Contract
Триглав Осигурување Живот АД бул. 8-ми септември бр. 18, кат 2 1000 Скопје
ПГ-З-ДОЗД | 23-01 |
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ДЕТСКО ШТЕДНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
(1) Општите услови за детско штедно осигурување (во понатамошниот текст: Општи услови) се составен дел од договорот за детско штедно осигурување, кој е склучен меѓу договорувачот на осигурувањето (во натамошниот текст: договорувач) и Триглав Осигурување Живот АД, Скопје (во натамошниот текст: осигурувач).
(2)
Со Договорот за детско штедно осигурување договорувачот се обврзува на осигурувачот да му плати одредени парични средства (премии), а осигурувачот се обврзува дека при настанувањето на осигурен случај ќе ги исполни обврските утврдени во Договорот.
(3) Термините користени во овие услови го имаат следното значење:
- Корисник е детето за чија корист се договорува осигурувањето и на кое му се исплаќа договорената осигурена сума;
- Договорувач – е лицето кое со Осигурувачот склучило Договор за детско штедно осигурување;
- договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е сумата определена со договорот која осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигурен случај;
- Осигурен случај е доживувањето на осигуреникот по истекот на траењето на Договорот за детско штедно осигурување;
- Осигуреник е детето на кое се однесува осигурувањето и од чие што доживување зависи исплатата на договорената осигурена сума;
- Осигурувач е Триглав Осигурување Живот АД, Скопје;
- Откуп е износот кој го исплатува осигурувачот при предвремен престанок на осигурувањето по барање на договорувачот;
- Период до доживување е периодот од почетокот на договорот за детско штедно осигурување до датумот дефиниран во договорот за детско штедно осигурување како датум на истек на договорот - доживување;
- Период на исплата на рата е периодот од договорениот почеток на исплата на рата до датумот кој е дефиниран како краен период за исплата на рата;
- Рата преставува паричен износ кој осигурувачот го исплаќа кон осигуреникот во случај на доживување, доколку е така договорено, и тоа во договорена временска рамка со дефиниран почеток на исплата на рата до договорениот период за престанок на исплатата на рата;
- Полиса е исправа за склучен договор за детско штедно осигурување;
- Понуда е предлог за склучување на договор за детско штедно осигурување и се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот;
- Премија е износ кој договорувачот е должен да го плати на осигурувачот врз основа на Договорот за детско штедно осигурување;
- математичка резерва е вид на техничка резерва која се пресметува и издвојува за подмирување на идните обврски по однос на долгорочните договори за осигурување на живот.
- капитализација е намалување на осигурените суми порадик престанок на плаќање на премијата по изминување на определен временски период;
- добивка е евентуално остварена добивка врз основа на управување на портфолио од страна на осигурувачот, во која што договорувач учествува.
Член 2. ОПШТИ ОДРЕДБИ
(1) Во случај на доживување по овие општи услови, Договорувачот може да изберe осигурената сума да се исплати како:
- еднократна исплата на договорениот износ,
- исплата на договорениот износ преку рата со дефиниран период на исплата. Периодот на исплата и износот на рата е утврден во самата полиса.
(2) Договорувачот може да ја донесе и промени својата одлука за избраниот начин на исплата на осигурената сума, во секое време во периодот до доживување, односно до доспевање на исплатата на осигурената сума во случај на доживување.Договорувачот е обврзан по писмен пат да го извести Осигурувачот за барањето на промената.
(3) Во случај Договорувачот да избере осигурената сума за доживување да се исплати преку рата, должен во барањето за промена од претходниот став да го наведе периодот на исплата на осигурената сума преку рата.
(4) Во случај ако Договорувачот не го извести Осигурувачот за избраниот начин на исплата на осигурената сума за доживување, а дојде периодот за исплата на осигурената сума за доживување, Осигурувачот ќе изврши исплата на осигурената сума за доживување како договорувачот да избрал еднократна исплата на осигурената сума за доживување.
