Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Услови за осигурување на стакло од кршење
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 27.06.2012 година и со одлука бр.011/12 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Предмет за осигурување
(1) Предмет на осигурувањето во смисла на овие услови можат да бидат:
1. Сите видови стакла, светлосни натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл., Порцелански мијалници, клозетски шолји, огледала на улици (за регулирање на сообраќајот), културни, историски и надгробни споменици од камен, бетон и метали. Покрај светлосните реклами, осигурени се и нестаклените делови и рамови што се нивни составен дел.
2. Неонски цевки и други светлосни цевки со придружни уреди и без нив.
(2) Предмет на осигурувањето не можат да бидат:
1. Ствари од шупливо стакло, стакло на светилки и рефректори, тела за осветлување од секаков вид, ламби (цевки); рентгенски, кварцни, радиотелевизиски и други; стакла што се користат како орудие за работа во процесот на производството, леќи стаклени топки; резерви од стакло, стаклени стоки од секаков вид.
2. Напукнати и оштетени ствари.
3. Стакла во оштетени рамки.
(3) Осигурени се само стварите означени во исправата за осигурување.
Член 2
Осигурени опасности (ризици) и обврски на осигурувачот
(1) Со осигурувањето по овие услови се дава осигурителна заштита од уништување или оштетување на осигурените ствари поради остварувањето на било која од опасностите (ризиците) на кои се изложени осигурените ствари, освен за штети предизвикани:
1. При преместување или местење на осигурените ствари во простории што не се означени во исправата за осигурувањето.
2. Од гребнатини, разјадување и слични оште-тувања на површината од осигурените ствари.
3. Од лизгање и слегнување на почвата (земјиштето).
4. Кај надгробните споменици при отворање и затворање на гробниците.
(2) Ако посебно се договори, осигурувачот ќе биде во обврска исто така да исплати надоместок и за штета:
1. На слики на стакло, натписи, украси, ако штетата е предизвикана од ист штетен настан, како и штетата на самото стакло на која се наоѓа сликата, односно натписот или украсот.
2. На стварите сместени во излог, оштетени или уништени од директен удар на осигурените ствари.
(3) Ако се договори осигурување на неон цевки со другите припадни уреди, осигурувањето ги покрива и штетите од непосредно дејство на електричната струја (краток спој), пожар на кабли, создавање на светлосни лакови и сл. На нестаклените делови и штетите од грешки во конструкцијата, лиењето на материјалот, доколку за овие штети не е во обрска испорачателот и посебните погонски незгоди, до колку тие не се непосредна последица од трајно влијание на хемиски (корозија, окцидација), термички или механички причини, изабеност, старост, лошо одржување или дотрајаност заради редовна употреба, па макар и предвремено. Штетите предизвикани од посебно дејство на атмосверски електрицитет се опфатени соосигурувањето само тогаш, ако инсталацијата е прегледана од страна на надлежен орган и примена како исправна.
(4) Осигурувачот е во обврска исто така да ги надомести:
1. Трошоците за евентуално привремено најнужно застаклување.
2. Трошоците за симнување и за повторно местење на предметите што пречат при поставување на ново стакло (на пример: заштитна решетка, заштитна шипка, засолниште од сонце и слично).
3. Трошоците што осигуреник ги имал за отстранување и намалување на штетата во висина определена според член 6 од овие услови.
Член 3
Место на осигурување
(1) Стварите што се осигуруваат по овие услови се сметаат за осигурени само додека се наоѓаат на местото означено во исправата за осигурување како место на осигурувањето.
(2) Во случај на проширување или пормена на местото на осигурувањето посебно ќе се договори осигурувањето да важи за проширеното, односно новото место на осигурувањето.
Член 4
Вредност на осигурените ствари
(1) Вредноста на осигурените ствари е набавната цена на осигурените ствари (стакла, плочи и сл.), Односно цената за изработка на нови слики на стакло натписи, украси или букви од стакло.
Член 5
Утврдување на надоместок од осигурувањето
(1) Штетата се пресметува според висината на трошоците за местење на ново стакло, односно на други ствари од ист вид и квалитет наместо скршените, односно во висина на тошоците за изработка на нови слики, натписи, украси или букви од стакло. Евентуалното намалување на вред- носта на оштетените ствари (амортизација) не се зема предвид.
(2) Осигурувачот може надоместокот од осигурувањето да го изврши во пари или на тој начин што ќе намести ново стакло, односно ќе набави нова ствар (надоместок во натура).
Ако надоместокот се врши во натура, остатоците минуваат во сопственост на осигурувачот. Во сопственост на осигурувачот минува и стаклото употребено за привремено застаклување (член 2 став (3), точка 1).
Ако надоместокот се врши во пари, од износот на надоместокот се одбива вредноста на остатоците.
(3) Штетата пресметана според претходниот став ќе се надомести во полн износ, ако сумата на осигурувањето не е помала од вредноста на осигурените ствари (член 4).
(4) Ако сумата на осигурувањето е помала од вредноста на осигурените ствари во време на настанувањето на осигурениот случај (подосигурување), ќе се надомести само делот од штетата што одговара на односот помеѓу сумата на осигурувањето и вредноста на осигурените ствари.
(5) Ако стварите се осигурени на прв ризик, надоместокот ќе се плати во висина на настанатата штета, а најповеќе до договорената сума на осигурување на прв ризик. Одредбите за подосигурување нема да се применуваат кај овој начин на осигурување.
Член 6
Надоместок на трошоци
(1) Осигурувачот ги надоместува трошоците што осигуреникот ги направил кога настанал осигурениот случај за преземените мерки поради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни.
(2) Вкупниот надоместок на име трошоци од претходниот став и на име надоместок пресметан според членот 5 од овие услови, не може да ја надмине сумата на осигурувањето.
Трошоците за отстранување и намалување на штетата, направени по налог на осигурувачот, како и трошоците за привремено застаклување, се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот од членот 5 од овие услови ја надминуваат сумата на осигурувањето.
(3) Во случај на подосигурување трошоците за отстра-нување и намалување на штетата се надоместуваат во ист сооднос како и штетата, освен во случај кога се направени по налог на осигурувачот.
Член 7
Ограничување на обврската врз основа на други осигурувања
Ако осигуреникот склучил и некое друго осигурување со кое и стаклата
Услови за осигурување на стакло од кршење
се осигурени (на пример: осигурување од опасност од пожар и некои други опасности), во случај на штета надоместокот од осигурувањето ќе се исплати врз основа на тоа друго осигурување. По основ на осигурувањето на стакла ќе се изврши надоместок само тогаш, ако покривањето на тоа друго осигурување не било достатно и тоа до износот на непокриениот дел на штетата.
Член 8
Важност на општите услови за осигурување на имоти
До колку не се во спротивност со овие услови, на осигурувањата склучени по овие услови се применуваат и општите услови за осигурување на имоти.