Contract
РЕГУЛАТИВА (ЕУ) бр. 452/2014 НА КОМИСИЈАТА
од 29 април 2014 година,
за утврдување на технички услови и административни процедури кои се однесуваат на операциите за летање на оператори од трети земји
согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 на Европскиот парламент и на Советот (Текст со важност за ЕЕО)
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА,
имајќи го предвид Договорот за функционирање на Европската Унија,
имајќи ја предвид Регулативата (ЕЗ) бр. 216/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 20 февруари 2008 година за заеднички правила во областа на цивилното воздухопловство и за воспоставување на Европска агенција за воздухопловна безбедност и за укинување на Директива 91/670/ЕЕЗ на Советот, Регулатива (ЕЗ) бр. 1592/2002 и Директива 2004/36/ЕЗ (1), а особено член 9 (4) од истата,
со оглед на тоа што:
(1) Согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008, операторите од трети земји кои вршат операции со воздухоплови во комерцијален воздушен сообраќај мора да се придржуваат кон релевантните стандарди на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).
(2) Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008, не се применува на оператори од трети земји кои летаат над територијата која е предмет на одредбите на Договорот.
(3) Со Регулативата (ЕЗ) бр. 216/2008, се бара, во случај да не постојат релевантни стандарди на ICAO, операторите од трети земји да мораат да се придржуваат кон релевантните битни услови одредени во анексите I, III, IV и, ако е применливо, Vб кон Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008, под услов овие услови да не се во спротивност со правата на трети земји согласно меѓународните конвенции.
(4) Со Регулативата (ЕЗ) бр. 216/2008, се бара Европската агенција за воздухопловна безбедност (во понатамошниот текст како „Агенцијата“) да издава одобренија и континуирано да ги следи одобренијата кои таа ги издала. Одобрението претставува еден предуслов во постапката за добивање на оперативна дозвола или ист таков документ на односната земја– членка на ЕУ врз основа на постојни спогодби за воздушен сообраќај склучени помеѓу земји–членки на ЕУ и трети земји.
(5) За потребите на првично одобрение и континуирано следење, Агенцијата треба да изврши проценка и да ги преземе сите мерка со цел да спречи понатамошно кршење на прописите.
(6) Постапката на одобрување на оператори од трети земји треба да е едноставна, сразмерна, исплатлива, ефикасна и да ги има предвид резултатите од Универзалната програма на ICAO
(1) Сл. весник L 79, 19.3.2008 година, стр. 1.
за ревизија на надзорот на безбедност, проверките на платформа и останатите признати информации за безбедносните аспекти што се однесува на операторите од трети земји.
(7) Проценките за оператори од трети земји кои се предмет на забрана за летање согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005 на Европскиот парламент и на Советот (2) може да опфаќаат и ревизија во просториите на операторот. За потребите за укинување на привремено одземање на одобрение, Агенцијата може да разгледа да изврши ревизија на операторот од трета земја.
(8) Со цел да се обезбеди непречен преод и високо ниво на безбедност на цивилното воздухопловство во Европската унија, мерките за спроведување треба да ги земат предвид препорачаните практики и документите со упатства кои се усогласени под покровителство на ICAO.
(9) На воздухопловната индустрија и управата на Агенцијата треба да им се обезбеди доволно време за да се прилагодат кон новата регулаторна рамка и под одредени услови да ги признаат оперативните дозволи или исти такви документи кои ги издала земја–членка на воздухоплов да лета во, во рамките на или вон нејзината територија.
(10) Европската агенција за воздухопловна безбедност изготви нацрт правила за спроведување и ги достави како мислење до Комисијата согласно член 19(1) од Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008.
(11) Мерките кои се предвидуваат во оваа регулатива се во склад со мислењето на Комитетот кој е основан согласно член 65 од Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008.
ЈАДОНЕСЕ ОВАА РЕГУЛАТИВА:
Член 1
Предмет и опсег
Со оваа регулатива се утврдуваат детални правила за операторите од трети земји наведени во член 4(1)(г) од Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008, кои вршат операции во комерцијалниот воздушен превоз во, во рамките на или вон територијата која е предмет на одредбите на Договорот, вклучително и условите за издавање, одржување, изменување, ограничување, привремено одземање или повлекување на нивните одобренија, правата и одговорностите на имателите на одобренијата како и условите под кои летањето се забранува, ограничува или е предмет на одредени услови во интерес на безбедноста.
(2) Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005 на Европскиот парламент и на Советот од 14 декември 2005 година, за утврдување на список на Заедницата на авиопревозници кои се предмет на забрана на летање во рамките на Заедницата и за известување на патниците во воздушниот сообраќај за идентитетот на авиопревозникот кој го врши летот и за укинување на член 9 од Директива 2004/36/ЕЗ (Службен весник L 344, 27.12.2005 год., стр. 15).
Член 2
Дефиниции
За целите на оваа регулатива:
1. „алтернативни средства за придржување (alternative means of compliance)“ се оние со кои се предлага алтернатива за постојните Прифатливи средства за придржување (AMC) (Acceptable Means of Compliance) или оние со кои се предлагаат нови средства за воспоставување на придржување кон Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 и нејзините правила за спроведување за кои Агенцијата не донела соодветни AMC;
2. „операција во комерцијален воздушен превоз (CAT) (commercial air transport (CAT))“ е операција со воздухоплов за превоз на патници, товар или пошта за надомест или друг вид на надомест;
3. „лет (flight)“ е заминување од утврден аеродром кон утврдена аеродром на одредиштето;
4. „оператор од трета земја (third country operator)“ е секој авиопревозник кој има уверение за авиопревозник кое го издала трета земја.
