АПЛИКАЦИЈА ЗА MASTERCARD DEBIT - ДЕБИТНА КАРТИЧКА
АПЛИКАЦИЈА ЗА MASTERCARD DEBIT - ДЕБИТНА КАРТИЧКА
Mastercard Debit
Основна Дополнителна
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ИМЕ
(со печатни кирилични букви)
ЕМБГ
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ПОЛ: М
Ж
(со латинични букви, како на пасош)
ДАТУМ НА РАЃАЊЕ
ПРЕЗИМЕ
МЕСТО
БРОЈ НА Л.К. БРОЈ НА ПАСОШ
БРАЧЕН СТАТУС
женет/мажена
неженет/немажена
друго ЧЛЕНОВИ ВО СЕМЕЈСТВО
КОНТАКТ ПОДАТОЦИ
АДРЕСА НА XXXXXXX 0 (xxxxxx xxxxx xxxxx)
ПОШТЕНСКИ БРОЈ
МЕСТО
ДОМ. ТЕЛ.
МОБ. ТЕЛ.
АДРЕСА НА ЖИВЕЕЊЕ 2 (на која сакате да ви пристигнува извештајот)
(се пополнува доколку се разликува од адресата на живеење)
МЕСТО
ПОШТЕНСКИ БРОЈ
ПОДАТОЦИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО
СТРУЧНА ПОДГОТОВКА:
РАБОТНО МЕСТО ВКУПНО РАБОТЕН СТАЖ
Д-Р
М-Р
ВСС
ВШС
ВКВ
ССС
КВ
КВ/НСС ВРАБОТЕН ВО
г. А НА СЕГАШНОТО МЕСТО
АДРЕСА НА РАБОТА
г. м. РАБ. ТЕЛ.
ФАКС
ВО СЛУЧАЈ НА ОТСУСТВО, ВЕ МОЛАМ КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ЛИЦЕТО ИМЕ
АДРЕСА НА ЖИВЕЕЊЕ (според лична карта)
ПРЕЗИМЕ
ДОМ. ТЕЛ.
МОБ. ТЕЛ.
СМЕТКИ БРОЈ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА ВО ТТК БАНКА
2 9 0
КАРТИЧКИ ОД ТТК БАНКА
КАРТИЧКИ ОД ДРУГИ ИЗДАВАЧИ
ПОСЕДУВАМ СМЕТКА И ВО БАНКА
МЕСЕЧНИ СЕМЕЈНИ ПРИМАЊА
ДО 30.000 МКД
ДО 60.000 МКД
ДО 100.000 МКД
НАД 100.000 МКД
VISA
MASTER CARD
DINERS ДРУГИ
БАНКА БАНКА БАНКА
БАНКА
Xxxxxxx го задржува правото да побара дополнителни податоци и документи во врска со ова барање.
ИЗЈАВА НА КОРИСНИКОТ НА ОСНОВНАТА КАРТИЧКА
Со пополнување на апликацијата изјавувам дека:
1. Податоците кои ги наведов се точни и при промена благовремено ќе ја информирам Банката; 2. Информиран/а сум дека Xxxxxxx може да ги обработува моите лични податоци
во согласност со законските прописи и правила на Банката за заштита на личните податоци; 3. Банката може да ги обработува моите лични податоци за промотивни цели, рекламен материјал и за други известувања исклучиво во согласност со моето писмено произнесување; 4. Информиран/а сум за содржината на Општите услови за издавање и користење Mastercard Debit - дебитни картички за физички лица на ТТК Банка АД Скопје, кои ги прифаќам; 5. Прифаќам одговорност за сите трошоци и долгови кои настанале со користење на основната и дополнителните картички, во согласност со т арифата на Банката и Одлуката за висината на каматни стапки; 6. Го разбирам правото на Xxxxxxx да го одбие барањето без дополнително објаснување, освен во случаите определени со закон; 7. Ги прифаќам трошоците за изработена, а неподигната картичка во согласност со тарифата на Банката.
