Contract
ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-ЛОКАЦИЈА
1. ВОВЕД
Овој документ (заедно со документите споменати во текстот) ги одредува општите правила и услови со кои се управува користењето на оваа веб-локација (xxxxx://xxx.xxxxxxxxxxx.xxx/xx) и купувањето производи на неа (во понатамошниот текст „Услови“).
Прочитајте ги внимателно Условите, Политиката за колачиња и Политиката за приватност (во понатамошниот текст, заедно, „Политики за заштита на лични податоци“ ) пред користењето на оваа веб- локација. При користењето на оваа веб-локација или при нарачувањето преку неа, обврзани сте со овие Услови и Политиките за заштита на лични податоци. Доколку не се согласувате со Условите и Политиките за заштита на личните податоци, не користете ја оваа веб- локација.
Овие Услови може да бидат променети. Ваша одговорност е да ги читате повремено, бидејќи важечки ќе бидат Условите кои се применливи за време на користењето на веб-локацијата или во моментот на склучувањето на релевантниот Договор (како што е дефинирано понатаму).
Доколку имате какви било прашања за Условите или Политиките за заштита на лични податоци, може да ни се обратите преку електронска пошта на: xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx или преку контактирање на Службата за корисници.
Договорот (како што е дефинирано подолу) може да се спроведе, по ваш избор, на кој било од јазиците на кој се достапни Условите на оваа веб-локација. Сепак, верзијата на Условите на англиски јазик ќе биде меродавна.
2. ДЕТАЛИ ЗА НАС
3. ДЕТАЛИ ЗА ВАС И ПОСЕТИТЕ ШТО ГИ ПРАВИТЕ НА ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА
Информациите или личните податоци што ги давате ќе се обработуваат во согласност со Политиките за заштита на личните податоци. Кога ја користите оваа веб-локација, се согласувате за обработка на информациите и деталите и наведувате дека сите дадени информации и детали се точни и соодветствуваат на реалноста.
4. КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА
Кога ја користите оваа веб-локација и нарачувате преку неа, се согласувате:
i. Да ја користите оваа веб-локација за поставување прашања и само за законски валидни нарачки.
ii. Да не правите лажни или измамнички нарачки. Доколку разумно може да се увиди дека нарачка од ваков тип е направена, овластени сме да ја откажеме и за истото да ги информираме надлежните органи.
iii. Вметнете ги податоците за вашата адресата на е-пошта, поштенската адреса и/или други детали за контакт вистинито и точно. Исто така, се согласувате дека може да ги користиме овие податоци да ви се обратиме во контекст на нарачката доколку е потребно (погледнете ја Политиката за приватност).
Доколку не ни ги дадете сите информации и податоци кои ни се потребни, не може да ја направите нарачката.
Кога нарачувате од оваа веб-локација, наведувате дека имате над 18 години и дека сте законски квалификувани да склучувате обврзувачки договори.
5. ДОСТАПНОСТ НА УСЛУГИ
Услугата за испорака за производите понудени на оваа веб-локација е достапна само во Република Северна Македонија.
6. ФОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
За да направите нарачка, мора да ја следите процедурата за купување на интернет и да кликнете на „Дозволи плаќање“. Откако ќе го сторите тоа, ќе добиете е-пошта со потврда за сметка за нарачката („Потврда за нарачка“). Ќе бидете информирани преку е-пошта дека нарачката се испраќа („Потврда за испраќање“). Овие Услови и Договорот сочинуваат пишана спогодба меѓу нас. Електронска сметка со детали за нарачката ќе биде прикачена и со Потврдата за испраќање („Електронска сметка“).
7. ТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПОПРАВАЊЕ ГРЕШКИ
Доколку увидите дека се случила грешка при внесувањето на податоци за време на регистрацијата како корисник на веб-локацијата, може да ги промените во делот („Мојот профил“)
Во секој случај, ќе може да поправате грешки поврзани со личните податоци кои сте ги дале за време на процесот на купување преку контактирање на Службата за корисници преку сандачето достапно преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи, или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx, како и искористувајќи го правото за коригирање во Политика за приватност. Оваа веб-локација нуди полиња за потврда во различни делови на процесот на купување кои не дозволуваат нарачката да продолжи доколку информацијата или податоците во овие делови не е дадена точно. Исто така, оваа веб-локација нуди детали за сите производи кои сте ги додале во кошничката при процесот на купување, па пред наплатата, може да ги измените деталите на нарачката.
