I. ОСНОВНИ ПОИМИ 1.2. За целите на овие Општи услови, договорните страни се согласни дека долунаведените посочени термини и поими ќе го имаат следното значење: - Електрична енергија (ЕЕ) - електричната енергија со соодветна моќност, која е доставувана...
ПРИЛОГ 1 – ОПШТИ УСЛОВИ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Овие општи услови за снабдување со електрична енергија (во понатамошниот текст „Општите услови“), се применуваат помеѓу Снабдувачот и Потрошувачот за време на примената на Договорот за снабдување со електрична енергија.
I. ОСНОВНИ ПОИМИ
1.1. Сите дефинирани изрази од Договорот ќе го имаат истото значење во овие Општи услови и обратно, и секое повикување на Договорот ќе се смета како повикување на Договорот со овие Општи услови како негов составен дел.
1.2. За целите на овие Општи услови, договорните страни се согласни дека долунаведените посочени термини и поими ќе го имаат следното значење: - Електрична енергија (ЕЕ) - електричната енергија со соодветна моќност, која е доставувана во тек на одреден период на време, способна да создаде механичка работа, часовно мерена во "мегаватчас" (MWh); - Договорени количини - збир на сите дневни количини на електрична енергија за договорен период во мегаватчасови (MWh); - ПП - Правилата за пазар на електрична енергија; - ЗЕ - Закон за енергетика на Р.М.; - Оператор на електродистрибутивен систем (ОДС) - правно лице кое врши дејност дистрибуција со електрична енергија и управува со електродистрибутивниот систем и е одговорно за работењето на системот, неговото одржување, развој и поврзување со електропреносниот систем и за обезбедување долгорочна способност на системот за задоволување на разумните потреби за дистрибуција на електрична енергија.
1.3. Сите други дефиниции, користени во овие Општи услови, Договорот и анексите кон него, го имаат значењето кое е дефинирано во ЗЕ, Правилата за снабдување со електрична енергија и ПП.
II. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
2.1. Должности на Снабдувачот:
2.1.1. Снабдувачот се обврзува дека:
- ќе врши снабдување на сите места на испорака на Потрошувачот определени со Договорот, кои се поврзани на преносната мрежа и соодветните дистрибутивни оператори;
- без надомест ќе врши предвидување, планирање и балансирање на потрошувачката на ЕЕ на местата на испорака кои се наведени во Прилог 2;
- без надомест го зачленува Потрошувачот во својата соодветно регистрирана балансна група; - ја превзема обврската за порамнување на отчитаните и реално потрошени количини на ЕЕ за дадениот период на отчитување на местата на испорака на Потрошувачот, а кои се основа за изработка на месечна фактура; - по налог на Потрошувачот ќе врши пријавување/одјавување на нови места на испорака, при што ќе се врши промена на прилог 1 кон Договор.
2.2. Должности на Потрошувачот:
2.2.1. Потрошувачот се обврзува дека:
- ќе купува ЕЕ исклучиво од Снабдувачот за времетраењето на Договорот;
- навремено и целосно ќе ги плаќа фактурите кои ги издава Снабдувачот за испорачана ЕЕ согласно Договорот;
- во најкус можен рок во рамките на денот да го информира Снабдувачот за било какви промени или проблеми во процесот на користење на ЕЕ, за работи од кои зависи услугата која ја обезбедува Снабдувачот;
- ќе го известува Снабдувачот пред спроведување на сите планирани ремонти, дополнителни оптеретувања и другите планирани дејности врз својата опрема;
- ќе го известува Снабдувачот пред спроведување на сите планирани промени во врска со овој Договор за снабдување во согласност со член 18 од Правилата за снабдување со електрична енергија;
- ќе го извести Снабдувачот за било каква промена на адресата за доставување на фактури, промена на бројот и местоположбата на мерните места, и други промени поврзани со начинот на исполнување на договорните обврски во рок од 5 дена од настанувањето на промената;
- нема да го попречува снабдувањето на други потрошувачи;
- нема да го оштетува или на друг начин да го манипулира броилото;
- ќе ги исполнува своите обврски согласно ЗИ и Правилата за снабдување со електрична енергија.
III. ДОВЕРЛИВОСТ
3.1. Доверливост на информациите
3.1.1. Снабдувачот и Потрошувачот се согласни дека ќе ги чуваат во строга тајност сите Доверливи Информации со кои се стекнале во текот на исполнувањето на обврските од Договорот, согласно применливата законска регулатива.
IV. ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ
4.1. Цени – Општи услови
4.1.1. Цената на електричната енергија се дефинира како денари за MWh, кои претставуваат денарска индексација на договорената цена од ЕУР/MWh сметано по среден курс на НБРМ на денот на изготвување на Понудата која е составен дел од овој Договор. Пресметката и плаќањето на месечните фактури ќе се врши по среден курс на НБРМ на последниот ден од месецот на испорака, односно пресметковниот период.
4.2. Фактурирање и плаќања
4.2.1. Договорните страни се согласни дека фактурирањето и плаќањето ќе се врши врз основа на реално испорачаните количини во договорниот период на месечна основа.
4.2.2. Фактурата за испорачана електрична енергија ги содржи следните ставки:
- испорачана електрична енергија;
- тарифа за организирање на пазарот на електрична енергија,
- надомест за обновлива енергија кои ги утврдува Регулаторна Комисија за Енергетика на РМ и ОДС.
4.2.3. Во случај на задоцнето плаќање по датумот на доспевање, Снабдувачот има право да наплати и законска казнена камата согласно применливата законска регулатива.
4.2.4. Доколку Потрошувачот не ја добие фактурата за потрошена електрична енергија од Снабдувачот до 20-ти во месецот за претходниот месец, тој е должен истата да ја побара од Снабдувачот.
V. ВИША СИЛА
5.1. Договорните страни се согласни дека во случај ако настапат определени услови на Виша сила, засегнатата договорна страна нема да се смета за одговорна за неизвршување на своите должности по овој Договор за време на траење на вишата сила, односно ако една од договорните страните целосно или делумно е спречена поради вишата сила да ги извршува своите должности за испорака или примање на ЕЕ со што ќе се смета дека договорната страна ги исполнува барањата и условите наведени во овој член и нема да се смета дека има повреда или неизвршување на обврските од засегнатата договорна страна, по што истата ќе биде ослободена од договорените обврски за тој период од времето и до таков степен, доколку настанот на виша сила го спречува извршувањето.
VI. ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
6.1. Снабдувачот има право да врши промена на овие Општи услови. како и условите под кои е склучен Договорот согласно Правилата за снабдување со електрична енергија, и писмено да го извести Потрошувачот за таквите промени најмалку 30 дена пред истите да стапат на сила.
VII. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
7.1. Во согласност со ЗЕ, ПП и Правилата за снабдување со електрична енергија, Потрошувачот има право на надомест на штета.
7.2. Во случај на лош квалитет на мрежните услуги кои на Потрошувачот му ги обезбедува ОДС, Снабдувачот обезбедува административна, логистичка и советодавна помош за надомест на штета.
VIII. ПОСТАПКА ПО ПРИГОВОР И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
8.1. Во врска со сите забелешки во однос на снабдувањето со ЕЕ согласно овој Договор, Потрошувачот може да даде писмен приговор до Снабдувачот. Снабдувачот е должен да даде одговор на таквиот писмен приговор во рок од 30 дена од денот на прием на истиот.
8.2. Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би можеле да настанат од овој Договор или во врска со овој Договор, договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено.
8.3. Доколку договорните страни не го решат настанатиот спор спогодбено, за решавање на овој спор надлежен е Основниот Суд Скопје 2 - Скопје.
8.4. За се она што не е регулирано со Договорот и овие Општи услови, важат позитивни законски прописи во Р.М.
IX. ОТСТАПУВАЊЕ И ПРЕБИВАЊЕ
9.1. Потрошувачот нема да пренесе никакви права или обврски според Договорот без претходна писмена согласност од Снабдувачот. Потрошувачот нема право да ги задржи или намали плаќањата или да ги пребие постојните и идните побарувања од било какви плаќања што треба да ги плати согласно Договорот или според било кој друг договор што Потрошувачот може да го има со Снабдувачот или некоја од неговите подружници, и се согласува да ги плати износите според Договорот, без оглед на било какво пребивање на кое може да има право. Снабдувачот има право да пренесе било кое побарување според Договорот на која било трета страна заради нивна наплата, без согласност на Потрошувачот.
X. ПОВРЕДА И РАСКИНУВАЊЕ
10.1. Без ограничување кон какви било права или правни лекови што Снабдувачот може да ги има според Договорот или закон, Снабдувачот со писмено известување до Потрошувачот може веднаш да го раскине Договорот или кој било дел од него, без никаква одговорност, ако: (а) Потрошувачот повредува било која од одредбите на Договорот (б) е покрената постапка во стечај (вклучувајќи реорганизација), ликвидација против Потрошувачот, без оглед дали е поднесена или поведена од страна на Потрошувачот, доброволно или присилно; или (в) контролата или сопственоста на Потрошувачот се смени. По настанување на било кој од наведените настани, сите исплати кои треба да ги направи Потрошувачот според Договорот ќе доспеат и треба да се платат без одложување.
Адреса: Митрополит Xxxxxxxx Xxxxxxxxx бр. 54Б-кат 2, Карпош, Скопје; ЕМБС:7198507; ЕДБ:МК0000000000000 Tel: x000 00 000 000 Website: xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx E-Mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxxx.xxx |