УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје, со седиште на ул. Максим Горки бр.6, Скопје, со ЕМБС: 4646088 и ЕДБ: 4030993252736, број на сметка: 240000000000126, свифт адреса: UIBMMK22, веб-страница: www.unibank.mk, е-пошта: unibank@unibank.com.mk,...
ОПШТИ УСЛОВИ
за користење на услуги во електронските сервиси на УНИБанка
ОПШТИ ОДРЕДБИ
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје, со седиште на ул. Максим Горки бр.6, Скопје, со ЕМБС: 4646088 и ЕДБ: 4030993252736, број на сметка: 240000000000126, свифт адреса: UIBMMK22, веб-страница: www.unibank.mk, е-пошта: unibank@unibank.com.mk, телефон за контакт: 02 3 111-111.
Надлежен орган за надзор на Банката е Народната Банка на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Банката)
I. ВОВЕД
1.1. Овие Општи услови се однесуваат на користење на електронските сервиси на УНИБанка АД Скопје согласно доставено Барањето за регистрација за користење на услугите кои се нудат преку електронските сервиси на УНИБанка, Договорот за користење на Е-УНИБанка, како составен дел на Барањето за регистрација како и Рамковен договор за отворање и водење на платежна сметка и давање на платежни услуги
1.2. Овие општи услови се однесуваат на севкупниот платен промет во земјата и странство, на резиденти и нерезиденти правни и физички лица, кои ги користат услугите на електорнските сервиси на УНИБанка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банка).
1.3. Овие Општи услови се однесуваат и на депозитите отворени преку електронските сервиси на Банката, трајните налози, услуга за добивање на Уни СМС известувања за авторизации со картички од Visa® и Mastercard®/Maestro® брендот издадени од УНИБанка
, e-mail нотификации за трансакции и останати услуги кои се овозможени преку електронските сервиси на Банката.
II. ДЕФИНИЦИИ
2.1. Термините спомнати подолу го имаат следното значење:
а) "Биометрија" лични биометриски физички карактеристики на корисникот, како што се отпечаток од прст или препознавање на лице.
а) "Виртуелена експозитура" или "Е-УНИБанка" е автоматизиран систем на УНИБанка АД Скопје за електронско банкарство, преку која имателот на сметката има право на далечински пристап преку интернет адреса https://e-unibanka.mk до услугите понудени од страна на Банката по електронски пат;
б) "Електронски потпис" (ЕП), во смисла на Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, подразбира низа на податоци во електронски облик кои се содржани или се логично поврзани со други податоци во електронски облик и е наменет за утврдување на автентичност на податоците и за утврдување на идентитетот на потписникот. За целите на овие Општи услови електронскиот потпис е:Код за еднократна употреба – one time password (ОТП);
в) "Корисничкa лозинка" е комбинација бројки, букви и симболи и служи за идентификација при пристап до Е-УНИБанка и до Мобилната апликација “My Unibank”;
г) "Корисничко име " е комбинација од букви, од бројки или од букви и бројки и служи за идентификација и пристап до Е-УНИБанка и до Мобилната апликација “My Unibank”;
ѓ) “Код за еднократна употреба (One time password)” е тајна низа од цифри со фиксна должина која може да биде употребена само еднаш при автентикација/авторизација преку Е-УНИБанка, се со цел да се потврди врската помеѓу податоците за проверка на електронскиот потпис со одредено лице, сопственикот на генераторот на кодови и идентитетот на тоа лице.
2.2. Останатите дефиниции употребени во овие Општи услови се објаснети во Поимникот.
III. ПРЕДМЕТ
3.1. Овие Општи услови ги регулираат односите меѓу Банката и Носителот во врска со регистрирањето, пристапот до Е-УНИБанка и користење на услугите обезбедени преку Е- УНИБанка и се составен дел од договорот.
3.2. На барање на Носителот, Банката му обезбедува достап до Е-УНИБанка односно до една или повеќе од следните услуги:
3.2.1. Пасивни банкарски (извештајни) операции - пасивно банкарство што подразбира достап по електронски пат до информации за салдата и прометот по платежните сметки, платежните картички и тоа во обем и динамика согасно условите на соодветната услуга како и други информации од важност за Носителот
3.2.2. Активни банкарски операции поврзани со реализација на платежни и други операции - активно банкарство што подразбира oтварање на банкарски сметки, плаќања на средства (во МКД и/или валута) од платежната сметка на Носителот кај Банката во корист на друга сметка кај Банката или на друга сметка кај друг Носител на платен промет под условите на Банката за соодветната услуга, купување / продажба на валута од / на сметка и други услуги.
3.3. Во барањето за регистрација, Носителот може да одбере да користи активно банкарство кое го вклучува и пасивното банкарство или да одбере само пасивно банкарство за сите побарани сметки.
3.4. Барањето на Носителот за вклучување во системот Е-УНИБанка не го ограничува од можноста да располага со сметките и преку други средства, договорени со Банката.
