Contract
ОПШТИ УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ФИНАНСИСКИ ЛИЗИНГ
Овие општи услови заедно со посебните услови се составен дел на Договорот за финансиски лизинг (во понатамошниот текст: Договор) склучен помеѓу Давателот на лизинг и Xxxxxxxxxx на лизинг.
1. ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ
Доколку не е поинаку одредено во текстот на посебните, општите услови и другите прилози кои се составен дел на Договорот, поимите употребени во текстот на Договорот го имаат следното значење:
1.1 Финансиски лизинг – лизинг активност регулирана согласно Законот за лизинг.
1.2 Давател на лизинг – Друштво за лизинг СТОПАНСКА ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, регистрирано друштво за вршење услуги на финансиски лизинг.
1.3 Корисник на лизинг – физичко или правно лице кое со Давателот на лизинг склучило Договор за финансиски лизинг.
1.4 Гарант-платец – е правно или физичко лице кое солидарно се обврзува спрема Давателот на лизинг дека ќе ги исполни сите обврски на Корисникот на лизинг согласно Договорот.
1.5 Предмет на лизинг – возило, опрема за технолошки или производствен процес, уред, машина и друг подвижен предмет кој може да биде предмет на лизинг.
1.6 Договор за финансиски лизинг - Договор со кој Давателот на лизинг го финансира прибавувањето на предметот на лизинг, поради давање на користење (лизинг) на Корисникот на лизинг, на определен временски период, а Корисникот на лизинг за тоа се обврзува да врши месечни плаќања во полза на Давателот на лизинг на начин и во износ согласно посебните услови на Договорот и амортизациониот план кој е прилог кон Договорот за финансиски лизинг. По истек на времетраењето на Договорот за финансиски лизинг и исплата на последното месечно плаќање односно по исполнување на сите обврски и плаќање на вкупните надоместоци за користење на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг во полза на Давателот на лизинг по овој Договор, Давателот на лизинг ќе го пренесе правото на сопственост на предметот на лизинг на Корисникот на лизинг.
1.7 Продавач – физичко или правно лице регистрирано за вршење производство, трговија и/или сервисирање на предметот на лизинг кое го продава или на друг начин го обезбедува предметот на лизинг на давателот на лизинг.
1.8 Учество – е паричен износ со кој Корисникот на лизинг учествува при склучување на Договорот за финансиски лизинг, со кој се намалува основицата за пресметаниот надомест за лизинг и не се враќа на Корисникот на лизинг во случај на раскинување на Договорот за финансиски лизинг.
1.9 Побарување – значи секое побарување на Давателот на лизинг кое произлегува од Договорот, а кое Xxxxxxxxxx на лизинг е должен да го намири односно да го исполни на начин, во рокови и износи согласно овој Договор, Општите услови, посебните услови и амортизациониот план кој е прилог кон овој Договор. Побарувањата на Давателот на лизинг вклучуваат: побарувања по основ на главен долг (достасан и недостасан), договорна камата, законска казнена камата, договорни казни, парични казни, глоби и сите видови на трошоци, парични надоместоци по основ на надминати километри/работни часови на користење, трошоци за одржување на предметот на лизинг, побарувања по основ на надомест на штета во врска со предметот на лизинг кои се наведени во текстот на Општите услови на Договорот, премии кои не се надоместени во целост од друштвото за осигурување, побарувања по основ на осигурување на предметот на лизинг кои не се надоместени на Давателот на лизинг, како и сите останати побарувања кои се наведени во одредбите од Општите и Посебните услови од овој Договор.
2. СОПСТВЕНОСТ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
2.1 За цело времетраење на Договорот единствен сопственик на предметот на лизинг е Давателот на лизинг, додека Корисникот на лизинг стекнува право на користење на предметот на лизинг со обврска уредно и навремено да ги врши одделните плаќања на начин во рокови и износи согласно Посебните услови и Амортизациониот план кој е прилог кон овој Договор, односно можност за стекнување право на сопственост врз предметот на лизинг, по уредно подмирување на обврските од Договорот.
2.2 За времетраење на Договорот единствен сопственик на предметот на лизинг е Давателот на лизинг, додека пак Xxxxxxxxxx на лизинг е само корисник и непосреден владател на предметот на лизинг.
2.3 На Корисникот на лизинг, во врска со предметот на лизинг му припаѓаат правата кои произлегуваат од овој Договорот и позитивното право на РСМ. Со предавањето на предметот на лизинг од страна на Продавачот директно на Корисникот на лизинг, право на сопственост врз предметот на лизинг стекнува Давателот на лизинг како посреден владател.
2.4 За времетраење на Договорот, Корисникот на лизинг не смее да го оттуѓи или оптовари предметот на лизинг.
2.5 Без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг не смее да го даде предметот на лизинг во закуп или на користење на трети лица.
2.6 Во случај на прекршување на одредбите од точка 2.4 и точка 2.5 од страна на Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг има право еднострано да го раскине Договорот без отказен рок.
2.7 Корисникот на лизинг е должен без одлагање да го извести Давателот на лизинг кога дејствија на трети лица се насочени кон исклучување, намалување или ограничување на правото на сопственост врз предметот на лизинг (пример: одземање, запленување на предметот на лизинг од страна на трети лица). Покрај известувањето, Корисникот на лизинг е овластен и должен на свој трошок да ги превземе сите дејствија и мерки за заштита на правото на сопственост на Давателот на лизинг. Давателот на лизинг ќе му ги надомести направените трошоци на Корисникот на лизинг по презентирање на доказ за направените трошоци, доколку дејствијата на третите лица не се предизвикани по вина на Корисникот на лизинг.
2.8 Корисникот на лизинг е должен на свој трошок да ги превземе сите потребни мерки и работи за да предметот на лизинг не стане припадок на други ствари или нивни составен и неодвоен дел, односно како би го заштитил правото на сопственост на Давателот на лизинг над истото, а во спротивно е должен на Давателот на лизинг да му ја надомести целата штета која ја трпи поради тоа.
2.9 Корисникот на лизинг – правно лице се обврзува во случај на поведување постапка за стечај или ликвидација веднаш, без одлагање да го извести Давателот на лизинг за истото и да го врати предметот на лизинг. Корисникот за лизинг исто така се обврзува да го извести стечајниот, односно ликвидациониот управник за сопственоста на Давателот на лизинг над предметот на лизинг и правото да му биде утврдено излачно право над предметот на лизинг во стечајната постапка со цел истиот да биде издвоен од стечајната маса на Корисникот на лизинг.
