Contract
ОБРАЗЕЦ
ДОГОВОР ЗА БАЛАНСНА ОДГОВОРНОСТ СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ
АД МЕПСО И
БАЛАНСНО ОДГОВОРНА СТРАНА
Скопје, година
ОПЕРАТОР НА ЕЛЕКТРОПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНИЈА Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост - СКОПЈЕ ул. “Максим Горки” бр.4., 1000 Скопје, носител на лиценца за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, застапувано од ---- директор на подружница, Оператор на пазар на електрична енергија
жиро сметка 200001086598648 Регистарски број: ,
ЕДБ : МК 4030004529600
и
---- назив на правното лице)----------------------------------------- со седиште на ул. ,
претставувана од , како балансно одговорна страна (во понатамошниот текст БОС)
жиро сметка Регистарски број: , ЕДБ :
Врз основа на Барањето за регистрација на БОС број , од со кој учесникот на пазар презема балансна одговорност се склучува.
Договор за балансна одговорност
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Со овој Договор за балансна одговорност (во понатамаошниот текст: Договор) се регулираат меѓусебните права и обврски на Операторот на пазарот на електрична енергија (во понатамошниот текст: ОПЕЕ) и БОС во согласност со Правилата за пазар на електрична енергија.
Предмет на овој Договор е:
1) вклучување на балансно одговорна страна во балансниот механизам,
2) доставување на физички распоред,
3) пресметка на отстапувањето,
4) дефинирање на балансната група,
5) дефинирање на правата и обврските на БОС,
6) финансиски обврски кои произлегуваат од отстапувањата.
Член 2
Дефинициите за одделни изрази, содржани во Законот за енергетика и Правилата за пазар на електрична енергија, се применуваат и во овој Договор.
II. БАЛАНСНА ГРУПА
Член 3
ОПЕЕ е должен да ја заведе БОС во Регистарот на БОС и балансни групи, по влегувањето во сила на Договорот.
Во согласност со Правилата за пазар на електрична енергија, БОС слободно формира балансна група по сопствен избор и врз основа на сопствените билатерални или мултилатерални договори.
Член 4
БОС е должна да:
1) преземе балансна одговорност за секој трговски интервал,
2) биде во состав на една и само една балансна група, и
3) за секој трговски интервал да ги плати надоместоците за отстапувањата помеѓу остварените и номинираните трансакции.
Член 5
Во физичките распореди на БОС се прикажуваат трансакциите од билатералните договори на сите членки на балансната група, пооделно за електричната енергија што се внесува во точките на прием, односно продажбата на електрична енергија и електричната енергија што се презема во точките на испорака, односно купувањето на електрична енергија, при што збирот на трансакциите на прием, односно продажба на електрична енергија треба да биде еднаков на збирот на трансакциите за испорака, односно купување на електрична енергија.
Член 6
Физичките распореди се изготвуваат за секој трговски интервал и се изразуваат во целобројни вредности во MW, но различни од нула.
Физичките распореди за учесниците на пазарот што обезбедуваат системски услуги со производни единици за диспечирање се изготвуваат пооделно за секоја единица за диспечирање.
ОПЕЕ, или ОЕПС преку ОПЕЕ, ќе побараат ревизија на физичките распореди поради очигледни грешки или поради недоволно јасни податоци.
XXX е целосно одговорна за грешките во своите номинации на физички распореди и во случаите кога ОПЕЕ не побарал ревизија на физичките распореди.
Физичките распореди на БОС мора да се во согласност со соодветните договори.
Физичките распореди може да се променат согласно одредбите на Правилата за пазар на електрична енергија.
III. ПРЕСМЕТКА НА ОТСТАПУВАЊА
Член 7
ОПЕЕ врши пресметка на отстапувањата на балансната група врз основа на разликата помеѓу потврдените физички распореди и измерената количина на електрична енергија во секој трговски интервал.
Финансиските обврски произлезени од отстапувањата од ставот 1 на овој член се надоместуваат за секој календарски месец.
Пресметките на отстапувањата помеѓу потврдените физички распореди и измерените количини на електрична енергија, како и надоместоците за отстапувањата се вршат со примена на Методологијата за пресметка на надоместокот за услугите за урамнотежување содржана во Прилогот 1 од Правилата за пазар на електрична енергија.
Отстапувањата врз основа на кои се пресметуваат надоместоците, се изразуваат во MW, односно
MWh.
Збирот на остварените (измерените) количини на електрична енергија за секоја балансна група се состои од алгебарски збир на измерени вредности електрична енергија во точките на прием, односно испорака на сите мерни места на членките во балансната група.