/ или на интернет страницатана Банката на адреса www.unibank.mk.
3.6. Банката има право да ги зголемува или ограничува услугите достапни на Е- УНИБанка, да ги менува условите кои ја вклучуваат и цената, начинот за пристап, регистрација и реализација на платните налози доколку настанат промени во законодаството, пазарните услови, поради барања од безбедносни причини или подобрувања на соодветната услуга. Банката ги известува корисниците за настанатите промени преку интернет страницата на Е-УНИБанка https://e-unibanka.mk и / или на интернет страницата на Банката www.unibank.mk, и не сноси никаква одговорност за претрпена штета и загуба како последица на ограничување на опсегот на услугите.
Објавата на промените на овој начин, се смета за уредно и навремено известување до корисниците.
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА Е-УНИБанка
4.1. Системот Е-УНИБанка е достапен преку интернет на адреса https://e-unibanka.mk за Носители кои имаат отворено барем една платежна сметка во Банката и кои доставиле Барање за регистрација и добиле од Банката потврда на регистрација под услови определени од Банката и кои се регистрирале со едно или повеќе средства за пристап и идентификација од далечина, како што е дефинирано во овие Услови.
4.2. За користење на Е-УНИБанка и на понудените преку неа услуги Банката ги утврдува минималните технички барања кои Носителот треба да ги обезбеди.
4.2.1. Со цел подобрување на квалитетот на извршената услуга, Банката го задржува правото да врши измени во програмите кои се користат. Ако било која од овие измени наметнува промена и на потребната опрема, оперативниот систем или брзината на конекцијата со интернет, Банката има обврска да го извести Носителот за тоа пред стартување на промената.
4.3. Во согласност со законската регулатива, Банката му ги става на располагање на Носителот сите предходно потребни информации како Тарифата за надоместоци и провизии, Општите услови за користење на платежни услуги , Општите услови за работа со Е-УНИБанка и тоа на интернет страницата на Е-УНИБанка https://e- unibanka.mk и / или на интернет страницата на Банката www.unibank.mk.
4.3.1. На барање на Носителот, Банката може да му ги обезбеди прелиминарните информации на начин различен од наведениот во т.4.3
4.4. При користење на e-UNIBank корисникот се обврзува да ги почитува барањата и процедурите на Банката.
4.5. Пред користењето на понудените услуги преку Е-УНИБанка, Носителот e должен да се запознае со посебните правилата и условите за нивно користење.
V. РЕГИСТРАЦИЈА, ПРИСТАП И ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Регистрација во Е-УНИБанка
5.1. Регистрирањето во системот Е-УНИБанка може да се иницира лично од Носителот на два начина и тоа On-line преку интернет страната https://e-unibanka.mk или преку било која експозитура на Банката со точно наведување на потребните податоци.
5.2. Регистрацијата, независно како е иницирана, се потврдува и активира после лична идентификација на Носителот во една од експозитурите на Банката, а врз основа на потпишано Барање за регистрација по образец на Банката (Барање) и по доставување на сите потребни документи побарани од Банката. Банката испраќа потврда дека регистрацијата е завршена со доставување на корисничко име и лозинка на електронска адреса наведена во Барањето, доколку истата е направена преку експозитура на Банката.
5.3. Во Барањето за регистрација, Носителот може да определи еден или повеќе овластени корисници кои во негово име и за негова сметка можат да ги користат услугите на e_UNIBank, а согласно дадените права за пристап. Врз основа на таквото барање , Банката му одобрува на овластеното лице користење на услугите.
5.3.1. Носителот може во секое време еднострано да го повлече овластувањето дадено од него на овластените корисници.
5.4. Носителот се обврзува веднаш писмено да ја извести Банката за промените во податоците и документите доставени во Банката, вклучувајќи ги и истите за овластените корисници, без разлика дали промените иницираат и промени во јавните регистри.
5.5. Промените во податоците односно документите како и повлекувањето на овластувањата на овластените корисници влегуваат во сила во денот на писмено известување и доставување на документи на Носителот, во било која експозитура на Банката.
5.6. Во согласност со доставеното Барање од страна на Носителот во Банката, истиот може да користи едно од следниве средства за пристап:
5.6.1. Корисничко име и лозинка - служат за пристап до системот Е-УНИБанка. При On-line регистрација, Носителот самостојно го определува корисничкото име и лозинка кои ќе ги употребува при најава во системот, а при регистрација направена во било која експозитура на Банката, Носителот има право да го определи корисничкото име, додека лозинката, заради обезбедување на тајност на податоците, автоматски ќе се генерира од системот на Банката и ќе се испрати на е-mail адресата посочената од него при доставување на Барањето.
5.6.2. Најавите на системот после првата регистрација се реализираат со корисничко име, лозинка и еднократната лозинка добиена со скенирање на QR код со мобилната апликација
5.6.3. Банката го задржува правото да ги менува дозволените средствата за пристап и идентификација, и за истото ќе ги извести корисниците.