КОРИСНИК НА ДОПОЛНИТЕЛНА КАРТИЧКА (се пополнува само при издавање на дополнителна картичка)
ИМЕ
(со печатни кирилични букви)
ПРЕЗИМЕ
ЕМБГ
ПОЛ: М
Ж
ИМЕ
(со латинични букви, како на пасош)
ДАТУМ НА РАЃАЊЕ
ПРЕЗИМЕ
МЕСТО
БРОЈ НА Л.К. БРОЈ НА ПАСОШ РОДНИНСКА ВРСКА
ДОМ. ТЕЛ. МОБ. ТЕЛ. ДАТУМ МЕСТО
Со потпишување на апликацијата во својство на дополнителен корисник потврдувам дека сум информиран/а за содржината на Општите услови за издавање и користење Mastercard Debit - дебитни картички за физички лица на ТТК Банка АД Скопје, кои ги прифаќам. Исто така, прифаќам солидарна одговорност со основниот корисник за наплата на сите трошоци и долгови направени со дополнителната картичка.
Итно издавање (се наплаќа според тарифата на Xxxxxxx)
ПОТПИС
(на барателот на основната картичка)
ПОТПИС
(на барателот на дополнителната картичка)
Итно издавање (се наплаќа според xxxxxxxxxx Xxxxxxx)
ДАТУМ МЕСТО ПОТПИС
ПОПОЛНУВА БАНКАТА
Тип картичка: Mastercard Debit
По договор бр.
(име и презиме на одговорно лице од Банката) Потпис Датум
Потврдувам дека подигнав MASTERCARD картичка со број
со пин - код запечатен во плик. ДАТУМ ЧАС ПОТПИС
Потврдувам дека подигнав MASTERCARD картичка со број
со пин- код запечатен во плик. ДАТУМ ЧАС ПОТПИС
Ве молиме уредно пополнете ја апли кацијата. Нецелосно пополнета апли кација нема да се разгледува.
Општи услови за издавање и користење Mas tercard Debit дебитни картички за физички лица на ТТК Банка АД Скопје
Со Општите услови за издавање и користење на дебитни картички за физички лица, се уредуваат основните и општите правила за издавање и користење Mas tercard Debit дебитни картички за физички лица на ТТК Банка АД Скопје. Посебните услови за издавање и користење на одделните видови дебитни картички за физички лица се уредуваат со посебен договор помеѓу Банката и корисникот.
1. Дефиниции
• Општи услови - општи правила и услови за издавање и користење дебитна картичка на TТК Банка АД Скопје.
• Банка - ТТК Банка АД Скопје.
• Основна картичка - Mastercard Debit картичка, која Xxxxxxx ја издава на корисникот на картичката, сопственик на сметката.
• Дополнителна картичка - картичка, која на барање и со овластување од корисникот на основната картичката се издава на дополнителниот корисник на картичката и ги користи средствата од сметката на корисникот на основната картичка.
• Корисник на картичка - физичко лице на кое Банката му има издадено Mastercard Debit картичка и чие име е напишано на картичката.
• Корисник на основна картичка - корисник на картичката, сопственик на сметката, кој одговара за трошоците кои настануваат со користење на картичката.
• Корисник на дополнителна картичка - корисник на картичката на кој му е издадена дополнителна картичка на барање и со овластување од корисникот на основната картичка.
• Платежна сметка - денарска платежна сметка на корисникот на основната картичка отворена кај Банката, која се задолжува/одобрува за износот на трансакциите, трошоците, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на основната и на дополнителните Mastercard Debit картички во Р.С. Македонија и надвор од Р.С. Македонија.
• Расположливо салдо на платежна сметка – расположливи средства (сопствените средства и средствата од дозволеното пречекорување) намалени за резервирани средства (за авторизирани а неискнижени трансакции и трајни налози за наплата на побарувања на Банката).
• Дневен лимит - износ на средства, број на трансакции и максимален износ на трансакција кои корисникот на картичката може да ги користи дневно, во трговија или за подигнување на готовина.
• Трошоци - сите задолжувања за износот на трансакциите, трошоците, членарините, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на основната и на дополнителните картички.
• Банкомат - електронски уред кој овозможува исплата на пари во готово, но и други услуги, без присуство на вработени од Банката.
