Contract
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРОДАЖБА
1. ПРЕДМЕТ
Општите услови на продажба ги уредуваат правните односи помеѓу продавачот ДТУ ЈУБ д.о.о.е.л. Скопје, бул. „Xxxx Xxxxxxxxx„ бр. 79а-1/3, 1000 Скопје (продавач), и купувачот на стоки и производи од неговиот продажен асортиман (стока). Општите услови се однесуваат на сите односи кои се воспоставуваат помеѓу продавачот и купувачот, освен во случај кога продавачот и купувачот ќе се договорат поинаку за некои посебни права и обврски. Важечки се само оние спогодби кои ќе бидат направени во писмена форма, а во писмена форма се вбројуваат и пораки по пат на соодветни телекомуникациски средства (телефакс, електронска пошта и сл.) Овие општи услови на продажба секогаш имаат предност пред условите за набавка, освен во случаи кога купувачот и продавачот ќе се договорат поинаку, во писмена форма.
2. КВАЛИТЕТ НА СТОКИТЕ
Купувачот ќе се однесува со стоките со внимание на добар домаќин и доследно, во склад со упатствата на продавачот и производителот. Квалитетот на стоките е дефиниран во техничките листови, сигурносните листови и упатствата за употреба, кои се достапни на интернет страната xxx.xxx.xx . Договорните права на купувачот кои се поврзани со гаранции, престануваат доколку купувачот се однесува со стоките спротивно на упатствата од продавачот и производителот, или доколку стоките се вградуваат во комбинација со производи од други производители, без писмена согласност на продавачот. Продавачот гарантира дека стоките одговараат на прописите за квалитет кои се важечки во Словенија, Србија, Македонија и ЕУ. Сите стоки се со соодветна декларација, ознака за компатибилност, EAN код и бар код.
3. ЦЕНИ
Доколку странките не се договорат поинаку по писмен пат, продажните цени на стоките се истакнуваат во соодветен важечки големопродажен ценовник на продавачот. Цените се без ДДВ. Продавачот е должен за сите промени во ценовникот да го извести купувачот најмалку 21 ден пред стапувањето на промените во важност.
Трошоците за амбалажата, како и трошоците за палетите се вклучени во цената на производот. Продавачот може дополнително да му ги фактурира на купувачот сите посебни барања во поглед на квалитетот и амбалажирањето на стоките, како и посебните барања во поглед на производството и испораката на стоките.
4. УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Купувачот може да ја превземе стоката по уплатата на профактурата, односно кога продавачот ќе го прими авансот на својата сметка, освен доколку не е поинаку договорено. Доколку продавачот и купувачот се договорат за одложено плаќање, обврската почнува да тече од датумот на фактурата. Ќе се смета дека уплатата е извршена, во оној момент кога средствата ќе стигнат на жиро сметката на продавачот.
Доколку купувачот задоцни со уплатата, продавачот ќе му пресмета договорна казнена камата.
Доколку купувачот доцни со плаќањето на веќе доспеаните обврски, или доколку вкупните недоспеани обврски на купувачот го надминуваат договорениот максимален износ на обврските (одобрениот лимит), понатамошните испораки ќе се вршат само по прием на аванс, или со полагање на дополнителни гаранции од страна на купувачот.
Доколку купувачот доцни повеќе од 15 дена од денот на доспевање на најстарата фактура, продавачот има право да ја прекине испораката, а купувачот го губи правото на остварување на годишен количински рабат.
Доколку дојде до спорни побарувања, кои ќе се решаваат по судски пат, продавачот има право да му пресмета на купувачот законска затезна камата, како и сите трошоци кои ќе настанат во постапката за наплата на спорните побарувања.
5. ПРИЕМ НА НАРАЧКИ
Продавачот ќе ги ги прими сите нарачки кои се примени по писмен пат, вклучувајќи ги и нарачките по телефакс, електронска пошта и сл.
Доколку купувачот нарачува стоки со посебни својства (на пр. нијансирани производи кои не се опфатени со стандардниот каталог на бои на продавачот, посебни барања во поглед на квалитетот и амбалажирањето на производите и сл.), нарачката мора да биде прецизно специфицирана и задолжително да биде по писмен пат. Таквата нарачка ќе се смета за примена дури тогаш кога продавачот писмено ќе го потврди приемот на посебната нарачка.
6. ИСПОРАКА И ПРИЕМ НА СТОКИТЕ
Продавачот е должен во рок од 15 дена по прем на нарачката да му ја потврди испораката на стоките на купувачот. Доколку продавачот не може да ја испорача стоката во договорениот рок, должен е за тоа писмено да го извести купувачот.