(5) Детското штедно осигурување се склучува без лекарски преглед.
(6) Во договорот за детско штедно осигурување, осигуреник може да биде само едно лице.
(7) Договорувач на осигурувањето може да биде родител /старател на детето, и лице во роднинска врска со детето, со писмена согласност на родителот или старателот.
(8) Односите меѓу договорувач и осигурувачот, како и сите нивни права и обврски се одредени во писмениот договор. Составни делови на Договорот се: понудата заедно со дополнувањата и изјавите, полисата, овие Општи услови, Посебните услови за дополнителните осигурувања, можни посебни писмени изјави на договорувачот, осигуреникот и осигурувачот, како и други прилози и додатоци кон полисата. Доколку осигуреникот кон основното осигурување приклучи и дополнително осигурување потребно е да се пополни и здравствениот прашалник.
(9) Како составен и неразделен дел на договорот за осигурувањето на живот се и Табелата на откупни вредности и Табелата на намалени (капитализирани) осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата, кои претставуваат додатоци кон полисата за осигурување.
(10) Името на застапникот во осигурувањето, називот на друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво, доколку договорот за осигурување е склучен преку застапник, друштво за застапување односно
осигурително брокерско друштво е наведено на понудата за осигурување на живот.
(11) Сите договори важат само ако се договорени писмено и ако при склучувањето, односно при промената на осигурувањето е извршена лична идентификација. Сите изјави кои осигурувачот или договорувачот ги поднесуваат еден на друг важат од моментот, односно денот на прием. Ако се праќаат по пошта, како ден на прием се смета денот кога препорачаното писмо било предадено во пошта. Сите промени кои за последица имаат промена на обврската на осигурувачот започнуваат да важат од првиот ден на следниот месец по приемот на барањето.
(12) Осигурувачот може за договорите склучени со комуникациски средства да одреди осигурувањето да биде склучено со самото плаќање на премијата.
Член 3. СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Осигуреник, според овие општи услови може да биде лице од 0 до 15 години пристапна старост, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 26 години.
Член 4. ПОНУДА И ПОЛИСА
(1) Договорот за детско штедно осигурување се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата за детско штедно осигурување се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот. Понудата ги содржи суштинските елементи за осигурувањето.
(2) Понудата мора да се пополни целосно, вистински и точно и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и за склучувањето на Договорот.
(3) Понудата за склучување на договор за детско штедно осигурување која била доставена до Осигурувачот, го обврзува осигурувачот да му одговори на понудувачот во рок од 8 дена од денот кога ја примил понудата, ако понудувачот не одреди пократок рок. Ако Осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, која не отстапува од условите по кои тој го врши предложеното осигурување, се смета дека понудата е прифатена и дека договорот е склучен оној ден кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
(4) Понудата е составен дел од Договорот за детско штедно осигурување и мора да биде потпишана од двете страни. Ако договорувачот не е родител / старател на детето, за полноважност на осигурувањето, понудата мора да боде потпишана и од родителот/старателот.
(5) Потписите на Договорувачот и родителот на осигуреникот на понудата се сметаат како потписи на полисата за осигурување на живот.
(6) Осигурувачот ја издава полисата во еден примерок врз основа на податоците внесени во понудата. Во полисата мора да бидат наведени податоците за осигурувачот, договорувачот, осигуреникот, со податоци за раѓање, осигурен случај, почеток и времетраење на осигурувањето, сума на осигурување/осигурена сума, премија, корисници, табелата за намалени осигурени суми и откупните вредности, датум на изработка на полисата и потпис на овластено лице од осигурувачот. Ако полисата суштински се разликува од понудата и другите писмени изјави на договорувач, тој може писмено да достави приговор во рок од еден месец од приемот на полисата. Ако тоа не го стори, содржината на полисата важи.