• Продажно место - трговец кој има склучено договор за продажба на стоки и услуги со наплата преку картички од програмата на MasterCard Incorporated, со ТТК Банка или од програмата на други домашни банки со кои Банката има склучено мултилатерален договор.
• POS – терминал - електронски уред инсталиран на продажни места или банкарски шалтери кој служи за електронско спроведување трансакции.
• PIN (Personal identification number) - таен личен идентификациски број на корисникот на основната картичка, односно корисникот на дополнителната картичка, кој служи како идентификација при користење на картичката на банкомат и POS терминал.
• Работен ден - секој ден во кој Банката и финансиските институции во Р.С. Македонија работат и извршуваат финансиски операции.
• (Термините употребени во еднина може да се употребат и во множина и во членувана форма, без притоа да го изгубат дефинираното значење.)
2. Издавање картичка
Картичката е сопственост на ТТК Банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банка).
Картичката може да се издаде на секое деловно способно физичко лице кое ги исполнува условите за добивање дебитна картичка, а кое е државјанин на Р.С. Македонија, како и на физичко лице коe не е државјанин на Р.С. Македонија, а има лична карта со продолжен или постојан престој во Р.С. Македонија.
Подносителот на барањето мора да има отворено или да отвори платежна сметка во Банката.
За сите трансакции настанати со картичката/ите (во Р.С. Македонија или надвор од Р.С. Македонија) се задолжува платежната сметка. Подносителот на барањето предава во Банката пополнета и потпишана апликација за издавање дебитна картичка.
Подносителот на барањето се согласува Xxxxxxx да ги провери сите податоци наведени во апликацијата, како и да прибави евентуално потребни дополнителни информации за него. Xxxxxxx одлучува за издавање на картичката, без обврска на подносителот на барањето да му даде образложение за својата одлука.
Доколку подносителот на барањето се откаже од издавањето на картичката во периодот по одобрување на барањето и изработка на картичката, должен е да ѝ ги надомести на Банката сите трошоци кои настануваат во постапката за издавање картичка. Корисникот на картичката е должен по прием на картичката истата веднаш да ја потпише со хемиско пенкало на задната страна, при што потписот треба да биде идентичен со потписот на апликацијата, платежната сметка и на пасошот. Корисникот на картичката го сноси целиот ризик и последиците во случај на непотпишување на картичката.
Рокот на важност на картичката е наведен на картичката. Корисникот може да ја користи картичката само во периодот назначен на истата.
Одлука за издавање на картичката и давање на користење на истата донесува Xxxxxxx и притоа не е обврзана да ги образложува своите одлуки на подносителот на барањето.
3. Дополнителна картичка
На барање и со овластување од корисникот на основната картичка, Xxxxxxx може да одобри издавање дополнителна картичка, под услов корисникот на дополнителната картичка да е овластен за располагање со средствата на платежната сметка. Корисникот на основната картичка може да поднесе барање и овластување за издавање дополнителна картичка за физичко лице кое не е државјанин на Р.С. Македонија и има лична карта со продолжен или постојан престој во Р.С. Македонија.
За сите трошоци кои настануваат со користењето на основната и дополнителната картичка се задолжува платежната тековна сметка на корисникот на основната картичка.
Корисникот на основната картичка може да го отповика овластувањето и да го прекине правото на користење дополнителна картичка, за што е должен писмено да ја извести Банката и да ја врати дополнителната картичка пресечена. Во случај корисникот на основната картичка да не може да дојде до посед на дополнителната картичка, постапката за прекинување на правото на користење на дополнителната картичка се спроведува врз основа на писмен допис, при што картичката се блокира и се оневозможува нејзино понатамошно користење.
4. Обновување на картичката
Ако корисникот на картичката се придржува на Општите услови, а не го откаже обновувањето на картичката најмалку 45 дена пред истекот на рокот на важност на картичката, картичката автоматски ќе биде обновена и не е потребно да се доставува барање за нејзино обновување.