Член 3
Одобренија
Операторите од трети земји летаат во комерцијален воздушен сообраќај само во рамките, во или надвор од територијата која е предмет на одредбите од Договорот ако се придржуваат кон условите наведени во Анекс 1 и ако имаат одобрение кое го издава Агенцијата согласно Xxxxx 2 кон оваа регулатива.
Член 4
Влегување во сила
1. Оваа регулатива влегува во сила на дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во
Службениот весник на Европската Унија.
Таа се применува од дваесеттиот ден од денот на нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија.
2. Отстапувајќи од наведеното во вториот потстав од став 1, земјите–членки кои до датумот на влегување во сила на оваа регулатива издаваат оперативни дозволи или исти такви документи на оператори од трети земи согласно нивниот национален закон, ќе продолжат да го прават тоа. Операторите од трети земји се придржуваат кон обемот и правата кои се утврдени во дозволата или во ист таков документ кој го издава земјата–членка додека Агенцијата не донесе одлука согласно Xxxxx 2 кон оваа регулатива. Земјите–членки ја известуваат Агенцијата за издавањето на овие оперативни дозволи или исти такви документи.
По датумот на кој Агенцијата ќе донесе одлука за односниот оператор од трета земја, или по период од најмногу 30 месеци по влегување во сила на оваа регулатива, зависи што е прво, земјата–членка при издавање на оперативни дозволи повеќе не врши процена на безбедноста на тој оператор од трета земја согласно нејзиниот национален закон.
3. Операторите од трети земји кои до датумот на влегување во сила имаат оперативна дозвола, поднесуваат до Агенцијата барање за одобрение, не подоцна од 6 месеци по влегување во сила на оваа регулатива. Барањето содржи информации за кои било оперативни дозволи кои ги издава земја–членка.
4. По приемот на барање, Агенцијата го оценува придржувањето на операторот од трета земја кон важечките услови. Проценката треба да се изврши најдоцна 30 месеци по влегувањето во сила на оваа регулатива.
Оваа регулатива е целосно обврзувачка и директно применлива во сите земји–членки.
Xxxxxx, 29 април 2014 год.
За Комисијата Претседател
Xxxx Xxxxxx XXXXXX
АНЕКС 1
ДЕЛ–TCO ОПЕРАТОРИ ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ
ОДДЕЛ I
Општи услови
TCO.100 Опсег
Во овој анекс (во понатамошниот текст како Дел–TCO) се утврдуваат услови кон кои оператор од трета земја, кој учествува во операции на комерцијалниот воздушен превоз, треба да се придржува во, во рамките на или вон територијата која е предмет на одредбите од Договорот.
TCO.105 Начини за придржување
(а) За да воспостави придржување кон Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 (3) и Дел–TCO оператор од трета земја може да користи алтернативни начини за придржување во однос на AMC кои ги донела Агенцијата.
(б) Кога оператор од трета земја кој е предмет на одобрение сака заради воспоставување на придржување кон Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 (1) и Дел–TCO да користи алтернативни начини за придржување во однос на AMC кои ги донела Агенцијата, тој пред да ги спроведува истите ја известува Агенцијата за тоа доставувајќи целосен опис на алтернативните начини за придржување. Во описот се опфатени сите измени на прирачниците или процедурите кои би можело да се битни, како и процената со која се докажува дека се исполнети правилата за спроведување.
Оператор од трета земја може да ги спроведува овие алтернативни начини за придржување кои подлежат на претходно одобрение од Агенцијата, и по приемот на известувањето како што е пропишано во ART.105 од Анекс 2 (во понатамошниот текст како ‘Дел–ART’).
TCO.110 Мерки за ублажување
(а) Кога земјата на операторот или земјата на регистрацијата пријавиле разлики на стандардите на ICAO, кои Агенцијата ги утврдила согласно ART.200(г) во Дел–ART, операторот од трета земја може заради воспоставување на придржување кон Дел–TCO да предложи мерки за ублажување.
(б) Операторот од трета земја и докажува на Агенцијата дека со овие мерки се обезбедува ниво на безбедност кое е еднакво на она кое се постигнува со стандардот за кој се пријавени
(3) Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 20 февруари 2008 година, за заеднички правила во областа на воздухопловството и за основање на Европската агенција за воздухопловна безбедност, со која се укинуваат Директива 91/670/ЕЕЗ на Советот, Регулатива (ЕЗ) бр. 1592 и Директива 2004/36/ЕЗ (Сл. весник L 79, 19.3.2008 година, стр. 1). Регулатива како што е последен пат изменета со Регулатива (ЕУ) бр. 6/2013 од 8 јануари 2013 (Сл. весник L 4, 9.1.2013 година, стр. 34).
разлики.
TCO.115 Пристап
(а) Операторот од трета земја обезбедува дека на секое лице кое го овластила Агенцијата или земјата–членка на чија територија слетал еден од неговите воздухоплови, во секое време ќе му се дозволи пристап до тој воздухоплов, со или без претходно известување заради:
(1) проверка на документите и прирачниците кои треба да се носат во воздухоплов и проверки за да се обезбеди придржување кон Дел–TCO; или
(2) вршење на проверка на платформа како што е наведено во Анекс II кон Регулатива (ЕУ) 965/2012 (4) на Советот.
