Врз основа на член 21 од Законот за работни односи, член 37-м од Законост за јавни претпријатија и член 36 од Статутот на ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга, а врз основа на Јавниот оглас бр.01/2021 година за вработување на даватели на јавни услуги...
Врз основа на член 21 од Законот за работни односи, член 37-м од Законост за јавни претпријатија и член 36 од Статутот на ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга, а врз основа на Јавниот оглас бр.01/2021 година за вработување на даватели на јавни услуги во областа на комуналните дејности од групата III и подгрупа V во ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга на неопределено време објавен во дневните весници ,,Нова Македонија,, и ,,Коха,, Директорот на претпријатијето донесе:
ОДЛУКА
За избор на кандидат за склучување Договор за вработување на неопределено време
1.Од пријавените кандидати по Јавниот оглас објавен во дневните весници ,,Нова Македонија,, ,,Коха,, на ден 21.06.2021 год, за засновање на работен однос на 4 (четири) извршители на работно место КДР0305В02031 Општ работник- Одделение за одржување на водоводна мрежа и приклучоци, Сектор за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење- 4 (четири) извршители, се избираат следните кандидати :
Бетиме Адеми;
Xxxxxx Xxx;
Xxxx Xxxxxx;
Xxxxx Xxxxxx.
2. Именуваните ќе бидат вработени на неопределено време на наведеното работно место од точка 1 на оваа одлука по конечноста на оваа одлука, за што ќе склучат договор за вработување.
3.Одлуката за избор на кандидат за вработување ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на интернет страницата и огласната табла на претпријатијето.
На ден 21.06.2021 год во дневните весници ,,Нова Македонија,, и ,,Коха,, и на интернет страницата на ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга беше објавен Јавен оглас бр 01/2021 за вработување на даватели на јавна услуга на работно место со шифра и назив КДР0305В02031 Општ работник- Одделение за одржување на водоводна мрежа и приклучоци, Сектор за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење.
Со решение бр.04-604/7 од 28.06.2021 год Директорот на претпријатијето формира Комисија за селекција за постапката за вработување на даватели на јавна услуга , која има задача да ги спроведе фазите за селекција за работување на 4 даватели на јавна услуга.
По спроведување на сите фази од постапката за селекција за вработување на 4 даватели на јавна услуга, Комисијата за селекција изготви конечна ранг листа од пријавените кандидати.
Врз основа на конечната ранг листа на пријавени кандидати, Комисијата достави Предлог за вработување на 4 кандидати со најголем број на освоени бодови, и истиот го достави до Директорот на претпријатијето.
Врз основа на дадениот прелог се одлучи како во член 1 на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 дена да поднесе жалба до Управниот одбор на претпријатијето.
Доставено:
-Архива ;
-Одделение за човечки ресурси;
-Избрани кандидати.
ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга
Директор
Доц. Др Xxxxxx Xxxxxx