Contract
Д О Г О В О Р
за доделување средства преку Инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации
Овој Договор е склучен на ден година во Скопје помеѓу следните договорни страни:
1. Фондот за иновации и технолошки развој, со адреса , претставуван од
, (овде и во понатамошниот текст именуван како „Фондот”) од една страна и
2. …………………………., ул……… бр. …., ….., со ЕМБС ……….., ЕДБ …………., жиро сметка
, Депонент , застапуван од (во понатамошниот
текст именуван како „Корисник”) од друга страна.
Фондот и Xxxxxxxxxx заедно ќе се нарекуваат „Договорни Страни”, a поединечно ќе се нарекуваат „Договорна Страна”.
КАДЕ ШТО
А. Фондот објави Јавен Повик за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации за проекти кои имаат за цел зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и приватниот сектор со високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации, кои ги исполнуваат условите од Правилникот за инструментот.
Б. Условите за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации му дозволуваат на Фондот да доделува Кофинансирани грантови за Проекти на Корисникот.
В. Корисникот аплицираше за да добие средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации од Фондот за неговиот предложен Проект и Фондот го одобри предлог Проектот на Корисникот.
Г. Договорните страни сега сакаат да ги уредат со овој Договор роковите и условите за користење на средствата што треба да му ги додели Фондот на Корисникот преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации и нивните права и обврски во врска со таквите средства.
ПОРАДИ ШТО, Договорните страни се договорија како што следува
1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Под условите и роковите од овој Договор, Фондот се согласува да му го додели Кофинансираниот грант (како што е дефиниран во овој Договор) на Корисникот, а Xxxxxxxxxx се обврзува да го користи Кофинансираниот грант за да го спроведе Проектот (како што е дефиниран во овој Договор).
ДЕФИНИЦИИ И ТОЛКУВАЊЕ
Член 2
(1) За целите на овој Договор, следните изрази ќе го имаат следното значење:
1. „Буџет за Проект“значи буџет за финансирање на имплементацијата на Проектот одобрен од страна на Фондот, кој ги опфаќа средствата обезбедени од страна на Фондот и средствата обезбедени од страна на Xxxxxxxxxx, опишан во Буџетот за Проектот заведен во архивата на Фондот под арх. ........... од година, поднесен од страна на Корисникот до Фондот,
примен и прифатен од страна на Фондот со Одлука бр. ........... од година;
2. „Виша сила“ значи она што е предвидено во член 126 од Законот за облигационите односи;
3. „Договор” значи писмен документ потпишан од овластени лица на Договорните страни, заверен со официјални печати и заведен во деловните книги на Договорните страни со кој меѓу другото се регулирани меѓусебните права и обврски помеѓу Договорните страни, времетраење, како и условите за прекин и раскинување на Договорот;
4. „Ефективниот датум“ е датумот кој е наведен во воведниот дел од овој Договор;
5. „Иновациска дејност“ се активности кои се преземаат за да се создадат иновации на производи, технологии, процеси и услуги;
6. „Инструментот“ е инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, како што е поподробно уредено во Правилникот за инструментот;
7. „Квартал“ претставува временски период од три последователни месеци;
8. „Комитет“ е Комитетот за одобрување на инвестиции како орган на Фондот;
9. „Конфинансираниот грант“ се средствата доделени од страна на Фондот на Корисникот според Инструментот во согласност со роковите и условите предвидени во овој Договор;
10. „Кофинансирање од Корисникот“ е износот на дополнителни средства кои Корисникот се обврзува да ги обезбеди за да го покрие делот од финансирањето потребно за Буџетот за Проектот, кој не е покриен со Кофинансираниот грант, од извори кои се прифатливи според Правилникот за инструментот;
11. „Овластен ревизор“ е ревизиската куќа и/или овластениот ревизор ангажиран од страна на Фондот, согласно одредбите од овој Договор;
12. „Посебната сметка“ е банкарска сметка бр.
на Корисникот при
AД Скопје, отворена од страна на Корисникот пред потпишување на овој Договор, единствено за целите на добивање на Кофинансираниот грант и имплементирање на Проектот;
13. „Правилникот за инструментот“ е Правилник за Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, донесен од страна на Органот за Управување на Фондот, со арх.бр. 02-2572/5 од 19.07.2021 година.