2.10Корисникот на лизинг нема право на задржување (ретенција) над предметот на лизинг, независно од видот и основот на евентуалното побарување кое би го имал спрема Давателот на лизинг.
2.11Корисникот на лизинг е обврзан за времетраењето на Договорот да го прикажува предметот на лизинг одвоено од својот имот и да го означува како сопственост на Давателот на лизинг согласно прописите кои во книговодството и даночното право се применуваат за финансиски лизинг.
2.12По исплата на севкупните парични обврски на Корисникот на лизинг согласно Договорот и Амортизациониот план (трошоци, камати, главен долг), Давателот на лизинг ќе го пренесе на Корисникот на лизинг правото на сопственост врз предметот на лизинг. Трошоците за пренос на правото на сопственост и даночните обврски поврзани со преносот на правото на сопственост во целост ќе ги сноси Корисникот на лизинг.
3. ПРИБАВУВАЊЕ, ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
3.1 Корисникот на лизинг потврдува дека сам го избрал Продавачот и предметот на лизинг кај Продавачот, согласно наведените карактеристики (опис) во точка 1 од посебните услови на Договорот, како и цената, рокот и начинот на испорака на предметот на лизинг и по негово барање Xxxxxxxxx на лизинг склучил договор за купопродажба на предметот на лизинг со Продавачот.
3.2 Давателот на лизинг е ослободен од одговорност кон Корисникот на лизинг за обврските на Продавачот кои произлегуваат од фактурата или од договорот за купопродажба во врска со предметот на лизинг (квалитетот на предметот на лизинг, исправноста на работењето, како и за неговото навремено доставување до Корисникот на лизинг или Xxxxxxxxx на лизинг, замена или поправка на дефект или инсталирање на предметот на лизинг).
3.3 Oбврските на Продавачот кои произлегуваат од фактурата или од договорот за купопродажба во врска со предметот на лизинг, директно се однесуваат на Корисникот на лизинг за кого се обврзувачки.
3.4 Корисникот на лизинг е должен да ги набави сите законски пропишани дозволи, одобренија и лиценци потребни за прибавување и користење на предметот на лизинг.
3.5 Предметот на лизинг ќе биде испорачан на Корисникот на лизинг од страна на Продавачот, за што Корисникот на лизинг, Продавачот и Давателот на лизинг ќе состават и потпишат записник за примопредавање, во кој ќе се евидентираат евентуалните недостатоци на предметот на лизинг.
3.6 Пред превземање на предметот на лизинг, Xxxxxxxxxx на лизинг е должен да ги уплати учеството и трошоците за обработка на Договорот, како и да достави доказ на Давателот на лизинг дека склучил договор / полиса за осигурување, согласно договорениот обем на осигурување со овие Општи услови.
3.7 Корисникот на лизинг се обврзува на сопствен ризик и трошок, да го превземе предметот на лизинг на договореното место и договореното време.
3.8 Корисникот на лизинг е должен да провери дали предметот на лизинг кој треба да биде превземен од негова страна ги исполнува договорените услови пред истиот да го прими, односно потпише записникот за примопредавање.
3.9 Корисникот на лизинг е должен веднаш, без одлагање, по писмен пат да го извести Давателот на лизинг доколку Продавачот не го испорачал предметот на лизинг во рамки на договорениот рок на испорака или пак
дека предметот на лизинг има материјални недостатоци, односно предметот на лизинг не е согласно договорениот опис (карактеристики) од точка 1 од посебните услови на Договорот, од кои причини Корисникот на лизинг одбил да го превземе предметот на лизинг.
3.10Корисникот на лизинг ќе му остави дополнителен примерен рок на Продавачот од 15 дена за испорачување на предметот на лизинг согласно договорените карактеристики, односно да го испорача предметот на лизинг без материјални недостатоци.
3.11Корисникот на лизинг е должен по истек на дополнителниот примерен рок од точка 3.10 писмено да го извести Давателот на лизинг дека Продавачот ниту во дополнителниот рок не испорачал уреден предмет на лизинг.
3.12Корисникот на лизинг е должен предметот на лизинг да го прегледа на вообичаениот начин и за видливите недостатоци да ги извести Продавачот и Давателот на лизинг без одлагање, инаку го губи правото што му припаѓа по таа основа.
3.13Корисникот на лизинг и испорачателот во моментот на примопредавањето на предметот на лизинг, ќе состават Записник за примопредавање со опис на сите евентуални недостатоци на предметот на лизинг. По потпишувањето на Записникот за примопредавање исклучена е одговорноста за материјални недостатоци од страна на Давателот на лизинг. Со потпишувањето на Записникот за примопредавање, на Корисникот на лизинг преминуваат сите законски права во однос на материјалните недостатоци на предметот кон производителот или испорачателот на предметот на лизинг. За сите материjални недостатоци на предметот на лизинг одговара единствено Продавачот или производителот на предметот на лизинг, па согласно ова, сите барања кои се однесуваат на недостатоците на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг ќе ги упатува директно кон Продавачот или производителот.
3.14Кога по приемот на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг ќе се покаже дека предметот на лизинг има некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на предметот на лизинг (скриен недостаток), Корисникот на лизинг е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да ги извести Продавачот и Давателот на лизинг без одлагање.
3.15Корисникот на лизинг е должен писмено да го извести Давателот на лизинг кое законско право ќе го користи спрема Продавачот, во случај на неиспорака, ненавремена испорака, односно испорака со материјални недостатоци и тоа пред користење на предметното право.
3.16Доколку Корисникот на лизинг го раскине Договорот поради неиспорака на предметот на лизинг, односно поради материјални недостатоци, има право да бара обесштетување исклучиво од Продавачот.
3.17Доколку Корисникот на лизинг и покрај неиспорака, ненавремена испорака, испорака со материјални недостатоци на предметот на лизинг сепак потпише записник за примопредавање на предметот на лизинг, во таков случај ги губи законските права за приговор и раскинување на договорот, согласно Законот за облигационите односи.
3.18Доколку предметот на лизинг не ги исполнува условите определени во Договорот, Xxxxxxxxxx на лизинг има право да го одбие превземањето на предметот во рок од 30 работни дена, од приемот по кој рок Корисникот на лизинг го губи правото да го одбие превземањето на предметот.