5.7. Кога Носителот одредил еден или повеќе овластени корисници, секој од нив користи поединечно средство за пристап и идентификација. Носителот претпоставува дека секое поединечно средство за пристап и идентификација е доволно сигурно во зависност од дозволените услуги на овластените корисници.
5.8. Носителот одговара лично за сите активности извршени во негово име после регистрацијата и добивањето на пристап на Е-УНИБанка, и од последиците од овие активности и ги прифаќа сите ризици поврзани со користените средства за пристап и идентификација.
5.9. Овластениот корисник е должен:
5.9.1. одговорно да ги чува средствата за пристап и идентификација и да ги преземе
сите потребни мерки против оштетување, уништување, губење или било какво друго користење на несоодветен начин;
5.9.2. да ги чува во тајност своето корисничко име, лозинка, ПИН-от и други лични податоци во врска со користеното средство за пристап и идентификација и да ги применува сите потребни мерки против обелоденување на истите на трети лица. ПИН-от и лозинката избрани од овластениот корисник не треба да се состојат од лесно разбивлива комбинација (како телефонски број, датум на раѓање, регистарски број на автомобил и други информации и податоци кои се карактеристични за него и до кои може лесно да се стигне), од идентични односно последователни броеви или хоризонтална односно вертикална низа на броеви на тастатурата.
5.10. Личните заштитни карактеристики, како лозинка, ПИН можат да бидат променети од овластениoт корисник преку системот Е-УНИБанка многукратно, со ново значење, познато само нему. Банката препорачува, лозинка и ПИН-от да се менуваат периодично.
5.11. Во случај со свое дејствие или пропуст, овластениот корисник дозволи обелоденување на личните заштитни карактеристики на средство за пристап од трето лице, се смета дека постапил намерно или со груба небрежност и Банката не носи одговорност за незаконски активности кои можат да бидат направени од трети лица преку неовластен пристап до Е-УНИБанка.
Мобилна апликација “My Unibank”
5.12. За користење на Мобилната апликација “My Unibank”, овластениот корисник треба да има важечка регистрација во "Е-УНИБанка" и мобилна апликација “My Unibank” превземена од каталогот за апликации поддржан од соодветниот оперативен систем на неговиот мобилен уред. Со преземање на апликацијата, Корисникот презема и Токен за активни операции преку My Unibank и E-Unibank.
5.13. Корисници на Мобилната апликација можат да бидат
• физички и правни лица - за плаќања (активно банкарство) и за извештаи (пасивно банкарство) и
• овластени лица на физички или правни лица.
5.14. Регистрацијата на мобилниот уред се извршува по преземање на апликацијата My Unibank и најава корисничко име, лозинка и со еднократен код разменет преку СМС на телефонот доставен при регистрацијата.
5.15. Овластениот корисник може да ја отстрани (деинсталира) мобилната апликација “My Unibank” од својот мобилен уред во секое време со што ќе го деактивира мобилниот уред. Во случај на потреба од преинсталирање на мобилната апликација на истиот или друг мобилен уред, Овластениот корисник е потребно повторно да ја превземе апликацијата My Unibank на мобилниот уред со вклучен Токен за активни операции.
5.16. Средства за пристап и идентификација при користење на апликациjata My Unibank e PIN-от и/или Биометрија.
VI. УСЛУГИ И ОПЕРАЦИИ ПРЕКУ СИСТЕМОТ Е-УНИБанка
6.1. Носител, регистриран со соодветни права за пристап за пасивно, односно за активно банкарство, може да добива информации и податоци за состојбата на сметката како и за сите плаќања и наплати на сметката регистрирана во Е-УНИБанка, како и да иницира и дава налози / барања / согласности и другo за активни операции во системот Е- УНИБанка без ограничување секој ден - 7 дена во неделата, 24 часа на ден.
6.2 Носител, регистриран со соодветни права за пристап за пасивно, односно за активно банкарство може да поднесе и пополни Барање за користење на услугата „УниСМС - информации за авторизации со банкарски картички преку СМС известувања“.
6.3..Банката има право да поставува лимити при спроведувањето на плаќања во системот Е-УНИБанка и да воведува други ограничувања, како и да утврдува дополнителни барања, вклучително и процедури кога тоа се наметнува поради барања на постојното законодавство или одржување на соодветно ниво на безбедност во согласност со техничките стандарди, услови и политики за електронско банкарство.
6.4 Стандардните лимити за плаќање во земјата и странство се како следат Правни лица – неограничено
Физички лица – 1.200.000 мкд по трансакција и 1.500.000 мкд неделно вкупно и за девизи
Во лимитите не спаѓаат трансакциите направени меѓу сопствени сметки. Носителите имаат можност на нивно барање да ги корегираат стандардните лимити.
VII. БАНКАРСКИ СМЕТКИ
7.1. Банкарска сметка може да биде отворена преку Е-УНИБанка во името на Носителот- физичко лице резидент, лично од него и само доколку Носителот претходно е корисник на платежна сметка.
7.2. Носителот има право да врши активни банкарски операции од своите сметки, регистрирани во Е-УНИБанка, без разлика дали се отворени во експозитура на Банката или преку Е-УНИБанка.
7.3. Отворањето и водењето на сметка, вклучувајќи отварање на депозит преку Е- УНИБанка се врши при важечките услови на Банката за соодветната сметка, депозитен продукт, однапред објавени на интернет страницата на Е-УНИБанка https://e- unibanka.mk и / или на Банката www.unibank.mk, со кои Носителот е должен да се запознае пред oтворањето на сметката / депозитот.
7.3.1. Банката и Овластениот корисник се согласуваат по налог на Носителот и по потврда со опцијата "потпис" да биде отворена преку Е-УНИБанка на негово име бараната сметка / депозит согласно важечките правила и процедури на Е- УНИБанка која ќе се води под условите на Банката за соодветниот вид сметка / депозит и применливите регулаторни барања, и дека сметката ќе се смета за отворена со валидно склучен договор помеѓу нив. По проценка од страна на Банката, може да бидат побарани и други документи.
7.3.2. Со отворањето на сметка / депозит, при почитување на процедурите на Е- УНИБанка, условите за пристап, идентификација и потврдувањето со електронски потпис, носителот потврдува дека е запознаен со договорните услови на Банката кои се применуваат за отворената на негово име сметка / депозит, вклучувајќи ги и условите за нивна промена како и последиците од нивното непочитување.
7.4. Затворањето на банкарска сметка по барање на Носителот се врши со доставување на писменo барање во било која експозитура или преку Е-УНИБанка, а согласно правилата за затворање на конкретната сметка, под услов да се платени сите провизии и надоместоци и сметката да не е блокирана.
VIII. ПЛАТЕЖНИ ОПЕРАЦИИ ПРЕКУ Е-УНИБанка
8.1. Сите плаќања (во МКД или во странска валута) се реализираат под услови утврдени со важечките нормативни акти и внатрешни правила на Банката.
8.2. Овластениот корисник има право да врши плаќања од регистрираните сметки на Носителот под услови дадени од Носителот, при соодветни лимити, доколку има такви и во висина на расположивото салдо по сметката.
8.3. За извршување на платни операции, овластениот корисник треба да поднесе налог за плаќање, составен во електронска форма, со коректно внесени податоци за сметка на налогодавец и примач, BIC на банката на примач (за валутни плаќања) како и податоци и информации согласно барањата за извршување на конкретната платежна услуга.
8.3.1. Препорака е Овластениот корисник да обезбеди втора проверка на податоците заради контрола на нивната точност, и по потврдата, да го потпише налогот со електронскиот потпис.
8.3.2. Банката не сноси одговорност за неизвршување или неточно извршување на налогот при грешно внесени податоци за сметката на примачот или други податоци во платниот налог.
8.4. За извршување на платните налози Носителот е должен однапред да ги обезбеди сите документи побарани од Банката, а во согласност со важечката законска регулатива, како прилог на поединечното плаќање преку е-UNIBank, по електронска пошта, во форма на скенирани документи или по факс.
8.5. Потребните документи - декларации, кои треба да бидат изготвени од Носителот во согласност со важечката законска регулатива за распоред на валутен прилив, се изготвуваат во електронска форма и се поднесуваат на начинот предвиден за поднесување на платните налози преку Е-УНИБанка и согласно барањата на Банката.
8.6. Носителот е должен да обезбеди доволно салдо на сметката од која го реализира плаќањето за извршување на платниот налог заедно со провизијата и надоместоците за реализација на конкретното плаќање.
8.7. Платните налози се извршуваат на датумот на реализација/валута, а согласно терминскиот план објавен во Тарифата на провизии и надоместоци
8.7.1. МКД плаќањата доставени за реализација во тековниот ден после овие термини се одбиваат за реализација во тековниот ден. Валутните плаќања доставени после овој термин се сметаат за добиени наредниот работен ден на Банката и истите се реализираат со валута согласно иницијално внесената валута од страна на Носителот односно Овластеното лице.
8.7.2. Работното време на Е-УНИБанка за извршување на платните операции се утврдува од страна на Банката во зависност од правилата на платниот систем, преку која се извршува платниот операција и се објавува на интернет страницата на Е-УНИБанка или на друг начин достапен за корисниците.
8.8. Платни налози добиени од името на Носителот преку Е-УНИБанка согласно утврдените правила и процедури од страна на Банката, се сметаат за валидни налози за реализација добиени од Носителот. Банката не одговара за штета или пропуштената корист од нивното извршување.
8.9. Со доставување на електронски налози за плаќање во валута и Декларации за валутен прилив, Носителот / Овластениот корисник ја овластува Банката да пополни и потпише образец (1450 односно 743), а согласно законската регулатива за валутни плаќања.
8.10. Корисникот е должен да го провери статусот на реализација на поднесените од него платни налози и навремено да сигнализира при констатирани недоследности.
IX. ОДБИВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАЛОГ ЗА ПЛАЌАЊЕ
9.1. Банката ќе ја одбие реализацијата на платниот налог доставен преку Е-УНИБанка, ако не се исполнети барањата на важечките Општи услови и конкретните аранжмани со Носителот, како и доколку тој не ја потпишал соодветната операција со валиден електронски потпис
9.1.1. Банката ќе ја одбие реализацијата на налогот за плаќање доколку е внесена невалидна сметка или скратен IBAN, доколку на сметката нема доволно салдо за извршување на трансакцијата и провизијата по истата или ако Носителот не ги доставил сите потребни документи и други информации неопходни за реализација.
9.1.2. Банката не сноси одговорност за штета од неизвршување на налогот за плаќање поради недостиг на салдо на сметката, неисполнување на важечките правила, барања и договорените услови за работа, недоставени документи согласно важечката законска регулатива, вклучувајќи ги мерките против перењето пари и финансирање на тероризмот.
9.2. Банката го известува Носителот за одбивањето за реализација на налогот преку статус "грешен". На барање на Носителот, Банката го информира за причините за
одбивањето и начините за поправање на грешките, кога неисполнувањето е заради грешки, освен ако постои забрана за обелоденување на таквите информации согласно закон.
Х. ИЗВОДИ И ИНФОРМАЦИИ
10.1. Банката изготвува и му доставува на располагање на Носителот во писмена или електронска форма изводи и други информации (налози, договори), преку Е-УНИБанка на денот на изготвувањето на документите, кој ден страните го прифаќаат за датум на прием.
10.1.1 Носителот се обврзува да ги архивира добиените документи на свој траен медиум за период доволен за целите на информирањето.
10.2. Се смета дека Носителот дознал за неовластената или неточно извршената платежна трансакција, најдоцна после добивањето на информациите на начин/ите договорени со него и е должен веднаш да ја извести Банката за тоа, во согласност со овие општи услови.
10.2.1. Доколку Банката не добие писмен приговор во рок од 45 (четириесет и пет) дена од денот на извршувањето на трансакцијата (задолжувањето / одобрувањето на сметката), ќе се смета дека Носителот ги примил и ги одобрил документите за известување и платежните услуги што се поврзани со него. Известувањето на Банката после овој период се смета за неразумно доцнење од страна на Носителот
10.3. Банката врз основа на поднесеното Барање му овозможува на Носителот користење на услугата УниСМС, со која добива информација на мобилниот телефон кој го пријавил во Барањето, за сите авторизации извршени со сите картички од Visa® и Mastercard®/Maestro® брендот издадени од УНИБанка, кои тој е овластен да ги користи.
10.3.1. Носителот може да пријави мобилен телефон од еден од овластените мобилни оператори на територија на Р.С Македонија.
10.3.2. СMC известување се генерира откако е извршена on-line авторизација во Банката за успешно или неуспешно подигање на готовина на банкомат или ПОС терминал, или плаќање на ПОС терминал или на интернет и др. СМС известувањето содржи износ на авторизацијата, брендот на картичката, информација за терминалот (АТМ или ПОС, банка која го опслужува АТМ-от или име или адреса на трговецот за користениот ПОС ).
ХI. БЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПОТ-ДЕАКТИВИРАЊЕ
11.1. Пристапот до Е-УНИБанка може да биде блокиран-деактивиран од Банката пoд следниве услови:
11.1.1. по барање на Носителот или овластениот корисник – кога барањето за блокирање на пристапот е преку повик по телефон. Носителот / Овластениот
корисник е должен најдоцна следниот работен ден да го потврди блокирањето со писмено барање во билокоја експозитура на Банката;
11.1.2. по иницијатива на Банката - од објективни причини, поврзани со безбедноста на системот, оправдани сомневања за неовластено доставени налози преку Е-УНИБанка или идентификуван значителен пораст на ризикот Носителот да не е во состојба да ги исполни обврските кон Банката;
11.1.3. по иницијатива на Банката - на овластениот корисник, кој со своите постапки ги прекршува барањата согласно важечките нормативни акти и општи услови и / или ја загрозува безбедноста и правилното функционирање на Е- УНИБанка;
11.1.4. автоматски - при неколку внесувања на грешни лични податоци за корисничко име и/или лозинка.
11.2. Во случаите наведени во т.11.1.1. Банката го блокира пристапот во рамките на времето потребното за обработка на известувањето, но не подоцна од 2 часа од известувањето, освен ако поради објективни причини не е потребен подолг рок.