(7) Покрај тоа полисата треба да содржи и констатација дека Договорувачот на осигурувањето е предупреден дека Општите и посебните услови на осигурувањето се составен дел на договорот и дека текстот на истите му е предаден.
Член 5.ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Договорот за осигурување може да се склучи на период од минимум 8 години, а максимално на период од 25 години.
(2) Осигурувањето започнува секогаш во 00.00 часот првиот ден од месецот кој следи по месецот на склучување на Договорот, доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата и полисата. Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена првата премија или првата рата, односно еднократната премија.
(3) Ако првата премија не е платена до почетокот на осигурувањето, осигурувачот доделува привремена осигурителна гаранција, и
тоа од почетокот на осигурувањето до последниот ден во месецот на почетокот на осигурувањето. Осигурувањето во секој случај престанува ако целата прва премија не е платена до истекот на гаранцијата. Во тој случај осигурувањето повторно започнува од 24.00 часот оној ден кога првата премија ќе биде платена во целост, под услов да не се влошила здравствената состојба на осигуреникот од потпишувањето на понудата.
(4) Осигурувањето истекува во 00.00 оној ден кој на полисата е наведен како ден за истекување на осигурувањето, или при смрт на осигуреникот.
(5) Договорувачот има право во рок од 30 дена од примањето на известувањето за склучување на Договорот за детсско штедно осигурување и полисата за осигурување да отстапи од Договорот. Отстапувањето мора да биде писмено и поднесено до осигурувачот до истекот на рокот, при што се смета дека е поднесено во рок ако е предадено препорачано во пошта до истекот на рокот. Осигурувачот има право да ги пресмета фактичките трошоци поврзани со отстапувањето од Договорот, и тоа во висина одредена во важечкиот ценовник на денот на склучувањето на Договорот.
(6) Осигурувањето во секој случај престанува кога ќе настапи смрт на осигуреникот.
Член 6. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
(1) Во случај осигуреникот да го доживее датумот определен во договорот за осигурување како истек на периодот за доживување, осигурувачот ќе му ја исплати на корисникот договорената осигурена сума за доживување во еднократен износ, доколку договорувачот на осигурување ја избрал еднократната опција за исплата на осигурена сума во случај на доживување и доколку се извршени уплати во целост на сите премии од страна на договорувачот на осигурувањето.
(2) Доколку договорувачот ја избрал опцијата за исплата на осигурената сума за доживување преку рата со гарантиран период на исплата, по истекот на периодот за доживување, односно со настапување на датумот кој е договорен за почеток на исплата на рата, доколку се целосно уплатени сите премии од страна на договорувачот, осигурувачот му го исплаќа на корисникот, договорениот износ на осигурена сума во случај на доживување преку рата до истекот на гарантираниот период на исплата.
(3) Во случај на смрт на договорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот за детско штедно осигурување и целосно платени премии за осигурување за две години, а под услов да во моментот на настанување на смртта, договорувачот не е постар од 55 годишна возраст, обврската за уплата на идните премии до истекот на договор за детско штедно осигурување ја презема осигурувачот.
(4) . Кога е избрана исплата на осигурената сума за доживување преку рата со загарантиран период на исплата, исплатата на договорениот износ на рата започнува во периодот од првиот до петнаесеттиот ден во наредниот месец од месецот во кој истекол периодот на доживување на полисата и трае до истекот на договорениот рок за исплата на рата.
(5) Осигурувањето се прекинува во случај на смрт на осигуреникот, а осигурувачот е должен да му ја врати на договорувачот дотогаш уплатената премија за осигурување.
Член 7: ОГРАНИЧУВАЊА И ИСКЛУЧУВАЊA НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
[1] Со договорот за осигурување за случај на смрт не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се случило во првата година од осигурувањето. Во случај самоубиството да се случило во рок од три години од денот на склучувањето на договорот, осигурувачот не е должен да му ја исплати на
корисникот осигурената сума, туку само математичката резерва од договорот.