14. „Приходи“ претставуваат средства од успешна комерцијализација по реализација на одобрениот Проект кои ги остварува Корисникот на годишно ниво;
15. „Приходи од проектот“ се средства на Корисникот кои ги стекнал по основ на реализација на иновации и нивна успешна комерцијализација, а чиј развој го финансирал Фондот за иновации и технолошки развој во согласност со овој Договор;
16. „Проект“ е проектот опишан во Проектната апликација предложена од страна на Xxxxxxxxxx и одобрена за финансирање од страна на Фондот со Инструментот во согласност со роковите и условите на овој Договор;
17. „Проектна апликација“ е Проектна Апликација заведена во архивата на Фондот под арх. бр.
........... од ............ година, поднесена од страна на Корисникот до Фондот, примена и
прифатена од страна на Фондот со Одлука бр........... од година;
18. „Промена на сопственост на капиталот“ значи, непосредно или посредно стекнување, постепено или одеднаш на удел односно акции во основната главнина на корисникот, од страна на кое било физичко лице или правно лице по пат на купопродажба, подарок, наследување (вклучително и во случај на смрт на мнозински содружник, односно акционер на корисникот), ликвидација, статусна промена или друг вид на договор или пренос.
19. „Трета страна” значи секое физичко и/или правно лице кое не е договорна страна на овој Договор;
20. „Финансиско сметководствена документација“ претставува збир од изводи од банка, аналитички и финансиски картици, фактури, договори од добавувачи и други финансиски и сметководствени документи;
21. „Фондот“ е Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.
(2) Роковите во овој Договор се пресметуваат во денови, месеци и квартали.
(3) Поимите кои не се дефинирани во Договорот, го имаат значењето како што тоа е утврдено во важечките закони на Република Северна Македонија кои ги регулираат соодветните области.
(4) Насловите содржани во овој Договор се дадени со цел за упатување и нема да влијаат на значењето и толкувањето на овој Договор на ниту еден начин.
(5) Поимите дефинирани во еднина имаат споредливо значење кога се користат во множина, и обратно.
(6) Кога зборовите „вклучува“, „вклучуваат“ или „вклучувајќи“ се користат во овој Договор ќе се смета дека се проследени со зборовите без ограничување.
3. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Износ на Кофинансираниот грант и на Кофинансирањето на Корисникот Член 3
(1) Фондот одобрува Кофинансиран грант на Корисникот во износ од денари, а кој износ
претставува 00% ( ) проценти од вкупниот Буџет на проектот.
(2) Корисникот се обврзува да обезбеди финансиски средства во висина од денари, а кои
претставуваат % ( ) проценти од вкупниот Буџет на проектот. Корисникот нема да
обезбеди какви било средства како Кофинансирање од Корисникот од извори што не се прифатливи според Правилникот за инструментот.
Исплата на Кофинансираниот грант и на Кофинансирањето на Корисникот Член 4
(1) Сите исплати од Фондот и од Кофинансирањето на Корисникот ќе се реализираат на Посебната сметка.
(2) Фондот го исплаќа Кофинансираниот грант доделен со Инструментот авансно, на квартална основа, во согласност со Буџетот за Проектот, овој Договор, одредбите наведени во Правилникот за инструментот и расположливите средства на Фондот, согласно алокацијата на финансиските средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
(3) Корисникот го исплаќа Кофинансирањето на Xxxxxxxxxx, во согласност со Xxxxxxx за Проектот, овој Договор и одредбите наведени во Правилникот за инструментот.
(4) Корисникот се обврзува да изврши уплата на сопственото кофинансирање за првиот квартал во рок од 45 дена по потпишување на овој Договор. Доколку Xxxxxxxxxx не ја изврши уплатата на сопственото кофинансирање во предвидениот рок Фондот има право да го раскине овој Договор.
(5) Фондот го исплаќа Кофинансираниот грант доделен со Инструментот за првиот квартал по потпишување на овој Договор, откако Xxxxxxxxxx ќе достави до Фондот доказ за извршената уплата на Кофинансирањето на Корисникот за првиот Квартал во вид на банкарски извод од Посебната сметка.
