Contract
|
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на лица при вршење доброволни противпожарни и други спасувачки дејности од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на лица при вршење на доброволни противпожарни и други спасувачки дејности од последици на несреќен случај (незгода), што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса
- Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договарач може да биде секое доброволно противпожарно друштво, противпожарен сојуз, или друга организација на спасувачки екипи.
(3) Според овие Дополнителни услови се осигуруваат од последици на несреќен случај членовите на доброволното друштво означено во полисата, односно противпожарна единица или спасувачка екипа (во понатамошен текст: спасувачка екипа).
(4) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост како и без плаќање на зголемена премија во
смисла на член 9 став (1) точка 4 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член2
(1) Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај му се случи на осигурениот член при вршење на својата должност во рамките на општата спасувачка дејност и тоа:
1. при гаснење пожари и при вршење на сите потребни подготовки за тоа, како и при укажување помош (спасување) со цел да се сочува имотот и да се заштити здравјето и животот на граѓаните при елементарните и други катастрофи.
2. при вршење превентивна, стражарска и чуварска служба.
3. при учество на вежби, предавања, курсеви и во училишта, доколку сето тоа е наменето за стручно образование на членовите, при учество на состаноци, седници и собранија на спасувачките друштва на кои членот бил повикан со општа или посебна покана, при учество на јавни настапувања и приредби од пропагандно значење како и при учество на доброволни работи што ги организира спасувачката екипа.
4. при управување и возење со возила од сите видови, како и при
поправките на овие возила и при потребни манипулации со овие возила непосредно пред почетокот, за време непосредно по завршувањето на возењето, ако се користат овие возила исклучиво заради извршување на задачите на спасувачката екипа.
5. при преработка и поправка на објекти што служат за спасувачки цели, при набавка на орудија и прибор за исти цели, како и за време на директен пат со цел за набавка на овие, ако овој пат го извршат определените лица според одлуката на организацијата.
(2) Осигурувачот е во обврска и кога должноста од точка 1 на претходниот став ја врши членот по сопствена иницијатива.
(3) Осигурувачот е во обврска и за последиците на оние несреќни случаи што ќе настанат при патување за извршување на должноста од ставот (1) точка 1, 2 и 3 од овој член, и тоа од моментот на поаѓањето на осигурениот член од својата куќа до зборното место, односно до местото за вршење на определената должност, при враќање од должноста до моментот на доаѓањето дома.
(4) Освен несреќните случаи од членот 5 на Општите услови, како несреќен случај се сметаат настинките и последиците од нив што ќе настанат поради наводенување при извршување на спасувачки должности и при вежби, доколку такви болести се појават и се утврдат со лекарски наод во
рок од 8 дена по завршувањето на акцијата.
(5) Меѓутоа, осигурувачот не е во обврска за последиците на Несреќните случаи што ќе настанат при учество на приредби за забава како и при учество во подготовките за нив, ниту пак за последиците на Несреќните случаи настанати за време на патувањето до Местото на таквите приредби и при враќањето до својата куќа. Но доколку во составот на таква приредба се врши истовремено јавно и организирано пропагандно настапување, осигурувачот е во обврска само за последиците на оние несреќни случаи што ќе настанат за време на таквите настапи.
НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член З
Договорот за колективно осигурување на спасувачките екипи може да се склучи со назначување или без назначување на имињата и презимињата на осигурениците.
ОСИГУРУВАЊЕ СО НАЗНАЧУВАЊЕ ИМИЊА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
Член 4
(1) Ако е договорено осигурување со назначување имиња на осигурениците, тоа се однесува само на оние лица кои се поименично наведени во список приложен кон полисата. Договарачот е должен при склучување на осигурувањето да му предаде на осигурувачот поименичен СПИСОК на членовите определени за осигурување.
(2) Во случај на измени во составот на лицата во списокот, осигурувањето на
новопријавените членови, започнува во секој случај во 24,00 часот оној ден од кога осигурувачот ја примил пријавата. За одјавените лица осигурувањето престанува во 24,00 часот оној ден што е означен во одјавата како ден на престанување на осигурувањето. Обврската на осигурувачот за поодделен осигуреник престанува во 24,00 часот оној ден кога престанал да биде член на спасувачката екипа.