За мерните места кај кои не се вградени броила со можност за часовно и далечинско отчитување, за измерени количини на електрична енергија во секој трговски интервал ќе се сметаат пресметаните количини врз основа на измерената месечна потрошувачка на електрична енергија распределена од страна на соодветниот оператор на дистрибутивниот, согласно соодветната стандардна крива на оптоварување (СДКО).
IV. ФАКТУРИРАЊА И ПЛАЌАЊА НА БОС
Член 8
ОПЕЕ, врз основа на пресметките од членот 7, изготвува месечна пресметка на отстапувањата и пресметка на надоместокот за направените отстапувања за секоја балансна група и пресметките, заедно со сите податоци врз основа на кои се изготвени, ги доставува до БОС и до ОЕПС.
ОПЕЕ е должен да ги достави до БОС пресметките од ставот 1 на овој член заедно со фактура, издадена од ОЕПС, за плаќање на надоместокот најдоцна 60 дена по завршување на календарскиот месец за кој се однесува пресметката.
Доколку според пресметките од ставот 1 на овој член произлегува дека ОЕПС треба да плати надоместок на БОС, ОПЕЕ, заедно со пресметките, до БОС ќе достави и известување за БОС да направи и достави фактура до ОЕПС.
XXX има право на приговор на месечната пресметка на отстапувања во рок од пет работни дена од денот на прием на пресметката и кон приговорот е должна да достави образложение и соодветна документација.
БОС е должна да ја плати фактурата во рокот наведен во фактурата, независно од поднесениот приговор.
ОПЕЕ е должен да одговори на приговорот во рок од пет работни дена од денот на приемот на приговорот.
По одговорот, XXX има право да покрене спор пред РКЕ.
Одлуката на РКЕ по спорот е конечна и обврзувачка, а незадоволната страна може да поднесе тужба пред надлежен суд.
По правосилноста на одлуката соодветно ќе се коригира фактурата.
Член 9
Доколку ОЕПС или ОДС увидат дека постои грешка во податоците од мерењата доставени до ОПЕЕ во согласност со Протоколот за доставување и размена на податоци и информации, се должни за тоа да ги известат ОПЕЕ. Известувањето за корекција на податоците за месецот М–6, ОЕПС или ОДС го доставуваат заедно со податоците за месецот М.
За случаите од ставот 1, ОПЕЕ е должен да изготви корекција на месечната пресметка. За корегираната месечна пресметка се применува начинот на фактурирање и плаќање согласно член 8 од овој Договор.
XXX има право на приговор на пресметката и фактурата од ставот 2 на овој член во постапка во согласност со членот 8 од овој Договор
V. ФИНАНСИСКА ГАРАНЦИЈА
Член 10
БОС се обврзува на АД МЕПСО застапувано од директорот на подружница Оператор на пазар на електрична енергија да му обезбеди банкарска гаранција со која ќе се гарантира навремено и редовно плаќање на обврските произлезени од овој Договор.
Банкарска гаранција за наплата на порамнувањата на отстапувањата на ново формираните БОС се одредува во висина од 4% од вкупно преземената електрична енергија во последниот месец од членовите за кои БОС презел балансна одговороност, помножена со просечна цена на снабдувачот во краен случај одредена од РКЕ.
Банкарска гаранција за наплата на порамнувањата на отстапувањата на постојните БОС, треба да биде во висина на двоен износ од просечната вредност фактурирана на БОС за направените отстапувања во претходните дванаесет месеци.
Гаранцијата е платива со презентација на фактура и изјава потпишана од овластено лице дека фактурата не е платена во рок и начин предвиден со овој договор.
Банкарската гаранција мора да биде неотповиклива и безусловна, платива на прв писмен повик, а издадена во форма и од банка прифатлива за корисникот (АД МЕПСО застапувано од директорот на подружница Оператор на пазар на електрична енергија).
Доколку, банкарската гаранција биде делумно или во целост искористена, потребно е, во рок од 8 (осум) дена од денот на делумната или целосната наплата на гаранцијата, БОС да обезбеди нова (во висина на искористениот дел ) или постоечката да биде воспоставена на иницијалниот износ.
Доколку БОС не ја плати својата обврска во договорениот рок АД МЕПСО застапувано од директорот на подружница Оператор на пазар на електрична енергија му доставува писмена опомена.
Доколку, и во рок од осум дена од писмената опомена, БОС не ја плати обврската, АД МЕПСО застапувано од директорот на подружница Оператор на пазар на електрична енергија ќе ја активира банкарската гаранција.
VI. НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 11
Договорните страни согласно Правилата за пазар на електрична енергија се должни меѓусебно да се известуваат за сите промени кои се важни за извршување на овој Договор по пошта, факс или преку електронска пошта.