Доколку забележите грешка во нарачката по комплетирањето на процесот за наплата, треба веднаш да контактирате со Службата за корисници, преку прозорецот за разговор достапен преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи за да ја поправите грешката.
8. ДОСТАПНОСТ НА ПРОИЗВОДИ
Сите нарачки на производи зависат од достапноста на производите. Слично, доколку има потешкотии со испораката на производи или доколку нема веќе производи на залиха, го зачувуваме правото да ве информираме за заменски производи од ист или подобар квалитет и вредност кои ќе може да ги нарачате. Доколку не сакате да ги нарачате заменските производи, ќе го надоместиме износот кој сте го платиле.
9. ОДБИВАЊЕ ДА СЕ ПРОЦЕСИРА НАРАЧКА
Го зачувуваме правото да отстраниме каков било производ од оваа веб-локација во кое било време и да отстраниме или промениме каков било материјал или содржина од веб-локацијата. Иако секогаш ќе сториме сè што е возможно да ги процесираме сите нарачки, може да има исклучителни околности кои ќе нè принудат да го одбиеме процесирањето на нарачката откако сме ја испратиле Xxxxxxxxx за нарачка. Го зачувуваме правото да го сториме тоа во кое било време.
Нема да сме обврзани кон вас или кон трета страна за отстранување производ од веб- локацијата, за отстранување или промена на каков било материјал или содржина од веб- локацијата или за непроцесирање нарачка откако сме ја испратиле Потврдата за нарачка.
10. ИСПОРАКА
И покрај Клаузулата 8 погоре што се однесува на достапноста на производите и освен во исклучителни околности, ќе се потрудиме да ја испратиме нарачката која се состои од производот (производите) дадени во секоја Потврда за испорака пред датумот даден во Потврдата за испорака за која станува збор, или доколку не е специфициран датум за испорака, во зададената временска рамка дадена при селектирањето на методот на испорака и, во секој случај во период од најмногу 30 дена од датумот на Потврдата за нарачка.
Сепак, може да има одолжувања поради причини како појавата на непредвидени околности или зоната за испорака.
Доколку поради која било причина, не сме во можност да го исполниме датумот за испорака, ќе ве информираме за ситуацијата и ќе ви дадеме можност да продолжите со купувањето, одредувајќи нов датум за испорака, или да ја откажете нарачката со целосен надомест на платениот износ. Имајте предвид дека во секој случај не вршиме достави на домашна адреса во саботи, недели или државни празници.
За целта на овие Услови, „испораката“ ќе се смета за извршена, или нарачката за „доставена“ кога вие или трета страна посочена од вас ќе се стекне со физичко владение на производите,
што ќе се евидентира со потпишување на сметката за нарачка на адресата за испорака посочена од вас.
11. НЕМОЖНОСТ ЗА ИСПОРАКА
Доколку е невозможно да ја доставиме нарачката, ќе се обидеме да најдеме безбедно место да ја оставиме. Доколку не можеме да најдеме безбедно место, нарачката ќе биде вратена во нашето складиште.
Исто така, ќе оставиме порака со објаснување каде се наоѓа нарачката и што да сторите за повторно да се достави. Доколку не сте на местото за испорака во договореното време, бараме да ни се обратите за ја организираме испорака во друг ден.
Доколку по 30 дена од датумот кога нарачката е достапна за испорака, нарачката не може да се достави поради причини кои не може да се препишат на нас, ќе претпоставиме дека сакате да го откажете Договорот и тој ќе биде раскинат. Како резултат на раскинување на Договорот, ќе ви ги вратиме сите уплати што сме ги примиле од вас, заедно со трошоците за испорака (освен дополнителни трошоци кои резултирале од избор на кој било друг метод за достава освен вообичаениот метод за достава кој го нудиме) без никакви несоодветни доцнења, и во секој случај, во рок од 14 дена од денот кога е раскинат Договорот.
Имајте предвид дека транспортот настанат од раскинувањето на Договорот може да претставува дополнителен трошок кој ќе биде на ваш товар.
12. ПРЕНОС НА РИЗИК И СОПСТВЕНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Одговорноста за производите преоѓа на вас од моментот кога ви се доставени, како што е наведено во Клаузула 10 погоре.