(б) Операторот од трета земја обезбедува дека секое лице кое Агенцијата го овластила добива пристап до секој негов објект или документ во врска со неговите активности, вклучувајќи ја секоја активност од поддоговори заради утврдување на придржување кон Дел–TCO.
(4) Регулатива (ЕУ) бр. 965/2012 од 5 октомври 2012 година, за утврдување на технички услови и
административни процедури во врска со воздухопловни операции согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 на Европскиот парламент и на Советот (Сл. весник L 296, 25.10.2012 година, стр. 1).
ОДДЕЛ II
Операции за летање
TCO.200 Општи услови
(а) Операторот од трета земја се придржува кон:
(1) важечките стандарди кои се содржат во Анексите кон Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство, особено Анексите 1 (Издавање на дозволи), 2 (Правила на летање) 6 (Експлоатација на воздухоплови, Дел I (Меѓународен комерцијален воздушен превоз – Авиони) или Дел III (Меѓународни операции – Хеликоптери)), ако е применливо,
8 (Пловидбеност на воздухопловите), 18 (Опасни материи) и 19 (Управување со безбедноста);
(2) мерките за ублажување кои ги прифатила Агенцијата согласно ART.200 (г);
(3) битните услови од Дел–TCO; и
(4) важечките правила за летање на Унијата.
(б) Операторот од трета земја обезбедува дека воздухоплов кој лета во, во рамките на или надвор од територијата која е предмет на одредбите на Договорот лета во согласност со:
(1) неговото уверение за исполнување на безбедносните услови (AOC) и придружните оперативни спецификации; и
(2) одобрението издадено согласно оваа регулатива и обемот и правата кои се утврдени во спецификациите приложени кон истото.
(в) Операторот од трета земја обезбедува дека воздухоплов кој лета во, во рамките на или надвор од Унијата има уверение за пловидбеност на воздухоплов (CofA) кое го издава или потврдува:
(1) земјата на регистрација; или
(2) земјата на операторот, под услов дека земјата на операторот и земјата на регистрација склучиле спогодба според член 83bis од Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство со кој се пренесува одговорноста за издавање на CofA.
(г) На барање, операторот од трета земја и ги доставува на Агенцијата сите информации кои се битни за проверка на придржувањето кон Дел–TCO.
(д) Без да е во спротивност со наведеното во Регулатива (ЕУ) бр. 996/2010 на Европскиот парламент и на Советот (5), операторот од трета земја веднаш ја пријавува секоја несреќа во Агенцијата како што е утврдено во Анекс 13 кон ICAO, во која е вклучен воздухоплов кој се користи во рамките на неговото AOC.
(5) Регулатива (ЕУ) бр. 996/2010 на Европскиот парламент и на Советот од 20 октомври 2010 година, за истраги и спречување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство, а за укинување на Директива 94/56/ЕЗ (С. весник L 295, 12.11.2010 година, стр. 35).
TCO.205 Опрема за навигација, комуникација и надзор
Кога лета во рамките на воздушниот простор над територијата на која се применува Договорот, операторот од трета земја ги опремува своите воздухоплови со опрема за навигација, комуникација и надзор како што се бара во тој воздушен простор.
TCO.210 Документи, прирачници и записи кои треба да се носат во воздухоплов
Операторот од трета земја обезбедува дека сите документи, прирачници и записи кои треба да се носат во воздухоплов се важечки и ажурирани.
TCO.215 Покажување на документацијата, прирачниците и записите
Во разумен рок откако тоа ќе го побара лице кое го овластила Агенцијата или надлежен орган на земјата–членка во која воздухопловот слетал, водачот на воздухопловот му ја покажува на тоа лице документацијата, прирачниците и записите кои треба да се носат во воздухоплов.
ОДДЕЛ III
Одобрение на оператор од трета земја TCO.300 Барање на одобрение
(а) Пред да започне со операции во комерцијалниот воздушен превоз врз основа на Дел–TCO, операторот од трета земја поднесува барање и добива одобрение кое го издава Агенцијата.
(б) Барањето за одобрение:
(1) се поднесува најмалку 30 дена пред планираниот датум на операцијата; и
(2) се подготвува во форма и на начин кои ги утврдува Агенцијата.
(в) Без да е во спротивност со важечките билатерални спогодби, подносителот на барањето и ги доставува на Агенцијата сите информации кои се потребни да се оцени дали планираната операција ќе се врши во согласност со важечките услови наведени во TCO.200(а). Овие информации го опфаќаат следното:
(1) уредно пополнето барање;
(2) службеното име, деловното име, адресата и адресата за прием на поштенски пратки на подносителот на барањето;
(3) копија од AOC и придружните оперативни спецификации на подносителот на барањето, или ист таков документ, со кој се потврдува способноста на имателот за извршување на планираните операции, кој го издала земјата на операторот;
(4) извод од актот за основање или од регистрацијата на трговски друштва или сличен документ на подносителот на барањето кој го издал централниот регистар на трговски друштва во земјата каде се наоѓа главното деловно седиште;
(5) предложениот датум на отпочнување, типот и географското подрачје на операцијата.
