Contract
Договор за користење на услугата НЕА СМАРТ 2.0
1. Каква цел има овој договор?
Со овој договор, ние со Вас ги поставуваме регулативите за услугите за производот НЕА СМАРТ 2.0, коишто ги нудиме како интернет-услуга. Интернет-услугата ја означуваме како „Услуга НЕА СМАРТ 2.0“. Под „РЕХАУ“ и „ние“ ја подразбираме REHAU AG + Co, Xxxx-Xxxx-Xxxxxx 0, 00000 Xxxxx, Xxxxxxxxx. Исто така, овој договор понатаму ќе го нарекуваме „Услови за користење.“
Како дополнение на овој договор, за обезбедувањето и користењето на апликацијата НЕА СМАРТ 2.0 важат условите на App Store, преку која сте ја добиле апликацијата НЕА СМАРТ 2.0.
Со пријавување за услугата НЕА СМАРТ 2.0 ги прифаќате овие Услови за користење. Доколку имате прашања во врска со производот, услугата НЕА СМАРТ 2.0 или овие Услови за користење, контактирајте со услугата за корисници (бр. 12).
2. Кои функции ги има услугата НЕА СМАРТ 2.0?
Услугата НЕА СМАРТ 2.0 Ви овозможува контрола, поставување и управување преку интернет со регулаторот на собната температура НЕА СМАРТ 2.0. Функциите за проценка и оптимизирање се пресметуваат на серверите на РЕХАУ и ставени се на располагање на Вас и Вашиот регулатор на собната температура НЕА СМАРТ 2.0. Покрај тоа, преку услугата НЕА СМАРТ 2.0 можно е да обезбедиме софтверски ажурирања за Вашиот регулатор на собната температура НЕА СМАРТ 2.0.
3. Дали настануваат трошоци?
Со опсегот на функциите опишани погоре под број 2, услугата НЕА СМАРТ 2.0 Ви ја обезбедуваме бесплатно.
Идните проширувања на функциите може да се наплаќаат. Таквите проширувања на услугите со плаќање може да ги набавите преку услугата НЕА СМАРТ 2.0 и/или, по потреба, апликацијата НЕА СМАРТ 2.0, преку купување во апликација или слични функции. Проширувањата на услугите со плаќање се набавуваат постојано само за временскиот период што е наведен кај соодветното проширување на функцијата. Доколку не е наведен временски период, ќе важи
периодот од 12 месеци.
4. Кои предуслови треба да ги исполнам?
За да може да ја користете услугата НЕА СМАРТ 2.0 без ограничувања, треба да бидат дадени следниве предуслови:
▪ Непречена интернет-конекција на регулаторот на собната температура НЕА СМАРТ 2.0 и Вашите крајни уреди за пристап до регулаторот на собната температура како на пр. паметен телефон, таблет и компјутер
▪ Инсталирана апликација НЕА СМАРТ 2.0 на Вашиот краен уред, на пр. паметен телефон или таблет
▪ Сопствено сандаче за е-пошта
Доколку кај Вас при создавањето на овие предуслови настанат трошоци, нив ги плаќате Вие.
5. Како се одвива пријавувањето? Што треба да земам предвид по пријавувањето?
Пријавувањето се одвива со креирање на лична корисничка сметка преку апликацијата НЕА СМАРТ 2.0. При пријавувањето ја зачувувате Вашата адреса на е-пошта и доделувате лична лозинка.
Преку корисничката сметка може да ја промените зачуваната адреса на е-пошта и лозинката. Осигурете се дека на Вашата корисничка сметка постојано е зачувана Вашата ажурирана адреса на е-пошта, бидејќи Вашата адреса на е-пошта ни е потребна за различните функции поврзани со Вашата корисничка сметка и Вашиот регулатор на собната температура НЕА СМАРТ 2.0.
Изберете безбедна лозинка и заштитете ја од злоупотреба. Во рамките на регистрацијата, за Вашата лозинка се поставуваат и се проверуваат одредени барања. Доколку утврдите дека Вашата корисничка сметка е злоупотребена, веднаш известете ја РЕХАУ и променете ја лозинката. Доколку ние се сомневаме дека некоја корисничка сметка е злоупотребена, имаме право да ја блокираме.
Доколку на друго лице му дозволите да ја користи услугата НЕА СМАРТ 2.0 на Вашиот краен уред, Ваша должност е да укажете на Условите за користење и одмерено да го контролирате нивното почитување.
6. Достапност
Ние не можеме да гарантираме непрекината достапност на услугата НЕА СМАРТ 2.0. Настојуваме за Вас како корисник да ги минимизираме ограничувањата колку е можно повеќе, но Ве молиме за разбирање дека не гарантираме за евентуалните штети поради прекините на услугата НЕА СМАРТ 2.0.
Имаме право да Ви го блокираме пристапот до услугата НЕА СМАРТ 2.0, доколку постојат знаци на
▪ злоупотреба или штетно користење или
▪ прекршување од страна на корисникот на овие Услови за користење, применливиот закон или правата на трети страни.
7. Дали се менува опсегот на услугите?
Поради околности како што се понатамошен развој или регулаторни промени, за нас може да биде неопходно или корисно да ја прошириме, ограничиме, на друг начин да ја модифицираме или, пак, да ја прекинеме услугата НЕА СМАРТ 2.0. Овие промени на услугата НЕА СМАРТ 2.0 може да се однесуваат на поединечни или на сите серии на уреди. Поради можните промени на услугата НЕА СМАРТ 2.0, ќе настојуваме колку е можно повеќе да ги минимизираме влијанијата врз Вас, но Ве молиме за разбирање дека особено поради понатамошниот брз технички развој во областа на ИТ не можеме да преземеме никакви гаранции за трајната достапност на услугата НЕА СМАРТ 2.0.
