Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА ПРО-ДИЗАЈН СКОПЈЕ
1. Општо за условите
1.1. Општите услови за продажба и испорака, се однесуваат за сите производи и услуги кои ги нуди продавачот и вршител на услуги -во понатамошниот текст “ПРО-ДИЗАЈН“
1.2. Договорите за продажба ќе се сметаат за склучени од моментот кога ПРО-ДИЗАЈН ќе се изјасни дека ја прифаќа нарачката, исклучиво се прифаќаат писмени нарачки направени по email, факс, или директно кај продавачот;
1.3. Услови за продажба различни од утврдените можат да се применуваат на предлог на Купувачот и корисник на услугата исклучиво во случаи доколку постои писмена согласност од “ПРО- ДИЗАЈН“
2. Важечко законодавство и важност на условите
2.1. Во сите договори се применуваат позитивните законски прописи во X.Xxxxxxxxx кои се однесуваат на договорите за купопродажба, заштитата на потрошувачите,стандардите за квалитет и гаранција на производите, начинот на плаќање и рокови на плаќање, обезбедување на побарувањата, финансиската дисциплина и сл;
2.2. Овие услови за продажба и испорака, имаат важност, дури и кога тие не се испорачани со стоките или услугите, но биле ставени до знаење на Купувачот на еден или друг начин или се објавени на сајтот на “ПРО- ДИЗАЈН“ xxxx://xxx.xxx-xxxxxx.xx/ и во продажниот салон.
3. Цени
3.1. Сите цени на производите се изразени во денари со вклучен ддв и ќе се прикажани во ценовник. ПРО-XXXXXX го задржува правото да изврши промена на цените и навреме ќе го известува купувачот за сите промени на цените. Намалувањето на цените на производите ќе се однесува на сите потврдени/прифатени нарачки пред промена на цената кои се уште не се испорачани до купувачот, како и за сите натамошни нови нарачки.
4. Услови за плаќање
4.1. Плаќањата мораат да бидат извршени од страна на Купувачот во согласност со договорените услови за плаќања. Се смета дека плаќањето
е извршено кога денарите се ставени на располагање на Продавачот. Плаќањето може да се изврши на следните начини:
▪ готовински во максимален износ до 1000 ЕУ во денарска противвредност,
▪ жирално( вирмаски) и
▪ плаќање со платежни картички преку POS терминали.
4.2. За секое задоцнување на плаќањето купувачот се обврзува да плати законска камата сè до денот на исплатата. Во периодот на задоцнето плаќање ПРО-ДИЗАЈН нема да врши испорака на постоечките нарачки се до моментот на плаќање на долгот; Продавачот го задржува правото да бара и друг вид на надомест на штета.
4.3. Доколку купувачот доцни со плаќањата од било кои причини и притоа продавачот има основ за загриженост дека нема да биде извршено плаќањето, продавачот без ограничува на правата кои се предвидени со позитивното право има права да одбие да го изврши договорот и да ја задржи испораката на производите, се додека не се договорат нови услови за плаќање и додека продавачот не ја добие потребната гаранција за плаќање. Доколку таков договор неможе да се постигне во разумен рок или во случај продавачот не го добие соодветното обезбедување тој има право да го раскине договорот и бара надомест на штета.
5. Задржување на правото на сопственост
5.1. Продавачот го задржува правото на сопственост на целокупната стока се додека целосно не му биде исплатена купопродажната цена во согласност со договорот;
5.2. Во текот на времето на задржување на правото на сопственост Купувачот е должен на свој трошок да ја одржува стоката во исправна состојба и да ја обезбеди од кражби, оштетувања, поплави, пожари и слични ризици.
6. Рокови за испорака
6.1. Роковите за испорака се сметаат од моментот на склучување на договорот или друг документ кој создава обврска на Продавачот и вршител на услуги/ работен налог, барање/ и исполнување на сите постапки поврзани со одобрувања за плаќања, плаќања во готово веднаш по извршената нарачка и по исполнетите технички услови. Се
смета дека Продавачот ги исполнил роковите за испорака доколку писмено го извести Купувачот дека е спремен за испорака во договорениот рок;
6.2. Исполнувањето на договорените рокови за испорака е условено со исполнување на договорните обврски на Купувачот.