(6) Фондот го исплаќа Кофинансираниот грант доделен со Инструментот за секој нареден квартал откако ќе бидат исполнети следните услови:
- xxxxxxx Xxxxxxxxx извештај за напредок за претходниот Квартал (описен дел и финансиски дел);
- наменски потрошени најмалку 70% (седумдесет проценти) од претходно буџетираните средства;
- доставен доказ за извршената уплата на Кофинансирањето на Корисникот за нареден Квартал во вид на банкарски извод од Посебната сметка.
(7) Од последната исплата кон Корисникот преку овој Инструмент, Фондот задржува 5% (пет проценти) од вкупниот Буџет за Проектот.
(8) Процедурата за исплата на задржаните средства од став 7 од овој член ќе биде започната во рок од 14 дена од денот на одобрувањето на Завршниот извештај за Проектот (описен и финансиски дел).
(9) Во случај на непотрошени средства и/или во случај на злоупотреба, соодветен износ од задржаните средства нема да биде исплатен на Корисникот.
4. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Права и обврски на Фондот Член 5
(1) Фондот ќе ја спроведува исплатата на Кофинансираниот грант под услови и рокови уредени со овој Договор, одобрениот Xxxxx за Проектот, Правилникот за инструментот и расположливите средства на Фондот, согласно алокацијата на финансиските средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
(2) Фондот редовно ќе врши надзор на работењето на Корисникот преку теренски посети, разгледување и одобрување на извештаи, како и евалуација на остварените резултати од проектот и длабинска деловна и финансиска анализа согласно одредбите од Правилникот за инструментот.
Обврски на Корисникот Член 6
(1) Корисникот се обврзува да го користи Кофинансираниот грант единствено за целите на имплементација на Проектот.
(2) Корисникот има обврска да го спроведе Проектот во согласност со условите пропишани во овој Договор, Правилникот за инструментот, како и во согласност со добрите технички, економски, финансиски, управувачки, еколошки и социјални стандарди и практики и во согласност со законските и подзаконските акти во Република Северна Македонија.
(3) Корисникот има обврска да го спроведе Проектот ефективно и ефикасно, во согласност со Проектната апликација и Буџетот за Проектот.
(4) Корисникот има обврска да води финансиско – сметководствена евиденција, во согласност со сметководствените стандарди и на начин најсоодветен за проектните активности, расположливите ресурси и трошоци поврзани со Проектот и ќе изготвува финансиски извештаи кон Фондот во согласност со сметководство на готовинска основа, јасно претставувајќи ги
документите за направениот трошок и исплатите за Кварталот за кој се однесуваат, на начин кој ќе соодветствува со активностите, ресурсите и трошоците поврзани со Проектот.
(5) Секоја набавка на добра и услуги Корисникот е должен да ја направи во согласност со прифатливите комерцијални практики наведени во член 29 од Правилникот за инструментот.
(6) Xxxxxxxxxx има обврска да ја чува целокупната документација на Проектот од започнување на спроведувањето на Проектот согласно член 32 од Правилникот за инструментот.
(7) Ако е применливо, Xxxxxxxxxx ќе гарантира дека секој партнер и/или член на конзорциум и/или подизведувач во Проектот ќе ги реализира своите проектни активности во согласност со одредбите од овој Договор, Правилникот за инструментот, ефикасно, транспарентно и посветено, во согласност со најдобрите практики и во согласност со одредбите за судир на интереси, повреди на права на интелектуална сопственост, лични податоци и класифицирани информации, измама и корупција, заштита на животна средина, како што е утврдено во Правилникот за инструментот, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за класифицирани информации.
(8) Xxxxxxxxxx е должен да се придржува кон процедурите за надзор и да му овозможи на Фондот да изврши лесен надзор над спроведувањето на Проектот. Исто така, Xxxxxxxxxx е должен да му овозможи на Фондот или на лица овластени од Фондот во секое време да извршат длабинска анализа на спроведувањето на Проектот, на неговите активности и остварени резултати, како и да извршат ревизија на проектната и финансиска документација поврзана со Проектот. Корисникот има обврска сите релевантни документи поврзани со Проектот да ги подготви и достави до Фондот на негово барање, со цел обезбедување на наменско искористување на доделените финансиски средства за реализација на одобрениот Проект и исполнување на условите согласно со одобрениот Буџет за Проектот, одредбите од овој Договор и Правилникот за инструментот.
(9) Во случај на промени на Проектот Корисникот има обврска да постапува согласно одредбите од член 31 од Правилникот за инструментот.
(10) Во случај на настаната промена на податоците во Тековната состојба на Корисникот издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, должен е навремено да го извести и да достави нова Тековна состојба до Фондот.
(11)Корисникот треба до Фондот да доставува извештаи, и тоа:
- квартални извештаи за напредок (описен дел и финансиски дел) кои Корисникот ги доставува за времетраењето на проектот и тоа во рок од 14 (четиринаесет) дена по истекот на последниот календарски ден од кварталот.
- завршен извештај (описен дел и финансиски дел) кој Корисникот го доставува во рок од 60 (шеесет) дена по истекот на последниот календарски ден од проектот, а во кој рок Корисникот исто така треба да ги изврши плаќањата за сите проектни активности спроведени заклучно со истекот на последниот ден од овој Договор и
- во наредните 5 (пет) години по завршувањето на проектот, најдоцна до 31 март во тековната година Xxxxxxxxxx да достави годишен извештај за следење на активностите по завршување на проектот.
Обврска на Корисникот за плаќање на ројалти Член 7
(1) По успешна комерцијализација, приходите на Корисникот остварени како резултат од проектот
добиени од продажбата на производот/услуга или некој друг последователен производ/услуга врз основа на технологијата/процесот развиен во рамки на проектот финансиран од страна на Фондот, станува основа за плаќање на ројалти кон Фондот.
(2) Секое плаќање на ројалти се врши по стапка од 5% (пет) проценти од годишниот приход на Корисникот остварен со продажба на производот/услугата кои се резултат на проектот, до остварување на повраток на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од 5 (пет) години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат.
(3) Износот на ројалти се пресметува годишно од страна на Фондот во тековната година за претходната година, и треба да биде платен од страна на Корисникот кон Фондот најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година.
(4) Во случај доколку за времетраењето на проектот, а се до одобрување на Завршниот извештај од страна на Фондот, Xxxxxxxxxx достави доказ за привлечен инвеститор кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на Корисникот, Xxxxxxxxxx ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти. Како доказ за направената инвестиција ќе се смета договор, тековна состојба и доказ за направена уплата на инвестицијата.
(5) На достасаните, а неплатени обврски – ројалти во роковите утврдени со овој Договор и Правилникот за инструментот од денот на достасаноста до денот на наплатата, Фондот го задржува правото да пресметува и наплатува законска казнена камата, согласно Законот за облигациони односи на Република Северна Македонија.
(6) Уплатата на ројалти се врши на сметката на Фондот: 04001-62014-787-10.
Обврски на Корисникот во врска со правата на интелектуална сопственост Член 8
(1) Корисникот не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост
на трети лица.
(2) Доколку Проектот се заснова на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Корисникот е должен да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за “in-kind” придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Корисникот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се засноваат резултатите од Проектот.
(3) Сите права на интелектуална сопственост и „know how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
(4) Доколку Проектот вклучува договор за соработка со високообразовна и/или научно истражувачка установа, правата на интелектуална сопственост во врска со Проектот треба да бидат јасно регулирани во договорот за соработка.
(5) Корисникот може да ја пренесе сопственоста врз резултатите од проектот на друга страна или да додели ексклузивна лиценца, само во случаите и постапката подетално утврдена во членот 38 од Правилникот за инструментот.
(6) Фондот не е одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот и трети лица.
Обврски на Корисникот при промени на сопственост на капитал Член 9
(1) Во периодот од склучувањето на договорот за доделување на средства помеѓу Фондот и
Корисникот сè до исполнување на сите обврски кон Фондот согласно овој Договор, се спроведе промена на капиталот, Корисникот е обврзан во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на уписот на таквата промена во Централниот регистар на Република Северна Македонија да го извести Фондот за настанатата промена.