8. Колку време ќе се обезбедува услугата НЕА СМАРТ 2.0? Како можам да ја откажам услугата НЕА СМАРТ 2.0? Што ќе се случи со моите датотеки во случај на откажување?
Доколку одлучиме да ја откажеме услугата НЕА СМАРТ 2.0, за откажувањето ќе Ве известиме по е-пошта или преку апликацијата НЕА СМАРТ 2.0. По известувањето за откажувањето, ќе продолжиме со работа на услугата НЕА СМАРТ 2.0 во период од уште најмалку две години. За датумот на престанувањето на услугата НЕА СМАРТ 2.0 ќе Ве известиме заедно со
откажувањето. Со престанувањето на услугата НЕА СМАРТ 2.0 завршува и овој договор.
Во секое време може да го раскинете договорот за услугата НЕА СМАРТ 2.0 со одјавување од користењето на услугата НЕА СМАРТ 2.0.
Вие и ние имаме право да го раскинеме договорот поради важна причина. Важна причина за прекин од страна на РЕХАУ посебно се наоѓа во случаите под бр. 6 дел 2.
По раскинувањето на овој договор, РЕХАУ не е обврзана да ги чува Вашите податоци.
9. Ограничувања на одговорноста
Доколку за Вас во врска со услугата НЕА СМАРТ 2.0 настане каква било штета, ќе настојуваме да пронајдеме взаемно прифатливо решение и во врска со неа. Сепак, мораме да ја ограничиме нашата одговорност до степен што е и оправдан и прифатлив.
Имајте предвид дека трошоците за греење многу зависат од различни фактори на кои РЕХАУ не може да влијае. Таквите фактори се, на пример, изолацијата, однесувањето на вентилацијата, временските услови, другите својства на физиката на зградата, како и избраните поставувања за температурата на зададената вредност. Поради тоа, ние не можеме да преземеме никаква одговорност за трошоците за греење.
Доколку услугите според овој договор се бесплатни за вас, важат законските одредби за одговорност при кредитирање.
Меѓу другото, ние сме одговорни за Вас во сите случаи на договорна и вондоговорна одговорност во случај на интенција и голема небрежност во согласност со законските одредби за штети или надомест на залудни трошоци. Во други случаи, доколку во дел 4 не е пропишано поинаку, одговорни сме само во случај на повреда на договорната обврска, чиешто исполнување го овозможува правилното спроведување на договорот на прво место и на чие почитување Вие како корисник редовно може да се потпрете (т.н. кардинална обврска), и тоа ограничено на надоместот на предвидливата и типичната штета. Во сите други случаи, нашата обврска е исклучена согласно одредбата од дел 3.
Нашата одговорност за штети што произлегуваат од повреда на живот, тело или здравје и според Законот за одговорност за производи останува недопрена од горенаведените ограничувања и исклучоци од одговорност.
Што се однесува со врските што ги овозможуваме до други веб-локации, не сме одговорни за туѓите содржини опфатени во нив. Ние не ги прифаќаме туѓите содржини како наши. Доколку добиеме сознанија за нелегална содржина на надворешни веб-локации, веднаш ќе ја отстраниме врската.
10. Промена на Условите за користење
Ние го задржуваме правото на промена и/или дополнување на овој Договор или поединечните одредби од него. Во таков случај, изречно ќе Ви укажеме на новата верзија и ќе Xx го направиме достапен изменетиот текст.
Вие имате право да им се спротивставите на таквите измени. Во овој случај ќе продолжи договорниот однос со претходните Услови за користење. Доколку ова не е можно, имаме право да го раскинеме договорот со Вас и да го забраниме понатамошното користење на услугата НЕА СМАРТ 2.0.
Доколку во рок од шест недели од известувањето не им се спротивставите на измените, ова ќе важи како прифаќање на новите Услови за користење.
11. Заштита на податоците
За обезбедувањето на услугите на НЕА СМАРТ 2.0 потребна е обработка на личните податоци. Таа се одвива со строго почитување на важечките закони за заштита на податоците од страна на REHAU AG & Co како одговорно тело. За подетални напомени во врска со заштитата на податоците, погледнете ги Напомените за заштита на податоците на РЕХАУ Неа Смарт 2.0.
12. Услуга за корисници
Во случај на прашања за услугата НЕА СМАРТ 2.0 или доколку се појават проблеми, може да ни се обратите како што е наведено подолу:
REHAU AG + Co
Ytterbium 4
91058 Erlangen
е-пошта: xxxxxxxx@xxxxx.xxx телефон: x00 00 00 00 00 00
13. Завршни одредби
Ќе се применува законот на Сојузна Република Германија, но само до степен до кој не сте лишени од заштитата што Ви е гарантирана со задолжителните одредби на државата во која имате вообичаен престој.
Европската комисија создаде интернет платформа за онлајн решавање спорови. Платформата служи како точка на контакт за вонсудско решавање на споровите во врска со договорните обврски што произлегуваат од онлајн-договорите за продажба. Повеќе информации се достапни на следнава врска: xxxx://xx.xxxxxx.xx/xxxxxxxxx/xxx. Ние не сме ниту подготвени ниту обврзани да учествуваме во постапката за решавање на спорови пред арбитражен одбор за потрошувачите.
Доколку немате општ надлежен суд во земја-членка на ЕУ или сте деловен корисник, исклучително надлежен суд е Хоф, Германија. Освен тоа, за локалната и меѓународната надлежност важат применливите законски одредби.
Доколку поединечните одредби од овие Општи услови или од договорот склучен со Вас се целосно или делумно неважечки, делотоворноста на договорот, меѓу другото, нема да биде допрена. Наместо неважечките одредби, ќе се применуваат законските прописи, доколку постојат.