[2] Осигурувачот се ослободува од обврската да му ја исплати на корисникот осигурената сума, ако овој намерно предизвикал смрт на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии, да му ја исплати математичката резерва од договорот на договорувач на осигурувањето, а ако
е тој осигуреник, на неговите наследници.
[3] Осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај.
(4) Ако смртта на осигуреникот е причинета со воени операции, осигурувачот, ако нешто друго не е договорено, не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, но е должен да му ја исплати математичката резерва од договорот. Ако не е
договорено нешто друго, осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај ако несреќниот случај е причинет со воени операции.
ЧЛЕН 8 ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ И ПОСЛЕДИЦИ ОД НИВНО НЕИСПОЛНУВАЊЕ
1.Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување.Договорувачот е должен на барање на осигурувачот да му ги достави сите потребни податоци за осигуреникот.
[2] Договорувачот при склучувањето на Договорот е должен на осигурувачот да му ги пријави сите околности кои се важни за
оценувањето на опасноста и кои му се познати или не можеле да му останат непознати. За важни се сметаат особено оние
околности за кои осигурувачот писмено прашал во понудата.
3.Ако договорувачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот, и нема обврска да ја исплати осигурената сума.
4.Во случај на поништување на договорот од причините наведени во став (3) од овој член, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот, и не е должен да ја исплати осигурената сума.
5.Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот или корисникот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
6.Ако договорувачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
7Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договорувачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
8.Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
9. Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
10.Одредбите од овој член за последиците од неточната пријава или премолчувањето на околностите од значење за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите од значење за оцената на ризикот.
ЧЛЕН 9 МИРУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНА СУМА
(1) Кај детското штедно осигурување не е можно мирување на осигурувањето и зголемување на осигурената сума.
Член 10. РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
[1] Сѐ додека не настапи осигурен случај, на договорувачот му припаѓаат сите права од осигурувањето.
[2] Сите дадени изјави и одлуки од страна на договорувачот се задолжителни за осигурувачот само доколку се доставени до
осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.
[3] Ако корисникот, кој е воедно и осигуреник, умре пред настанувањето на осигурениот случај, осигурувачот е должен да му ја врати на договорувачот дотогаш уплатената премија за осигурување.
Член 11. КОРИСНИК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Во случај на доживување на полисата под овие услови, корисник на осигурувањето е самиот осигуреник. Ако корисникот на осигурувањето е малолетно лице, осигурената сума за доживување се исплаќа на неговите родители или старатели.
Член 12. ПРЕМИЈА И ОСИГУРЕНА СУМА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
(1) Осигурената сума, односно висината на рата како опција во случај на доживување со загарантиран период на исплата како и висината на премија се определува помеѓу договорувачот и осигурувачот согласно податоците кои се внесени во понудата, согласно тарифата на премија, возраста на осигуреникот, полот, периодот на траење на договорот како и договорениот период на исплата на осигурената сума преку рата.
(2) Осигурувањето се договара во евра со девизна клаузула.
(3) Осигурувањето може да се склучи на тој начин што премијата ќе се плаќа на рати, или на начин премијата да се плати во еднократен износ при склучувањето на осигурувањето. Договорената премија се плаќа месечно однапред, и тоа на први во месецот во кој достасува за наплата. Договорувачот и осигурувачот можат да се договорат и за поинаква динамика на плаќање на премијата. На осигурувачот му припаѓа премија до крајот на месецот во кој настанал осигурениот случај. Ако договорувачот доцни со плаќање на една или повеќе премии, со плаќањето на премијата најпрво се подмируваат премиите достасани за наплата. За неплатените премии осигурувачот има право на законска затезна камата.
3.Премијата може да се плати во банка или пошта. Ако се плаќа во пошта или банка, се смета дека е платена кај осигурувачот во
24.00 оној ден кога во пошта или во банка е потврдено плаќањето. Договорувачот е должен на осигурувачот да му плати премија, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице, кое за тоа има правен интерес.