3.19Давателот на лизинг има право еднострано да го раскине Договорот доколку Xxxxxxxxxx на лизинг неосновано одбива да го превземе предметот на лизинг по уреден повик од страна на Продавачот. Во таков случај, Корисникот на лизинг е должен да му ги надомести на Давателот на лизинг сите трошоци и штети кои ги поднесува поради неисполнување на договорот за купопродажба на предметот на лизинг или неплаќање на фактурата, кои вклучуваат, но не се ограничуваат на побарувања по следните основи: платени аванси, трошоци направени за набавка на предметот на лизинг, евентуална разлика помеѓу платената купопродажна цена и цената постигната со повторна продажба на предметот на лизинг, надомест на штета на Продавачот, трошоци за судски и други постапки.
3.20Корисникот на лизинг се обврзува на свој ризик и трошок, да го превземе предметот на лизинг на договореното место и време.
3.21Во моментот на превземање на предметот на лизинг врз Корисникот на лизинг преминуваат ризикот за случајно пропаѓање и оштетување на предметот на лизинг.
3.22Со примопредавањето на предметот на лизинг, врз Корисникот на лизинг преминуваат сите законски права да бара отстранување на материјалните недостатоци на предметот на лизинг од Производителот на предметот на лизинг, односно од Продавачот, како и ризикот од пропаѓање и оштетување на предметот на лизинг.
3.23За сите материјални недостатоци на предметот на лизинг одговара исклучиво Продавачот, па сите барања кои се однесуваат на исправно функционирање на предметот на лизинг се упатуваат директно на Продавачот.
3.24Предуслов за важност на гаранцијата и рекламацијата на предметот на лизинг е обавувањето на сите сервиси и работи за одржување на предметот на лизинг на начин кој е пропишан во гарантниот лист на Производителот, односно на Продавачот на предметот на лизинг, како и употреба на само допуштен потрошен материјал.
3.25Давателот на лизинг не е одговорен за штетите кои настанале поради незаконито користење на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг, а кои имаат за последица смрт, телесна повреда, нарушување на здравје, оштетување на имот на трети лица. Доколку Давателот на лизинг поради таквите штети, како сопственик на предметот на лизинг, биде задолжен да исплати оштетно побарување на трети лица или парична казна согласно одлука на надлежен орган, Корисникот на лизинг е должен на Давателот на лизинг во целост да му го надомести така исплатениот износ, зголемен за евентуални трошоци во врска со водење на постапките (адвокатски, трошоци за водење постапки пред надлежни органи), како и евентуална законска казнена камата на исплатениот износ од страна на Давателот на лизинг.
4. УПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ ВО ПОСЕБНИОТ РЕГИСТАР ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР
4.1 Барањето за упис, промена и бришење на предметот на лизинг од точка 1 од Посебните услови на Договорот во посебниот регистар во Централниот регистар ќе го поднесува Давателот на лизинг или нотарот кој ќе го заверува, односно солемнизира (потврдува) Договорот.
5. НАДОМЕСТ НА ЛИЗИНГ
5.1 За целото времетраење на Договорот, Корисникот на лизинг се обврзува да му плаќа на Давателот на лизинг месечни плаќања кои се состојат од главен долг и камата за користење на предметот на лизинг согласно Амортизациониот план, кој е составен дел на Договорот.
5.2 Рокот на пристигнување и износот на месечните плаќања е утврден со Амортизациониот план, кој е составен дел на Договорот.
5.3 Месечните плаќања, Корисникот на лизинг ќе ги врши на трансакциската сметка на Давателот на лизинг наведена во посебните услови на Договорот.
5.4 Износите на севкупните трошоци (во понатамошниот текст: СВТ) кои вклучуваат, но не се ограничуваат на: главница, камата, данок на додадена вредност на камата, трошок за обработка, надомест за регистрација на предметот на лизинг во Централниот регистар на Република Северна Македонија се наведени во Амортизациониот план кој е составен дел на овој Договор.
5.5 Трошоци кои не се наведени во СВТ, а кои Корисникот на лизинг е должен да ги намирува, односно може да биде задолжен да ги намири се: трошоци во врска со спроведување на Договорот (трошоци за регистрација на предметот на лизинг, трошоци за осигурување, трошоци за добивање на дозволи, уверенија, потврди и решенија од надлежни тела/инстутуции/органи, трошоци за опомени, нотарски трошоци, адвокатски трошоци, судски трошоци, извршни трошоци, трошоци за вештак, проценител, банкарски трошоци, трошоци во врска со осигурување на предметот на лизинг), договорна камата, законска казнена камата, фискални давачки, надомест поради предвремена отплата на предметот на лизинг, надомест на штета која не е надоместена од осигурителното друштво и други побарувања по Договорот. Давателот на лизинг има право по слободен избор да одлучи дали било кои од наведените трошоци ќе се пресметаат во месечните плаќања или пак за истите ќе издаде посебна фактура.
5.6 Доколку каматната стапка во точка 4 од посебните услови на Договорот не е фиксна за целото времетраење на финансискиот лизинг, Давателот на лизинг го задржува правото да врши пресметка, измена на каматни стапки, начин и периоди на пресметка на каматни стапки во рамки на дозволената висина на стапка на договорна камата согласно важечките законски прописи во РСМ, сето претходно на начин предвиден во оваа глава 5 Надомест на лизинг.
5.7 Пресметката на променливата договорна камата согласно точка 5.6 ќе се врши според оценка на Xxxxxxxxx на лизинг, а имајќи го во предвид следното:
- За финансиски лизинг со плаќања во МКД, како референтна каматна стапка ќе се применува националната референтна каматна стапка што се дефинира како каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула која ја објавува НБРСМ. При пресметката на каматата ќе се земе во предвид националната референтна каматна стапка на НБРСМ последно објавена на 25-ти Декември а ќе биде важечка основа за пресметка на каматата за следните 6 месеци (01-ви Јануари до 30-ти Јуни), односно последно објавена на 25-ти Јуни а ќе биде важечка основа за пресметка на каматата за следните 6 месеци (01-ви Јули до 31-ви Декември),
- За финансиски лизинг со плаќања во ЕУР, како референтна стапка при пресметка на каматата ќе се земе во предвид стапката на шестомесечниот ЕУРИБОР важечка на 31-ви Декември која ќе биде основа за пресметка во периодот од следните 6 месеци по нејзиното објавување (01-ви Јануари до 30-ти Јуни), односно важечка на 30-ти Xxxx која ќе биде основа за пресметка во следните 6 месеци по нејзиното објавување (01-ви Јули до 31- ви Декември),
- на референтната стапка од алинеите 1 и 2 од овој став, се додава маргина која се пресметува и определува во процентни поени од страна на Давателот на лизинг при склучување на договорот земајќи ги во предвид сите околности релевантни за таквата пресметка.
