ИПАРД Програмата 2007-2013, Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од компонента V–ИПАРД од инструментот за предпристапна помош ИПА (“Службен Весник на Република Македонија” бр....
Прилог 4: НАЦРТ ВЕРЗИЈА од Договор за финансиска поддршка
Врз основа на член 12 став 1 точка 13, a во врска со член 6 став 1 точка 5 од Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (“Службен весник на Република Македонија” бр.72/2007, 05/2009), Јавниот оглас бр.0_/
објавен на
. .
година за поднесување на барања за финансиска поддршка од
ИПАРД Програмата 2007-2013, Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од компонента V–ИПАРД од инструментот за предпристапна помош ИПА (“Службен Весник на Република Македонија” бр. 112/2009) и Решение бр. 16- / издадено од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ:
1. Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како давател на финансиска поддршка (во понатамошниот текст: Агенција) претставувана од Директорот
,
со седиште на “Бул. III Македонска Бригада, бр.20 (зграда на Македонија Табак блок C), 1000 Скопје, и со адреса за коресподенција “Бул. III Македонска Бригада, бр.20 (зграда на Македонија Табак блок C), 1000 Скопје,
од една страна, и
2. од со Даночен број , како страна на која и е одобрена финансиска поддршка (во понатамошниот текст: Xxxxxxxx),
претставуван од управителот
,
со единствен матичен број
седиште и адреса:
број на жиро сметка: , , место на инвестицијата предмет на овој договор:
од друга страна,
го склучија следниот:
ДОГОВОР ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Бр. 16- / (ИБ )
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на Договорот
(1) Со овој договор се уредуваат правата и обврските на договорните страни во врска со исплатата и користењето на финансиската поддршка од ИПАРД Програмата 2007-2013, одобрена со Решение бр. 16- / од .
(2) Финансиската поддршка, согласно со:
Мерката,
Група на инвестиции, Тип на инвестиции,
Листа на прифатливи трошоци бр
ќе се користи за добрата/услугите утврдени во Прилог 2 на овој Договор – Xxxxxx за користење на финансиската поддршка по стоки и услуги
(3) За функционалност на инвестицијата корисникот се обврзува да ги реализира активностите/добрата/градбите кои нема да бидат ко-финансирана од страна на Агенција. Гореспоменатите активностите/добрата/градбите се наведени во Прилог 2 на овој договор.
Член 2
Договорен износ
(1) Вкупна вредност на инвестицијата е
).
MKД (со зборови
(2) Вкупна прифатлива вредност на инвестицијата е MKД (со зборови
).
(3) Финансиската поддршка согласно Решението бр. 16- / изнесува до MKД (со зборови ) т.e. 50% од вкупната прифатлива вредност на инвестицијата.
(4) АФПЗРР ќе исплати 50% од реално направените, оправданите и прифатливите трошоци, но не повеќе од износот од став 3 на овој член и не повеќе од износот за поединечни стоки и услуги наведен во Прилог 2 на овој договор, дури и во случај реално направените трошоци да го надминуваат одобрениот износ. Соодветните трошоци одобрени во овој Договор, кои се однесуваат на општите трошоци треба да се направени и оправдани исто како и сите други трошоци.
(5) Висината на процентот на финансиската поддршка од став 3 на овој член може да се измени само во случај на природна непогода, а со претходно склучен Анекс кон Договорот.
II. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Права на корисникот
Член 3
(1) Корисникот има право на финансиска поддршка до износoт наведен во член 2 став 3 од овој договор, односно до износот за поединечни стоки и услуги наведен во Прилог 2, согласно начинот, условите и роковите утврдени во овој договор.
(2) Xxxxxxxxxx има право да бара Xxxxx кон Договорот најдоцна 60 дена пред рокот за завршување на инвестицијата предмет на овој договор, утврден во член 4 став 2 на овој договор.