Обврски на Корисникот при статусни промени на Корисникот Член 10
(1) Во случај на планирана Статусна промена на Корисникот, Корисникот е должен да поднесе барање до Фондот и да добие претходно одобрение од страна на Фондот за да може се спроведе таквата планирана промена. По ова барање Фондот е должен да донесе одлука во најкраток можен рок. Ваквата планирана промена не смее да се спроведе без одлука со која Фондот дава претходно одобрение за истата.
(2) Доколку Фондот ја одобрил планираната Статусна промена на Корисникот, новиот сопственик на Корисникот, односно правниот следбеник на Корисникот е должен во рок од петнаесет (15) дена по уписот на Статусната промена во Централниот регистар на Република Северна Македонија да склучи со Фондот анекс на овој Договор со кој ги презема правата и обврските од истиот.
(3) Обврската на Корисникот од ставот (1) на овој член трае во периодот од склучувањето на овој Договор помеѓу Фондот и Корисникот сè до исполнување на сите обврски кон Фондот согласно овој Договор.
(4) Доколку во периодот определен во ставот (3) од овој член, се спроведе Статусна промена кај Корисникот без претходно одобрение од Фондот, Фондот го задржува правото да бара од Корисникот да го врати целиот износ или дел од износот на доделени средства. За овие обврски Фондот го задржува правото од денот на достасаноста до денот на наплатата да пресметува и наплатува законска казнена камата согласно Законот за облигациони односи.
Обврски на Корисникот во случај на престанок (ликвидација) на Корисникот Член 11
(1) Во случај на планирано престанување (ликвидација) на Корисникот, Корисникот е должен да поднесе барање до Фондот и да добие претходно одобрение од страна на Фондот за да може да се отпочне постапката за престанување (ликвидација). По ова барање Фондот е должен да донесе одлука во најкраток можен рок. Ваквата постапка за престанување (ликвидација) не смее да отпочне без одлука со која Фондот дава претходно одобрение за истата.
(2) Во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против Xxxxxxxxxx, Xxxxxxxxxx е должен писмено да го извести за тоа Фондот во рок од 10 (десет) дена од дознавањето за таквиот предлог.
(3) Обврските на Корисникот од ставовите (1) и (2) на овој член траат во периодот од склучувањето на овој Договор помеѓу Фондот и Корисникот сè до исполнување на сите обврски кон Фондот согласно овој Договор.
(4) Доколку во периодот определен во ставот (3) од овој член, Корисникот отпочне постапка за престанување (ликвидација) без претходно одобрение од Фондот или не го извести Фондот во
рокот од ставот (2) за поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против него, Фондот може да бара од Корисникот да го врати целиот износ или дел од износот на доделени средства. За овие обврски Фондот може од денот на достасаноста до денот на наплатата да пресметува и наплатува законска казнена камата согласно Законот за облигациони односи.
Транспарентност и комуникација со јавност Член 12
(1) Корисникот е обврзан да ги следи насоките од Фондот и Комитетот во однос на транспарентност
и комуникација на проектот кон јавноста, согласно Упатството за транспарентност и комуникација на проектите на Фондот.
(2) Корисникот е обврзан на јасно и видливо место во работните простории како и на опремата, промотивниот материјал и добрата добиени од проектот, да го истакне логото и називот на Фондот, со пресликување на следниов опис „Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија”.
(4) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx поседува веб-страница, должен е да објави кратка информација за финансиската поддршка обезбедена од Фондот.
(5) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx објавува или дава изјава за медиуми во врска со проектот должен е да ја спомене поддршката обезбедена од Фондот.
Рок за реализација на Проектот Член 13
(1) Проектот е со времетраење од ( ) месеци почнувајќи од година.
(2) Корисникот врз основа на оправдани причини може да бара продолжување на времетраењето на проектот со поднесување на образложено писмено барање во кое ќе бидат наведени причините за продолжување. Барањето се поднесува пред истекот на времетраењето на проектот.
(3) Врз основа на поднесеното барање од став 2 Фондот може да одобри продолжување на спроведувањето на проектот до 3 (три) месеци.
(4) Продолжување на спроведувањето на проектот подолго од периодот од став 3 на овој член може да биде одобрено само по одлука донесена од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции.
