Contract
ДОГОВОР ЗА ЗАКУП
НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Помеѓу:
______________________________________________________________________, со седиште на ул. _____________, ЕМБС _________, ЕДБ МК ___________, депонент на ________________, застапуван (о) од ______________ (во натамошниот текст Закудавач) од една страна , и
______________________________________________________________________, со седиште на ул. _____________, ЕМБС _________, ЕДБ МК ___________, депонент на ________________, застапуван (о) од ______________ (во натамошниот текст Закупец) од друга страна.
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на Закуподавецот и Закупецот за деловен простор локал број ___, кој се наоѓа на Граничен премин ________, врз основа на Извештајот ______________ за утврдени најуспешни наддавачи на Комисијата согласно Упатство за начинот и постапката за издавање под закуп на деловен и рекламен простор на граничните премини за патен сообраќај (број _______ од ___________ година).
Член 2
Деловниот простор предмет на овој Договор е во вкупна површина од _________ м2 на граничен премин за патен сообраќај ______.
Закуподавецот го задржува правото на евентуална корекција на површината на деловниот простор, која би настанала после извршувањето на уписот во катастарската евиденција.
За промената на површината на деловниот простор и соодветната промена на висината на закупнината ќе се склучи анекс кон овој договор.
Член 3
Висината на закупнината изнесува ________ денари по м2, или вкупно _______ денари месечно.
Во износот на закупнината од став 1 од овој член, не е содржан данокот на додадена вредност и истиот ќе се пресметува како посебен износ во фактурата.
Закупнината определена со овој Договор почнува да се плаќа од денот на записничкото примопредавање – вселување во просторот.
Закупецот е должен да ја плаќа закупнината месечно однапред и тоа најдоцна до 5-ти ден во месецот, на сметка __________________________________________________, без оглед на приемот на фактурата, во спротивно му се засметува законска затезна камата.
Неплаќањето на две закупнини во текот на една година може да биде причина за раскинување на Договорот за закуп.
Член 4
Исполнувањето на обврските од Договорот за закуп, Закупецот ги обезбедува со депонирање банкарска гаранција во висина од 5 (пет) месечни закупнини плус ДДВ, со важност од 3 месеци повеќе од крајниот рок на договорот, со обврска за обновување по секоја реализација од страна на закуподавачот.
Неплаќањето на 2 (две) месечни закупнини, во текот на траењето на закупниот однос претставува основ за активирање на средствата за обезбедување.
Член 5
Овој Договор се склучува на определено време од 24 месеци со можност за продолжување до 24 месеци, почнувајќи од записничкото примопредавање – примање на просторот.
Член 6
Просторот од член 2 од овој Договор, му се предава на закупецот во видена состојба, а договорните страни составуваат Записник за примопредавање – примање на деловниот простор.
Денот на записничкото примопредавање на просторот меѓу овластените лица на Закуподавецот и Закупецот, се смета како ден од кога започнуваат да се остваруваат правата и обврските од Договорот за закуп.
Договорот потпишан од двете страни се солемнизира кај нотар. Трошоците за солемнизацијата се на товар на Закупецот.
Доколку Закупецот не започне со обавување на дејноста во просторот во рок од 30 дена од денот на неговото записничко примопредавање, Договорот за закуп престанува да важи.
Член 7
Од денот на записничкото примопредавање на просторот, Закупецот се обврзува да ги плаќа трошоците за тековно одржување, како и трошоците од употребата на просторот – ПТТ, струја, греење, вода, изнесување смет до определено место за собирање, заеднички трошоци и друго.
Закупецот е согласен на барање на овластено лице од Закуподавецот да му даде на увид доказ за измирени обврски, а во спротивно одговара за штетите што ќе настапат на страна на Закуподавачот како последица на неплаќање на трошоците предвидени во став 1 од овој член.
Закуподавачот може да го откаже договорот за закуп доколку закупецот не ги плаќа трошоците од став 1 на овој член.
Член 8
Закупецот е должен да го употребува просторот како добар домаќин и стопанственик, според неговата намена.
Тој одговара за штетата што ќе настане со употреба спротивно на став 1 од овој член. Ако Закупецот и по опомената од Закуподавацот го употребува просторот спротивно на Договорот или на неговата намена, или го занемарува неговото одржување па постои опасност од значителна штета за Закуподавецот, Закуподавецот може да го откаже Договорот без давање отказен рок.
Закупецот се обврзува да дозволи на просторот да се извршат работи што се неопходни за отстранување на дефекти на тој простор, кои не можат да се отстранат на друг начин.
Член 9
Закупецот не може без писмена согласност на Закуподавецот да врши промени во просторот (преградување, преправки и други инвестициони работи).
Доколку Закупецот изврши промени без писмена согласност од Закуподавецот, Договорот се раскинува, а трошоците паѓаат на товар на Закупецот. Во ваков случај при враќање на просторот Закупецот е должен по избор на Закуподавецот на свој трошок да го врати просторот во состојба во која бил предаден или да го предаде во состојба во која се наоѓа, без право на враќање на вложените средства.
Односите меѓу Закупецот и Закуподавецот во случај на давање писмена согласност за промените во смисла на став 1 од овој член се регулираат со посебна Спогодба која ќе биде составен дел на овој Договор.
Член 10
Закупецот е должен да го извести Закуподавецот за секоја непредвидена опасност која во текот на закупот би им се заканила на закупените простори, за да може тој да ги превземе потребните мерки за заштита.
Закупецот ја превзема одговорноста за применување на сите законски просписи на ПП-заштита, како и трошоците за набавка на пропишаната ПП опрема во просторот.
Закуподавецот не одговара за штетата што Закупецот ќе ја претрпи врз предметите што ги внел во просторот.
Член 11
Закупецот не може да го издава просторот во подзакуп, целосно или во делови, да го оптоварува со други товари, како и да преотстапува, ниту според некој друг основ да му го предаде на друг во употреба.
Во спротивно, овој Договор ќе се смета за раскинат.
Член 12
Договорот за закуп може да го откаже секоја договорна страна писмено, со отказен рок од 30 дена.
Отказниот рок започнува да тече од денот на приемот на писменото известување за откажување на договорот од б.ило која договорна страна кога откажувањето на сигурен начин му е соопштено на другиот договарач.
Член 13
Закуподавецот на просторот е должен доколку над правното лице биде отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација во рок од 15 дена од денот на отварањето на постапката, писмено да го извести стечајниот управник за откажување на Договорот за закуп на просторот.
Член 14
При иселувањето од просторот по било кој основ, Закупецот се обврзува деловниот простор да го врати записнички во исправна состојба, а во спротивно одговара за штетата причинета од тоа.
Кога ќе престане закупот по било кој основ, Закупецот може да ги отстрани материјалите кои ги внел, ако истите може да се одвојат без оштетување на просторот, а просторот да го врати на Закуподавецот неоштетен.
Во случај кога Закупецот без согласност или надвор од дадената согласност на Закуподавецот, извршил промени на просторот, кои по престанокот на закупот не може да се одвојат без оштетување на просторот, закупецот е должен по избор на Закуподавецот, просторот на свој трошок да го врати во состојба во која му бил предаден, односно во состојба определена во дадената согласност или пак да го предаде во состојба во која се наоѓа без право да бара надомест за вложените средства. Во спротивно одговара за штетата причинета од тоа.
Закупецот е должен при примопредавањето на просторот да приложи доказ за измирени обврски од член 3 и член 7 од овој Договор, а во спротивно одговара за штетата која ќе настапи на страна на Закуподавецот од неплаќањето.
Закупецот е должен кога ќе престане закупот на просторот, во однос на вложувањата за кои има согласност од Закуподавецот да постапи согласно Спогодбата за регулирање на меѓусебните односи (Член 9 став 3 од овој Договор).
Член 15
Договорот за закуп престанува да важи ако:
Со правосилна пресуда на Закупецот му биде изречена мерка безбедност – забрана за вршење дејност;
Закупецот без оправдани причини престане да ја обавува дејноста на просторот повеќе од 60 дена;
Закупецот не започне со обавување на дејноста во рок од 30 дена од денот на примопредавањето на просторот;
Ако е отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација;
Ако Закупецот го издава просторот во подзакуп целосно или во делови, го оптоварува со други товари, го преотстапува или според некој друг основ му го предаде на друг во употреба.
Ако престане да ги исполнува условите врз чија основа бил избран за најповолен понудувач.
Член 16
Закупецот изрично изјавува дека е согласен врз основа на овој Договор, кој се солемнизира кај Нотар, непосредно да се спроведе присилно извршување врз целокупниот движен и недвожен имот сопственост на Закупецот во моментот на извршувањето, а заради наплата на доспеана, а неплатена закупнина и други трошоци и недоместоци определени со овој Договор, како и присилно иселување доколку Договорот биде откажан, раскинат или на друг начин престанал да важи.
Закупецот изрично изјавува дека е согласен, доколку во рок од 8 дена од денот на престанокот на Договорот за закуп по било кој основ, односно по истекот на отказниот рок, не го испразни просторот од луѓе и ствари, закуподавецот да може самиот да го поврати непосредното владение врз предметниот простор, со иселување и испразнување од луѓе и ствари, како и со присуство на Агенција за обезбедување.
Член 17
Договорните страни се согласни доставувањето на сите писмени известувања во врска со овој Договор да се смета за полноважно ако е извршено по пошта со препорачана пратка на следните адреси:
За Закуподавец __________________________________________
За Закупец _______________________________________________
Договорните страни се согласни, доколку го променат живеалиштето – седиштето, или доколку престојуваат надвор од своето живеалиште, за промената на живеалиштето – седиштето во рок од 3 дена од извршената промена да го известат по пошта со препорачана пратка или лично со писмено известување, нотарот кој ќе го потврди овој Договор и другата договорна страна, а во спротивно ќе се смета дека доставата на писмената е уредно извршена доколку е направен обид писмената да се предадат на наведените адреси во став 1 на овој член, а договорните страни нема да бидат пронајдени на наведените адреси.
Член 18
Закупецот е должен да го извести Закуподавецот за сите настанати промени во називот, седиштето, овластените лица за потпишување, жиро сметката, депонентната банка, статусните и слични промени, отворена стечајна или постапка за ликвидација како и останатите промени кои имаат влијание на овој Договор, во рок од 15 дена од настанатата промена. Во спротивно одговара за штета која Закуподавецот би ја претрпел од тоа и претставува основ за еднострано раскинување на Договорот од страна на Закуподавецот.
Член 19
За се што не е договорено со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи и другите позитивни законски прописи од областа на закуп на недвижности.
Член 20
Овој Договор е составен во 6 еднообразни примероци, од кои 3 за закуподавачот, 2 за закупецот а 1 за службена употреба.
ЗАКУПЕЦ ЗАКУПОДАВЕЦ
_______________ ________________
6