(3) Xxxxxxxxxx има право да бара Xxxxx кон Договорот поради:
а) продолжување на рокот за завршување на инвестицијата предмет на овој договор (член 4, ставови 2);
б) продолжување на рокот за поднесување на барањето за исплата на финансиската поддршка (член 4, ставови 3);
в) промена во градењето на инвестицијата, предмет на овој договор (Прилог 2);
г) промена во типот/моделот на наведените стоки или услуги кои се дел од инвестицијата, предмет на овој договор (Прилог 2);
д) промена на дел од инвестицијата, предмет на овој договор (Прилог 2); ѓ) промена на добавувач/ите (Прилог 2);
е) промена на корисникoт – само за физичко лице во случај на смрт;
ж) промена на лични податоци (адреса, трансакциска/банкова сметка, промена на лични податоци итн.).
(4) Xxxxxxxxxx има право да бара Xxxxx кон Договорот по однос на став 3 точка б) в) г) и д) од овој член само во случај на:
− виша сила;
− природна непогода чие настанување е потврдено од страна на Европската Комисија;
− прeстанок на производство на одредени стоки кои се дел од инвестицијата предмет на овој договор;
− неможност на добавувачите да извршат снабдување со услуги и стоки;
− промени како резултат на потребата за усогласување на инвестицијата предмет на овој договор со законодавството;
− состојба која не можела да се предвиди во моментот на склучување на Договорот и
− вoведување на нови технологии кои можат да ја подобрат ефикасноста на инвестицијата.
(5) Kорисникот има право да бара Анекс кон Договорот кога регионот каде што е местото на инвестицијата и инвестицијата се погодени од природна непогода, а за кој регион Европската Комисија има одобрено поедноставни постапки за добивање на финансиската поддршка за определен временски период, поради што има можност дa добие:
− финансиска поддршка во износ и процент кој го надминува износот односно процентот наведен во член 2 став 3 oд oвoj Дoговор и
− 20% oд вкупно прифатливата вредност на инвестицијата утврдена со овој дoговор пред поднесување на финансиските документи како доказ за спроведување на истата.
(6) Xxxxxxxxxx или негов овластен претставник има право да ги наведе своите забелешки во извештајот за извршена контрола на лице место и истиот да го потпише.
Обврски на корисникот
Член 4
(1) Xxxxxxxxxx се обврзува да ја заврши инвестицијата со сопствени парични средства во износ наведен во Прилог 2 на овој договор.
(2) Корисникот се обврзува да ја заврши инвестицијата наведена во член 1 на овој договор најдоцна до година.
(3) Корисникот се обврзува да поднесе барање за исплата и потребна документација најдоцна до година.
(4) Xxxxxxxxxx се обврзува да го поднесе последниот одобрен образец на барањето за исплата пo препорачана пошта или лично во согласност со член 8 став (3) на овој договор.
(5) Корисникот се обврзува сите плаќања кон трети лица кои произлегуваат од спроведувањето на инвестицијата предмет на овој договор да ги изврши согласно рокот утврден во став (3) на овој член.
(6) Xxxxxxxxxx се обврзува дека во рокот од став (2) на овој член инвестицијата предмет на овој договор ќе ги достигне ЕУ стандарди од областа на / во период од 36 месеци од финалната исплата или на крајот на преодниот период утврден во правните акти и ќе биде во согласност со стандардите додека договорот е во сила.
(7) Корисникот сe обврзува во прилог на барањето за Анекс кон Договорот да достави соодветни документи како доказ за исполнување на одредбите од член 3 став (3) и (4), а согласно член 8 став (3).
(8) Корисникот се обврзува да ја извести Агенцијата за времето на извршување на скриените работи во текот на изградбата најмалку една недела пред започнување на активностите поврзани со извршување на скриените работи.
(9) Корисникот се обврзува на барање на АФПЗРР да доставува информации/податоци.
(10) Корисникот се обврзува веднаш да ја извести АФПЗРР доколку настанат околности кои имаат влијание врз спроведувањето на инвестицијата предмет на овој договор.
(11) Корисникот се обврзува да обезбеди целосен и непречен пристап на овластените лицa на АФПЗРР, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Европската комисија, Судот на ревизори, како и ревизорското тело до документите, објектите, опремата и имотот кои се од значење/поврзани за/со инвестицијата, за време на контролата на лице место, како и при спроведувањето на надзорот над овој договор за целото негово времетраење.
(12) Xxxxxxxxxx или овластен претставник се обврзува да се легитимира на барање на овластените лицa од АФПЗРР за време на контролата на лице место.