5.8 За промената на каматната стапка поради промена на националната референтна стапка што ја објавува НБРСМ и шестомесечниот ЕУРИБОР, Корисникот на лизинг ќе се информира самостојно.
5.9 По однос на било која референтна каматна стапка што се користи за пресметка на каматна стапка согласно овој Договор, договорните страни се согласни со следното:
-доколку надлежен орган/ администратор/ регулаторно тело/ трето лице кој/кое ја објавува референтната каматна стапка, објави јавно достапно известување или друг вид на информација дека референтната каматна стапка престанува да важи, или престанува да се формира, или се укинува односно нема повеќе да биде репрезентативна, како и доколку од било кои причини референтната каматна стапка повеќе не може да се користи за пресметка на каматна стапка, договорните страни се согласни Давателот на лизинг да определи друга алтернативна референтна каматна стапка која смета дека е најсоодветна на предвидената во овој Договор, а е применлива на соодветниот финансиски пазар (домашен или меѓународен) во моментот на престанокот на можноста за користење на референтната каматна стапка предвидена во овој Договор;
- како момент на започнување со примена на новата референтна стапка се смета настанувањето на било кој од случаите од алинеја 1 од оваа точка, а договорните страни се согласни известувањето за примена на новата референтна каматна стапка Давателот на лизинг да го објави на својата официјална веб страница или опционо, да го достави до другата договорна страна преку кое било комуникациско средство со кое се остварува деловната врска.
5.10Доколку Корисникот на лизинг уплати поголем износ на месечно плаќање, односно уплати износи што не се пристигнати (достасани), потребно е писмено да го извести Давателот на лизинг поголемиот износ на уплата да го евидентира како предвремена отплата на лизингот и соодветно да го намали салдото на лизингот. По евидентирањето на поголемиот износ на уплата во системската евиденција, Давателот на лизинг на Корисникот на лизинг ќе му достави нов Амортизационен план.
5.11Доколку Корисникот на лизинг не го извести Давателот на лизинг согласно точка 5.10 во таков случај Давателот на лизинг нема обврска да го евидентира поголемиот износ на уплата во системската евиденција како предвремена отплата на лизингот додека не добие известување од Корисникот на лизингот, ниту да пресметува и плаќа на Корисникот на лизинг камата на уплатениот износ на парични средства.
5.12Доколку, по превземањето на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг, дојде до промена на даночните, каматните стапки и останатите давачки по Договорот висината на месечната рата ќе биде усогласена со настанатите промени. Сите останати околности кои би можеле да влијаат на правата и обврските на договорните страни, а кои не се предизвикани од страна на Давателот на лизинг и се определиви (промена на прописи, мерки на надлежни органи, зголемување на набавната вредност на предметот на лизинг по склучување на Договорот, а пред испорака на предметот на лизинг и др.) претставуваат основа за усогласување на месечните плаќања, но максимум за 20 %. При ваквото усогласување не е потребно да се склучи анекс кон Договорот, а Xxxxxxxxx на лизинг писмено ќе го извести Корисникот на лизинг за наведените промени. Доколку наведеното усогласување би довело до зголемување на месечното плаќање за повеќе од 20%, договорните страни на основа на настанатите промени ќе склучат анекс кон Договорот, а доколку нема согласност Договорот може да се раскине еднострано од секоја договорна страна. Во случај на барање за раскинување на Договорот од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг по овој основ, вкупните побарувања на Давателот на лизинг по овој Договор доспеваат во целост, а Договорот ќе се смета за раскинат само доколку Xxxxxxxxxx на лизинг ги исполни неговите обврски по овој Договор во целост и доброволно го врати предметот на лизинг на начин предвиден во овој Договор.
5.13Неможност или ограничена можност за употреба на предметот на лизинг, без оглед на причината, како и можни приговори од Xxxxxxxxxx на лизинг на пресметката на месечните плаќања и останатите трошоци, не можат да бидат причина за неисполнување на месечните плаќања во роковите на нивното пристигнување.
5.14На сите пристигнати (достасани), а неплатени обврски по месечните плаќања, сметано од денот на достасувањето па сè до денот на конечна наплата, Давателот на лизинг пресметува и наплатува законска казнена камата во висина на законската казнена камата согласно важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
5.15Висината на законската казнена камата се определува согласно Законот за облигационите односи важечки во Република Северна Македонија.
5.16Доколку Корисникот на лизинг доцни со плаќањето на било која обврска по основ на Договорот повеќе од 30 дена, Xxxxxxxxx на лизинг ќе започне со процес на опоменување. Притоа, Xxxxxxxxx на лизинг на Корисникот на лизинг ќе му наплати и трошоци за секоја опомена во износ од 150 денари + ДДВ за прва опомена (поради доцнење со уплата од 45 дена), 300 денари + ДДВ за втора опомена (поради доцнење со уплата од 65 дена) и 600 денари + ДДВ за трета опомена (поради доцнење со уплата од 90 дена). Опомените ќе се доставуваат по пошта или по електронски пат до Корисникот на лизинг.
5.17Давателот на лизинг може еднострано да го раскине овој Договор доколку Xxxxxxxxxx на лизинг доцни со плаќање на двe последователни месечни плаќања утврдени како обврски согласно амортизациониот план кој
е прилог кон овој Договор, при што Xxxxxxxxxx на лизинг е должен доброволно да го врати предметот на лизинг на Давателот на лизинг, а во спротивно Давателот на лизинг е овластен присилно да го одземе предметот на лизинг, согласно утврдените одредби во посебните услови на Договорот.
5.18Побарувањата на Давателот на лизинг по Договорот, по враќањето на предметот на лизинг, ќе бидат утврдени во конечната пресметка изготвена од страна на Давателот на лизинг. Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не ги плати преостанатите побарувања на Давателот на лизинг во рамки на рокот за доброволно плаќање утврден во конечната пресметка, Xxxxxxxxx на лизинг ќе поведе постапка за присилна наплата на своите побарувања по Договорот.
5.19Корисникот на лизинг има право на предвремена отплата на предметот на лизинг по истек на една година од денот на склучување на Договорот. Во случај да Корисиникот на лизинг го користи правото на предвремена отплата на предметот на лизинг, истиот е должен во целост да и ги исплати севкупните доспеани побарувања на Давателот на лизинг, како и надомест во износ 2% од недоспеаната главница по Договорот, поради предвремено раскинување на Договорот. Условите на предвремената отплата на предметот на лизинг, како и преостатаните парични побарувања, договорните страни ќе ги уредат писмено со склучување на Спогодба за предвремено раскинување на Договорот.
