Contract
`
НАБАВКА НА УСЛУГИ
ЗА ИЗРАБОТКА НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ ЗА НАДГРАДБА НА ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛОТ
1. Предмет
Изработка на софтверско решение за надргадба на интернет порталот xxx.xxxxxxxxxxxxx.xx
2. Финансирање
Xxxxx повик согласно Договорот за грант “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза” финансиран од страна на National Endowment for Democracy (XXX), согласно внатрешните постапки на набавувачот.
3. Набавувач
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.
4. Опис на услугата
СПЕЦИФИКАЦИЈА НА НАБАВКАТА
Изработка на софтверско решение за надградба на интернет порталот xxx.xxxxxxxxxxxxx.xx, во кое се нуди:
- Тестирање на исправноста на интернет порталот xxx.xxxxxxxxxxxxx.xx и предлог за дополнително уредување на порталот елабориран во техничката понуда.
- Мигрирање на „xxxxxxxxxxxxx.xx“ на сервер, одржување на кодовите и месечно хостирање на интернет порталот,
- Понуда за надградба за:
o Административниот панел за одржување на интернет порталот,
o Можност за генерирање на статистички податоци врз основ на основ на говор на омраза, географска локација и други параметри во согласност со потребите на нарачателот,
o Предлог за уредување на панелот за пријавување на говор на омраза и
o Други активности кои ќе бидат дефинирани во договорот за услуги.
5. Максимален буџет
124.800 МКД
6. Право на учество
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Правни и физички лица основани во Република Македонија.
1. Број на понуди
Еден субјект може да поднесе само една понуда, без разлика во која форма учествува (како индивидуален правен субјект или група на понудувачи). Доколку еден субјект поднесе повеќе од една понуда, сите понуди во кои тој субјект учествува, ќе бидат исклучени.
7. Подизведување
Подизведување на овој повик не е дозволено.
ОРИЕНТАЦИОНА ВРЕМЕНСКА РАМКА
8. Ориентационен датум на почеток на спроведување на договорот
21.12.2018 година
9. Период за спроведување на услугата
7 месеци (вклучително и одржување/хостирање на интернет порталот)
10. Критериуми за избор
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ДОДЕЛУВАЊЕ
1. Економски и финансиски капацитет на понудувачот:
− Да е регистриран како субјект во надлежниот орган (Централен регистар) најмалку една година пред денот кој е определен како краен рок за
доставување на понудите;
2. Технички и професионален капацитет на понудувачот:
− Да има најмалку двајца вработени;
− Во текот на последните три години да има извршено најмалку две услуги од областа поврзана со бараните услуги;
11. Критериуми за доделување
Економски најповолна понуда („Најдобра вредност за парите“).
12. Евалуација на понудите
Евалуацијата на понудите ќе ја изврши комисија од 3 члена на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.
12.2.0 Евалуација на понудата
Квалитетот на техничката и финансиска понуда ќе се оценува во согласност со критериумите и бодовите содржани во евалуациската табела на техничката понуда. Ќе се отфрлат понудите кои го надминуваат максималниот износ на буџетот.
12.2.1 Избор на најуспешен понудувач
Економски најповолната понуда ќе биде избрана така што ќе се пондерираат бодовите од техничката понуда и од цената. Потоа се собира пондерираниот износ на бодовите. Ќе биде избран оној понудувач кој добил највисок збир на пондерирани износи на бодовите од техничката и финансиската понуда.
ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА4
13. Рок за доставување на понудата
10.12.2018 година, 23:59 часот
14. Доставување на понудата
Секој заинтересиран субјект својата понуда ја доставува во форма на концепт предлог за сите елементи кои се предмет од точка 4. Опис на услугата. Техничката понуда се состои од елаборат на предложените активности, додека финансиската понуда се состои од фискалните импликации за секоја активност. За понудата не постои посебен урнек.
15. Начин на доставување на понудата
Понудата се доставува на следнава електронска адреса xxxxxx@xxx.xxx.xx, со назнака ИЗРАБОТКА НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ ЗА НАДГРАДБА НА ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛОТ
xxxxxxxxxxxxx.xx
16. Измена или повлекување на понуда
Учесниците на повикот можат да ја изменат и дополнат или повлечат понудата до рокот за доставување на понудите. По овој рок, не може да се повлече или измени понудата.
17. Јазик
Сите комуникации во врска со оваа понуда треба да бидат на македонски јазик.
18. Други информации
Сите комуникации во врска со повикот, освен доставувањето на понудите, ќе се вршат по електронски пат на следниве електронски адреси: xxxxxxxxxx.xxxxxxxxx@xxx.xxx.xx и xxxxx.xxxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx.