Contract
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
I. ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Канцеларија на Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации во Скопје, (во понатамошниот текст УНХЦР), со седиште на ул. Пиринска 37, овластен претставник, г-дин Xxxxxxx XXXX, и
2. Академија за судии и јавни обвинители, со седиште на бул. „Xxxx Xxxxxxxxx“ 12 во Скопје, претставувана од директорката, судија Анета АРНАУДОВСКА.
II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
УНХЦР ќе ја пружи својата поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители во реализацијата на активностите утврдени во член IV од овој меморандум за соработка, кои имаат за цел зајакнување на капацитетите на судството како еден од главните приоритети за членството на Република Македонија во Европската Унија.
III. ЦЕЛ
Намената на овој меморандум е да ги зајакне капацитетите на македонското судство преку Академијата за судии и јавни обвинители преку промовирање во судството заедничко разбирање на правото за бегалци и принципите на азилот како и преку потикнување на развој на домашната пракса во потполна согласност со владеачките меѓународни правни стандарди и принципот на владеење на правото.
IV. ДЕЛОКРУГ НА СОРАБОТКА
Со овој меморандум за соработка UNHCR ќе ја помага Академијата за судии и јавни обвинители особено преку:
1. Донација на стручна литература од областа на правото за бегалци и азил за збогатување на фондот на библиотеката на Академијата за судии и јавни обвинители;
2. Превод на работни материјали за потребите на електронската библиотека и web-страната на Академијата за судии и јавни обвинители;
3. Развивање на e-module за обука за судиите и јавните обвинители за правото за бегалци и азил;
4. Превод на релевантни документи на Советот на Европа, на Обединетите нации и од областа на Правото ЕУ и релевантни судски пресуди/одлуки на
Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Судот на правда на Европската унија во Луксембург.
5. Организирање на заеднички обуки наменети за зајакнување на капацитетите на судството во Република Македонија, преку ангажирање на меѓународни предавачи и експерти.
6. Испраќање учесници на студиски патувања и меѓународни конференции и семинари во странство на оваа тема.
Овој документ ќе ја покрива исто така и поддршката на форми на соработка во вид на активности кои може да произлезат како приоритети во текот на времетраењето на истиот, како и во согласност со потребите на Академијата за судии и јавни обвинители.
V ГОДИШЕН ДОГОВОР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
Секоја година, преку соработка на обете договорни страни, ќе се утврди прецизна програма за активностите кои ќе се спроведуваат во проектните компоненти, ќе се пресметаат точните трошоци за имплементација и ќе се утврдат лицата надлежни за спроведување на заеднички избраните активности.
VI ОБВРСКИ
Со потпишувањето на овој меморандум, Канцеларијата на УНХЦР во Скопје самата ќе се ангажира за обезбедување на неопходната поддршка за имплементацијата на активностите утврдени во овој меморандум за соработка.
Со потпишувањето на овој меморандум, Академијата за судии и јавни обвинители, како главен корисник на активностите, ја презема обврската да дејствува како партнер на УНХЦР во неговата реализација. Во оваа смисла, Академијата се обврзува на активна соработка со УНХЦР во однос на сите задачи, прашања поврзани со имплементацијата на договорените активности.
VII МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА
Обете договорни страни ќе назначат одговорно лице (лица), кое ќе функционира како координатор(и) во спроведувањето на проектните активности и ќе биде одговорно за мониторинг на имплементацијата на проектните активности во согласност со овој меморандум.
Координаторите ќе се состануваат редовно, најмалку два пати годишно, за да ги евалуираат спроведените активности и за да се договорат за понатамошните чекори за спроведување на сите идни активности во рамките на овој договор.
VIII ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Активностите предвидени во рамките на овој меморандум за соработка ќе се спроведуваат во времетраење од две (2) години, од денот на потпишувањете од двете договорни страни.
IX ИЗМЕНИ, АМАНДМАНИ И РАСКИНУВАЊЕ
Овој меморандум за соработка може да се измени само со писмен договор меѓу двете страни.
Секоја договорна страна може да го раскине истиот по истекот на еден месец откако по писмен пат ја известила другата страна за раскинувањето:
- ако другата договорна страна не ги почитува обврските зацртани во овој договор,
- во случај на виша сила која ја попречува имплементацијата на договорот.
X СОДРЖИНА НА ДОГОВОРОТ
Овој договор содржи десет члена напишани на три страници.
Договорот е подготвен во четири (4) примероци, по два на секој јазик, Англиски и Македонски. Секоја договорна страна задржува по еден (1) оригинал на двата јазика. Во случај на спор, ќе преовладува верзијата на меморандумот на Англиски јазик.
Потпишано во Скопје, на 12 јули 2012,
За и во име на Kанцеларијата на УНХЦР во Скопје Мохамад АРИФ
Претставник
За и во име на Академијата за судии и јавни обвинители
Xxxxxx Xxxxx XXXXXXXXXXX Директор