11.3. Во случаите на блокирање по т.11.1.2. и т.11.1.3. Банката ќе го извести Носителот за блокирањето на пристапот и за причините за блокирањето, по можност пред блокирањето или непосредно веднаш после тоа, освен ако давањето таква информација не е дозволено поради безбедносни причини или почитување на нормативни барања.
11.4. Активирање по предходно деактивирање на пристапот по барање на Носителот или Овластениот корисник е можно само со писмено Барање на Носителот, доставено во експозитура на Банката.
ХII. ОДГОВОРНОСТИ
12.1. Системот Е-УНИБанка не може да биде употребен за цели кои се спротивни на законот, вклучувајќи и купопродажба на стоки или услуги кои се забранети согласно важечката законска регулатива.
12.2. При вршење на плаќањата преку Е-УНИБанка, Банката не го контролира предметот и не ја следи законитоста на трансакциите во врска со кои се обезбедува платна услуга, освен ако со законски или нормативен акт не е поинаку предвидено.
12.3. Носителот / Овластениот корисник одговара за штетите кои ќе ги предизвика на Банката директно или индиректно поврзани со неовластен пристап до информации или извршување на платните операции преку Е-УНИБанка, со непочитување на банкарските правила, неправилно, противзаконски или спротивно на овие Општи услови користење на системот Е-УНИБанка. Кога штетата е предизвикана од Овластениот корисник/Овластените корисници, Носителот е солидарно одговорен со него/нив.
12.4. При неисполнување на обврските кон Банката во врска со користење на Е- УНИБанка, Носителот не може да прави приговори засновани на односите со трети лица.
12.5. Носителот / Овластен корисник е должен веднаш да ја извести Банката доколку се сомнева дека трето лице дознало или би можело да ги дознае личните заштитни карактеристики на средството за пристап, како и да побара блокирање на пристапот до Е-УНИБанка или на средството за пристап (ако средството овозможува такво блокирање), и тоа лично во експозитура на Банката или преку јавување на телефон 02/3111111. При промена на телефоните, Банката ќе ги извести корисниците со порака преку Е-УНИБанка.
12.5.1. Банката не сноси одговорност за штетата во случај на добивање на неточно известување, согласно т.12.5., од лице кое врз основа на недвосмислени околности било овластено да го изврши блокирањето, а Банката совесно ги презела сите потребни мерки за заштита на интересот на Носителот и не ги исполнила платниот налог доставен преку Е-УНИБанка.
12.6. Носителот ги сноси евентуалните загуби, без оглед на нивната големина, поврзани со нереализирани платежни операции кои произлегуваат од неовластено користење на Е-УНИБанка во случаите посочени погоре, како и загубите предизвикани од него или од овластените од него корисници кои произлегуваат од измама или со неисполнувањето на еден или повеќе од условите на овие Општи услови и Договорот и тоа намерно или поради груба небрежност.
12.7. Носителот и овластените корисници се обврзуваат да ги обезбедат техничките барања за пристап до Е-УНИБанка (хардвер, софтвер) дефинирани од страна на Банката и да го заштитат својот систем против неовластен пристап и употреба. Носителот и Овластени корисник носат одговорност за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на нивните системи.
12.7.1. Носителот и Овластениот корисник/Овластените корисници се должни да ја известат Банката веднаш доколку констатираат дека постои задоцнување, неправилна работа, вирус или грешки при испраќање или примање на налози, како и да и помагаат на Банката за спречување и ограничување на штетите по инструкции доставени од неа.
12.7.2. Банката обезбедува информации на интернет страницата или на страната на Е-УНИБанка за соодветните мерки за зголемување на безбедноста за заштита на клиентската база на податоци и компјутери. Корисниците на Е-УНИБанка се обврзани да ги проверуваат информациите и предупредувањата за зголемување на безбедноста.
12.7.3. Во случај кога интернет адресата, користена од Овластениот корисник не започнува со https://e-unibanka.mk значи дека тоа не е интернет страницата на Банката, односно страната на е-UNIBank. Во овие случаи, Овластениот корисник треба да ја прекине врската и веднаш да ја извести Банката на горенаведениот телефон за контакт.
12.8. Носителот потврдува дека е запознат и ги презема ризиците поврзани со преносот на податоци во интернет околината, со можноста за неовластен пристап и откривање на информации на трети лица, за промена на содржината или технички пропусти при преносот на податоци и информации преку интернет.
12.9. Банката ги извршува барањата за достап до услугите преку Е-УНИБанка од Носителот при утврдените барања и конкретните аранжмани со Носителот, а согласно правилата на соодветниот платен систем и почитување на прописите. Банката не одговара во случаите на неосновани одбивање на трети лица да прифатат плаќања иницирани преку Е-УНИБанка.
12.10. Банката не сноси одговорност за штета и пропуштени добивки заради неточности, грешки или доцнења при пренос на информации поради виша сила, технички, комуникациски или други причини кои се вон контрола на Банката, како и за неконтинуираност на пристапот до Е-УНИБанка.
