Contract
Деловоден бр. _
Рамковен договор
за платежни услуги за правни лица - резиденти
Склучен во на ден помеѓу:
1. Комерцијална банка АД Скопје (во натамошниот текст: Банка) со
адреса и седиште: ул. Xxxxx Xxxxxx бр. 3, 1000 Скопје
матичен број: 4065573
даночен број: 4030989254937
свифт адреса: XXXXXX0X
веб страна на Банката: xxx.xx.xx
веб страна на Интернет банка: xxx.xxxxx.xxx.xx
адреса за електронска пошта: xxxxxxx@xx.xx
телефон за контакт: (00) 0000000
овластена институција за контрола и надзор на работење на Банката:
Народна Банка на Република Северна Македонија
претставувана од , потпишано од овластени лица за потпишување на документи, од една страна, и
2. (во натамошниот текст: Корисник) адреса и седиште:
матичен број:
даночен број:
претставуван од од друга страна.
Општи одредби
Член 1
Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи.
Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот.
Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор):
- Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги,
- Општи услови,
- Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови ,
- Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица,
- Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги,
- Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги.
Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум.
Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услуги и условите на деловна соработка регулирани со Рамковниот договор, Општите услови, Посебните општи услови, Одлуката за тарифата на надоместоци, Одлуката за каматни стапки, актите на Банката и останатите документи кои го регулираат работењето со платежната сметка и вршењето на платежните услуги, за што го известува Корисникот на начин утврден во Општи услови и Посебните општи услови.
Платежни услуги
Член 2
На барање на Корисникот, Банката на начин предвиден во Општите услови, Посебните општи услови и Рамковниот договор овозможува користење на платежни услуги или производи поврзани со платежната сметка:
1. отворање, одржување и затворање на платежна сметка;
2. внесување и повлекување на готовина на/од платежната сметка;
3. извршување на платежни трансакции: безготовински пренос на средства од/на платежната сметка, директни задолжувања, платежни трансакции со платежни картички, кредитни трансфери вклучувајќи и траен налог;
4. купопродажба на странски парични средства за денари на девизен пазар;
5. издавање, одржување, користење и затворање на дебитна платежна картичка;
6. прифаќање на платежни картички; и
7. електронско банкарство.
Освен наведените услуги и производи, Банката може да му понуди на Корисникот и други услуги и производи кои може да произлезат од работењето со платежната сметка, за што Корисникот може да потпише посебен договор доколку не е поинаку регулирано.
Платежна сметка и извршување на платни налози
Член 3
Xxxxxxx го склучува овој Рамковен договор врз основа на поднесено барање за отворање платежна сметка. За секоја отворена платежна сметка Xxxxxxx ќе додели единствена идентификациска ознака (број на платежна сметка) со единствен и неповторлив број кој служи за недвосмислена идентификација на Корисникот, за што ќе го извести Корисникот.
Корисникот е согласен бројот на платежната сметка Xxxxxxx да го даде на Корисникот на хартија и/или да му го стави на располагање електронски преку електронското банкарство, по отворање на платежната сметка. Начинот на отворање, одржување, работење и затворање на платежна сметка е регулиран и се врши согласно Општите услови.
Корисникот има обврска да достави до Банката уредни, комплетни и точно пополнети платни налози кои Xxxxxxx ги извршува согласно важечките законски и подзаконски прописи, Општите услови и интерните акти на Банката.
Корисникот се обврзува платните налози и платежните трансакции да ги извршува до висина на тековното салдо на парични средства на платежната сметка. Банката на барање на Корисникот може да одобри дозволено пречекорување на платежна сметка, за што со Корисникот ќе склучи посебен договор за кредит.
Банката не превзема обврска за заштита на средствата на платежната сметка во случај на стечај, постапка на извршување, обезбедување со претходна или привремена мерка или друга слична постапка над Корисникот во согласност со законските и подзаконски прописи.
Платежна картичка
Член 4
Врз основа на барање од Корисникот, по отворање на платежна сметка во денари Банката може да издаде дебитна платежна картичка. Корисникот се обврзува дека секоја издадена дебитна платежна картичка согласно Рамковниот договор ќе ја употребува согласно важечките законски и подзаконски прописи, Општите услови, Посебните општи услови и интерните акти на Банката,
Издавањето на кредитна платежна картичка Банката ќе го врши по барање за издавање на кредитна платежна картичка на Корисникот и по отворање на платежна сметка во денари, за што Банката и Корисникот ќе склучат посебен договор за користење на кредитна платежна картичка.
Прифаќање на платежни картички
Член 5
На барање на Корисникот, по отворање на платежна сметка во денари Банката овозможува услуга за прифаќање на платежни картички за наплата на стоки и услуги кај трговците, за што Банката и Корисникот ќе склучат посебен договор за прифаќање на платежни картички за наплата на стоки и услуги.
Електронско банкарство
Член 6
Банката врз основа на барање од Корисникот обезбедува услуги на електронско банкарство за платежните сметки на Корисникот кои се водат во Банката.