(г) По потреба, Агенцијата може да побара какво било друга дополнителна релевантна документација, прирачници или посебни одобренија кои ги издала или одобрила земјата на операторот или земјата на регистрација.
(д) За оние воздухоплови кои не се регистрирани во земјата на операторот, Агенцијата може да побара:
(1) детали од спогодбата за закуп за секој воздухоплов кој лета на таа основа; и
(2) ако е применливо, копија од спогодбата помеѓу земјата на операторот согласно член 83bis од Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство, што го опфаќа воздухопловот.
TCO.305 Нередовни летови – еднократно известување
(а) По пат на отстапување од TCO.300(а) оператор од трета земја може да врши летови во медицински цели или нередовен лет или серија на нередовни летови со цел да се надмине непредвидлива, непосредна и итна оперативна потреба без претходно да добие одобрение, под услов дека операторот:
(1) ја известил Агенцијата пред предвидениот датум на првиот лет, во форма и на начин кој ќе ги утврди Агенцијата;
(2) не е предмет на забрана за летање согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005 на Европскиот парламент и на Советот (6);
(3) ќе поднесе барање за одобрение во рок од 10 работни дена по датумот на известувањето до Агенцијата согласно TCO.300.
(б) Летот (летовите) наведени во известувањето пропишано во (а)(1) може да се изврши (извршат) во период од најмногу шест последователни недели по датумот на известувањето или додека Агенцијата не донесе одлука за барањето во согласност со Дел–ART, кое се случи порано.
(в) Оператор може да испрати известување само еднаш на секои 24 месеци.
TCO.310 Права на имателот на одобрение
Правата на операторот се наведуваат во список на спецификации кон одобрението и не смеат да ги надминат правата кои ги дала земјата на операторот.
TCO.315 Измени
(а) За секоја измена, освен оние кои се усогласени врз основа на ART.210(в), која влијае врз условите на одобрението или придружните спецификации потребно е претходно одобрение од Агенцијата.
(б) Барањето за претходно одобрение од Агенцијата операторот од трета земја го поднесува најмалку 30 дена пред датумот на спроведување на планираната измена.
Операторот од трета земја и ги доставува на Агенцијата информациите споменати во TCO.300, кои се ограничени на опсегот на измената.
По поднесувањето на барање за измена, операторот од трета земја делува во склад со условите кои ги пропишува Агенцијата согласно ART.225(б).
(в) Агенцијата се известува за сите измени за кои не е потребно претходно одобрение, како што
(6) Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005 на Европскиот парламент и на Советот од 14 декември 2005 година, за утврдување на список на авиопревозници на кои им е забрането летање во рамките на Заедницата и за
информирање на патниците за идентитетот на авиопревозникот кој го врши летот и за укинување на член 9 од Директива 2004/36/ЕЗ (Сл. весник L 344, 27.12.2005 година, стр. 15).
е усогласено во согласност со ART.210(в), пред да се направи измената.
TCO.320 Постојана важност
(а) Одобрението останува важечко под услов:
(1) операторот од трета земја да се придржува кон релевантните услови од Дел–TCO. Одредбите кои се однесуваат на постапувањето со наоди, како што е наведено во TCO.325 исто така се земаат предвид;
(2) да е важечко AOC или истиот таков документ кој го издала земјата на операторот како и односните оперативни спецификации, ако е применливо;
(3) на Агенцијата да и се одобри пристап до операторот од трета земја како што е утврдено во TCO.115;
(4) операторот од трета земја да не е предмет на забрана за летање согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005;
(5) одобрението да не е откажано, привремено одземено или повлечено;
(6) операторот од трета земја, во рамките на одобрението, на секои 24 календарски месеци да извршил најмалку еден лет, во, во рамките на и надвор од територијата што е предмет на одредбите на Договорот.
(б) По откажување или повлекување, одобрението се враќа во Агенцијата.
TCO.325 Наоди
По приемот на известувањето за наоди согласно ART.230 кои ги утврдила Агенцијата, операторот од трета земја:
(а) ја утврдува главната причина за непридржувањето;
(б) воспоставува план на корективни активности за решавање на главната причина за непридржувањето во прифатлив временски рок и истиот го доставува до Агенцијата;
(в) и дава на Агенцијата задоволителен доказ за спроведување на корективните активности во рокот договорен со Агенцијата, како што е утврдено во ART.230(д)(1).
АНЕКС 2
ДЕЛ–ART
УСЛОВИ ЗА НАДЛЕЖНИОТ ОРГАН ВО ВРСКА СО ОДОБРУВАЊЕТО НА ОПЕРАТОРИ ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ
ОДДЕЛ I
Општо
ART.100 Обем
Со овој анекс (Дел–ART) се утврдуваат административните услови кон кои земјите–членки и Агенцијата треба да се придржуваат, особено што се однесува на:
(а) издавањето, одржувањето, измените, ограничувањето, привременото одземање или повлекување на одобренија на оператори од трети земји кои вршат операции во комерцијалниот воздушен транспорт; и
(б) надзорот врз овие операции.
ART.105 Алтернативни начини на придржување
Агенцијата ги оценува сите алтернативни начини на придржување кои операторите од трети земји ги предлагаат согласно TCO.105(б), преку анализа на доставената документација и, ако смета дека е потребно, со вршење на инспекциски преглед на операторот од трета земја.