Вие ќе стекнете сопственост врз производите кога ќе добиеме целосна исплата на сите доспеани износи, како трошоци за испорака, или во моментот на испорака (како што е дефинирано во Клаузула 10 погоре), доколку таа се случи подоцна.
13. ЦЕНА И ИСПЛАТА
Цената на производите секогаш ќе биде онаа што е наведена на нашата веб-локација, освен во случај на очигледна грешка. Иако ќе сториме сè да гарантираме дека цените претставени на веб- локацијата се точни, може да настанат грешки. Доколку откриеме грешка во цената на кој било од производите кои сте ги нарачале, ќе ве информираме во најбрз можен рок и ќе ви дадеме можност да ја потврдите нарачката со коригираната цена или да ја откажете. Доколку не сме во можност да ви се обратиме, нарачката ќе се смета за откажана и сите платени износи ќе ви бидат надоместени во целост.
Не сме обврзани да ви дадеме кој било производ со погрешно наведена пониска цена (дури и кога сме ја испратиле Потврдата за испорака) доколку грешката во цената е очигледна и јасна и сте можеле разумно да ја препознаете како погрешна цена.
Цените на веб-локацијата вклучуваат ДДВ, но не ги вклучуваат трошоците за испорака, кои се додаваат на вкупната цена, како што е прикажано во Водичот за купување (видете го делот за Трошоци за испорака). Ве молиме имајте предвид дека само производите кои се продаваат по полна цена според вредноста наведена на xxxxx://xxx.xxxxxxxxxxx.xxx/xx се земаат предвид за примена на опцијата за бесплатна достава.
Цените може да се променат во кое било време. Сепак, освен како што е наведено погоре, промените нема да влијаат врз нарачки за кои сме испратиле Потврда за нарачка.
Откако ќе ги селектирате сите производи кои сакате да ги купите, тие ќе бидат додадени во кошничката. Следниот чекор ќе биде процесирање на нарачката и плаќање. За таа цел, мора да ги следите чекорите на процесот за купување, давајќи ги или потврдувајќи ги информациите и податоците побарани во секој чекор. Понатаму, за време на процесот за купување, пред исплатата, може да ги промените деталите на нарачката. Даден ви е детален опис на процесот за купување во Водичот за купување. Исто така, доколку сте регистриран корисник, достапен е преглед на сите нарачки во делот „Мој Профил“.
Нарачката може да му ја платите во готовина на курирот што ќе ви ја достави.
14. ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
Во согласност со правосилните важечки правила и одредби, сите производи купени преку веб- локацијата подложат на данок на додадена вредност (ДДВ).
Во овој поглед, според правилата применливи за PULL&BEAR, местото за снабдување ќе се смета дека е во државата каде што ќе се доставуваат производите и соодветниот ДДВ ќе биде според важечката стапка во секоја држава каде што се снабдуваат производите според направените нарачки.
Во согласност со соодветните правила и одредби во секоја јурисдикција, правилото на „обратна наплата“ може да важи за добра снабдени во државата каде што престојувате доколку клиентот е или од него се бара да биде лице што се оданочува со ДДВ. Доколку е така, ние нема да наплатиме ДДВ, врз основа на потврдата од страна на примачот дека ДДВ на снабдените производи ќе се подмири од страна на клиентот според процедурата за обратна наплата.
15. ПОЛИТИКА ЗА ЗАМЕНА/ВРАЌАЊЕ
15.1 Законско право за повлекување
Право за повлекување
Доколку имате договор како клиент, имате право да се повлечете од Договорот, во времетраење од 14 дена, без никаква причина.
Периодот за повлекување ќе истече во рок од 14 дена од денот кога вие ќе добиете, или трета страна која не е носителот и е наведена од ваша страна ќе добие физичко владение на производите или во случај на повеќе производи во една нарачка доставени одделно, по 14 дена од денот кога вие ќе добиете, или трета страна која не е носителот и е наведена од ваша
страна ќе добие физичко владение на последниот производ нарачан во рамките на една нарачка.
Да го остварите правото на повлекување, може да ги известите PULL&BEAR, на адресата бул. „Партизански одреди“ бр. 15A Скопје, Република Северна Македонија, преку пишување на прозорецот за разговор достапен преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи, или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx да се повлечете од овој договор со недвосмислена изјава. Може да го употребите модел формуларот за повлекување што даден во Анексот, но истиот не е задолжителен.