Корисникот се обврзува дека ќе ги користи услугите на електронско банкарство согласно важечките законски и подзаконски прописи, Општите услови и интерните акти на Банката.
Надоместоци, каматни стапки и девизни курсеви
Член 7
За извршување на платежните услуги согласно Рамковниот договор и поединечните договори за наменска платежна сметка како негов составен дел, Банката наплатува надоместоци и провизии во висина, рокови и на начин определени со Одлуката за тарифата на надоместоци, важечка на денот на извршување на услугата. Видот и висината на надоместоците е променлив и за секоја промена Банката ќе го извести Корисникот на начин утврден во Општите услови.
Корисникот се обврзува да ги плати на Банката сите надоместоци, провизии, трошоци и други побарувања за извршените платежни услуги согласно Рамковниот договор, поединечните договори за наменска платежна сметка како негов составен дел, Општите услови и Посебните општи услови.
Корисникот со потпишување на Рамковниот договор е изрично согласен и ја овластува Банката, без негова дополнителна согласност, во негово име и за негова сметка да ги преземе сите активности и дејствија и да ја потпише целата документација, за да воспостави платни налози за задолжување на сите платежни сметки на Корисникот кои ги одржува Банката со цел наплата на достасаните надоместоци, провизии, трошоци и други побарувања кои може да произлезат од работењето на Корисникот со Банката по основ на било кој производ или услуга кои Корисникот ги користи во Банката
На средстватa на платежната сметка Xxxxxxx пресметува и плаќа камата по каматна стапка согласно важечката Одлуката за каматни стапки на денот на пресметката. Каматните стапки се променливи за цело времетраење на Рамковниот договор согласно Одлуката за каматни стапки. Пресметаната камата се припишува на состојбата на платежната сметка.
Доколку од страна на овластен надлежен орган за паричните средства евидентирани на платежната сметка е изречена привремена мерка замрзнување, заплена, забрана за вршење платежни трансакции, забрана за располагање и сл. во однос на каматата се применуваат посебни одредби од Одлуката за каматни стапки.
За достасаните ненаплатени надоместоци, провизии, трошоци и други побарувања од вршење на платежните услуги Банката ќе пресметува и наплатува казнена камата согласно законските прописи и Одлуката за каматни стапки.
На писмено барање од Корисникот, Xxxxxxx ќе го извести Корисникот за сите наплатени надоместоци, провизии, камати, трошоци и други побарувања за сите платежни услуги поврзани со платежната сметка.
Купродажбата на девизни средства по налог на Корисникот, Xxxxxxx ја врши со примена на девизен курс за странската валута согласно курсна листа на Банката или по договорен куповен/продажен курс за односната странска валута важечки на денот на извршување на трансакцијата. Курсната листа на Xxxxxxx се ажурира и се објавува на веб страницата на Банката.
Кај платежната трансакција со дебитна картичка се применуваат девизни курсеви на начин согласно Посебните општи услови.
Корисникот е запознаен и изрично согласен доколку Xxxxxxx ја менува висината на каматните стапки и/или девизниот курс поради промени на референтната каматна стапка и/или референтниот девизен курс Xxxxxxx промените ќе ги применува веднаш, без претходно писмено известување и без да се бара дополнителна согласност од Xxxxxxxxxx.
Комуникакција помеѓу Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx
Член 8
Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx се согласни комуникацијата меѓу нив да се одвива на начин утврден во Општите услови и Посебните општи услови.
Корисникот има обврска да ја извести Банката во рок од 7 (седум) дена од настанување на било која промена на податоците поврзани со статусни промени, промена на податоците на неговите застапници по закон или неговите основачи, на овластените лица за работа со платежната сметка и на сите други податоци и документација кои Корисникот ги доставил при склучувањето на Рамковниот договор.
Корисникот презема целосна одговорност од било какви последици кои може да настанат како резултат на ненавремено пријавување на сите релевантни промени.
Доколку Корисникот не ја извести Банката за промена на адреса, Банката за уредна и валидна адреса за достава на известувања по пошта кои се поврзани со работењето со платежната сметка и/или во постапка за присилна наплата на побарувања, ќе ја смета последната пријавена контакт адреса.
Член 9
Корисникот е согласен за промените на одредбите од Документација за рамковен договор, а кои промени се однесуваат на работењето со платежната сметка, платежните услуги и производите опфатени со Рамковниот договор, Банката да го известува преку извод на состојба и промет на платежната сметка кој Корисникот може да го подигне на шалтер на Банката во хартиена форма или во електронска форма со користење на електронска пошта, преку електронско банкарство и/или на веб страницата на Банката во рок од два месеци пред настанување на промената.
Сите приговори и рекламации во врска со работењето со платежната сметка и извршувањето на
платежните трансакции, Xxxxxxxxxx има обврска да ги пријави кај Банката на начин утврден во Општите услови и Посебните општи услови.