(13) Xxxxxxxxxx се обврзува да не ја отуѓува, дава под закуп или заем инвестицијата предмет на овој договор за целото негово времетраење. Во случај на инвестиција од група на инвестиции 30231, опремата може да се дава под закуп или заем.
(14) Xxxxxxxxxx се обврзува да не ја менува намената и целта на инвестицијата предмет на овој договор за целото негово времетраење.
(15) Xxxxxxxxxx се обврзува да не го менува местото на инвестицијата, предмет на овој договор, освен доколку не е поинаку одобрено од страна на АФПЗРР. Во случај на група инвестиции 30231 местото на инвестицијата може да се менува меѓутоа не надвор од границите на државата. АФПЗРР ќе ги земе во предвид сите причини кои довеле до менување на местото на инвестицијата, како и дали корисникот го менува местото на производната дејност или само местото на инвестицијата. Корисникот е обврзан навремено да ја извести АФПЗРР за намерата за промена на местото на инвестицијата која е предмет на овој Договор.
(16) Xxxxxxxxxx се обврзува да ги чува оригиналните документи кои се однесуваат на предметот на овој договор за целото негово времетраење.
(17) Xxxxxxxxxx се обврзува да води сметководствена евиденција во врска со инвестицијата, предмет на овој договор, а во согласност со барањата за доставување на информации до Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството за целовреметраење на Договорот.
(18) Корисникот се обврзува дека нема да користи неповратна финансиска помош од други европски, домашни или странски фондови за финансирање на инвестицијата предмет на овој договор.
(19) Корисникот се обврзува да ги подмири обврските по однос на даноци, здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и обврските кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за целото времетраење на овој договор.
(20) Корисникот се обврзува пред поднесувањето на барањето за исплата да ги подмири заостанатите обврски (доколку ги има) кои произлегуваат од користење на финансиска поддршка од друга компонента на ИПА.
(21) Корисникот се обврзува да пријави било каква промена на производните капацитети во Единствениот Регистар на Земјоделски стопанства која е резултат на инвестицијата пред поднесување на барањето за исплата.
(22) Корисникот се обврзува на одобрената и набавена опрема да постави табла со технички карактеристики, сериски број на опремата и година на производство (доколку инвестицијата вклучува опрема).
(23) Xxxxxxxxxx се обврзува во случај на исплата на повеќе средства од одобрените со решението за исплата донесено од АФПЗРР, веднаш да го врати износот кој преставува разлика меѓу исплатениот и одобрениот износ, а во спротивно АФПЗРР ќе пресметува казнена камата.
(24) Корисникот се обврзува во рок од пет дена од денот на извршувањето на исплатата на видливо место, согласно Прилог 3 на овој договор, да истакне налепница (големина А) и комеморативна плакета на која е наведено дека инвестицијата е финансирана со средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 и истата да не ја отстрани за целото времетраење на овој договор.
Права на АФПЗРР Член 5
(1) АФПЗРР има право да врши контрола на лице место за целото времетраење на овој договор.
(2) АФПЗРР има право да бара дополнување или појаснување на барањето за исплата, како и на потребните документи во прилог на барањето во однапред утврден рок.
(3) АФПЗРР има право да бара информации, податоци и материјали потребни за следење, евалуација и контрола на лице место на инвестицијата, како и да бара слободен пристап до објектите, просториите, опремата и имотот поврзани со инвестицијата предмет на овој договор.
(4) АФПЗРР има право дa го отфрли барањето за исплата ако Xxxxxxxxxx не го поднесе согласно рокот утврден во член 4, став 3 на овој договор.
(5) АФПЗРР има право да го одбие барањето за исплата, во целост или делумно, доколку Корисникот:
(а) не го дополни или појасни барањето или потребните документи во однапред утврдениот рок,
(б) не ја заврши инвестицијата која е предмет на овој Договор согласно член 4, став (2) и
(5) од овој Договор,
(в) доставил понуди, пред потпишување на договорот, од понудувачи кои се меѓусебно сопственички и/или семејно поврзани и/или поврзни во раководната структура помеѓу себе и/или со корисникот,
(г) доставил понуди за предметот на инвестицијата, пред потпишување на договорот, од изработувачот на Деловниот план/консултантските услуги или од понудувачи кои се во семејна/сопственичка и/или поврзаност во управувачката структура со изработувачот на деловниот план/консултантските услуги,
(д) доставил манипулирани/копирани или цените во понудите се пропорционално зголемени,
(ѓ) доставил вештачки поделени понуди со цел да се избегне правилото за доставување на 3 понуди од независни добавувачи,
(е) не спречи појавување на конфликт на интерес,
(ж) не е во согласност со стандардите утврдени во член 4, став 6 од овој договор,
(з) прикрие факти и податоци во врска со спроведувањето на инвестицијата предмет на овој Договор и
(ѕ) не ја спроведе инвестицијата согласно условите утврдени со овој Договор.