За да го почитувате рокот за повлекување, доволно е само да испратите порака која се однесува на правото за повлекување пред истекување на рокот за повлекување.
Ефекти од повлекувањето
Доколку одлучите да се повлечете од овој Договор, ќе ви ги вратиме сите уплати што сме ги добиле од вас, заедно со трошоците за испорака (освен дополнителни трошоци кои резултирале од изборот на кој било друг метод за достава освен вообичаениот метод за достава кој го нудиме и дополнителни трошоци за враќање преку курир) без никакви несоодветни доцнења, и во секој случај, за време на 14 дена од денот кога Договорот е раскинат. Ќе ги поднесете само трошоците за враќање на производите наведени во делот 15.3 од овие Услови. Начинот на рефундирање ќе зависи од избраниот начин на враќање на производите - ако изберете враќање во продавница на PULL&BEAR, паричните средства ќе ви бидат вратени во готово, а во случај на враќање на производите преку курир или Приемна канцеларија, средствата ќе бидат вратени на вашата банкарска сметка. Независно од горното, може да го задржиме износот за рефундирање додека не ги добиеме назад производите или не ни доставите доказ дека сте ги испратиле производите, кое било и да го добиеме порано.
Производите ќе ги испратите назад или ќе ги доставите или ќе ни ги предадете физички во која било PULL&BEAR продавница во Република Северна Македонија без никакви несоодветни доцнења, и во секој случај, не подоцна од 14 дена од денот кога ќе ни кажете дека се повлекување од овој Договор. Рокот ќе биде испочитуван доколку ги вратите добрата пред истекување на рокот од 14 дена.
Само вие сте одговорни за каква било намалена вредност на производите која резултирала од предавање на нешто различно од она што е потребно да се установат природата, карактеристиките и функционирањето на производите.
15.2 Договорно право за повлекување
Покрај законското право за повлекување за потрошувачите, спомнато во Клаузулата 15.1 погоре, ви одобруваме период од 30 дена од денот на прием на производите за да ги вратите производите (освен оние спомнати во Клаузулата 15.3 подолу, за кои правото за повлекување е исклучено).
Во случај да ги вратите производите за време на договорниот рок на правото за повлекување откако законскиот рок изминал, ќе ви биде надоместен само износот платен за наведените производи. Трошоците за испорака нема да бидат надоместени.
Може да го остварите договорното право за повлекување во согласност со одредбата на Xxxxxxxxxx 15.1 погоре. Сепак, доколку нè информирате за намерата за повлекување од Договорот по законскиот рок за повлекување, во секој случај ќе ни ги предадете добрата во рок од 30 дена од потврдата за прием на производите.
15.3 Општи одредби
Нема да имате право на повлекување од Договорот кога станува збор за испорака на кој било од следниве производи:
i. Персонализирани производи.
ii. Музички CD-а/DVD-а без нивното оригинално пакување.
iii. Запечатени производи кои не се пригодни за враќање поради хигиенски причини и кога се отворени по доставата.
Правото да се повлечете од Договорот ќе биде применето само за производите кои се вратени во истата состојба во која сте ги добиле. Нема да се направи надомест доколку производот се користел по отворањето, за производите кои не се во истата состојба во која биле добиени или доколку се оштетени, па затоа грижете се за производот(производите) додека се под ваша контрола. Вратете ги производите користејќи ја или вклучувајќи ја целата нивна оригинална амбалажа, инструкциите и останатите документи, доколку ги има, заедно со производите. Во секој случај, мора да го испратите производот да биде вратен заедно со сметката која сте ја добиле кога производот ви бил доставен. Ќе најдете преглед на остварувањето на ова право на повлекување кога ќе ја добиете нарачката.
При повлекувањето, производите за кои станува збор ќе бидат вратени на следниов начин:
(i) Враќање во која било PULL&BEAR продавница:
Може да вратите кој било производ во која било продавница на PULL&BEAR во државата каде што бил доставен производот што го има истиот оддел како оној во кој припаѓа производот кој сакате да го вратите. Во таков случај, треба да одите во продавницата и да го дадете производот заедно со сметката која сте ја добиле кога ви бил доставен производот. Ќе ги сносите само вашите директни трошоци за враќање на производите, односно за билет за автобуски превоз, трошоци за гориво итн.
(ii) Враќање преку курир:
При враќање на производот (производите) преку курир договорен преку нас, треба да ни се обратите преку прозорецот за разговор достапен преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx за да договорите производот да ви биде земен од вашата адреса. Треба да го испратите производот во оригиналното пакување и да ги следите насоките во делот „ВРАЌАЊА“ на оваа веб-локација. Ќе ги сносите трошоците поврзани со користењето на оваа опција во износ наведен во делот „ВРАЌАЊА“ на оваа веб-локација. Таквиот износ ќе се пребие со износот што сме должни да ви го вратиме како последица на вашето повлекување.
(iii) Враќање преку Приемна канцеларија:
Може да ни побарате претплатена поштенска ознака која може да ја прикачите на пратката и да ја оставите пратката во локалната Приемна канцеларија во Република Северна Македонија. За да го направите ова, треба да одите во делот „Мојот профил > Xxxxxxx и враќања“ на веб- локацијата и да ги следите дадените чекори. Мора да го пратите производот во истото пакување во кое сте го добиле, и да ги следите насоките во делот „Враќања“ на оваа веб- локација. Доколку имате какви било прашања, обратете ни се преку прозорецот за разговор достапно преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx. Ќе ги сносите само вашите директни трошоци за враќање на производите, односно за билет за автобуски превоз, трошоци за гориво итн.
Имајте на ум дека по доставувањето на нарачката, доколку го остварите законското или договорно право за повлекување и самите го договорите транспортот на вратените добра, без таа услуга да е понудена од нас, не можеме да го преземеме ризикот на вратеното пакување кога се однесува на причини кои не можат да се припишат на PULL&BEAR.
Исто така, запомнете дека вие сте одговорни за содржината на вратеното пакување кога користите која било од опциите за враќање на PULL&BEAR. Во случај да има грешка во содржината на вратеното пакување која не може да се припише на PULL&BEAR, ќе имаме право да ви ги префрлиме произлезените трошоци доколку успееме да ви го вратиме пакувањето адресирано со вашето име.
Во секој случај, ништо во оваа клаузула нема да влијае врз законските права што ги имате.
По преглед на производот, ќе ве информираме дали имате право на надомест на платените износи. Трошоците за испорака ќе бидат надоместени кога правото за повлекување ќе се оствари во законскиот рок и се вратени сите релевантни производи. Повратот ќе биде платен во најбрз можен рок и во секој случај, во рок од 14 дена од датумот кога сте нè известиле за намерата да се повлечете од Договорот.
И покрај гореспоменатото, може да се воздржиме од давање на надоместот додека не ги добиеме назад производите или не ни доставите доказ дека сте ги испратиле производите, што и да добиеме порано. Повратот секогаш ќе биде платен преку истиот метод кој сте го искористиле за плаќање на купените производи.
Вие ќе ги преземете трошоците и ризиците за враќање на производите кај нас, како што е наведено погоре.
Доколку имате какви било прашања, може да ни се обратите преку електронска пошта на xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx или преку контактирање на Службата за корисници.
15.4 Враќање на оштетени производи
Доколку мислите дека во моментот на доставата производот не е како што е наведено во Договорот, веднаш обратете ни се преку прозорецот за разговор достапна на веб локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи или на нашата контакт адреса за
електронска пошта xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx, давајќи детали за производот и оштетувањата кои ги има.
Мора да го испратите производот на адресата дадена на сметката која ќе ја добиете со производот кога ви е доставен, во која било PULL&BEAR продавница во Република Северна Македонија или да го предадете на курирот кој ќе го испратиме на вашата адреса.
Внимателно ќе го прегледаме вратениот производ и ќе ве известиме преку е-пошта или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx во разумен рок дали производот може да се замени и дали имате право на надомест (како што е соодветно). Повратот или замената на производот ќе бидат остварени во најбрз можен рок, и во секој случај, во рок од 14 дена од датумот кога сме ви пратиле порака по е-пошта која потврдува дека се извршува повратот или замената на производот.
Доколку дефектот или штетата се потврдени на вратените производи, ќе ви дадеме целосен надомест вклучувајќи ги и трошоците кои сте ги направиле за испорака и враќање. Повратот секогаш ќе биде платен преку истиот метод кој сте го искористиле за плаќање на купените производи.
Во секој случај, сите права признати во важечкото законодавство ќе бидат заштитени.