6.3. Рокот на испорака може да се продолжи во разумни граници;
6.3.1. Доколку Купувачот навремено не ги достави сите информации на Продавачот или доколку Купувачот дополнително своите барања ги измени, со самото тоа го продолжува рокот на испорака на производите и услугите;
6.3.2. Доколку се случат пречки на кои Подавачот неможе да влијае, ниту пак е во можност да ги спречи наспроти тоа што постапува со грижа на добар домаќин, без оглед дали тие влијаат на продавачот, купувачот или трети лица. Таквите пречки ги вклучуваат епидемии, војни, природни непогоди и виши сила;
6.3.3. Доколку Купувачот доцни со исполнување на своите договорни обврски а особено доколку доцни со плаќањето.
7. Пакување
7.1. Посебните барања за пакувања ќе бидат посебно наплатувани од страна на продавачот и купувачот во таков случај нема право на регрес на тие средства. Меѓутоа доколку продавачот го декларира пакувањето како своја сопственост, тоа мора да се врати од страна на купувачот на трошок на купувачот.
8. Преминување на ризикот од оштетување на производите/материјалите
8.1. Со предавањето на предметите на Купувачот, ризикот за пропаст и оштетување преминува на Купувачот.
8.2. Доколку испораката се одложи по брање или вина на Купувачот или од причини кои излегуваат од контрола на Продавачот, ризикот од оштетување на стоките преминува на Купувачот од моментот кога првично е предвидена испорака на истите. Од тој момент па натаму предметите ќе бидата складирани на трошок и ризик на купувачот.
9. Доверливост
9.1. Информации обезбедени од ПРО-ДИЗАЈН на клиентите за целите на извршување на договорите не смеат да се користат за други цели на купувачот, ниту да бидат откриени на трети лица.
9.2. ПРО-XXXXXX исто така нема да ги открива доверливите информации и деловни тајни на клиентите на трети лица.
10. Преглед и преземање на стоките и услугите
10.1. Производите се преземаат од магацинот на Продавачот, со упатство за употреба на македонски јазик, декларација и гарантен лист, доколку поинаку не се договори.
10.2 Гаранцијата е важечка единствено со приложена фискална сметка и гарантен лист.
10.3. Купувачот е должен примениот предмет на вообичаен начин да го прегледа или да го даде на преглед, штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите недостатоци да го извести продавачот во рок од осум дена, а кај трговските договори без одлагање, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
10.4 Кога предметот е извршен/предаден во присуство на двете страни, купувачот е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на продавачот веднаш, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
10.5 Кога по приемот на предметите од страна на купувачот ќе се покаже дека предметите имаат некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на предметот (скриен недостаток), купувачот е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да го извести продавачот во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот, а кај трговски договор без одлагање. Продавачот не одговара за недостатоците што ќе се покажат откако ќе изминат шест месеци од предавањето на предметот, освен кога со договорот е определен подолг рок.
10.06 Во трговските договори кога продавачот на предметите определени според родот му дал на купувачот поголемо количество отколку што е договорено, а купувачот во разумен рок не изјавил дека го
одбива вишокот, се смета дека го примил и тој вишок, па е должен да го плати по истата цена. Ако купувачот одбие да го прими вишокот, продавачот е должен да му ја надомести штетата на купувачот.
10.7 Купувачот го губи правото да го раскине договорот поради недостаток на предметот кога му е невозможно да го врати предметот или да го врати во состојбата во која го примил.
10.8 Производите и материјалите кои не биле искористени во работата од страна на Купувачот по целосно реализиран договор за продажба(завршена исплата и предадена стока), Продавачот нема да ги прима кај себе ниту да ја надоместува нивната вредност.
11. Шпедиција, транспорт и осигурување
11.1. Подавачот мора навреме да биде известен за специјалните барања што се однесуваат за транспортот и осигурувањето. Транспортот и ризикот при транспорт се на товар на Купувачот. Купувачот е должен по прием на стоката односно документите за превоз на превозникот да му ги достави забелешките поврзани со шпедицијата и транспортот.
11.2. Купувачот е одговорен за осигурување на стоката од било кој вид на ризик.
12. Надлежност на суд во случај на спор
12.1. Сите спорови кои ќе произлезат ќе се решаваат спогодбено помеѓу договорните страни, во спротивно надлежен е судот во Скопје.
Продавачот го задржува правото да го тужи купувачот во местото на неговото седиште.