6. ГАРАНТ - ПЛАТЕЦ
6.1 Гарант-платец му одговара на Давателот на лизинг како главен должник за вкупните обврски по овој Договор по било кој основ и Давателот на лизинг може да бара нивно исполнување било од главниот должник, било од гарантот-платец или од двајцата истовремено.
6.2 Давателот на лизинг може да ги адресира сите важни известувања во врска со овој Договор на Xxxxxxxxxx на лизинг и/или на гарантот-платец по свој избор. Притоа се смета дека секое известување кое го има примено Корисникот на лизинг или гарантот-платец има важност и за гарантот-платец и за Корисникот на лизинг.
6.3 За одговорноста за исполнување на договорените обврски од страна на Гарантот-платец се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи на Република Северна Македонија.
7. РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ – МОТОРНО ВОЗИЛО
7.1 Сите трошоци во врска со техничкиот преглед и регистрација на предметот на лизинг – моторно возило за целото времетраење на договорот ќе ги сноси Корисникот на лизинг.
7.2 Корисникот на лизинг е должен најмалку 8 дена дена пред истекот на рокот на важење на регистрација на предметот на лизинг, да побара од Давателот на лизинг посебно полномошно за техничкиот преглед, регистрацијата на предметот на лизинг и останатите потребни дејства во врска со истото.
7.3 Давателот на лизинг има право да не го даде полномошното од точка 7.2 доколку Корисникот на лизинг не ги платил доспеаните лизинг ануитети и/или останатите парични обврски согласно Договорот.
7.4 Предметот на лизинг се регистрира на име на Давателот на лизинг како сопственик на предметот на лизинг.
8. ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
8.1 Кога предмет на финансиски лизинг е моторно возило, за целото времетраење на Договорот, до враќање на владението на предметот на финансиски лизинг, истиот мора да биде осигуран со задолжително осигурување, осигурување од автомобилска одговорност согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, како и каско осигурување (со или без франшиза) кое ќе ги покрива ризиците од несреќа и кражба.
8.2 Кога предмет на лизинг е опрема, уред машина и друг подвижен предмет кој не е возило, за целото времетраење на Договорот, предметот на лизинг мора да биде осигуран од ризик на пожар и удар од гром, експлозија, освен нуклеарна енергија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во градежени објекти, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, како и осигурителна заштита од ризикот извршување или обид за провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на извршување на провалната кражба.
8.3 Правото на избор на осигурителното друштво, со кое ќе склучи договор за осигурување од точка 8.1 и 8.2 е на Корисникот на лизинг. Давателот на лизинг може да препорача осигурително друштво со кое соработува/го застапува и да ги презентира условите за осигурување на предметот на лизинг во истото, но одлуката за избор на друштвото останува на Корисникот на лизинг.
8.4 Корисникот на лизинг е должен да достави до Давателот на лизинг копија од полисата од точка 8.1 и точка 8.2.
8.5 За времетраење на Договорот, осигуреник во договорите за осигурување е Давателот на лизинг, а Корисникот на лизинг е договарач на осигурувањето.
8.6 Осигурителните покритија наведени во точка 8.1 и точка 8.2 се задолжителни за времетраењето на Договорот. Корисникот на лизинг може на свој трошок да го зголеми обемот на осигурување, односно да опфати и други ризици од кои ќе биде осигуран предметот на лизинг.
8.7 Сите премии на осигурување, трошоци и други давачки поврзани со договорите за осигурување од точка 8.1 и точка 8.2 во целост ќе ги сноси Корисникот на лизинг.
8.8 Корисникот на лизинг е должен уредно да ги плаќа премиите за осигурување на предметот на лизинг за целото времетраење на Договорот.
8.9 За времетраење на Договорот, Корисникот на лизинг може да изврши промена на осигурителното друштво. 8.10Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на лизинг пропушти да го осигура предметот на лизинг, не ги исполнува своите обврски
по договорите за осигурување од точка 8.1 и точка 8.2, Давателот на лизинг е овластен да ги склучи договорите за осигурување од точка 8.1 и точка 8.2 со осигурително друштво по нејзин избор, како и наместо Корисникот на лизинг да ги плати пристигнатите, а неплатени премии за осигурување или да исполни други обврски по договорите за осигурување, при што Корисникот на лизинг ќе биде должен да ги надомести трошоци кои настанале за Давателот на лизинг поради таквото постапување и износот за кој е платена премија од страна на Давателот на лизинг ќе претставува побарување кое произлегува од овој договор.
8.11Корисникот на лизинг е должен без одлагање да ги извести Давателот на лизинг и осигурителното друштво за настаната штета.
8.12По настанување на штетен настан Корисникот на лизинг без одлагање ќе го достави предметот на лизинг во овластен сервис на Производителот, односно Продавачот на предметот на лизинг и ќе ги превземе сите дејства во согласност со условите на осигурителното друштво за постапка за пријава, проценка и ликвидација на штета.
8.13Во случај на делумна штета на предметот на лизинг, Давателот на лизинг се обврзува да му овозможи на Корисникот на лизинг користење на добиениот надомест на штета за доведување на предметот на лизинг во поранешна состојба во сервисот на Производителот, односно Продавачот за што ќе даде претходна писмена согласност, освен ако Корисникот на лизинг има доспеани, а неплатени обврски по Договорот. Во тој случај, Xxxxxxxxx на лизинг од добиената отштета го задржува износот на доспеаните, а ненаплатени обврски.
8.14Во случај на потполно уништување (тотална штета) на предметот на лизинг поради настанување на штетен настан што е осигуран, од исплатениот надомест на штета Давателот на лизинг ќе ги намири: 1) севкупните настанати трошоци по Договорот, 2) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата по Договорот, 3) доспеаните, а ненаплатени износи на име главен долг по Договорот и 4) севкупните недоспеани побарувања по Договорот (без пресметка на камата). Евентуалниот остаток од износот од исплатата за надомест на штета, Давателот на лизинг ќе го исплати на Корисникот на лизинг. Притоа, Корисникот на лизинг нема право на остатоците од предметот на лизинг (крш), кои се во исклучива сопственост на Давателот на лизинг.
8.15Корисникот на лизинг е одговорен за надоместување на севкупната штета на Давателот на лизинг која настанала од ризик за кој предметот на лизинг не е осигуран.
8.16Во случај настанатата штета од било која причина не биде надоместена од страна на осигурително друштво или осигурителното друштво врз основа на условите за осигурување не е должно да исплати осигурување, Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот на лизинг да му го исплати вкупниот износ на име надомест на штета и сите дополнителни трошоци, односно на свој трошок да го врати предметот на лизинг во поранешна состојба. Износот на штетата ќе ја процени стручно лице, кое ќе биде одредено од страна на Давателот на лизинг. Корисникот на лизинг се обврзува проценетиот износ на штетата и сите трошоци за проценка на висината на штетата да ги уплати на сметката на Давателот на лизинг во рок од 8 дена од денот на проценка на истата.