[4] Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договараат во ЕВРА или денари. Премијата по правило се плаќа во денарска противвредност. Премијата се плаќа во полн износ без намалување на трошоците за платен промет.
(5)Осигурувачот нема право да бара плаќање на премијата по судски пат.
Член 13. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
(1) Ако премијата не е платена пет месеци по пристигнувањето за наплата, осигурувачот може да го повика договорувачот да ја плати премијата. Ако на барањето на осигурувачот, кое мора да му биде врачено со препорачано писмо, договорувачот не ја плати достасаната премија за плаќање во рокот кој е одреден во писмото, а кој не смее да биде пократок од еден месец сметано од тогаш кога барањето му било врачено, а тоа не го стори ниту тој ниту некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може ако дотогаш биле платени премии најмалку за две полни години, кај осигурувањата со период на осигурување заклучно до 12 години, односно најмалку за три полни години кај осигурувањата со период на осигурување од 13 до 25 години –да му каже на договорувачот дека ја намалува договорената осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), а во спротивно дека го раскинува Договорот. Осигурувачот не ги враќа премиите кои биле платени до раскинувањето на Договорот.
(2) Намалена осигурена сума во смисла на првиот став од овој член по методите на актуарската математика се пресметува на тој начин што математичката резерва, која одговара на платената премија, се смета како еднократна премија, врз основа на која потоа се пресметува намалената осигурена сума.
(3) Во случај на капитализација, односно намалување на осигурената сума согласно дотогаш уплатената премија, престануваат да важат обврските за исплата на осигурена сума преку рата што осигуреникот ја избрал како опција. Во овој случај
на осигуреникот ќе му се исплати еднократен износ во висина на капитализираната осигурена сума.
(4) Во случај на капитализација престануваат да важат дополнителните осигурувања, кои се приклучени кон детското штедно осигурување.
Член 14. ОБНОВА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) Полисата за детско штедно осигурување може да се обнови врз основа на писмено барање за обнова која мора да биде доставена најдоцна до 25ти во месецот.
(2) Обновата подразбира надоместување на целокупниот заостанат износ по основ на должни премии за полисата. Обврските на осигурувачот започнуваат на првиот ден од наредниот месец, под услов да се подмирени сите должни премии.
(3) Полисата за осигурување може да се обнови и во случај доколку се изврши уплата на сите должни премии.
(4) Обнова во период до 6 месеци од датумот на сторнирање се врши автоматски без разлика на здравствената состојба на осигуреникот, на први во наредниот месец после месецот во кој е извршена уплатата на премијата.
(5) Кај полисите, кај кои се поминати повеќе од 6 месеци од датумот на сторнирање, потребно е да се достави пополнето барање за обнова на осигурувањето, заедно со останатата потребна документација.
(6) Осигурувањето кое по член 13 став 1. и 16 од овие услови престанало да важи, односно преминало во осигурување со намалена осигурена сум, може да се обнови со поднесување на писмено барање од страна на договорувачот.
(7) Полиса која е сторнирана или капитализирана повеќе од 1 година, а помалку од 2 години може да се обнови само со уплата на сите должни премии.
(8) Полиса која е сторнирана или капитализирана повеќе од 2 години не може да се обнови.
Член 15. ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО
(1) На барање на договорувачот на осигурувањето, осигурувачот мора да ја исплати откупната вредност на полисата, доколку договорот за осигурување не е претходно раскинат и ако од почетокот на осигурувањето до моментот на барањето за откуп се поминати:
1) кај осигурувања со договорено траење на осигурување вклучително до 12 години – барем две години и
премиите да се платени за најмалку две години и
2) кај осигурувања со договорено траење на осигурување од 13 до 25 години – барем три години и премиите да се платени за најмалку три години.
(2) Откупната вредност на полисата со исполнување на минималните услови од првиот став на овој член изнесува 95 % од математичката резерва пресметана по методите на актуарската математика. Откупната вредност на осигурувањето во подоцнежниот период е еднаква на висината на математичката резерва во моментот на откупот, намалена за толкав сразмерен удел помеѓу 5 % и 0 % за по истекот на договореното траење на осигурувањето откупната вредност на осигурувањето да биде еднаква на 100 % од математичката резерва.
3.Откупната вредност на осигурувањето во периодот на исплата на рата изнесува 95% од математичката резерва
3.Откупна вредност на дополнителната осигурена сума на име на добивка изнесува 80% од математичката резерва за учеството во добивка.
4.Откуп на осигурувањето не е можен ако договорувачот е ослободен од плаќање на понатамошните осигурителни
премии.
5. Правата на откуп не можат да ги остварат доверителите на договорувач, ниту пак корисникот. Осигурувачот откупната вредност му ја исплаќа на корисникот, ако одредувањето на корисникот е неотповикливо.
6 Осигурувачот ја исплаќа откупната вредност на полисата во рок од 14 дена од приемот на целосното барање за откуп. Обврската на осигурувачот при откупот на осигурувањето престанува во
00.00 часот оној ден кога откупната вредност е исплатена.
Член 16: КАПИТАЛИЗАЦИЈА
(1) Договорувачот може да побара капитализација на осигурувањето без понатамошно плаќање на премијата со намалена договорена сума според Xxxxxxxx на намалени (капитализирани) осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата .
(2) Капитализација на осигурувањето е возможна ако од почетокот на осигурувањето поминало:
1. кај осигурувања со договорено траење на осигурување вклучително до 12 години – барем две години и премиите да се платени за најмалку две години и
2. кај осигурувања со договорено траење на осигурување од 13 до 25 години – барем три години и премиите да се платени за најмалку три години.
(3) Со капитализација престануваат да важат договорените дополнителни осигурувања.
Член 15. АВАНС
(1) Осигурувачот може на договорувачот на негово барање однапред да му исплати дел од средствата, и тоа најмногу до висина на откупната вредност на полисата (аванс), кој договорувачот може подоцна да го врати со ануитетски уплати. Договорувач го остварува правото на аванс врз основа на писмено барање кое го поднесува до осигурувачот, и по истек на времетраењето дефинирано за остварување на правото за откуп на полисата.
(2) Осигурувачот може на договорувач на негово барање однапред да му исплати дел од средствата, и тоа најмногу до висина на откупната вредност на полисата (аванс), кој договорувачот може подоцна да го врати со ануитетски уплати. Договорувачот го остварува правото на аванс врз основа на писмено барање кое го поднесува до осигурувачот и врз база на однапред пресметана откупна вредност. Оваа одредба важи и при еднократна уплата на премијата за осигурување.
(3) За примениот аванс договорувачот мора да плати одредена камата. Ако договорувачот задоцни со плаќањето на каматите достасани за наплата, се постапува исто како да побарал откуп. Враќањето на авансот и плаќањето на каматите не влијаат врз обврските на плаќањето на премијата.
(4) Ако настане осигурен случај, осигурувачот исплаќа осигурена сума намалена за износот на невратениот аванс, вклучително со каматите. Во случај на откуп на осигурувањето осигурувачот ја исплаќа откупната вредност на осигурувањето намалена за примениот аванс, вклучително со каматите. Ако откупната вредност е помала од примениот аванс и каматите, договорувачот мора да ја врати разликата.
Член 16. ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Кон Детско штедно осигурување може да се приклучи и дополнително осигурување од последица на несреќен случај за деца
(2) Во случај да е договорено дополнително осигурување од последица на несреќен случај за деца, осигурувачот има право да изврши проценка на ризик за дополнително осигурување од последица на незгода доколку смета дека е потребно, земајќи ги во предвид податоците од понудата, податоци од страна на осигуреникот и приложената медицинска документација.