(6) АФПЗРР има право да не овозможи користење на финансиска поддршка од програмите кои ги спроведува АФПЗРР за период од 2 години доколку Xxxxxxxxxx се стекнал со финансиска поддршка како резултат на измама.
(7) АФПЗРР има право на својата интернет страна да ги објави следниве податоци за Корисникот:
− целосен назив според регистрација,
− општина во која престојува или е регистриран корисникот, поштенски број и
− износот на финансиската поддршка во денари од ИПАРД Програмата 2007-2013.
(8) АФПЗРР има право да го одбие барањето за склучување Xxxxx кон Договор доколку:
− доведува до неисполнувањето на националните стандарди;
− доведува до неисполнувањето на европските стандарди;
− доведува до неизводливоста на инвестицијата;
− доведува до нефункционалност на постројката согласно оперативната структура и нефункционалност на технолошкиот процес односно производната линија (во случај кога предмет на бараните измени е менување на дел од инвестицијата);
− со тоа би се надминал максималниот период за реализација на инвестицијата;
− е во спротивност со националната важечка регулатива.
(9) Агенцијата има право да побара измени кон Договорот доколку:
− утврди дека настанала техничка грешка при изработка на договорот (грешка во броеви, суми при пресметка, датум, назив) ,
− утврди дека финансиската поддршка, делумно, била одобрена спротивно на правилата на ИПАРД Програмата, Секторскиот Договор, Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и подзаконските акти кои произлегуваат од истиот.
− се резултат на откривањето на скриени работи од извршената контрола на терен.
(10) АФПЗРР има право да бара поврат на исплатената финансиската поддршка доколку Xxxxxxxxxx:
(a) доставил лажни податоци врз основа на кои се стекнал со финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2007-2013,
(б) доставил понуди, пред потпишување на договорот, од понудувачи кои се меѓусебно сопственички или семејно поврзани и/или поврзни во раководната структура помеѓу себе и со корисникот,
(в) доставил понуди за предметот на инвестицијата, пред потпишување на договорот, од изработувачот на Деловниот план/консултантските услуги или од понудувачи кои се во
семејна/сопственичка и/или поврзаност во управувачката структура со изработувачот на деловниот план/консултантските услуги,
(г) не спречи појавување на конфликт на интерес,
(д) доставил манипулирани/копирани или цените во понудите се пропорционално зголемени,
(ѓ) доставил вештачки поделени понуди со цел да се избегне правилото за доставување на 3 понуди од независни добавувачи,
(е) користел/користи неповратна финансиска помош од други европски, домашни или странски фондови за финансирање на инвестицијата предмет на овој договор,
(ж) ја отуѓува, дава под закуп, заем или ја менува намената и целта на инвестицијата, предмет на овој договор,
(з) извршил променa на местото на инвестицијата предмет на овој договор,
(ѕ) примил повеќе средства од оние одобрени со решението за исплата, поради административна грешка на АФПЗРР,
(и) не обезбеди целосен и непречен пристап на овластените лицa на АФПЗРР, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Европската комисија, Судот на ревизори, како и ревизорското тело до документите, објектите, опремата и имотот кои се од значење/поврзани за/со инвестицијата, за време на контролата на лице место, како и при спроведувањето на надзорот над овој договор за целото негово времетраење,
(ј) не постави налепница и плакета во согласност со член 4 став (21) и (22) на овој договор, и
(к) во други случаи утврдени во овој договор и Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
(11) АФПЗРР има право, во случај на поврат на средства од став (10) точки (а), (б), (в), (г), (д), (ѓ), (е), (ж), (з), и (и) на овој член, да пресмета казнена камата од денот на исплата на финансиската поддршка до денот на повратот на средствата. Во случајот од став (10) точка (ѕ) на овој член, казнената каматата ќе се пресметува по истекот на рокот за поврат на средства утврден во Решението за поврат на средства донесена од АФПЗРР. АФПЗРР пресметува камата согласно Законот за облигациони односи.