Кога Агенцијата ќе утврди дека алтернативните начини на придржување се во согласност со Дел– TCO, таа без непотребно одлагање го известува подносителот на барањето дека може да ги спроведува алтернативните начини на придржување и, ако е применливо, соодветно го изменува одобрението на подносителот на барањето.
ART.110 Размена на информации
(а) Агенцијата ја известува Комисијата и земјите–членки кога таа:
(1) ќе одбие барање за одобренија;
(2) ќе наметне ограничување заради безбедносни прашања, привремено ќе го одземе или ќе го повлече одобрението.
(б) Агенцијата ги известува земјите–членки за известувањата кои таа ги добила согласно TCO.305, во рок од еден работен ден по приемот на известувањето.
(в) Агенцијата редовно им става на располагање на земјите–членки ажуриран список во кој се наведени одобренијата кои таа ги издала, ограничила, изменила, привремено одзела или повлекла.
(г) Земјите–членки ја известуваат Агенцијата кога планираат да преземат мерка согласно член 6(1) од Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005.
ART.115 Водење на евиденција
(а) Агенцијата воспоставува систем за водење на евиденција, со кој се предвидува соодветно складирање, достапност и сигурно следење на:
(1) обуката, квалификацијата и овластувањата на нејзиниот персонал;
(2) издадените одобренија на оператори од трети земји или примените известувања;
(3) постапките за одобрување и постојаното следење на одобрени оператори од трети земји;
(4) наодите, договорените корективни активности и датумот на завршување на активноста;
(5) преземените принудни мерки, вклучувајќи ги и паричните казни кои ги побарала Агенцијата согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008;
(6) спроведувањето на корективните активности кои ги наложила Агенцијата согласно член 22(1) од Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008; и
(7) користењето на одредби за флексибилност согласно член 18(г) од Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008.
(б) Евиденцијата се чува најмалку 5 години, предмет на важечкиот закон за заштита на податоци.
ОДДЕЛ II
Одобрение, следење и спроведување ART.200 Процедура за почетно оценување – општо
(а) По приемот на барање за одобрение согласно TCO.300, Агенцијата го оценува придржувањето на операторот од трета земја кон важечките услови наведени во Дел–TCO.
(б) Почетното оценување завршува во рок од 30 дена од приемот на барањето или 30 дена пред предвидениот датум за отпочнување со операциите, во зависност што е подоцна.
Кога почетното оценување бара дополнителна процена или ревизија, периодот на оценувањето се продолжува за времетраењето на дополнителното оценување или ревизија, по потреба.
(в) Почетното оценување се заснова врз:
(1) документацијата и податоците кои ги доставил операторот од трета земја;
(2) релевантните информации за ефикасноста на безбедноста на операторот од трета земја,
вклучувајќи ги и извештаите од инспекциските прегледи на платформа, информациите кои се доставени согласно ARO.RAMP.145(в), признаените стандарди на индустријата, евиденцијата за несреќи и принудните мерки кои ги презела трета земја;
(3) релевантните информации за способноста за надзор на земјата на операторот или земјата на регистрација, како што е применливо, вклучувајќи ги и резултатите од ревизиите кои се извршени врз основа на меѓународни конвенции или националните програми за процена на безбедноста; и
(4) одлуките, истрагите во согласност со Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005 или заедничките консултации согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 473/2006 (7).
(г) Агенцијата во консултации со земјите-членки ги утврдува оние стандарди на ICAO за кои може да прифати мерки за ублажување во случај земјата на операторот или земјата на регистрација да го известиле ICAO за разлика. Агенцијата ќе ја прифати мерката за ублажување кога ќе смета дека мерката гарантира еквивалентно ниво на безбедност со она што се постигнува со стандардот за кој се известило за разлики.
(д) Кога Агенцијата не може да утврди задоволително ниво на увереност во операторот од трета земја и/или земјата на операторот при првичната оценка:
(1) ја одбива апликацијата кога исходот на оценката посочува дека понатамошната оценка нема да резултира во издавање на одобрение; или
(2) ќе направи понатамошно оценување до степенот до кој е неопходно за да утврди дека планираната операција ќе се изврши во согласност со применливите услови од Дел-TCO.
ART.205 Процедура за почетно оценување – оператори од трети земји кои се предмет на забрана за летање
(а) По приемот на барање за одобрение од оператор кој е предмет на забрана за летање или на оперативно ограничување согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005, Агенцијата ја применува односната процедура за оценување како што е опишано во ART.200.
(б) Кога оператор е предмет на забрана за летање од причина што земјата на операторот не врши соодветен надзор, Агенцијата ја известува Комисијата за дополнително оценување на операторот и на земјата на операторот врз основа на Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005.
(в) Агенцијата врши ревизија кога:
(1) операторот од трета земја се согласува на ревизија;
(2) резултатот од процените наведени во (а) и (б) укажуваат дека постои можност ревизијата да има позитивен резултат; и
(3) ревизијата може да се спроведе во објектите на операторот од трета земја без ризик по
(7) Регулатива (ЕЗ) бр. 473/2006 на Комисијата, од 22 март 2006 година, за утврдување на правила за спроведување за списокот на Заедницата на авиопревозници со забрана за летање во рамките на Заедницата наведено во Поглавје II од Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005 на Европскиот парламент и на Советот (Сл. весник L 84,23.3.2006 година, стр. 8).