Член 17. ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВА СПОРЕД ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) При крајот на осигурувањето корисникот, а доколку корисникот е малолетно лице, родителот, односно старателот, има право да избере помеѓу трите различни можности на исплата, и тоа:
1) исплата на еднократен износ
2) исплата на рата или
3) исплата на дел од осигурената сума во еднократен износ, а дел во облик на плаќање на рата.
(2) Во случај на смрт на дсоговорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот за детско штедно осигурување и целосно платени премии за осигурување за најмалку две години, а под услов во моментот на настапување на смртта, договорувачот, не е постар од 55 годишна возраст, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот ги презема осигурувачот.
(3) Кога ќе настане смрт на договорувачот, треба веднаш по писмен пат да се извести осигурувачот и во најбрз временски рок на свој
трошок, покрај пријава за смрт на договорувачот, да ја достави и извод од матична книга на умрени.
(4) Во случај на смрт на осигуреникот, договорувачот за да го оствари правото од член 6 став 5 освен писмена пријава потребно е да достави Извод од матична книга на умрени за осигуреникот, како доказ за настаната смрт на осигуреникот.
(5) Лицето кое бара исплата според договорот за детско штедно осигурување, кога ќе настане предвидениот осигурен случај, мора за тоа веднаш писмено со пријава да го извести осигурувачот и што е можно побрзо на свој трошок да ги набави и да ги поднесе следните документи:
- Полисата за детско штедно осигурување, во оригинал
- Извод од матична книга на родени на осигуреникот или лична карта.
(6) Осигурувачот има право да побара и други докази потребни за утврдување на правото за исплата.
(7)Ако не е поинаку одредено, осигурувачот мора својата обврска да ја исполни во рок од 14 дена од денот кога ги добил сите докази за постоењето на осигурен случај и истовремено е позната висината на обврските на осигурувачот
(8)Ако сумата на осигурување е договорена во друга валута, исплатата се врши во денари, при што противвредноста се пресметува на денот на исплата по средниот курс на НБРМ.
Член 18. УЧЕСТВО ВО ДОБИВКА
(1) Детското штедно осигурување учествува во добивка која е остварена врз основа на управување на портфолиото на овие осигурувања по критериумите кои ги прифаќа осигурувачот, во согласност со мерилата за формирање на математичка резерва и учество на договорувач во позитивниот резултат на овие осигурувања.
Висината и начинот на распределба на остварената добивка се одредува со одлука, односно со правилник на надлежниот орган на осигурувачот.
(2) Осигурувачот е должен по писмен пат да го извести договорувачот за остварената добивка во која има учество, како и за висината на уделот во добивка, најдоцна до 30-ти јуни во тековната година.
(3) Со право на учество во распределбата на остварената добивка на осигурувачот при осигурување на живот корисникот се стекнува со истекот на рокот од 24 (дваесетичетири) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето, под услов премијата да е платена во целост до денот на пресметката.
(4) Уделот на годишно учество на осигурувањето на живот е сразмерен на уделот на тоа осигурување во целокупната добивка на портфолиото на осигурувањата на живот во деловната година. Основа за учество во вкупната добивка е уделот на издвоената математичка резерва во групата на математички резерви на тие осигурувања на последниот ден од деловната година.
(5) Уделот за учество во добивката секоја година по соодветни математичко актуарски методи се претвора во дополнителна осигурена сума на име добивка која се исплаќа при настанување на осигурен случај, заедно со исплатата на осигурената сума на основното осигурување на живот..
(6) Исплатата на соодветниот дел на добивка остварена во текот на осигурување се врши заедно со исплатата на договорената осигурена сума.
(7) Последната година од траењето на осигурувањето, односно периодот на плаќање на премија, при исплата на осигурената сума се исплаќа и сразмерен дел од оценетото учество во добивка за тековната деловна година, во која осигурувањето престанува. Во случај на исплата на осигурена сума за случај на смрт, или престанок на осигурувањето поради откуп, или отстапување од Договорот, за годината во која престанува осигурувањето не се пресметува добивка и не се придодава на осигурената сума.