(12) АФПЗРР има право да поведе извршна постапка во случај Корисникот да нe изврши поврат на средства во рок од 15 дена од приемот на Решението за поврат на средства.
(13)Агенцијата има право да го следи исполнувањето на критериумите врз основа на кои е донесено решението за распределба на средства и решението за исплата додека овој договор е во сила, а во случај на прекршување да бара поврат на средствата или раскинување на договорот
Обврски на АФПЗРР
Член 6
(1) АФПЗРР се обврзува да изврши исплата на финансиската поддршка во рок од три месеци од денот на приемот на комплетното барање за исплата.
(2) АФПЗРР се обврзува да изврши еднократна исплата на финансиската поддршка.
(3) АФПЗРР се обврзува да спроведе контрола на лице место преку овластени контролори кои се должни да се легитимираат пред Корисникот или овластен претставник.
(4) АФПЗРР се обврзува по приемот на барањето за Анекс кон Договорот поради природна непогода да постапува согласно одредбите на Секторскиот Договор.
(5) АФПЗРР се обврзува со личните податоци на Корисникот да постапува согласно прописите од областа на заштита на лични податоци.
III. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
(1) Овој договор може да се раскине:
Член 7
− сo взаемна согласност на договорните страни,
− еднострано од страна на АФПЗРР доколку Xxxxxxxxxx не се придржува кон одредбите на овој договор,
− еднострано од страна на АФПЗРР како резултат на откриени скриени работи при контрола на терен,
− еднострано од страна на Xxxxxxxxxx, само пред исплата на финансиската поддршка.
− и во други ситуации предвидени со овој договор, или закон
(2) Во случај на раскинување на Договорот согласно став 1 точка 2 и точка 3 на овој член, АФПЗРР веднаш ќе го извести Корисникот.
(3) Во случај на раскинување на Договорот согласно став 1 точка 4 на овој член, Корисникот е должен да ја извести АФПЗРР најмалку 15 дена пред истекот на рокот наведен во член 4 став (2) од овој договор.
IV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 8
(1) Корисникот изјавува под целосна морална, материјална и кривична одговорност, дека сите податоци содржани во извештаите и документите доставени до АФПЗРР се точни и автентични.
(2) Xxxxxxxxxx изјавува дека не започнал со реализација на инвестицијата која е предмет на овој договор пред истиот да стапи на сила.
(3) Xxxxxxxxxx се обврзува да ги превземе сите потребни мерки со цел да го спречи конфликтот на интереси кои може да влијаат врз објективното спроведување на овој договор. Таков конфликт на интереси може да се појави како резултат на економски интерес, политички или етнички интерес, семејни или емотивни врски, или било каков друг заеднички интерес.
(4) Секоја ситуација која преставува или може да доведе до конфликт на интереси додека овој договор е во сила мора веднаш да се пријави во АФПЗРР. Корисникот е должен да ги преземе сите чекори за корекција на ситуацијата.
(5) АФПЗРР го задржува правото да провери дали сите мерки за корекција на ситуацијата се превземени од страна на корисникот, а може и да побара превземање на нови мерки во одреден временски период.
(3) Заради обезбедување на информации за документите кои треба да се достават во прилог на барањето за Xxxxx кон Договорот, обезбедување на важечки образец на барањето за исплата, како и поради доставување на истите до АФПЗРР Корисникот е согласен да се обрати до АФПЗРР на следнава адреса: Бул. III Македонска Бригада, бр.20 (зграда на Македонија Табак блок C), 1000 Скопје
Контакт телефон:00 00 00 000
Интернет адреса: xxxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx .
Стапување во сила и времетраење на Договорот Член 9
(1) Со потпишување на овој Договор, договорните страни ја изразуваат својата слободна волја, потврдуваат дека го прочитале и го разбрале Договорот и дека се согласуваат со правата и обврските кои произлегуваат од него како и со неговите правни последици.