(5) Под оправдани околности, времетраењето на спроведувањето на проектот може да биде продолжено најмногу за дополнителни 12 (дванаесет) месеци по претходно добиено одобрување во согласност со ставот 4 од овој член.
(6) Во случај Фондот односно Комитетот да донесе одлука за продолжување на времетраењето на проектот, продолжувањето на времетраењето ќе започне од денот на донесување на одлуката за продолжување. Во периодот од истекот на времетраењето на проектот до денот на донесување на одлуката за продолжување од страна на Фондот односно Комитетот, на Корисникот нема да му се признаваат никакви трошоци и активности и истиот е должен или да се воздржи од правење на било какви трошоци и преземање на активности или самиот да ги сноси така направените трошоци.
(7) Во случај на продолжување на времетраењето на спроведувањето на проектот, износот на доделениот грант не може да биде зголемен.
5. НАДЗОР НА ПРОЕКТОТ
Член 14
(1) Правилата, начинот на спроведување и последиците од спроведениот надзор на Проектот се детално уредени во Правилникот за инструментот.
(2) Фондот задолжително спроведува најмалку една теренска за времетраењето на проектот. Фондот има право да спроведе и повеќе теренски посети доколку е потребно.
6. ВИША СИЛА
Член 15
(1) Договорните страни се согласни ниту една Договорна страна да не биде одговорна кон другата за штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
(2) Во случај на настанување на виша сила, Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата Договорна страна, со цел договарање на нови услови за исполнување или за раскинување на овој Договор.
7. ПРЕКИН НА ФИНАНСИРАЊЕ
Член 16
(1) Фондот го задржува правото привремено да го прекине финансирањето по овој Договор, во целост или делумно, особено во следниве случаи:
- Доколку барањето за исплата од Корисникот не е во согласност со одредбите од овој Договор и/или од Правилникот за инструментот;
- Корисникот не поднел каков било извештај кој бил обврзан да го поднесе согласно одредбите од Правилникот Правилникот за инструментот, или таквиот извештај е нецелосен или потребни се дополнителни информации;
- Постои сомневање кај Фондот за подобноста за финансирање на трошоците презентирани во извештаите и потребни се дополнителни проверки;
- Корисникот сторил или постои сомневање кај Фондот дека Корисникот сторил сериозни повреди на обврските од овој Договор, и/или одредбите од Правилникот за инструментот;
- Корисникот сторил или постои сомневање кај Фондот дека Корисникот сторил измама или проневера, вклучително и при постапката за доделување на средствата;
- во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против Корисникот.
Член 17
(1) Во случај на настанување на која било од околностите од член 16 од овој Договор, Фондот го задржува правото да донесе одлука за привремен прекин на финансирањето и/или да бара враќање на дел или во целост на финансиските средства исплатени на Корисникот до тој момент.
(2) Фондот истовремено со одлуката за привремен прекин на финансирањето испраќа и писмено известување до Корисникот информирајќи го за настанатите прекршувања на овој Договор со барање Xxxxxxxxxx да ги отстрани прекршувањата во рок од 14 (четиринаесет) дема од денот на приемот на известувањето.
(3) По барање на Корисникот, Фондот може да му одобри на Корисникот дополнителни 30 (триесет) дена за отстранување на прекршувањата. Во одредени случаи за кои се чека одлука од соодветен орган во врска со работењето на Xxxxxxxxxx, а кој има влијание на привремениот
xxxxxx на финансирањето, рокот за отстранување на тие прекршувања може да се продолжи до конечноста на решението од тој орган.
(4) Во случај Xxxxxxxxxx да ги надмине идентификуваните прекршувањата во роковите наведени во став (2) и став (3) од овој член, Фондот ќе донесе одлука за повлекување на привремениот прекин на финансирањето.
(5) Во случај Xxxxxxxxxx да не ги отстрани идентификуваните прекршувања во роковите од став (2) и став (3) од овој член, Директорот на Фондот го известува Комитетот, кој ќе одлучи дали ќе дојде до раскинување на договорот.
8. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 18
(1) Фондот го задржува правото да го раскине овој Договор во целост или делумно, во случај на проневера и прекршување на обврските од овој Договор, и/или одредбите од Правилникот за инструментот, а особено во следниве случаи:
1. Доколку Корисникот наменски не го користи Кофинансираниот грант за целите за кои е доделен, вклучувајќи и прераспределба на средства во процент поголем од утврдениот процент на средства од вкупниот Буџет на Проектот и согласно член 31 од Правилникот за инструментот;
2. Доколку Корисникот со намера за измама дава неточни податоци во текот на постапката за доделување на Кофинансираниот грант и за времетраењето на овој Договор кои имаат материјално влијание на Проектот;
3. Доколку Xxxxxxxxxx не воведе соодветни политики и процедури кои ќе му овозможат на Фондот да врши надзор и да го оцени напредокот на проектот;
4. Доколку Корисникот не воведе и одржува систем на финансиско управување и не подготвува финансиски извештаи во согласност со сметководствените стандарди на начин кој соодветно ќе ги рефлектира активностите, ресурсите и трошоците поврзани со проектот;
5. Доколку Корисникот на барање на Фондот не дозволи ревизија од страна на независен ревизор и/или стручно лице за ревизија назначени од Фондот;
6. Доколку Xxxxxxxxxx не му обезбеди на Фондот и/или на лица назначени од страна на Фондот, да извршат увид во спроведувањето на проектот, неговите активности, остварени резултати и сите релевантни документи за проектот, или на сметките и/или истите да ги достави до Фондот на негово барање;
7. Доколку Xxxxxxxxxx не го извести Фондот за секоја значајна промена со материјално влијание врз проектот;
8. Доколку Корисникот постапува спротивно на одредбите од членот 27 став 4 од Правилникот за инструментот кои се однесуваат на измама и корупција;
9. Доколку Корисникот постапува со резултатите од проектот на начин спротивен од одредбите од член 38 од Правилникот за инструментот;
10. Доколку Корисникот не се придржува кон одредбите од член 40, 41 и/или 42 од Правилникот за инструментот во случај на промени на сопственост на капитал, статусни промени и престанување;
11. Во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против Xxxxxxxxxx.
Член 19
(1) Во случај на настанување на било која од околностите од член 18 од овој Договор, Фондот го задржува правото да донесе одлука за раскинување на овој Договор и/или да бара враќање на дел или во целост на финансиски средства исплатени на Корисникот до тој момент.
(2) Одлуката за раскинување на овој Договор и на финансирањето ја носи Комитетот.
(3) Во случај на раскинување на овој Договор Фондот го задржува правото да бара поврат на целиот или дел од износот исплатен од Фондот на Корисникот, а посебно во случаи кои се однесуваат на условите наведени во член 18 став 1 алинеи 2, 5, 6 и 8, Фондот го задржува правото да бара и надомест на штета.
(4) Доколку овој Договор е раскинат од било која причина опфатена со член 18, а доделените финансиски средства не се потрошени, Xxxxxxxxxx е должен да го врати на Фондот целиот непотрошен износ на средства во рок утврден од страна на Фондот но не пократок од 8 (осум) дена, во спротивно тој паѓа во задоцнување и на истиот износ може да биде обврзан да плати законска казнена камата во согласност со Законот за облигациони односи сметано од денот на доцнењето, сé до конечната исплата.
(5) Во случај да настанат условите наведени во член 18, став 1 алинеја 9 и/или 10 овој Договор, Фондот го задржува правото да побара од Корисникот да врати целосен или делумен износ од средствата исплатени од Фондот на корисникот, намален за износот на приходите од ројалти кон Фондот. Од денот на достасаноста до денот на наплатата, Фондот го задржува правото да пресметува и наплатува законска казнена камата согласно Законот за облигациони односи.
(6) Фондот има право да бара казнена камата, надомест на штета и да започне соодветна постапка за обезбедување на побарувањата од корисникот согласно условите предвидени во овој Договор и во Правилникот за инструментот, во најкраток можен рок, доколку Xxxxxxxxxx не ги исполни условите наведени во став 3, 4, 5 и 6 од овој член за да се изврши целосно враќање на веќе исплатените средства кон Xxxxxxxxxx.