16. ОДГОВОРНОСТ И ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ, ЗАКОНСКИ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ
Освен ако не е поинаку изречно наведено во овие Услови, нашата одговорност кога станува збор за кој било производ добиен од нашата веб-локација ќе биде ограничена исклучиво на цената на купувањето на производите во прашање.
И покрај горе споменатото, нашата одговорност нема да биде одречена или ограничена во следниве случаи:
i. во случај на смрт или лична штета предизвикана од наша небрежност;
ii. во случај на измама или измамничка лага; или
iii. во кој било случај кога би било нелегално или незаконски да ја исклучиме, ограничиме или да се обидеме да ја исклучиме или ограничиме одговорноста.
И покрај гореспоменатиот став, и до законски дозволениот степен, и освен ако овие Услови не наведуваат поинаку, нема да прифатиме никаква одговорност за следниве загуби, без разлика на нивното потекло.
i. загуба на приход или продажба;
ii. оперативна загуба;
iii. загуба на профити или договори;
iv. загуба на предвидени заштеди;
v. загуба на податоци; и
vi. загуба на време за деловни активности или време за менаџирање.
Поради отворената природа на оваа веб-локација и можноста за грешки во складирање и пренос на дигитални информации, не ја гарантираме точноста и безбедноста на информациите
пренесени или добиени преку оваа веб-локација, освен ако не е поинаку недвосмислено наведено на оваа веб-локација.
Сите описи на производите, информациите и материјалите прикажани на оваа веб-локација се дадени „како што се“, без искажани или имплицирани овластувања што се однесуваат на нив, освен оние што се законски предвидени. Во оваа смисла, доколку имате договор како потрошувач или корисник, ние сме обврзани да доставиме производи кои се во согласност со Договорот, имајќи одговорност кон вас за какво било отсуство на согласност која постои за време на доставата. Се подразбира дека производите се во согласност со Договорот доколку тие: (i) соодветствуваат на описот даден од наша страна и ги поседуваат квалитетите кои сме ги претставиле на оваа веб-локација; (ii) се соодветни за целите за кои нормално се користат производите од ваков вид; (iii) прикажуваат квалитет и особини кои што се нормални за производите од истиот тип и кои разумно може да се очекуваат. До законски дозволениот степен, ги исклучуваме сите гаранции, освен оние кои не може да се исклучат легитимно.
17. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Запознаени сте и се согласувате дека сите авторски права, регистрирани заштитни знаци и други права за интелектуална сопственост на сите материјали и содржини дадени како дел од веб- локацијата секогаш ни припаѓаат нам или на оние кои ни дале дозвола за нивна употреба. Може да го користите материјалот за кој станува збор само до степен до кој изречно ве овластуваме ние или давателите на дозволата за употреба. Ова не ве спречува да ја користите оваа веб-локација до степен потребен да ги копирате информациите на нарачката или деталите за контакт.
18. ВИРУСИ, ПРИВАТНОСТ И ДРУГИ КОМПЈУТЕРСКИ НАПАДИ
Не смеете несоодветно да ја употребувате оваа веб-локација со тоа што намерно ќе воведувате вируси, тројанци, црви, логички бомби или каков било друг софтверски или технолошки штетен или опасен материјал. Нема да се обидете недозволено да пристапите кон оваа веб-локација, на серверот на кој е хостирана оваа веб-локација или кој било сервер, компјутер или база на податоци поврзани со веб-локацијата. Се обврзувате да не ја напаѓате оваа веб-локација преку каков било напад за одбивање на услуга или напад за дистрибуирано одбивање на услуга.
Непридржувањето до оваа клаузула ќе се смета за повреда, како што е дефинирано според применливите одредби. Ќе го пријавиме секое непридржување до овaa oдредбa на соодветните надлежни органи и ќе соработуваме со нив да го откриеме идентитетот на напаѓачот. Исто така, во случај на непридржување до оваа клаузула, веднаш ќе биде запрена важноста на дозволата за користење на оваа веб-локација. Нема да бидеме одговорни за каква било штета или опасност што се резултат на напад за одбивање на услуга, вирус или каква било софтверска или технолошка штета или опасен материјал кои би можеле да влијаат врз вашиот компјутер, IT опрема, податоци или материјали како резултат на користење на оваа веб- локација или преземањето содржина од неа или оние до кои ве пренасочува оваа веб- локација.