(2) Овој договор ќе стапи на сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни и ќе биде во сила пет години по последната исплата од страна на АФПЗРР освен во однос на член 4 став 11 ќе биде во сила 7 година по конечната исплата.
Прилози
Член 10
Следните Прилози претставуваат составен дел на овој договор:
1. Прилог 1 – Дефиниции
2. Прилог 2– Табела за користење на финансиска поддршка по стоки и услуги
3. Прилог 3 – Форма на налепница, комеморативна плакета и билбордот
Спорови Член 11
Споровите кои произлегуваат од овој договор, договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено, а доколку тоа не е можно, надлежен ќе биде Управен Суд, Скопје.
(2) Во случај на спор одредбите од билатералните договори склучени помеѓу Република македонија и Европската комисија во врска со предпристапната помош ќе преовладуваат во однос на националните прописи.
Примероци Член 12
Овој договор е склучен во четири идентични примероци, по два за секоја договорна страна. Дата, .2013 Дата, .2013
Архивски бр. 16- /
Директор нa АФПЗРР: Корисник
Б ДЕЛ 2 - ПРИЛОЗИ
ПРИЛОГ 1 – ДЕФИНИЦИИ
Во контекст на овој договор, изразите кои се користат во овој договор го имаат следното значење:
- Проект“ е целокупната, сеопфатна инвестициска активност на барателот која се состои од прифатлив и неприфатлив дел за ко-финансирање од ИПАРД Програмата 2007-
2013
- “Вкупна вредност на инвестицијата” е вредноста на целокупната инвестиција која е предмет на овој Договор;
- “Вкупна прифатлива вредност на инвестицијата” се одобрените трошоци од страна на АФПЗРР согласно ИПАРД Програмата 2007-2013, Секторскиот Договор и Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од мерката за рурален развој финансирана од компонентата V - ИПАРД преку Инструментот на Претпристапната поддршка (ИПА);
- “Финансисика поддршка” e финансиската поддршка од страна на АФПЗРР во еквивалентен износ од % од вкупната прифатлива вредност на инвестицијата;
- “Општи трошоци” се надоместoците за архитекти и инженери, други трошоци за консултантски услуги, физибилити студии, стекнување со патент, права и дозволи;
- “Почеток на спроведување на инвестицијата” значи превземање на било какви обврски на сметка на одобрениот износ, потпишување на договори со трети лица за вршење на дејности предмет на овој Договор, нарачка на материјали, опрема и други слични активности, освен активности кои спаѓаат во општи трошоци;
- ”Природна непогода” се инциденти предизвикани од природни сили кои е невзможно да се контролираат а кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата и предизвикуваат штети на земјиштето, културното наследство и животната средина (земјотреси, поплави, ерозии, лавини, лизгања на земјиште, бури, оштетувања на брани и бедеми, суши, атмосферски катастрофи).
- “Секторски Договор” e Договорот кој е ратификуван помеѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските Заедници по однос на Правилата за соработка заради финансиска поддршка на ЕК за Република Македонија и имплементацијата на
помошта во рамките на компонента V (ИПАРД) преку инструментот за претпристапна помош (ИПА) („Службен весник на Република Македонија бр.165/2008“)
- „Конфликт на интерес“ е кога непристрасното учество на кое било лице кое учествува во постапката за набавка е загрозено заради семејни причини, економски интерес или некаков друг интерес помеѓу лицата
- “Виша сила“ е исклучителен настан или околности, надвор од контролата на договорните страни која ги спречува едната или двете договорни страни да ги исполнат обврските кои произлегуваат од овој договор, кој не бил предизвикан од грешка или негрижа на договорните страни и кој и покрај целиот напор и преземени активности е не премостлив. “
- „Активна корупција“ е ветување, нудење или давање од страна на било кое лице, директно или индиректно, незаконска/неоправдана предност за него или било кој друг, за тој или таа да делуваат или да се воздржат од делување при извршувањето на функцијата.
- „Пасивна корупција“ е барање или примање, директно или индиректно, на било каква незаконска/неоправдана предност за него или било кој друг, или прифаќање на понуда или ветување за таква предност, со цел тој или таа да делуваат или да се воздржат од делување при извршувањето на функцијата
ПРИЛОГ 2- Табела за користење на финансиската поддршка по стоки и услуги
Бр. | Борј на понуда/договор | Датум на понуда/договор | Име на добавувач | Код на инвестиција | Име и модел на инвестиција | Количина | Цена по единица | Вкупен износ на инвестиција | Вкупни квалификуавни трошоци (ТЕЕ) | Вкупен јавен трошок TPE (Одобрен) | ЕУ Учество | Национално учество | Приватно учество |
Трошоци за градба (Изградба-реконструкција) | |||||||||||||
1 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
2 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
3 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
4 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
5 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
6 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
7 | Вкупно | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
Опрема/машини | |||||||||||||
8 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
9 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
10 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
11 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
12 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
13 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
14 | Вкупно | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
Општи трошоци | |||||||||||||
15 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
16 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
17 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
18 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
19 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
20 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
21 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
22 | Вкупно | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
23 | ВКУПНО | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 |
Финансиска динамика за користење на средствата по активности во I рата (опрема и машини)
Бр. | Борј на понуда/договор | Датум на понуда/договор | Име на добавувач | Код на инвестиција | Име и модел на инвестиција | Количина | Цена по единица | Вкупен износ на инвестиција | Вкупни квалификуавни трошоци (ТЕЕ) | Вкупен јавен трошок (Одобрен) | ЕУ Учество | Национално учество | Приватно учество |
Опрема/машини | |||||||||||||
1 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
2 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
3 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
4 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
5 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
6 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
7 | Вкупно | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
Општи трошоци | |||||||||||||
8 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
9 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
10 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
11 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||
17 | Вкупно | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||
18 | ВКУПНО | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 |
ПРИЛОГ 2* - Табела за користење на финансиската поддршка по стоки и услуги (за исплата во две рати)
Бр. | Борј на понуда/договор | Датум на понуда/договор | Име на добавувач | Код на инвестиција | Име и модел на инвестиција | Количина | Цена по единица | Вкупен износ на инвестиција | Вкупни квалификуавни трошоци (ТЕЕ) | Вкупен јавен трошок TPE (Одобрен) | ЕУ Учество | Национално учество | Приватно учество | Датум на реализација |
Трошоци за изградба-реконструкција | ||||||||||||||
1 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
2 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
3 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
4 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
5 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
6 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
7 | Вкупно | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||||
Прва рата (Опрема/машини) | ||||||||||||||
8 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
9 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
10 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
11 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
12 | Вкупно | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||||
Втора рата (Општии трошоци) | ||||||||||||||
13 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
14 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
15 | 0 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | ||||||
16 | Вкупно | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | |||||||
17 | ВКУПНО | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 | 0.00 |
ПРИЛОГ 3- Форма на налепница, комеморативна плакета и билборд
ТЕХНИЧКИ ОПИС НА ЗНАМЕТО НА ЕУ И ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
1. ЗНАМЕ НА ЕУ
Знамето на ЕУ мора да биде видливо истакната како што е наведено во овој договор на сите пишани и визуелни материјали. Знамето на ЕУ има правоаголна форма во сина боја чија должина изнесува 1 ½ од неговата висина. 12те златни звезди лоцирани на еднакви интервали формираат недефиниран круг, при што центарот е точката на пресек на дијагоналите од правоаголникот. Радиусот на кругот е една третина од висината на знамето. Секоја од звездите има пет точки кои се лоцирани на периферијата на недефинираниот круг, при што радиусот е една
осумнаестина од висината на знамето. Сите звезди се вертикално поставени – всушност со една точка вертикално т.е насочени кон надвор и две точки се поставени во права линија под прави агли до копјето.
Кругот е распореден на тој начин што звездите се наредени во насока на стрелките на часовникот. Нивниот број е непроменлив. Официјални бои на знамето се:
• Pantone Reflex сина боја за површината на правоаголникот
• Pantone Process `жолта боја за звездите
Pantone Reflex Blue соодвествува со бојата од веб-палетата RGB: 0/51/153 (со шест децимали: 003399) i Pantone Yellow соодвествува со бојата од веб-палетата RGB: 255/204/0 (со шест децимали: FFCC00).
Знамето би требало да биде испечатено на бела позадина. Повеќебојните позадини треба да се избегнуваат, особено оние позадини чија боја не се совпаѓа со сината боја. Таму каде што не може да се избегне ваквата боја, мора да се користи бела граница со дебелина која е 1/25 тина од висината на правоаголникот. t.
ГЕОМЕТРИСКИ ОПИС
Сите звезди се вертикално поставени т.е со една точка вертикално и две точки поставени во права линија под прави агли до копјето. Нивниот број е непроменлив.
2. ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Знамето на Република Македонија мора да биде еднакво претставено со знамето на ЕУ на сите визуелни материјали. Знамето на РМ мора да биде видливо истакнатао како што е наведено во овој Прирачник на сите пишани и визуелни материјали. Знамето мора да биде претставено со следните официјални бои:
• Pantone 485C (C:0, M:95, Y:100, B:0)
• Pantone Process жолта (C:0, M:0, Y:100, B:0)
Согласно Законот за знамето на Република Македонија, истото мора да биде во црвена боја со златно-жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви зраци, кои се простираат од сончевиот диск со проширување од рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат во дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот помеѓу ширината и должината на знамето е еден према два.
ГОЛЕМИНА НА НАЛЕПНИЦАТА А (висина 10 cm x ширина 15 cm)
1 cm
4 cm
13 cm
“ЕУ
ИПАРД 2007-2013
МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО
ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ”
1 cm
2
cm
15 cm
Опремата е ко-финансирана од
10 cm
Европската Унија
2.7 cm
4 cm
2.5 cm
1.25 cm
cm
2.5
1.25 cm
15 cm
Налепницата се поставува фронтално или странично на видливата страна на опремата на висина од најмногу 1.70 метри и
истата треба да биде испечатена на ПВЦ материјал и премачкана со УВ лак за заштита од сонце.
ГОЛЕМИНА НА НАЛЕПНИЦАТА Б (висина 13 cm x ширина 20 cm)
1 cm
5 cm
13 cm
ИПАРД ПРОГРАМА 2007-2013
“ЕУ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ”
2 cm
1 cm
20 cm
Опремата е ко-финансирана од
Унија
Европската
3 cm
13 cm
5 cm
2.5 cm
1.25 cm
2.5 cm
1.25
20 cm
Налепницата се поставува фронтално или странично на видливата страна на опремата на висина од најмногу 1.70 метри и истата треба да биде испечатена на ПВЦ материјал и премачкана со УВ лак за заштита од сонце.
ГОЛЕМИНА НА КОМЕМОРАТИВНА ПЛАКЕТА (висина 39 cm x ширина 60 cm)
3 cm
24 cm
ИПАРД 2007-2013
“ЕУ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ”
Инвестицијата е ко-финансирана од Европската Унија
3 cm
39 cm
12 cm
Почеток на работите: Завршување на работите:
10 cm
дд.мм.гггг дд.мм.гггг
Вкупна вредност на инвестицијата: Вреднос Ко-финансирана од ЕУ :
10 cm
5 cm
5 cm
60 cm
Комеморативната плакета е направена од печатен ПВЦ материјал премачкан со УВ лак и поставена цврсто (залепена или закачена) на метален лим. Металниот лим треба да се постави на ѕид од објект на висина од 1.70 метри мерено од земјиштето на кое се наоѓа.
ГОЛЕМИНА НА БИЛБОРД (висина 170 cm x ширина 240 cm) Размер 1:12
12 cm
ИПАРД ПРОГ
РАМ
А 2007-2013
12 cm
а
“ЕУ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ”
Опрема
е ко-финансирана
та
Унија
од Европскат
180 cm
атум
тум
Д
Да
на започнување: dd.mm.yyyy
на завршување: dd.mm.yyyy
Вкупна вредност на инвести
а:
цијат
Учество од Буџетот на ЕУ:
cm
40
40 cm
20 cm
20 cm
240 cm
Билбордот е направен од ПВЦ материјал премачкан со УВ лак и поставена цврсто (залепена или закачена) на метален лим со иста големина. Металната основа е поставена на два метални столба на висина од 2 метри од земјата. Секој од металните столбови е поставен/забетониран на бетонска основа. Целосната конструкција треба да биде висока во целост
3.80 метри мерено од земјиштето на кое е поставена. .