Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-нпт-НАР 20-12-мк
Дополнителни услови за осигурување на нарачатели од последици на несреќен случај
член 1: општи одредби
[1] Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (во понатамошниот текст: Општи услови) и овие Дополнителни услови се составен дел од договорот за осигурување на нарачатели на списанија, ревии, публикации, радиостаници, телевизија, телефон и сл. (во понатомошниот текст: нарачател) од последици на несреќен случај.
[2] Договарачот на осигурувањето, според овие Дополнителни услови, може да биде правно лице кое сака да ги осигура своите нарачатели, односно претплатници.
член 2: осигурени лица
[1] Лицата наведени во член 1, став (1) од овие Дополнителни услови се осигуруваат без оглед на нивната здравствена состојба, општа работоспособност и старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9 став (1) точка 6 од Општите услови, освен лицата кои според член 4 став (3) од Општите услови, во секој случај се исклучени од осигурување.
[2] Ако нарачателот е правно лице, осигурено е само она лице чие име, презиме и адреса, договарачот на осигурувањето писмено му ги доставил на осигурувачот, односно соодветниот број на лица за кои договарачот доставил податоци, ако нарачката е колективна.
[3] Ако нарачателот - физичко лице - има повеќе нарачки, осигурен е само еднократно.
член 3: траење на осигурувањето и покритието
[1] Осигурителното покритие започнува во 24:00 часот оној ден кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето, и тоа за сите лица кои тој ден биле запишани во евиденцијата на договарачот како нарачатели.
За секој нов нарачател, покритието започнува во 24:00 часот на денот кога ја платил нарачката. За секој нарачател, покритието престанува во 24:00 часот оној ден кога престанал да биде нарачател.
член 4: плаќање на премија
[1] Премијата се пресметува врз основа на вистинскиот број на осигурени нарачатели за договорениот период.
[2] Ако е договорено месечно плаќање на премијата, премијата се пресметува врз основа на бројната состојба на нарачатели на крајот на секој календарски месец.
[3] Месечната премија за ова осигурување е неделива. Се плаќа цела месечна премија за секој нарачател, без оглед на тоа кога во месецот започнало покритието за него.
[4] Договарачот мора да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целокупното времетраење на осигурувањето во рокот кој е договорен со полисата.
[5] Обврската на осигурувачот за поединечен осигуреник постои и во случај кога договарачот не ја платил премијата во рокот наведен во полисата, ако незгодата настанала за времетраењето
на осигурувањето според одредбите од членовите 6 и 16 од Општите услови.
[6] Договарачот е должен да му овозможи увид на осигурувачот во својата евиденцијата од која може да се утврди исправноста на пресметката и плаќањето на премијата.
член 5: ограничување на опсегот на обврските на осигурувачот
[1] Ако осигуреникот во моментот на незгодата е постар од 75 години, осигурувачот исплаќа 50% од износот што инаку би морал да го плати.
член 6: должности на договарачот после осигурен случај
[1] Договарачот е должен да ги пријави на осигурувачот сите незгоди за кои важи покритието според овие Дополнителни услови.
[2] На барање на осигурувачот или корисникот на осигурувањето, договарачот е должен да издаде потврда дали лицето на кое му се случила незгодата е осигурено како нарачател.
[3] Договарачот е должен е да му ги понуди на осигурувачот сите потребни информации за разјаснување на настанот и околностите кои се важни за утврдување на постоењето и висината на неговите обврски.
член 7: примена на општи услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода)
За осигурувањата склучени согласно овие Дополнителни услови се применуваат и Општи услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), доколку не се во спротивност со Дополнителните услови.
член 8: важност на условите
Овие Дополнителни услови стапуваат во сила од денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година.