Член 19: : УСЛУГИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
(1) Договорувачот мора за сите услуги кои ги бара посебно од осигурувачот, како што се промена на осигурувањето, издавање на дупликат од полиса, заложување на осигурителната полиса и друго, да плати однапред според ценовникот кој важи при секоја промена.
(2) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека таа
исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во Службен весник на Република Северна Македонија.
(3) Осигурувачот ја заменува изгубената полиса во рок од 15 дена од денот на објавувањето на исчезната полиса во Службен весник на Република Северна Македонија, односно од денот на правосилноста на судското решение
Член 20: ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
[1] Побарувањата од договорите за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи .
Член 21.: ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
(1) Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување Живот АД, Скопје
Седиште: Xxxxxxx 0-xx Xxxxxxxxx xx. 00 xxx 0, Општина Карпош, Скопје
(2) Офицер за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx
* Дополнителни информации за офицерот за заштита на лични податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото.
Член 22: ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, а Триглав Осигурување Живот АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
Член 23: ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување Живот АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување и исполнување на правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување, врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, одредбите од Законот за облигациони односи и одредбите од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Член 24. ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврски кои произлегуваат од договорите за осигурување. Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
(2) Со цел водење на постапка за прием во осигурување, склучување на договори за осигурување, како и извршување на права и обврски преземени со склучување на договор за осигурување, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје обработува копии од документи во кои се содржани лични податоци.
(3) Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на податоците од став 2 на овој член може да има за последица одбивање во прием на осигурување, несоодветно проценување или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
(4) Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.18 кат2, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка
на личнитe податоци Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици на несоодветно проценување на степенот на оштета или неисплаќање на оштетно барање.
Член 25: РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Личните податоци, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
(2) По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 26: ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
1) Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
(2) Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 24, од страна на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 27: ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(1) Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.18 кат2, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx.
Член 28: ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
(1)Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува само врз основа на изречна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување Живот АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
(2)Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“бр.18 кат2, 1000 Скопје, со назнака “Офицер за заштита на лични податоци”).
Член29: ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ
(1)Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за детско штедно осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1.Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2. Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3.Организација за заштита на потрошувачи, и.
4. Агенција за супервизија на осигурување
(2)Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
(3) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
Член 30 ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за детско штедно осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за детско штедно осигурување.
(3) Приговорите од ст(.2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од Договорот за детско штедно осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот-Агенција за супервизија на осигурување. Исто така овие лица, можат до Агенцијата за супервизија на осигурување да поднесат приговор односно жалба во писмена форма против целокупното работење на Друштвото за осигурување.
Член 31: НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
(1) Надзорно тело надлежно за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
Член 32: ИЗЈАВА ЗА ИНФОРМИРАНОСТ
[1] Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот, за малолетно лице, неговиот родител/старател со потписот на понудата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за детско штедно осигурување писмено се известени од страна на осигурувачот за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за детско штедно осигурување. Согласно ова, договорувачот/осигуреникот, за малолетно лице неговиот родител/старател со потписот на понудата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
Член 33: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
(1)Во случај на судски спор, надлежен е стварно и месно надлежниот суд на Република Северна Македонија, во седиштето на осигурувачот. (2)За односите меѓу осигурувачот и договорувачот кои не се уредени со овие Општи услови се применуваат позитивните законски прописи. (3)Осигурувачот ќе го известува договорувачот за сите промени во согласност со законските прописи.
(4)Договорувачот е должен без одлагање да го извести осигурувачот за секоја промена на своето име или презиме, односно назив на фирмата доколку договорувачот е правно лице, како и за адресата на фактичкото живеалиште, односно седиште на фирмата, доколку договорувачот е правно лице.
(5)Овие Општи услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување и ќе се применуваат од 01.01.2023.