8.17Во случај на потполно уништување (тотална штета) на предметот на лизинг или губење на владението врз предметот на лизинг поради настанување на штетен настан кој не е осигуран, Корисникот на лизинг должи надомест поради уништување на предметот на лизинг кој е еднаков на збирот од: 1) севкупните настанати трошоци по Договорот, 2) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата по Договорот, 3) доспеаните, а ненаплатени износи на име главен долг месечни плаќања по Договорот и 4) севкупните недоспеани побарувања месечни плаќања по Договорот (без пресметка на камата), кој износ Корисникот на лизинг е должен да го плати најдоцна во рок од 15 дена од денот на конечната пресметка која ќе му биде доставена од страна на Давателот на лизинг.
8.18Давателот на лизинг е единствено овластен да потпишува Спогодба за надомест на штета со осигурителното друштво кое ја издало полисата и дава согласност за исплата на штета. Со потпишувањето на Спогодба за штета или согласност за исплата на штета не значи дека побарувањето на Давателот на лизинг кон Корисникот на лизинг е целосно намирено.
8.19За времетраење на Договорот, барањата за надомест на штета која произлегува од користењето на предметот на лизинг од трети лица му припаѓаат исклучиво на Давателот на лизинг.
8.20Евентуалната разлика помеѓу стварно настанатата штета и исплатениот износ од осигурителното друштво, односно досудениот надомест на штета од страна на надлежен суд паѓа на товар на Корисникот на лизинг. Трошоците за судските, извршните и други постапки, зависно од текот и исходот на постапките, паѓаат на товар на Xxxxxxxxxx на лизинг. Во случај да Давателот на лизинг ги плати трошоците, Корисникот на лизинг е должен истите да му ги надомести.
9. УПОТРЕБА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
9.1 Согласно Договорот и овие Општи услови, Давателот на лизинг на Корисникот на лизинг му го пренесува правото на користење на предметот на лизинг во текот на целиот период на времетраењето на Договорот, под услов Корисникот на лизинг да ги исполнува обврските согласно Договорот и важечките прописи на Република Северна Македонија. Корисникот на лизинг предметот на лизинг ќе го користи само во рамките на вообичаената употреба, со потребното внимание на добар домаќин / стопанственик / стручњак.
9.2 Корисникот на лизинг нема право да го користи предметот на лизинг – возило за такси услуги, услуги за обезбедување, за училишни превозни активности, за трки и/ или посебни интервенции, како и нема право да го користи предметот на лизинг – опрема, машина уред и сл. за потреби надвор од дејноста/намената за која е даден лизингот, без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг за таа цел.
9.3 Во тек на времетраењето на овој Договор, Корисникот на лизинг му гарантира на Давателот на лизинг дека ги поседува сите потребни дозволи, одобренија, договори за употреба на предметот на лизинг согласно важечките прописи на Република Северна Македонија.
9.4 Матично место на користење на предметот на лизинг е во рамки на територијата на Република Северна Македонија.
9.5 Кога предмет на лизинг е моторно возило, Корисникот на лизинг може да го користи предметот на лизинг и надвор од територијата на Република Северна Македонија единствено по претходна писмена согласност од Давателот на лизинг и со обезбедување на меѓународна карта за осигурување (зелена карта) за предметот на лизинг. Во случај Корисникот на лизинг да има намера да го користи предметот на лизинг надвор од територијата на Република Северна Македонија, тогаш истиот е должен да го извести Давателот на лизинг за истото и да побара издавање на полномошно. Давателот на лизинг има право да не издаде полномошно во случај Корисникот на лизинг да не приложи меѓународна карта за осигурување (зелена карта) и/ или обврските на Корисникот на лизинг согласно Договорот не се уредно и навремено исполнети.
9.6 Во случај Xxxxxxxxxx на лизинг да сака да направи измени на предметот на лизинг, од било кој вид, во тек на времетраењето на овој Договор, Корисникот на лизинг има обврска да побара претходна писмена согласност од Давателот на лизинг, а Xxxxxxxxx на лизинг има право, во својство на сопственик, да не ги одобри таквите измени. Во случај Xxxxxxxxx на лизинг да ги одобри измените, трошоците за измените на предметот на лизинг се на товар на Корисникот на лизинг.
9.7 Во случај на предвремено раскинување на Договорот и враќање на предметот на лизинг на Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг е должен да го врати предметот на лизинг без измените од точка 9.6. Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не гo врати предметот на лизинг во првобитна состојба, согласен е сите измени на предметот на лизинг да преминат во сопственост на Давателот на лизинг.
9.8 Корисникот на лизинг превзема обврска да му овозможи на Давателот на лизинг во секое време да ја провери состојбата на предметот на лизинг, односно да провери дали Корисникот на лизинг ги исполнува обврските од аспект на одржување, употреба, намена, означување и непосегање во интегритетот на предметот на лизинг. Во случај Xxxxxxxxxx на лизинг да не му овозможи проверка на Давателот на лизинг истото ќе се смета за непочитување на Договорот.
9.9 Корисникот на лизинг е должен да го одржува, проверува, тестира, поправа или да обезбеди одржување, проверка, тестирање или поправка на предметот на лизинг, на негов трошок, со почитување на упатството за одржување и користење од страна на Прозиводителот на предметот на лизинг. Сите работи за одржување и поправки на предметот на лизинг ќе се извршуваат единствено во овластени сервиси на Производителот, односно на Продавачот на предметот на лизинг.
9.10Корисникот на лизинг е одговорен за користење на предметот на лизинг согласно важечките прописи во Република Северна Македонија и документацијата на производителот на предметот на лизинг. Во таа смисла, Xxxxxxxxxx на лизинг е должен да ја намири секоја парична казна, глоба и трошоци поради сторен прекршок изречена од страна на надлежните органи во Република Северна Македонија. Доколку казната биде платена од Давателот на лизинг, истата има право на поврат на платените средства од Корисникот на лизинг.
9.11Во случај на уништување, оштетување или кражба на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг е должен веднаш да го извести Давателот на лизинг.
9.12Корисникот на лизинг се обврзува дека за цело времетраење на Договорот, во предметот на лизингот ќе се наоѓа потребната задолжителна опрема и составни делови утврдени со важечките законски прописи на Република Северна Македонија, а која мора да биде исправна и атестирана. Во случај заради недостаток или
неисправност на опремата/составните делови се изрече казна на Давателот на лизинг или на одговорно лице на Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува истата да ја надомести во целост.
9.13Во случај на кражба на предметот на лизинг или негови составни делови или друг вид на кривично дело поврзано со предметот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува веднаш и без одлагање да ја пријави кражбата во надлежна единица на Министерството за внатрешни работи и за тоа да го информира Давателот на лизинг.
9.14Во случај на точка 9.13, Договорот се смета за раскинат во рок од 60 дена, сметано од денот на пријавата на кражбата во надлежна единица на Министерството за внатрешни работи, освен ако во тој рок предметот на лизинг не биде пронајден и вратен на Давателот на лизинг. Давателот на лизинг има право да го засмета месечното плаќање за лизинг за користење на предметот на лизинг до последниот ден во календарскиот месец во кој ќе прими потврда од надлежните власти дека предметот на лизинг е украден.
10. ВИША СИЛА
10.1Кога исполнувањето на обврската на едната страна, од овој Договор, станало невозможно поради вонреден настан, кој се случил по склучувањето на Договорот, а пред пристигнувањето на обврската, што во времето на склучувањето на договорот не можел да се предвиди ниту договорната страна можела да го спречи, избегне или отстрани и за кој не одговара ни едната ни другата страна (виша сила), обврската на другата страна се гасне, а ако оваа целосно или делумно ја исполнила својата обврска, може да бара тоа да и се врати според правилата за стекнување без основ.
11. ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
11.1Договорот престанува во следните случаи:
- со целосно исполнување на обврските на договорните страни;
- со предвремено еднострано раскинување на договорот од страна на Давателот на лизинг;
- со пропаѓање на предметот на лизинг (тотална штета);
- со смрт на физичко лице, односно престанок на правно лице – Корисник на лизинг, доколку нема правен следбеник кој ги задоволува критериумите да го превземе лизингот.
10.2 Во случај на смрт на физичко лице, односно престанок на правно лице – Корисник на лизинг, Давателот на лизинг е овластен присилно да го одземе предметот на лизинг и да поведе постапка за присилна наплата на доспеаните, а ненаплатени побарувања, кои вклучуваат: ануитети, договорна камата, законска казнена камата и трошоци по Договорот.
12. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
12.1Давателот на лизинг има право предвремено еднострано да го раскине Договорот и да бара веднаш да биде вратен предметот на лизинг, во случај да:
- Корисникот на лизинг не извршил плаќање на две последователни месечни плаќања (главен долг и камата);
- Корисникот на лизинг го пренел правото на користење на предметот на лизинг на трето лице без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг;
- Корисникот на лизинг не го осигура предметот на лизинг, а бил должен да го стори тоа;
- Давателот на лизинг разумно оцени дека постои опасност предметот на договорот за лизинг, да се изнесе надвор од РСМ или постоел обид да се стори тоа;
- доколку Xxxxxxxxx на лизинг утврди дека Корисникот на лизинг несовесно и недомаќински го користи предметот на лизинг;
- Корисникот на лизинг неосновано одбива да го превземе предметот на лизинг;
- Корисникот на лизинг без согласност од Давателот на лизинг ја менува намената и својството на предметот на лизинг;
- Корисникот на лизинг го користи предметот на лизинг за вршење услуги спротивно на одредбите од овој Договор;
- Корисникот на лизинг дал нецелосни и невистинити податоци за своите приходи или имотна состојба (вклучувајќи ги и информациите за гарант-платец) заради добивање на лизинг услугата;
- против Корисникот на лизинг биде поведено извршување заради присилна наплата на побарување, односно стечај, ликвидација, постапка за бришење од трговскиот регистар на Корисникот на лизинг- правно лице;
- во случај на кражба / губење на предметот на лизинг, а истиот, во рок од 60 дена сметано од денот на пријавата на кражбата, не биде пронајден и вратен на Давателот на лизинг;
- Корисникот на лизинг – физичко лице го промени живеалиштето и се исели во странство;
- доколку во правното лице – Корисник на лизинг или гарант-платец дојде до промена во сосптвеничката структура или настанат статусни промени согласно Законот за трговските друштва без претходно известување до Давателот на лизинг и без добиена согласност од Давателот на лизинг;
- доколку за времетраењето на Договорот без согласност од Давателот на лизинг изврши промена на друштвото за осигурување каде се осигурал предметот на лизинг;
- доколку со своите дејствија го загрозува правото на сопственост и владение на Давателот на лизинг над предметот на лизинг;
- ако Xxxxxxxxxx на лизинг на било кој начин ги прекршува односно не ги почитува своите обврски определени со овој Договор;
- причини определени со Законот за облигационите односи и Законот за лизинг.
12.2Договорот се смета за раскинат во рок од 5 (пет) дена од денот кога Давателот на лизинг ќе му испрати на Корисникот на лизинг известување во електронска форма или во писмена форма по пошта со препорачана пратка на адресата наведена во преамбулата на Договорот или во последното известување кое Корисникот на лизинг го дал за промена на адреса на живеалиште / престојувалиште / седиште, без оглед на денот кога Корисникот на лизинг ќе го прими известувањето.
12.3Правото на Корисникот на лизинг да го користи предметот на лизинг престанува со раскинување на Договорот, по што истиот е должен предметот на лизинг да го врати на Давателот на лизинг. Предметот на лизинг мора да биде вратен во исправна состојба, која ќе одговара на нормалната амортизазација на предметот на лизинг, заедно со целата документација и клучеви.
12.4Во случај на предвремено раскинување на Договорот, Xxxxxxxxx на лизинг ќе ги наплати: 1) севкупните настанати трошоци по Договорот, 2)доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата по Договорот, 3) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име главен долг по Договорот.
12.5За наплата на побарувањата од точка 12.4 Давателот на лизинг има право да поведе постапка за присилна наплата, доколку Xxxxxxxxxx на лизинг истите не ги плати доброволно во рамки на дадениот рок со конечната пресметка.
12.6Во случај на предвремено раскинување на Договорот, платеното учество не се враќа на Xxxxxxxxxx на лизинг, а не му се враќаат ниту износите на извршени плаќања по било кој основ од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг во полза на Давателот на лизинг до денот на раскинување на Договорот. Во таа смисла, извршените месечни плаќања од страна на Корисникот на лизинг ќе се сметаат како надомест за користење на предметот на лизинг.
13. ВРАЌАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕДВРЕМЕНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
13.1Во случај на предвремено раскинување на Договорот, Корисникот на лизинг е должен на свој трошок и ризик да го врати предметот на лизинг на Давателот на лизинг. Местото и времето на враќање на предметот на лизинг ги определува Xxxxxxxxx на лизинг.
13.2Корисникот на лизинг е должен предметот на лизинг да го врати на Давателот на лизинг во уредна состојба со степен на искористеност што може да се очекува согласно нормална и вообичаена употреба на предметот на лизинг, со комлетна документација. Во спротивно Корисникот на лизинг е должен да ја надомести севкупната штета која ќе биде проценета од страна на овластено стручно лице настаната со намалување на вредноста на предметот на лизинг. Трошоците за проценка на предметот на лизинг се на товар на Корисникот на лизинг, а ќе бидат утврдени со конечна пресметка која ќе биде испратена од страна на Давателот на лизинг на Корисникот на лизинг.
13.3При враќање на предметот на лизинг, договорните страни ќе состават записник за враќањето на предметот на лизинг во кој ќе се утврдат бројот на поминати километри/работни часови на предметот на лизинг, материјалните недостатоци на предметот на лизинг и трошоците за нивно отстранување.
13.4Доколку Корисникот на лизинг не го врати предметот на лизинг на договорениот начин, Давателот на лизинг има право на трошок и ризик на Корисникот на лизинг да организира враќање на предметот на лизинг и издавање нови документи и клучеви. Во таа смисла, Xxxxxxxxx на лизинг има право да пристапи и кон присилно одземање на предметот на лизинг.
13.5Непостапувањето согласно точка 13.1 претставува противправно однесување на Корисникот на лизинг, кое повлекува негова кривична одговорност за вршење кривични дела против имотот на Давателот на лизинг.
13.6Во случај на предвременото раскинување на Договорот, Давателот на лизинг ќе ги пресмета дотогаш извршените месечни плаќања (главен долг и камата) и сите плаќања по други основи, како и доспеаните, а ненаплатени побарувања кои вклучуваат: 1) севкупнo настанати трошоци по основ на Договорот, 2) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата, 3) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име главен долг по основ на Договорот и сите останати побарувања на основа на кои ќе се состави конечна пресметка.
13.7Износот утврден со конечната пресметка Корисникот на лизинг ќе го плати по основ на посебна фактура издадена од Давателот на лизинг во рамки на наведениот рок.
13.8По истек на рокот за плаќање на фактурата од точка 13.7, доколку истата не биде доброволно платена од страна на Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг е овластен да поведе постапка за присилна наплата на своите побарувања.
14. ОБВРСКИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
14.1Корисникот на лизинг е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 (три) дена по писмен пат да го извести Давателот на лизинг во случај на:
- престанок или промена на работен однос;
- губење, односно престанок на месечни примања кои биле земени во предвид при одобрување на лизинг услугата;
-промена на адреса на живеалиште, престојувалиште за физички лица односно седиште за правни лица;
- промена во сопственичка структура или статусни промени кај Корисник на лизинг – правно лице; 14.2Корисникот на лизинг правно лице е должен по барање на Давателот на лизинг да ги доставува своите
финансиски извешаи и останата документација кој ја доставува до ЦРМ на РСМ.
15. СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ ВРЗ ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
15.1По истек на времетраењето на Договорот и исплата на последната рата или во случај на предвремено исполнување на обврските од овој Договор од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг, Давателот на лизинг ќе го повика Xxxxxxxxxx на лизинг да склучат договор за купопродажба на предметот на лизинг, со кој ќе се пренесе правото на сопственост врз предметот на лизинг на Корисникот на лизинг под услов Xxxxxxxxxx на лизинг претходно уредно да ги намирил своите обрски согласно Договорот.
15.2Трошоците и даночните обврски за пренос на правото на сопственост над предметот на лизинг паѓаат на товар на Корисникот на лизинг.
16. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
16.1Давателот на лизинг има право да ги отстапи во целост или делумно правата и обврските од Договорот на трети лица.
16.2Корисникот на лизинг без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг не е овластен да ги отстапи своите права и обврски по Договорот на трети лица.
16.3Давателот на лизинг обработува минимален обем на лични податоци на Корисникот на лизинг согласно закон и во онаа мера која е неопходна за исполнување на овој Договор, вклучително и да го контактира Корисникот заради ажурирање на наплатата на побарувањето од страна на овластено лице од Давателот на лизинг и/или лице овластено од него кое има склучено Договор за соработка со Xxxxxxxxx на лизинг и за коешто овластување Корисникот на лизинг ќе биде однапред информиран.
16.4Давателот на лизинг гарантира дека обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци на Корисникот на лизинг, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и заштита од случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки кои ја гарантираат доверливоста на податоците.
16.5Во случај било која одредба од Договорот да е или стане ништовна, истата ќе се смета за одвоена од другите и нема да има влијание врз полноважноста на другите одредби, се додека главната цел на Договорот може да биде исполнета, а Xxxxxxxxx на лизинг со тоа се согласи.
16.6За сè што не е регулирано со Договорот се применува Законот за лизинг и Законот за облигационите односи, и останатите важечки закони на Република Северна Македонија.
16.7Во случај на евентуален спор околу Договорот, договорните страни ќе вложат напор истиот да го решат спогодбено, во спротивно надлежен за решавање на сите спорови кои ќе произлезат од Договорот е Основниот граѓански суд Скопје.
16.8Давателот на лизинг има право на измена и дополнување на Општите услови кои ќе му бидат достапни на Корисникот на лизинг. Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг во рок од 15 дена од кога Општите услови му станале достапни, за истите не се спротивстави писмено, ќе се смета дека ги прифатил измените и дополнувањата.
16.9Корисникот на лизинг и секој гарант - платец со потпишување на Договорот, потврдуваат дека ги прочитале и добиле Општите услови и дека ги прифаќаат сите права и обврски кои што произлегуваат од истите.
16.10 Измените и дополнувањата на Договорот за лизинг, договорните страни ќе ги направат во писмена форма која што е услов за нивната полноважност. Усогласувањето на висината на аконтацијата, износот на лизинг рата и другите плаќања кое што произлегува од Договорот и се базира на определиви параметри, поради промени во девизниот курс, промена на валутата на плаќање, условите за рефинансирање, на каматна стапка, не се сметаат за измена и дополнување на Договорот и за таквото усогласување не е потребна согласност на Корисникот на лизинг.
16.11 Овие Општи услови се важечки од 15.06.2022 година.
Стопанска Лизинг ДООЕЛ Давател на лизинг
Корисник на лизинг