19. ЛИНКОВИ ОД ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА
Доколку нашата веб-локација содржи линкови до материјали од трети страни, тие линкови се дадени само со цел да се информирате и ние немаме никаква контрола врз содржината на тие веб- локации или материјали. Според тоа, нема да прифатиме никаква одговорност за каква било штета или опасност добиени од нивната употреба.
20. ПИСМЕНА КОМУНИКАЦИЈА
Применливите одредби бараат некои од информациите или известувањата кои ви ги испраќаме да бидат во пишана форма. Со користењето на оваа веб-локација, се согласувате дека најголемиот дел од комуникацијата со нас ќе биде електронски. Ќе ви се обратиме преку е- пошта или ќе ви дадеме информации со објавување известувања на оваа веб-локација. За целите на договорот, се согласувате да го користите ова електронско средство за комуникација и прифаќате дека сите договори, известувања, информации и друга комуникација кои ви ги испраќаме електронски се во согласност со законските барања, спроведувајќи го во пишана форма. Овој услов нема да влијае врз вашите законски права.
21. ИЗВЕСТУВАЊА
Известувањата кои ни ги испраќате мора да бидат испратени преку електронска пошта на xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx или преку контактирање на Службата за корисници. Во согласност со одредбите во Клаузула 21 горе, и освен доколку не е поинаку наведено, можеме да ви испраќаме известувања преку е-пошта или на поштенската адреса дадена при нарачувањето.
Се подразбира дека известувањата ќе бидат добиени и ќе се дејствува во согласност со нив штом бидат поставени на веб-локација, 24-часа откако биле испратени преку е-пошта или три дена по датумот на испраќање на секое писмо. Како доказ дека е испратено известувањето ќе биде доволно да се докаже, ако станува збор за писмо, дека било точно адресирано, дека била платена точната поштарина и дека било навремено доставено во поштата или поштенското сандаче; во случај на е-пошта, дека известување било испратено на е-поштата дадена од примачот.
22. ПРЕНОС НА ПРАВА И ОБВРСКИ
Договорот ги обврзува двете страни, како и нашите соодветни следбеници, корисници или наследници.
Не може да ги пренесете, признаете, наметнете или на кој било друг начин да ги пренесете Договорот или кои било други права или обврски извлечени од него, без однапред добиена пишана согласност.
Можеме да ги пренесеме, признаеме, наметнеме, отстапиме или на кој било друг начин да ги пренесеме Договорот или кои било други права или обврски кои произлегуваат од него, во кое било време додека постои Договорот. Да се избегне каков било сомнеж, преносите, отстапувањата и наметнувањата за кои станува збор нема да влијаат врз правата кои, како што е применливо, вие ги имате како потрошувач признаен по закон или отповикувањето, намалувањето или лимитирањето на кој било начин на јасните или премолчени гаранции кои сме ви ги дале.
23. НАСТАНИ НАДВОР ОД НАША КОНТРОЛА
Нема да имаме одговорност за каква било неусогласеност или доцнење на усогласувањето на која било од обврските кои ги имаме според Договорот кога тие се случиле поради настани кои се надвор од наша разумна контрола („Виша сила“).
Виша сила ќе вклучува каков било чин, настан, неостварување, пропуст или несреќа кои се надвор од наша разумна контрола, вклучувајќи ги, меѓу другото, следниве:
I. Xxxxxx, престанок на работен однос или други форми на протест.
ii. Граѓански немири, револт, инвазија, терористички напад или терористичка закана, војна (објавена или не) или закана или подготовка за војна.
iii. Пожар, експлозија, бура, поплава, земјотрес, колапс, епидемија или каква било друга природна катастрофа.
iv. Неможност да се користат возови, бродови, авиони, моторизиран транспорт или други средства за транспорт, јавни или приватни.
v. Неможност да се користат јавни или приватни телекомуникациски системи.
vi. Акти, декрети, законодавство, одредби од која било влада или јавен орган на власта.
vii. Штрајк, неуспех или несреќа во морски или речен транспорт, поштенски транспорт или каков било друг тип на транспорт.
Ќе се подразбира дека нашите обврски добиени од Договорите се суспендирани за време на периодот на виша сила и ќе ни биде дадено продолжување на периодот за исполнување на овие обврски во времетраење еднакво на времето колку што траел настанот на виша сила. Ќе ги дадеме сите разумни ресурси да ставиме крај на настанот на виша сила или да најдеме решение кое ни овозможува да ги исполниме обврските здобиени со овој Договор и покрај настанот на виша сила.
24. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ПРАВАТА
Отсуството на барање од наша страна за строго придржување од ваша страна до која било од обврските преземени од вас според Договор или до овие услови или отсуство на остварување од наша страна на права или постапки кои ни припаѓаат според овој Договор или на овие услови нема да ги сочинува одрекувањето или ограничувањето на дадените права и постапки, ниту пак ќе ве ослободи од исполнувањето на дадените обврски.
Одрекувањето од наша страна од определено право или постапка нема да го вклучува одрекувањето од други права или постапки здобиени од Договорот или од условите.
Одрекувањето од наша страна од кој било од овие услови или правата или постапките здобиени од Договорот нема да биде ефективно освен ако е изречно наведено дека е одрекување од права и е формализирано и вие сте известени во согласност со одредбите од делот за известувања погоре.
25. ДЕЛУМНО УКИНУВАЊЕ
Доколку кој било од овие услови или која било одредба од Договорот се прогласат за неважечки и поништени преку цврста решеност на соодветниот државен орган, останатите правила и услови ќе останат правосилни без да бидат под влијание од дадената изјава за укинување.
26. ЦЕЛОСЕН ДОГОВОР
Овие Услови и кој било документ на кој се повикуваат овие Услови го сочинуваат целосниот Договор помеѓу страните кога станува збор за нивната цел, заменувајќи секаков претходен договорот, спогодба или ветување направени помеѓу страните вербално или во пишана форма.
Страните потврдуваат дека се согласни да склучат Договор без да зависиме на каква било изјава или ветување дадени од другата страна или кои би можеле да се заклучат од која било изјава или документ за време на преговорите во кои биле двете страни пред дадениот Договор, освен оние недвосмислено спомнати во овие услови.
Ниту една страна нема да преземе никаква акција за каква било неточна изјава дадена од другата страна, вербално или во пишана форма, пред датумот на Договорот (освен доколку дадената изјава била направена измамнички). Единствената акција која може да биде преземена од другата страна ќе се должи на неисполнување на договор во согласност со одредбите на овие услови.
27. НАШЕТО ПРАВО ДА ГИ ПРОМЕНИМЕ ОВИЕ УСЛОВИ
Имаме право да ги прегледаме и промениме овие услови во кое било време.
Вие подлежите на политиките и условите кои се применливи во моментот кога ја користите оваа веб-локација или ја правите секоја нарачка, освен кога според закон или одлука на државни органи мора да направиме промени ретроактивно на дадените политики, услови или политика за приватност. Во овој случај можните промени исто така ќе влијаат врз нарачките што сте ги направиле претходно.
28. ПРИМЕНЛИВИ ЗАКОНОДАВСТВО И ЈУРИСДИКЦИЈА
Користењето на веб-локацијата и договорите за купување производи преку дадената веб- локација ќе бидат регулирани со законите во Република Северна Македонија, без повикување на нејзините одредби за судир на закони.
Која било дилема или нејасност која се јавува поради тоа или е поврзана со употребата на веб- локацијата или дадените договори ќе подлежи на ексклузивната јурисдикција на судовите во Република Северна Македонија.
Доколку во договорот се вклучувате како потрошувач, ништо во оваа клаузула нема да влијае врз вашите законски права, како што е признаено во кое било применливо законодавство во оваа област.
29. КОМЕНТАРИ И СУГЕСТИИ
Коментари и сугестии секогаш се добредојдени. Испратете какви било коментари или сугестии преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxxxxx.xx@xxxxxxxxxxx.xxx или преку контактирање на Службата за корисници.
Понатаму, има официјални формулари за барање достапни за потрошувачите и корисниците. Тие може да се побараат преку сандачето достапно преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи.
АНЕКС
Модел формулар за повлекување
(Комплетирајте го и испратете го овој формулар само ако сакате да се повлечете од договорот)
Назив и Адреса: Друштво за производство, трговија и услуги ИТХР Македонија ДООЕЛ Скопје, со адреса на бул. „Партизански одреди“ бр. 15A Скопје, Република Северна Македонија, кое работи под трговско име PULL&BEAR.
Ве известувам дека се повлекувам од мојот договор за продажба на следниве производи:
Нарачано на ден /примено на ден Име и презиме на потрошувачот: Xxxxxx на потрошувачот:
Потпис на потрошувач (само доколку овој образец се пополнува на хартија)
Датум: