РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Примери за клаузули

РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска или нема да се придржува кон утврдениот квалитет, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или во спротивно да го раскине договорот.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Овој Договор може да се раскине спогодбено во писмена форма. Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. 3.1. Купувачот со писмено известување може да го раскине договорот во целост или делумно, во следниве случаи:
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Овој Договор се склучува на неопределено време. Договорот може да се раскине со взаемна согласност на двете договорни страни или со писмено барање на едната од договорните страни со отказен рок од 30 дена од денот на поднесеното барање за раскинување на овој Договор. Корисникот не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има евидентирано достасани а неподмирени обврски (блокади), како и обврски кон Банката, се додека истите не бидат во целост подмирени. Банката може да го раскине договорот без отказен рок ако утврди дека Xxxxxxxxxx се однесува спротивно на одредбите од овој Договор, општите услови за работење и важечките прописи, доколку не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на податоците, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон, или доколку преку сметката не врши промет повеќе од две години, и за истото ќе го извести Xxxxxxxxxx. Во случај на раскинување на Договорот, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од сметката на Корисникот на друга сметка врз основа на инструкции од Xxxxxxxxxx, или согласно одлука од суд, како и друг надлежен државен орган или друга институција.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Кога една од Договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата Договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот и да склучи договор со следнорангираниот понудувач. Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Правилата и постапките за раскинување на овој Договор Давателот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување со препорачано писмо испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку Корисникот на кредит, за да го добие Кредитот, доставил лажни документи или изјави и/или (прикрил некоја состојба која би била од важност за склучување на Договорот за кредит) Корисникот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит (преку застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети според амортизациониот план. Во случај на раскинување договорот Корисникот на кредитот е должен да му плати на давателот на кредит доспеаниот износ со акумулираната камата како и останатите трошоци од Општите услови наведени од страна на Давателот на кредит во известувањето за раскинување. Трошоците за присилна наплата на побарувањата на Друштвото паѓаат на товар на Корисникот на кредитот. Правото за откажување од Договорот за кредит го има Корисникот на кредит од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит во период од 14 дена од денот на склучување на договорот. Доколку Корисникот на кредит не плати доспеан износ според овој Договор, Xxxxxxxxx на кредит има право на извршување на кредитот – со цел целосно враќање на сите доспеани побарувања на Давателот на кредит според овој Договор. Во случај кога Xxxxxxxxxx на кредит доцни со плаќањето на некој износ според овој Договор, Корисникот на кредит му плаќа на Давателот на кредит трошоци кои биле на товар на Xxxxxxxxx на кредит во врска со наплатата на задоцнетите побарувања, а особено трошоците за пресметка на реалниот задоцнет износ, подготовка, достава и испраќање на известување за плаќање преку препорачана пошта на Корисникот на кредит. Во случај кога Xxxxxxxxxx на кредит доцни со плаќање на најмалку две цели рати, Давателот на кредит може да го раскине овој Договор во кој Корисникот на кредитот, ќе ги надомести сите неподмирени обврски според овој Договор, вклучено износот на кредитот, вкупниот износ на каматата и сите плаќања.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на 2 ( две ) последователни неиспораки на екстра лесното масло за домаќинство, Договорниот орган може, по претходно доставено писмено известување до Економскиот оператор за испорака на екстра лесното масло за домаќинство во дополнително оставен рок од 48 часа, да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета. Договорниот орган има право, да го раскине овој Договор и во случај Економскиот оператор, без оправдани причини, да не испорачува бензин/дизел гориво на Корисникот на безготовинската картичката на Договорниот орган. Во случај на раскинување на Договорот согласно овој член, Економскиот оператор е должен да му плати на Договорниот орган, договорна казна во износ од 10% од вредноста на Договорот од член 3 став 1 на овој Договор. . Доколку штетата што ќе ја претрпи Договорниот орган е поголема од договорната казна од претходниот став, Економскиот оператор е должен да му ја надомести на Договорниот орган разликата до целосниот надомест на штетата.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Овој договор се склучува на неодредено време. Истиот може да го раскине една од договорните страни со отказен рок од 30 дена. Учесникот во платниот промет за раскинување на Договорот поднесува писмено барање до Банката. Учесникот во платниот промет не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има евидентирано достасани, а неподмирени обврски (блокади), како и обврски кон Банката. Банката може да го раскине Договорот без отказен рок ако утврди дека Учесникот во платниот промет се однесува спротивно на одредбите од овој договор, општите услови за работење и важечките прописи, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон или доколку на сметката нема средства, а преку истата не врши платен промет повеќе од две години и за тоа ќе го извести Учесникот. Во случај на раскинување на Договорот од страна на Xxxxxxx, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од сметката на Учесникот на друга сметка врз основа на инструкции од Учесникот, или согласно со одлука од суд, како и друг надлежен државен орган или друга институција, а доколку во рок од 8 (осум) дена Учесникот не достави инструкции, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата на сметка по свој избор.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. (1) Овој договор може да се раскине: Член 7 − сo взаемна согласност на договорните страни, − еднострано од страна на АФПЗРР доколку Xxxxxxxxxx не се придржува кон одредбите на овој договор, − еднострано од страна на АФПЗРР како резултат на откриени скриени работи при контрола на терен, − еднострано од страна на Xxxxxxxxxx, само пред исплата на финансиската поддршка. − и во други ситуации предвидени со овој договор, или закон