загрозување на обезбедувањето на персоналот на Агенцијата.
(г) Ревизијата на операторот од трета земја може да опфати и оценување на надзорот кој го врши земјата на операторот кога постојат докази за поголеми недостатоци во надзорот врз подносителот на барањето.
(д) Агенцијата ја известува Комисијата за резултатите од ревизијата.
ART.210 Издавање на одобрение
(а) Агенцијата го издава одобрението, вклучително и придружните спецификации, како што е утврдено во додатоците I и II, кога:
(1) е уверена дека операторот од трета земја има важечко AOC или ист таков документ и придружни оперативни спецификации кои ги издала земјата на операторот;
(2) е уверена дека операторот од трета земја е одобрен од земјата на операторот да врши летови во ЕУ;
(3) е уверена дека операторот од трета земја воспоставил:
(i) придржување кон важечките услови од Дел–TCO;
(ii) транспарентна, соодветна и навремена комуникација како одговор на понатамошната процена и/или ревизија на Агенцијата, ако е применливо; и
(iii) навремена и успешна корективна активност која е предложена како одговор на утврдено непридржување, ако постои.
(4) нема докази за поголеми недостатоци во способноста на земјата на операторот или земјата на регистрација, како е применливо, за да го потврди и врши надзор врз операторот и/или воздухопловите согласно важечките стандарди на ICAO;
(5) подносителот на барањето не е предмет на забрана за летање согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005.
(б) Одобрението се издава на неодредено време.
Правата и обемот на активностите за кои операторот од трета земја има одобрение да ги спроведува, се наведуваат во спецификациите кои се приложени кон одобрението.
(в) Агенцијата се договара со операторот од трета земја за опсегот на измени на операторот од трета земја за кои не е потребно претходно одобрение.
ART.115 Следење
(а) Агенција го оценува:
(1) постојаното придржување на операторите од трети земји кои таа ги одобрила со
важечките услови од Дел–TCO;
(2) ако е променливо, спроведувањето на корективните активности кои ги наложила Агенцијата во согласност со член 22(1) од Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008.
(б) При ова оценување:
(1) се зема предвид документацијата и податоците кои се релевантни за безбедноста, а кои ги доставил операторот од трета земја;
(2) се земаат предвид релевантните информации за ефикасноста на безбедноста на операторот од трета земја, вклучувајќи ги и извештаите од инспекциските прегледи на платформа, информациите доставени согласно ARO.RAMP.145(в), признатите стандарди на индустријата, евиденцијата за несреќи и принудните мерки кои ги презела трета земја;
(3) се земаат предвид релевантните информации за можностите за надзор на земјата на операторот или земјата на регистрација да вршат надзор, како што е применливо, вклучително и резултатите од ревизиите кои се извршени врз основа на меѓународните конвенции или националните програми за процена на безбедноста;
(4) се земаат предвид одлуките и истрагите во склад со Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005 или заедничките консултации во согласност со Регулатива (ЕЗ) бр. 473/2006;
(5) се земаат предвид претходните оцени или ревизии, ако се извршени; и
(6) и се пружаат на Агенцијата докази кои се потребни во случај ако се бара дополнителна активност, вклучувајќи ги и мерките кои се предвидуваат со ART.235.
(в) Обемот на надзорот дефиниран во (а) и (б) се утврдува врз основа на резултатите од активностите од минатото одобрение и/или следење.
(г) Кога, врз основа на достапни информации, постои сомнеж дека ефикасноста на безбедноста на операторот од трета земја и/или можностите за надзор на земјата на операторот се намалила под важечките стандарди кои се содржат во Анексите кон Конвенцијата за меѓународното цивилно воздухопловство, Агенцијата врши дополнителни процени до степен кој е потребен да се утврди дека планираната операција ќе се спроведува во склад со важечките услови од Дел–TCO.
(д) Агенцијата ги собира и обработува сите информации во врска со безбедноста за кои смета дека се соодветни за следење.
ART.220 Програма за следење
(а) Агенцијата воспоставува и одржува програма за надзор во која се опфатени активностите кои се бараат со АРТ.215 и, ако е применливо, со Поддел ARO.RAMP.
(б) Програмата за надзор се подготвува земајќи ги предвид резултатите од активностите од минатото одобрение и/или следење.
(в) Агенцијата врши преглед на оператори од трети земји во временски интервали кои не се
подолги од 24 месеци.
Временскиот интервал може да се скрати ако постојат индикации дека ефикасноста на безбедноста на операторот од трета земја и/или можностите за надзор на земјата на операторот се намалила под важечките стандарди наведени во анексите кон Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство.
Агенцијата може да го продолжи временскиот интервал најмногу на 48 часа ако утврдила дека за време на претходниот период на следење:
(1) нема индикации дека надлежниот орган на земјата на операторот не врши ефикасен надзор врз операторите кои се под негова одговорност за надзор;
(2) операторот од трета земја континуирано и навремено известувал за измените од ТCO.315;
(3) не се издадени наоди за ниво 1 наведени во ART.230(б); и
(4) сите корективни активности се спроведени во рокот кој го прифатила или продолжила Агенцијата како што е утврдено во ART.230(д)(1).
