 0202- 2305/25, со примена од 01.04.2014 година.
Скoпje, Мapт 2014 гoдинa