Корисникот на картичката е должен да води грижа за нејзиниот датум на важење. Доколку не добие известување за обновена картичка до крајот на месецот кој е назначен како краен рок на важност, должен е да се обрати до Банката. Корисникот е должен да ја врати или да ја уништи (пресече) старата картичка.
За износот на годишната членарина за основната и за дополнителните картички се задолжува платежната сметка на корисникот на основната картичка.
5. Користење на картичката
Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво корисникот на картичката чие име е втиснато на картичката.
Корисникот на Mastercard Debit може да ја употребува картичката за безготовинско плаќање на производи и услуги на сите продажни места во Р.С. Македонија и во странство, кои имаат Mastercard Debit ознаки. Картичката може да се користи и за подигнување готовина во домицилна валута (или во друга странска валута) на сите банкомати и кај сите банки во Р.С. Македонија и во странство, кои имаат Mastercard Debit ознаки. Користењето на картичката во странство подлежи на Законот за девизно работење и на други прописи кои го регулираат девизното работење.
При користење на картичката на банкомат, корисникот се идентификува со PIN, а на РОЅ терминал се идентификува со PIN и/или потпис, кој треба да биде идентичен со потписот на картичката. Корисникот на картичката задржува еден примерок од потврдата за купопродажба за своја евиденција.
Корисникот ги оспорува сите согледани неправилности на потврдата за извршена трансакција непосредно при купувањето, односно користењето на услугата.
Корисникот е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 6 месеци. На прво барање на Xxxxxxx, доколку за тоа се појави потреба, должен е истите да ги достави до Банката. Корисникот на картичката е должен на барање на продавачот на стока, односно вршителот на услуга, да се легитимира со лична карта, односно пасош.
PIN-от му е познат исклучиво на корисникот на картичката и потребно е со истиот да се постапува строгодоверливо и да не биде достапен за трети лица. PIN-от не смее да се запишува на картичката и никаква писмена трага за PIN-от не смее да биде доведена во врска со картичката.
Во случај на губење или заборавање на PIN-от, корисникот на картичката треба веднаш да се обрати во Банката за повторно издавање PIN.
6. Услови на плаќање
Корисникот може да ја користи картичката до висина на расположливото салдо, во моментот на настанување на трансакцијата, односно во моментот на задолжување на сметката, за сите трансакции во Р.С. Македонија и во странство до висината на расположливото салдо на платежната сметка.
Корисникот на основната картичка ја овластува Банката трошоците настанати со користење на основната и на дополнителните картички да ги наплатува од неговата платежна сметка. Корисникот на основната и на дополнителната картичка има можност за плаќање на рати со дебитната картичка, во согласност со тарифата за надоместоци и услуги.
Корисникот на основната картичка за наплата на сите достасани, а ненаплатени трошоци, кои може да настанат на платежната сметка со користење на основната и на дополнителните картички, ја овластува Банката без негова дополнителна согласност да воспостави налози и да врши наплата од сите сметки отворени во Банката на име на корисникот на основната картичка.
Доколку во рок од 60 (шеесет) дена од денот на користење на картичката корисникот на картичката во изводот на сметките не добие известување за задолжувањата на направените трошоци, должен е веднаш да ја извести Банката. Банката одредува дневни лимити за користење на картичката, за кои корисникот на картичката е информиран при подигнување на картичката. Xxxxxxx го задржува правото да врши промена на дневните лимити.
Користењето на картичката се врши во рамки на расположливото салдо, односно во рамки на дневниот лимит.
7. Известување
За сите задолжувања за износот на трансакциите, трошоците, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на основната и на дополнителните картички Банката го известува корисникот на основната картичка преку извод. Корисникот на основната картичка има обврска најмалку еднаш месечно да подигне извод на шалтерите на Банката, односно на начин и во период во согласност со договорот за платежна сметка.
8. Рекламации
Банката не презема никаква одговорност за квалитетот и за количината на производите, односно услугите купени со картичката.
Рекламациите во врска со квалитетот и со количината на производите, односно услугите купени со картичката се решаваат на продажното место. Корисникот е должен да ги подмири вкупните трошоци по сметка без оглед на рекламациите.