12.11. Носителот сноси целосна одговорност за точноста на податоцитевоБарањетозаСМС и со неговиот потпис ја потврдува веродостојноста на податоците. Банката не сноси одговорност за погрешно наведен мобилен број од страна на Клиентот.
12.12. Доколку Носителот добие СМС известување кое не соодветствува со трансакциите кои ги реализирал или воопшто не добие СМС известување за реализираните трансакции, или добие СМС известување за трансакции кои тој не ги направил, должен е истото да го пријави во Банката во најкус можен рок.
12.13. Банката не гарантира и не сноси одговорност во случаи кога телефонскиот оператор не ја осигурал испораката или не го испорачал СМС известувањето, како и во случаите кога поради условите кои не зависат од Банката (прекин на напојување, прекин на on-line авторизирањето во Банката, земјотрес , друга катастрофа и други случаи на виша сила) не се испратени СМС известувањата или не се добиени од Носителот во соодветниот формат.
12.14. Банката не сноси одговорност доколку поради технички проблем или привремен прекин во работата на мобилниот оператор или авторизацискиот систем на Банката се случи ненавремено доставување или недоставување воопшто, доколку во Барањето за користење на УниСМС услугата, доставил неточен или туѓ телефонски број на кој треба да се доставуваат СМС известувањата.
12.15. Во сите случаи на неизвршување или несоодветно извршување на УниСМС услугата, независно од причините за тоа, одговорноста на Банката се ограничува до износот на надоместот кој Носителот го платил за соодветната услуга. Носителот не може да побарува било каков друг надомест, пропуштени придобивки и др.
ХIII. КАМАТИ, ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
13.1. За користење на услугите на Банката преку Е-УНИБанка Носителот подлежи на провизии и надоместоци согласно Тарифата на провизии и надоместоци.
13.2. Каматата, со која се каматат средствата на сметките на Носителот се определуваат согласно Политиката за каматни стапки на Банката.
13.3. Банката има право да ги наплатува сите достасани провизии и надоместоци од
сметките на Носителот отворени во Банката, за што Носителот изрично се согласува со истото.
13.4 При откажување од услугата УНИ-СМС независно од датата на откажување на услугата по барање на Носителот, Банката наплаќа месечна провизија за таа услуга за месецот во кој е направено откажувањето.
ХIV. КОМУНИКАЦИЈА
14.1. Комуникацијата, вклучувајќи ги и известувања меѓу страните се извршуваат во писмена форма на електронските адреси на страните наведени во барањето за регистрација, освен ако во овие Услови изрично не е предвиден друг начин на известување.
14.2. При промена на адресата и / или на друг податок наведен во Барањето/Договорот Носителот е должен да ја извести Банката во рок од 7 дена од настапувањето на промената. Во спротивно, сите известувања, покани и пораки испратени од страна на Банката на претходната адреса на Носителот ќе се сметаат за уредно доставени.
14.2.1. Во случај на судска постапка која настанала во врска со склучувањето, имплементација, толкувањето или раскинувањето на Договорот и сегашните Општи услови, адресите наведени во Барањето ќе се сметаат за адреси за коресподенција, освен ако заинтересираната страна експлицитно не ја извести другата за промена на нејзината адреса.
14.3 Носителот може во секое време и бесплатно да изврши промена на податоците со пополнување на соодветните полиња во ново барање за користење на УниСМС услугата.
14.3.1 Промената се однесува на промена на бројот на мобилниот телефон , за добивање на УниСМС услуга
14.3.2 Доколку Носителот навремено писмено (со поднесување на Барање) не ја извести Банката за настанатата промена, Банката не одговара за штетата настаната поради испраќање на СМС известување.
ХV. ИЗМЕНИ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
15.1. Банката има право во секое време еднострано да ги менува овие Општи услови за кое менување однапред, најмалку 2 (два) месеци пред влегувањето во сила на соодветните промени, го информира Носителот преку известување на интернет страницата на Банката www.unibank.mk, на Е-УНИБанка и преку изводот на сметка.
15.2. Во случај кога Носителот не се согласува со промените, тој има право веднаш да го прекине Договорот и тоа пред датумот кој е предложен за стапување на сила на промените, со писмено барање, без претходна најава, под услов да не е блокиран и по намирување на сите обврски према Банката. Ако Носителот не го раскине Договорот до
денот на влегувањето во сила на промените, се смета дека тој ги прифатил и е согласен со нив.
15.3. Измените во Општите услови поврзани со зголемување на опфатноста на услугите, како и измените на провизиите и на надоместоците за плаќањата кога се поповолни за Носителот, се применуваат веднаш и без претходно известување.
ХVI. РОК НА ВАЖЕЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
16.1 Банката го задржува правото за измена на Договорот за користење на Е-Унибанка како составен дел на Барањето за регистрација и Рамковниот договор за што соодветно ќе го извести корисникот најдоцна 2 (два) месеци пред почетокот на примена со објавување на истите на интернет страницата на банката на начин и постапка определени во Општите услови за користење на платежни услуги.