БОС е должна во писмена форма да извести за било какви промени кои би можеле да влијаат на важењето на овој договор. Сите финансиски и други последици кои произлегуваат од неизвестувањето се на товар на БОС.
VII. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Член 12
Секоја БОС која не е под директно управување на ОЕПС е должна да обезбеди комуникација со ОЕПС и ОПЕЕ во согласнот со барањата од Правилата за комуникација.
VIII. ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИ
Член 13
Договорните страни сите податоци кои ги разменуваат ќе ги користат исклучиво за извршување на овој Договор со почитување на начелата на доверливост, а согласно Законот за енергетика, Правилата за пазар на електрична енергија и соодветните мрежни правила.
IX. ВРЕМЕНО ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Член 14
Кога со одлука е прогласена електроенергетска кризна состојба, или кризна состојба прогласена во согласност со закон или доколку ЕЕС се доведе во состојба на висок оперативен ризик, функционирањето на пазарот може делумно да се суспендира, при што XXXX е должен да преземе една или комбинација од следниве мерки:
1) отстапување од подредувањата на дневниот пазар со примена на листа на приоритети,
2) отстапување од распоредот за диспечирање,
3) побара враќање во погон на одредени производни единици или мрежна опрема, кои се надвор од погон поради постоечките распореди на диспечирање или поради краткорочни планирани одржувања,
4) искористување на можните капацитети за дополнително користење на производните единици кои се во погон.
Висок оперативен ризик на ЕЕС се сметаат работа на системот во една од следниве состојби, дефинирани во Мрежните правила за пренос: нарушена, вонредна и состојба за повторно воспоставувањеОПЕЕ е должен најдоцна во рок од 24 часа од преземање на некоја од мерките од ставот 2 на овој член да ги објави на својата веб страна причините за делумната суспензија и објавата да биде достапна се до целосното укинување на суспензијата.
X. ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
Член 15
Договорот престанува да важи во следниве случаи:
1) xxx XXX го изгуби статусот на учесник на пазарот согласно Правилата за пазар на електрична енергија,
2) на барање на БОС,со одлука на ОПЕЕ со која му престанува статусот согласно Правилата за пазар на електрична енергија.
Сите финансиски обрски кои ги има БОС кон ОЕПС до моментот на престанување на важење на Договорот, БОС е должна во целост да ги подмири.
XI. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
Член 16
Споровите во врска со примената на одредбите на овој Договор, договорните страна ќе ги решаваат спогодбно.
Доколку спорот не се разреши спогодбено, незадоволната договорна страна може да поднесе барање за разрешување на спор пред Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно Законот за енергетика и Правилникот за начинот, условите и постапката за одлучување по споровите и висината на оправданите надоместоци за трошоците настанати во постапката.
Член 17
Договорната страна која не е задоволна од резултатите на постапката од член 16 од овој Договор, може да поведе постапка пред надлежен суд.
XII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 18
Сите евентуални измени и дополнувања на законските и подзаконските прописи со кои се регулира оваа област, ќе се применуваат на одредбите на овој Договор од денот на влегување во сила на истите.
Доколку од било која причина некој дел(ови) од овој Договор стане неважечки или неприменлив(и), останатите делови од Договорот ќе останат важечки и во сила помеѓу договорните страни, освен доколку причината за таквата неважност или неприменливост доведе до неважност или неприменливост на целиот
Договор или на било кој негов дел без кој овој Договор не би бил склучен или не би се очекувало да биде склучен.
Доколку настапат околности од ставот 2 на овој член, договорните страни се обврзуваат во рок од 10 (десет) работни дена, да склучат анекс кон овој договор, со кој ќе ги отстранат сите евентуални судири кои би произлегле.
Сите обрасци за регистрирање и измени на балансна група, ќе се третираат како составен дел од овој договор и воедно ќе претставуваат основа за водење и ажурирање на балансната група за која БОС презема балансна одговорност со овој Договор.
Член 19
Овој Договор се склучува на времетраење од 1 (една) година и влегува во сила од денот на потпишувањето од двете страни, под услов БОС да ги достави потребните финансиски гаранции.
Доколку 30 дена пред истекот на важноста на овој договор ниту една договорна страна не испрати известување до другата договорна страна за намерата за склучување на нов договор, важноста на овој договор се продолжува и во наредната година по истите услови кои се уредени во овој Договор.
Член 20
Договорните страни го потпишуваат овој Договор, преку нивните овластени претставници, во четири
(4) оригинални примероци - по два за секоја договорна страна.
АД МЕПСО БОС
Оператор на пазар на електрична енергија