Член 20
(1) Фондот може да го раскине овој Договор врз основа на барање на Kорисник или тимот за следење на проектите формиран од редот на вработените во доколку поради неизбежна пречка од технички или пазарен аспект се доведат во прашање идните резултати на проектот.
(2) Во случајот од ставот (1) на овој член, Фондот ќе побара од Корисникот да достави документација до Фондот и да побара престанок на проектот и финансирањето. Последователно, Комитетот ќе утврди дали постои оправданост на доказите за постоење на неизбежна пречка која ги доведува во прашање идните резултати на проектот и ќе донесе соодветна одлука.
(3) Доколку Комитетот одлучи дека се исполнети условите наведени во ставот (1) на овој член, корисникот нема да биде обврзан да ги врати доделените средства.
Член 21
Доколку во текот на реализацијата на Проектот, Фондот утврди постоење на зголемен ризик од непочитување на одредбите од овој Договор и Правилникот за инструментот, може да побара од Корисникот да му достави, а Xxxxxxxxxx се обврзува да му достави на Фондот инструменти за обезбедување на побарувањата и правата на Фондот по овој Договор.
9. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 22
Овој Договор започнува да произведува правно дејство од денот на неговото потпишување од страна на двете Договорни страни.
Член 23
Овој Договор е сочинет на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
Член 24
(1) Договорните страни се согласни меѓусебната комуникација да се врши по писмен пат со препорачана пратка на следните адреси:
• адреса на Фондот: бул. Xxxx Xxxxxx бб, 1000 Скопје;
• адреса на Корисникот: ......................
Додека за електронска комуникација ќе се користат следните адреси на е-пошта:
• Е-пошта на Фондот: xxxxxxxxxx@xxxx.xx ;
• Е-пошта на Корисникот: ........................
Поднесувањето извршено на било кој од горенаведените начини ќе се смета за уредно извршено на денот на приемот на писменото известување или на електронската пошта од другата Договорна страна.
(2) Секоја Договорна страна е должна за каква било измена на податоците од став 1 на овој член писмено да ја извести другата страна во рок од 5 (пет) дена од денот на настанување на промената.
(3) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx изврши промена на податоците од став 1 од овој член и за тоа писмено не го извести Фондот во рокот наведен во став 2 од овој член, секоја извршена достава од страна на Фондот до Корисникот на адресата наведена во став 1 од овој член се смета за уредна и валидна.
Член 25
Со потпишување на Договорот, Xxxxxxxxxx потврдува дека ги прочитал и разбрал во целост Правилникот за инструментот и дека ги презема во целост сите права и обврски кои произлегуваат од истите и е согласен да ги изврши во целост, со цел успешна реализација на Проектот.
Член 26
(1) Насловите во овој Договор нема да бидат користени во неговото толкување.
(2) Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx потврдува дека пред склучувањето на Договорот навремено му се соопштени сите потребни информации и податоци за склучување на Договорот и дека е запознаен со условите на Кофинансираниот грант, содржината и условите на Договорот.
Член 27
Измени и дополнувања во вид на анекс на овој Договор можат да се вршат со заедничка согласност на Договорните страни доставена по писмен пат. Сите идни анекси ќе претставуваат составен дел на овој Договор.
Член 28
За сè она што не е регулирано со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за иновациската дејност, Законот за облигационите односи, Правилникот за инструментот и важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
Член 29
(1) Договорните страни ќе настојуваат настанатите спорови да ги решаваат со усогласување, порамнување, медијација или на друг мирен начин.
(2) Во случај на поведување на постапка за присилна наплата или друг спор кој може да произлезе од прекршување на одредбите на овој Договор, Xxxxxxxxxx има право да поднесе писмено барање до Фондот за вонсудско решавање на спорот.
(3) Фондот е должен во рок од 30 дена да го извести Корисникот писмено или преку друг траен медиум за прифатливоста на неговото барање.
(4) Во случај на вонсудско спогодување, Фондот и Корисникот потпишуваат спогодба или протокол во писмена форма.
(5) Во случај на спор по овој Договор надлежен да постапува е Основниот Граѓански суд Скопје.
Член 30
Овој Договор е сочинет во 5 (пет) еднакви примероци, од кои по 2 (два) за секоја Договорна страна и 1 (еден) за службена употреба.