16.2 Начинот на престанување, раскинување и рокот на важност на договорот/и се детално опишани во Општите услови за користење на платежни услуги кои се составен дел на Договорот за користење на Е-УНИБанка.
16.3 Прекинот на Договорот за користење на Е-Унибанка како составен дел на Барањето за регистрација не води автоматски до затворање на сметките, вклучително и депозитите, отворени преку Е-УНИБанка или експозитурите на Банката, освен ако Носителот eксплицитно не побара затворање на истите или Банката не ги затвори сметките согласно законската регулатива.
16.4. Носителот може да ја откаже услугата преку пополнување на соодветното поле во Барањето за користење на услугата „Уни СМС - Информации за авторизации со банкарски картички преку СМС известувања“. Во случај на поднесено Барање за откажување на услугата, Банката прекинува со давањето на услугата.
16.5 Независно од датата на откажување на услугата по барање на Носителот, Банката наплаќа месечна провизија за таа услуга за месецот во кој е направено откажувањето.
16.6 Банката, без претходно образложение, има право да ја откаже УниСМС услугата наНосителот, доколку утврди дека Носителот ја користи услугата спротивно на Општите услови на Банката или нередовно ги подмирува трошоците за месечен надоместок. За прекинување на услугата, Банката писмено ќе го извести Носителот.
XVII. ДРУГИ УСЛОВИ
17.1. Доколку во овие Услови и конкретните Договори помеѓу страните не е поинаку пропишано, односите меѓу Банката и Носителот во врска со користењето на платежните услуги и поврзано со нив другите услуги понудени од Банката преку Е-УНИБанка, вклучително отворањето и водењето на платежни сметки, извршувањето на платните трансакции, поништување на платежните операции од страна на Носителот, можноста за корегирање на другите права, обврски и одговорности на страните, се регулирани со Општите услови за користење на платежни услуги, Тарифата за надоместоци и провизиите на УНИБанка АД Скопје, Општи услови за работење со
депозити за физички лица, Општи услови на Универзална Инвестициона Банка за обезбедување и користење на услугата „УниСМС - информации за авторизации со банкарски картички преку СМС известувања , другите Анекси кон нив, кои претставуваат составен дел од Договорот за отворање и водење на платежна сметка.
17.2. Електронската архива на платежните операции или други трансакции и информации доставени во форма на електронски изводи преку Е-УНИБанка, представуваат конечен доказ за нивната содржина, време кога биле поднесени и реализирани.
17.3. Носителот дава изрична согласност на Банката да може да доставува информации за финансиските средства, операциите и другите податоци за состојбата на сметките кај Банката на операторите на платните системи во земјата и странство вклучени во реализација на платниот налог.
17.3.1. Со прифаќање на овие Услови, Носителот и Овластениот корисник/Овластените корисници даваат согласност Банката да ги обработува доставените од нивна страна, лични податоци за потребите на контрола на Банката, како и да бидат вклучени во организирани, од страна на Банката, наградни програми, лотарија и промотивни активности, како и Банката да може да ги доставува на трети лица личните информации потребни за нивното учество во вакви и/или други програми за целите на директен маркетинг, а во случај кога не сакаат, Носителот, соодветно Овластениот корисник/Овластените корисници имаат право да се откажат во секое време од учество, со експлицитно писмено известување до Банката.
XVIII. ПРИГОВОРИ, ВАЖЕЧКО ЗАКОНОДАВСТВО И СПОРОВИ
18.1. Носителот има право да поднесе писмени забелешки во врска со користење на платежни услуги и извршувањето на платежни операции преку Е-УНИБанка.
18.2. За се што не е уредено со Договорот и со овие Услови, ќе се применуваат прописите кои важат во Република Северна Македонија.
18.3. Сите спорови кои произлегуваат помеѓу страните во врска со исполнувањето или толкувањето на Договорот и овие Услови, се решаваат по заемна согласност на страните, а ако таква не биде постигната, надлежен ќе биде Основниот граѓански суд во Скопје.
18.4. Ако некоја одредба од овие Услови е или стане неважечка, тоа не влијае на применливоста на останатите одредби од Општите услови.
XIX. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
19.1. Составен дел од овие Услови се Општите услови за користење на платежни услуги, Тарифата за надоместоци и провизии на Банката и сите прилози кон истите.
19.2. Со потпишување на поединечниот договор со кој се регулира користењето на услуги во електронските сервиси на УНИБанка корисникот потврдува дека е запознаен
со Општите услови за користење на услуги во електронските сервиси на УНИБанка, Општите услови за користење на платежни услуги, Поимникот и Тарифата за надоместоци и провизии на Банката и дека имал доволно време да се запознае со содржината и целосно е согласен со истите.
19.3. Овие Услови стапуваат на сила почнувајќи од 06.03.2023 година.