Доколку корисникот на картичката смета дека некои од трошоците се погрешно пресметани и прокнижени или дека не му припаѓаат, може да се обрати до Банката поднесувајќи ги сметките и сите други релевантни документи кои Банката може да ги побара. Рекламациите се поднесуваат на образец од Банката на шалтерите на Банката.
Рокот на поднесување рекламации е 10 (десет) дена по завршување на месецот во кој е книжена трансакцијата. Во спротивно Xxxxxxx ќе смета дека корисникот на основната картичка се согласува со вкупните трошоци наведени во изводот. Оспорувањето на трошоците не го одложува нивното подмирување.
Доколку Xxxxxxx утврди дека рекламацијата е оправдана, ќе ја одобри сметката на корисникот на основната картичка, а во случај на неоправдани рекламации, корисникот ги сноси сите трошоци кои произлегуваат од постапката за рекламација. Рокот за решавање на случајот на рекламацијата го одредува Xxxxxxx во согласност со правилата на MasterCard Incorporated, интерните акти на Банката и важечките законски прописи во Р.С. Македонија.
9. Губење или кражба на картичка
Корисникот на основната картичка ги сноси сите законски последици и одговорност за евентуално неовластено користење на картичката.
Корисникот е должен да се придржува на мерките за сигурност при користење на картичката (пр. треба да ја потпише картичката, да го чува PIN-от во тајност одвоен од картичката и сл.).
Корисникот на картичката е обврзан веднаш да го пријави губењето, односно кражбата на картичката во Банката или на бројот означен на одзади на картичката и истата пријава да ја потврди со итно поднесување писмена пријава до Банката, односно во организациските единици на Банката - експозитури и филијали.
Во случај на губење или кражба на картичката, Корисникот на основната картичка сноси финансиска одговорност за трошоците направени со картичката. Корисникот е должен во рок од 10 (десет) работни дена писмено да ги потврди или да ги отфрли пријавената кражба, губењето или одземањето.
По прием на писмена пријава за губењето или кражбата на картичката, Xxxxxxx на корисникот ќе му издаде нова картичка. Трошоците за издавање нова картичка и/или PIN по губењето или кражбата, паѓаат на товар на корисникот на основната картичка, во согласност со Одлуката за тарифата на надоместоци на Банката.
Доколку корисникот ја најде картичката по пријавата на губењето, односно кражбата, не смее да ја користи истата, туку е должен да ја пресече и да ја достави до Банката. Трошоците направени со користење на пронајдената неважечка картичка се книжат на товар на сметката на корисникот на основната картичка.
При губење, кражба или оштетување на картичката, корисникот има право да побара нова или обнова на старата пред истекот на рокот на важност, за што ги подмирува трошоците во согласност со важечката тарифа за надоместоци и услуги на Банката. Доколку корисникот на картичката не ја почитува обврската за тајност или не се придржува кон мерките за сигурност при користење на картичката, одговорен е за секоја нејзина злоупотреба.
Во случај на основано сомнение дека се работи за кражба, корисникот е должен случајот да го пријави во Банката или во полиција во најкус можен рок.
10. Престанок на правото на користење на картичката
Картичката е сопственост на Банката и на нејзино барање корисникот на картичката е должен истата веднаш да ја врати. Картичката чиј рок е изминат или е поништена не смее да се користи. Банката може да одлучи да го скрати правото на користење на картичката, трајно или привремено, или да одлучи да ја откаже картичката во следниве случаи:
- кога корисникот на картичката три пати последователно внесува погрешен PIN;
- кога е пријавена кражба или губење на картичката;
- доколку корисникот ја користи картичката спротивно на Општите услови;
- кога на платежната сметка нема покритие за наплата на пристигнатите трошоци, односно истата е неактивна;
- во сите други случаи по процена на Xxxxxxx, без обврска за наведување на причината.
Продажното место може да ја задржи картичката и да ја достави до Банката доколку картичката ја користи лице кое не е назначено како Корисник, доколку Xxxxxxx има дадено налог за одземање на картичката или ако картичката е со истечен рок на важност. Xxxxxxx Xxxxxxx ја откаже картичката на основниот корисник, сите дополнителни картички стануваат неважечки.