(г) Програмата за надзор опфаќа евиденција на датумите на активностите за следење, вклучувајќи ги и состаноците.
ART.225 Измени
(а) По приемот на барање за измена за која е потребно претходно одобрение, Агенцијата ја применува соодветната процедура како што е опишано во ART.200, која е ограничена на опсегот на измената.
(б) Агенцијата ги пропишува условите под кои операторот од трета земја може да лета во рамките на своето одобрение за време на измената, освен ако Агенцијата не утврди дека одобрението треба привремено да се одземе.
(в) За измените за кои не е потребно претходно одобрение, Агенцијата ги оценува информациите кои се доставени во известувањето кое го испратил операторот од трета земја согласно TCO.315, за да го провери придржувањето кон важечките услови. Во случај на непридржување, Агенцијата:
(1) го известува операторот од трета земја за непридржувањето и бара ревидиран предлог со цел да се постигне придржување; и
(2) во случај на наоди од ниво 1 или ниво 2, делува во согласност со ART.230 и ART.235, како што е соодветно.
ART.230 Наоди и корективни активности
(а) Агенцијата има систем за анализа на наоди во однос на нивното значење за безбедноста.
(б) Агенцијата издава наод од ниво 1 кога ќе се открие какво било значајно непридржување кон
важечките услови наведени во Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 и Дел–TCO, или кон условите од одобрението кои ја намалуваат безбедноста или сериозно ја загрозуваат безбедноста на летањето.
Наодите од ниво 1 опфаќаат, но не се ограничени на:
(1) необезбедување пристап за Агенцијата до објектите на операторот од трета земја како што е утврдено во TCO.115(б), за време на вообичаеното работно време и по писмено барање;
(2) спроведување на измени за кои е потребно претходно одобрение без да се добие одобрение како што е утврдено во ART.210;
(3) добивање или одржување на важноста на одобрението со фалсификување на документираните докази;
(4) докази за злоупотреба или измамничко користење на одобрението.
(в) Агенцијата издава наод од ниво 2 кога ќе се открие какво било значајно непридржување кон важечките услови наведени во Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 и Дел–TCO, или кон условите од одобрението кои би можеле да ја намалат безбедноста или сериозно би можеле да ја загрозат безбедноста на летањето.
(г) Ако за време на следењето се открие наод, Агенцијата, без да биде во спротивност со која било дополнителна активност побарана со Регулатива (ЕЗ) бр. 216/2008 и нејзините правила за спроведување, го проследува наодот до операторот од трета земја, во писмена форма, и бара корективна активност со цел да се отстрани или ублажи основната причина за да се спречи повторното појавување на утврденото (утврдените) непридржување (непридржувања).
(д) Во случај на наоди од ниво 2, Агенцијата:
(1) му дава на операторот од трета земја период за спроведување на корективната активност кој период е соодветен на природата на наодот. На крај од периодот, и во зависност од природата на наодот, Агенцијата може да го продолжи тој период, што подлежи на втор задоволителен план на корективни активности со кој Агенцијата се сложила; и
(2) врши процена на корективната активност и планот за спроведување кои ги предложил операторот од трета земја. Ако со процената се заклучи дека истата содржи анализа на основната причина (основните причини) и активности за ефикасно отстранување или ублажување на основната причина (основните причини) со цел да се спречи повторно појавување на непридржувањето (непридржувањата), во тој случај се прифаќа корективната активност и планот за спроведување.
Ако операторот од трета земја не успее да достави прифатлив план на корективни активности споменат во ART.230(д)(1), или не успее да ги спроведе корективните активности во рокот кој Агенцијата го прифатила или продолжила, наодот се издига на наод од ниво 1, а се презема активност како што е утврдено во ART.235(а).
(ѓ) Агенцијата води евиденција и ја известува земјата на операторот или земјата на регистрација, како што е применливо, за сите наоди кои таа ги утврдила.
ART.235 Ограничување, привремено одземање и повлекување на одобренија
(а) Без да е во спротивност со кои било принудни мерки, Агенцијата презема активност со цел да го ограничи или привремено одземе одобрението во случај на:
(1) наод од ниво 1;
(2) докази кои можат да се проверат дека земјата на операторот или земјата на регистрација, како што е применливо, не е способна да му издаде уверение или да врши надзор врз операторот и/или воздухопловите согласно важечките стандарди на ICAO; или
(3) операторот од трета земја е предмет на мерка согласно член 6 ставови (1) и (2) од Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005.
(б) Одобрението привремено се одзема за период од максимум 6 месеци. На крајот од шестмесечниот период Агенцијата може да го продолжи периодот на привремено одземање за дополнителни 3 месеци.
(в) Ограничувањето или привременото одземање се укинуваат кога Агенцијата е уверена дека операторот од трета земја и/или земјата на операторот презеле задоволителни корективни активности.
(г) При разгледувањето дали да се укине привременото одземање, Агенцијата врши ревизија на операторот од трета земја кога се исполнети условите наведени во ART.205(в). Во случај на привремено одземање кое се должи на поголеми недостатоци во надзорот на подносителот на барањето од страна на земјата на операторот или земјата на регистрација, како што е применливо, во ревизијата може да се опфати и процена со цел да се провери дали се поправени недостатоците на надзорот.