ОСИГУРУВАЊЕ БЕЗ НАЗНАЧУВАЊЕ ИМИЊА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
Член 5
(1) Ако е договорено осигурување според бројната состојба без назначување на нивните имиња и без клаузула за конечна пресметка на премијата на крајот на годината на траењето на осигурувањето, со осигурувањето се опфатени сите лица од соодветната спасувачка екипа.
Осигурената сума што е договорена во полисата за секое одделно лице, во тој случај се определува во однос помеѓу фактичкиот број на лицата на денот на настанувањето на несреќниот случај и бројот на лицата означени во полисата.
(2) Ако е договорено осигурување според регистарот, картотеката или според другите евиденции, а со xxxxxxxxxx за пресметка на премијата на крајот на годината на осигурувањето, осигурени се сите членови кои се запишани во тие евиденции. Во тој случај договорените осигурени суми со полисата не се менуваат.
(3) Обврската на осигурувачот за секој поодделен член започнува во 24,00 часот оној ден, кој е означен како почеток на осигурувањето и престанува во 24,00 часот оној ден кога престанал да биде член на спасувачката екипа. За новопримените членови на спасувачката екипа, обврската на осигурувачот започнува без претходна пријава во 24,00 часот на денот на стапувањето во членство.
НАЧИН И РОКОВИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 6
(1) За осигурувањето според член 4 став (1) и член 5 став (1) од овие Дополнителни услови премијата се плаќа годишно однапред и тоа за вкупниот број на членови наведени во списокот односно евиденцијата на договарачот.
(2) За осигурувањето според член 5 став (2) од овие Дополнителни услови премијата се плаќа веднаш при склучувањето на осигурувањето за цела година и тоа за вкупниот број на членовите на спасувачката екипа на денот на склучувањето на осигурувањето. Конечната пресметка на премијата се врши на крајот на годината на осигурувањето, доколку во текот на годината пристапиле нови членови.
Договарачот е должен во рок од 30 дена по истекот на годината на осигурувањето да го пријави на осигурувачот бројот на новите членови и за нив да плати годишна премија.
(3) Премијата е неделива и се плаќа за секој осигуреник во годишен износ, без оглед на времето за кое бил член на спасувачката
екипа во текот на односната година на осигурувањето.
(4) Договарачот е должен договорената премија да ја плати на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целото времетраење во рокот назначен во полисата.
(5) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и во случај кога договарачот не ја уплати премијата во рокот означен во полисата, ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на претходниот став од овој член и член 6 и 19 од Општите услови.
(6) Договарачот е должен на овластениот претставник на осигурувачот да му ја стави на увид својата евиденција од која може да го утврди бројот на членовите и нивните имиња.
ДНЕВЕН НАДОМЕСТОК
Член 7
За исплата на дневниот надоместок се зема предвид само времето за кое осигуреникот бил неспособен да ги врши работите на своето редовно занимање, а не времето во кое бил неспособен да ги врши спасувачките дејности.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА СЕ ПОСТАРИ ОД 75 ГОДИНИ
Член 8
Ако осигуреното лице што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку требало да го плати.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ПИОНЕРИ И ЧЛЕНОВИ НА ПОДМЛАДОКОТ
Член 9
1. Членовите на подмладокот и пионери на спасувачки екипи до 14 години живот се осигуруваат според овие Дополнителни услови на посебно издадени полиси.
2. Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб договорената осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој како максимален е утврден со Одлука на Одборот на директори на Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса - Скопје.
КОРИСНИЦИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 10
Доколку не е поинаку предвидено во полисата, како корисник на осигурувањето се смета:
1. во случај на смрт - лицето кое ќе докаже дека ги исплатило трошоците за закопот, или е во обврска да ги плати;
2. во случај на инвалидитет - самиот осигуреник;
3. во случај на краткотрајно нарушување на здравјето - лицето кое ќе докаже дека ги исплатило трошоците за лекување или е во обврска да ги плати.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 11
Договарачот на осигурувањето е должен на осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај што ќе му настане на осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите
услови и да ги даде сите потребни известувања за утврдување на основот и висината на неговата обврска.
ПРАВНА ПОУКА
Член 12
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 13
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај, а доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.