Корисникот на основната картичка може да го откаже користењето на картичките со доставување писмена изјава до Банката и со враќање на основната и на дополнителните картички.
Доколку корисникот на основната картичка сака да го укине користењето дополнителна картичка, должен е да ја извести Банката со потпишување писмена изјава за повлекување на овластувањето и картичката да ја врати во Банката. Во случај на откажување на основната или на дополнителните картички, корисникот на основната картичка е должен да ги подмири сите неплатени обврски по картичката, настанати до моментот на откажување на картичката.
11. Камати, надоместоци и провизии
Сите надоместоци, провизии и камати поврзани со картичката се наплатуваат во согласност со Одлуката за тарифата на надоместоци на Банката и Одлуката за висина на каматни стапки на Банката. За износот на пресметаните надоместоци и провизии се задолжува платежната сметка и истите се прикажуваат на изводот.
12. Други одредби
Општите услови се составен дел на апликацијата (барањето) за издавање на картичка. Co потпишувањето на апликацијата (барањето) корисникот на картичката изјавува дека му се јасни Општите услови и ги прифаќа. Одредбите од Општите услови се однесуваат на корисникот на основната картичка, како и на секој корисник на дополнителна картичка.
Xxxxxxx го задржува правото за измена на Општите услови, како и тарифата за надомест на услуги на ТТК Банка и Одлуката за каматни стапки на ТТК Банка во согласност со деловната политика на Банката.
Корисникот на основната картичка се согласува да биде известен за промената на условите преку месечните извештаи, преку изводот на платежна сметка, интернет-страницата на Банката, страницата што ја користи корисникот за проверки на состојбата на картичката, преку огласување на новите услови во експозитурите на Банката или на други начини кои Банката ќе ги определи за известување.
Доколку корисникот на основната картичка не се согласува со промената, може да побара прекинување на користењето на картичката во рок од 15 дена од денот на објавата на измените во условите. Во тој случај е должен на Xxxxxxx да ѝ ја/ги врати картичката/ите. Во спротивно ќе се смета дека корисникот се согласува со измените.
Корисникот на основната картичка е одговорен за сите трошоци настанати во врска со работењето со картичката, доспеани или не. Договорните права и обврски за Банката течат од денот на поднесување на барањето.
Правата и обврските кои се однесуваат на користење на картичката течат од денот кога корисникот потпишал прием на картичката.
Банката не сноси никаква одговорност ако Корисникот на картичката не може да ја употреби картичката во следните ситуации кои се надвор од контрола на Банката:
- технички проблеми со опрема, систем, телекомуникации и струја;
- штрајк или други вонредни околности;
- кога картичката е заробена на продажно место или на банкомат и истата е оштетена;
- кога од која било причина продажното место, банката или банкоматот не ја прифаќа картичката.
Банката се обврзува да ги заштити личните податоци за корисникот на картичката во согласност со законските прописи.
Корисникот на основната картичка е должен веднаш да ја извести Банката за промена на: контакт-информациите (број на телефон, адреса на живеење/контакт, e-mail адреса), вработувањето или некои други податоци кои може да влијаат врз користењето на картичката.
Во случај на неизвестување за променета адреса, извршената достава на првобитно евидентирана адреса се смета за уредна и валидна.
Секое користење на картичката кое е спротивно на Општите услови повлекува автоматско одземање на основната и на дополнителните картички, преземање мерки во согласност со законските прописи, а целокупната материјална штета заедно со каматите ја сноси корисникот на основната картичка.
Co потпишувањето на Општите услови на ТТК Банка АД Скопје за издавање и користење дебитна картичка, корисникот се согласува Банката да врши обработка на личните податоци, да ги користи личните податоци со цел да врши проверка и верификација на истите, да ги користи при анализа на работењето на комитентот преку Банката, како и да ги ажурира податоците во системот со цел известување и промовирање производи и услуги.
Во случај на спор помеѓу Xxxxxxx и корисникот на картичката, надлежен е стварно и меснонадлежниот суд за Банката.