(д) Агенцијата го повлекува одобрението кога:
(1) истекол периодот споменат во (б); или
(2) операторот од трета земја ќе стане предмет на забрана за летање согласно Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005.
(ѓ) Ако по ограничувањето наведено во (а) се наметне оперативно ограничување на операторот од трета земја во согласност со Регулатива (ЕЗ) бр. 2111/2005, Агенцијата го задржува ова ограничување сè додека не се повлече оперативното ограничување.
Заштитен знак на EASA
Додаток I
ОДОБРЕНИЕ
Вид на сообраќај: Комерцијален воздушен превоз (CAT) | |
Одобрение (1): | Име на операторот: Dba Деловно име (2): Земја на операторот (3): Број на AOC или на ист таков документ: |
Со ова одобрение се потврдува дека (4) ги исполнува условите од Дел TCO и има право да поднесе барање за издавање на индивидуални оперативни дозволи или исти такви документи за вршење на операции во комерцијалниот воздушен превоз во, во рамките на или надвор од територијата предмет на одредбите од Договорот во согласност со условите кои се утврдени во спецификациите во нивните најнови верзии кои се објавени во електронска форма. | |
Ова одобрение може да се користи за поднесување на барање за индивидуални оперативни дозволи (5). | |
Ова одобрение е важечко сè додека одобрениот оператор се придржува кон Дел–TCO. | |
Предмет на усогласеност со гореспоменатиот услов, ова одобрение ќе остане да важи, освен ако одобрението или уверението на операторот кои ги издала земјата на операторот не се откажани, привремено одземени или повлечени. | |
Датум на издавање (6): | Име и потпис (7) Функција: |
(1) Упатување на одобрението како што го издала Агенцијата. (2) Деловно име на операторот, ако е различно. Внесете DBA (за „работи под име“) пред деловното име. (3) Внесете го името на земјата на операторот. (4) Регистриран назив на операторот. (5) Индивидуалните оперативни дозволи или исти такви документи кои се однесуваат на „сообраќајните права“ во рамките на спогодбите склучени помеѓу земјите–членки на ЕУ и трети земји мора да се добијат од земјите–членки на ЕУ, покрај ова одобрение, пред планираниот датум за отпочнување со летањето. (6) Датум на издавање на одобрението (дд-мм-гггг). (7) Функција, име и потпис на претставникот на EASA. |
Додаток II
СПЕЦИФИКАЦИЈА поврзана со TCO одобрение (предмет на одобрените услови во AOC и придружните оперативни спецификации) | ||||
EASA Европска агенција за воздухопловна безбедност | ||||
Одобрение (1): ........................................................................ Датум (2): ................................................................. Име на операторот (3):............................................................ Спецификации: ....................................................... Деловно име ................................................................................................................. ................................................... Потпис: ............................................................................................................................................................................ | ||||
Модел на воздухоплов(4) Забелешка: Одобрените регистрациски ознаки се наведени во електронското издание на Агенцијата. | ||||
Вид на сообраќај: Комерцијален воздушен превоз □ Патнички □ Товарен □ Друго (5): ................................................ | ||||
Посебни ограничувања (6) | ||||
ПОСЕБНИ ОДОБРЕНИЈА | ДА | НЕ | СПЕЦИФИКАЦИЈА (7) | ЗАБЕЛЕШКИ |
Опасни материи | □ | □ | ||
Операции при намалена видливост Полетување Приод и слетување | □ □ | □ □ | RVR (8) m CAT (9): .......... DH: .......... ft RVR m | |
RVSM (10) □ N/A | □ | □ | ||
ETOPS (11) □ N/A | □ | □ | Максимално време за пренасочување (12) min | |
Навигациски спецификации за PBN операции | □ | □ | ||
Друго (13) | □ | □ | ||
(1) Внесување на поврзаниот број на одобрението на операторот. (2) Датум на издавање на оперативните спецификации (дд-мм-гггг). (3) Регистрираниот назив на операторот и деловниот назив на операторот, ако е различно. (5) Друг вид на превоз кој треба да се наведе (на пр., итен медицински превоз). (6) Наведете ги важечките посебни ограничувања (на пр., само VFR, само дење) (7) Наведете ги во оваа колона најдозволивите критериуми за секое одобрение или тип на одобрение (заедно со соодветните критериуми). (8) Внесете го одобрениот минимум за RVR за полетување во метри. Може да се користи еден ред за секое одобрение, ако се издадени различни одобренија. (9) Внесете ја важечката категорија за прецизен приод (CAT II, IIIA, IIIB или IIIC). Внесете го минимумот за RVR во метри како и висината на носење одлуки во стапки. Се користи еден ред за секоја наведена |
категорија за приод.
(10) Полето „Не е применливо (N/A)“ може да се означи само ако е максималната висина на базата на облаци на воздухопловот под FL 290.
(11) Операциите за користење на двомоторни авиони на долги линии (ETOPS) моментално се применуваат само за дво-моторни воздухоплови. Затоа полето „Не е применливо (N/A)“ може да се означи само ако моделот на воздухопловот има повеќе од 2 мотора.
(12) Исто така може да се наведе и прагот на оддалеченост (во NM), како и типот на моторот.
(13) Овде може да се внесат други одобренија или податоци, користејќи еден ред (или едно поле со повеќе редови) за секое одобрение (на пр., одобрение за посебен приод, MNPS, одобрени перформанси за навигација).