Заштитни и корективни мерки
Член 10
При користење на платежните услуги од Рамковниот договор Корисникот се обврзува дека ќе постапува согласно одредбите од истиот, важечките законски и подзаконски прописи, интерните акти на Банката и ќе ги применува заштитните и корективните мерки предвидени во Општите услови.
На барање на Банката Корисникот ќе ги достави сите неопходни податоци и документација во согласност со прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам, меѓународните стандарди и пракса, важечка законска и подзаконска регулатива и интерните акти.
Корисникот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во платниот налог и/или платежна инструкција испратена до Банкатa. Банката нема да прими и нема да постапува по непотполни или неправилно пополнети платни налози и/или платежни инструкции.
Корисникот ја сноси целокупната одговорност и штета настаната во случај на непридржување кон одредбите од Рамковниот договор, Општите услови и Посебните општи услови.
Банката во секое време од склучување на Рамковниот договор има право да одбие одржување на деловна соработка и/или извршување на конкретен платен налог и/или на платежна трансакција, како и без согласност на Корисникот да ја блокира можноста за користење на сите или одредени услуги и производи предвидени со Рамковниот договор, во случај кога Корисникот до Банката нема да ги достави сите неопходни информации, податоци и документација поврзани со платниот налог и/или платежната трансакција.
Заштита на податоци
Член 11
Банката и Xxxxxxxxxx се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со извршувањето на Рамковниот договор, за неговото времетраење, како и по неговото раскинување или откажување, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не е договорено.
Податоците за работењето со платежната сметка може да се достават само на Корисникот, на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на дадена согласност од страна на Xxxxxxxxxx.
Со потпишувањето на Рамковниот договор Корисникот изрично се согласува Xxxxxxx да ги преземе сите дејствија поврзани со обработка и размената на податоци кои произлегуваат од истиот, а кои се собрани во согласност со правото на Банката да собира, складира, евидентира, организира податоци заради извршување на своите активности.
Банката врши транспарентна обработка на личните податоци за што Xxxxxxxxxx е запознаен согласно Општите услови.
Важење, измени и раскинување на Рамковниот договор
Член 12
Рамковниот договор се склучува на неопределено време и стапува на сила со денот на потпишување од страна на Xxxxxxx и Корисникот.
Начинот и условите на измена на Рамковниот договор се уредени во Општите услови.
Корисникот и Xxxxxxx се согласни постапката на раскинување на Рамковниот договор да се врши под услови, на начин и во рокови согласно Општите услови.
Доколку настанат промени во законските прописи што го регулираат работењето со платежната сметка и вршење на платежните услуги, Xxxxxxx ќе ги примени новите законски прописи и одредби кои што ќе влезат во сила во времето на важење на Рамковниот договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Корисникот има право да го раскине Рамковниот договор во законски предвидениот рок.
Банката може еднострано писмено да го раскине Рамковниот договор во случаи утврдени од страна на Xxxxxxx при примена на мерки на анализа на Xxxxxxxxxx, негова прифатливост и неговото работење согласно важечките законски и подзаконски прописи и интерните акти на Банката, и истото може да го направи без отказен рок.
Правната заштита на Корисникот
Член 13
Корисникот може да поднесе приговор до Банката кога смета дека Xxxxxxx не се придржува кон одредбите од важечките законски и подзаконски прописи со кои се регулираат платежните услуги од Рамковниот договор. Корисникот приговорот го поднесува согласно одредбите за поднесување на приговор до давател на платежна услуга на начин утврден во Општите услови.
Xxxxxxx има обврска да одговори на приговорот во рок од 15 работни дена од денот на приемот на приговорот, односно, поради причини надвор од нејзина контрола, да одговори најдоцна во рок од 35 работни дена од денот на приемот на приговорот.
Корисникот кој претходно поднел приговор до Банката може да поднесе поплака до Народната банка на Република Северна Македонија, како надлежен орган за вршење на надзор на Банката, согласно важечки законски и подзаконски прописи. Одговорот на поплаката доставен од страна на Народната банка на Република Северна Македонија не е обврзувачки за Банката како давател на платежни услуги, ниту има правно дејство во врска со правните односи меѓу Корисникот како подносител на поплаката и Банката како давател на платежни услуги.
Со поднесување на поплака до Народната банка на Република Северна Македонија не се исклучува или ограничува правото на Корисникот да поведе судски спор со Банката како давател на платежни услуги.
Завршни одредби
Член 14
Насловите во овој Рамковен договор се користени исклучиво со цел за негова подобра прегледност и нема да се применуваат и толкуваат во интерпретацијата или користењето на Договорот.
За се што не е предвидено со Рамковниот договор важат важечките законски и подзаконски прописи и интерните акти на Банката.
Член 15
Во случај на спор по Рамковниот договор надлежен е судот во Скопје.
Член 16
Рамковниот договор е составен на македонски јазик во 2 (два) еднакви примероци, од кои по еден примерок задржува секоја договорна страна.
Корисник Комерцијална банка АД Скопје
Овластени лица за потпишување на документи:
(печат и потпис на овластено лице за застапување)
(име, презиме и потпис)
(име, презиме и потпис)