Доколку купувачот не ја превземе стоката во рок од 8 дена од приемот на известувањето дека таа е спремна за испорака, продавачот може, на име трошоци поради задоцнување, да бара надомест од купувачот во висина од 0,5% од продажната вредност на стоката, за секоја седмица задоцнување на превземањето. Во случај на задоцнување со превземањето на стоката, ризикот од случајно оштетување или уништување на стоката, паѓа на товар на купувачот со денот на настапување на задоцнувањето.
Доколку купувачот не ја превземе стоката произведена според неговите посебни барања (на пр. нијансирани производи, стока произведена по посебни упатства на купувачот и сл.), продавачот најпрво писмено ќе го предупреди да ја превземе стоката, а доколку купувачот и по писменото предупредување не ја превземе стоката ни по истек на 8 дена од приемот на предупредувањето, продавачот има право нарачаната стока да му ја наплати по важечкиот ценовник и при тоа да му ги пресмета и евентуалните дополнителни трошоци за складирање, преработка или уништување на таа стока.
Ризикот од случајно уништување или оштетување на стоката и одговорноста за штетата преминуваат на товар на купувачот во моментот на утоварот на стоката. За момент на испорака, ќе се смета моментот кога транспортерот, со потпис на товарниот лист (CMR), ќе го потврди приемот на стоката.
7. РЕКЛАМАЦИИ
Купувачот, на продавачот мора писмено да му ги достави рекламациите во поглед на количината и квалитетот на стоките, веднаш по нејзиниот прием, а најдоцна 8 дена од испораката на стоката, а во спротивно стоката ќе се смета за примена и накнадните рекламации на видливите грешки нема да се прифатат.
Купувачот има право на рекламација на скриените грешки кај стоката, најдоцна шест месеци по приемот на стоката. Оштетената стока мора да се фотографира, мора да се земат соодветни примероци од истата, како и да се состави писмен записник за рекламацијата. Стоката која поради рекламација ќе му се врати на продавачот, не смее да има други оштетувања освен оние кои се предмет на рекламацијата и мора да му се врати на продавачот во договорениот рок. Доколку стоката е со грешка, продавачот може да одлучи да ја отстрани грешката или да изврши компензација. Продавачот одлучува дали стоката со грешка ќе ја замени со нова, ќе се погрижи за отстранување на грешката, или на купувачот ќе му исплати отштета. При рекламации на стоките, двете страни ќе се раководат од важечките прописи за констатирање и рекламации на грешки во трговскиот промет. Продавачот не е должен да ги уважи несоодветните и со документи непотполните рекламации.
Продавачот нема да превземе никаква одговорност во врска со рекламација на неправилно одбрана стока, нестручно ускладиштување, нестручна употреба со игнорирање на техничките упатства, вградување на производите во несоодветни временски услови, користење на производи со поминат рок на употреба, или користење на производите во комбинација со производи од други производители. Пред вградување на производите, купувачот е должен да ја провери структурата и нијансата на производот. Во случај на отстапување на структурата или нијансата од нарачаната, купувачот мора веднаш да престане со нивно вградување и веднаш да го извести продавачот за констатираното отстапување. Доколку рекламацијата е оправдана, продавачот е должен да се погрижи за враќање и замена на несоодветната стока. Рекламациите во врска со промената на структурата и нијансата на производот, кои се поднесени по нивното целосно вградување, ќе се сметаат за неосновани и продавачот не е должен да ги уважи.
Продавачот не одговара ниту за штети настанати поради доцнење на исполнувањето на договорените обврски од страна на купувачот, а особено за неточно или неправилно изнесени податоци, спецификации, проекти, или било какви други информации од страна на купувачот, туку има право за надомест на евентуалните дополнителни трошоци, загуби или штети настанати поради таквото постапување од страна на купувачот. Продавачот не одговара за штета, која не е непосредно врзана за стоката, а особено за индиректна штета, или трошоци, изгубена добивка и/или друга штета на купувачот на неговиот движен и недвижен имот.
Наведените ограничувања за одговорност не важат доколку штетата е предизвикана свесно или од големо невнимание. Доколку е исклучена одговорноста, тоа важи и за извршителите на работата во име на продавачот.
8. ВРАЌАЊЕ НА СТОКА
Купувачот може да врати стока само во случај на постоње на предходен писмен договор со продавачот. Во тој случај, стоката мора да се врати во неоштетена оригинална амбалажа и со оригинални ознаки.
9. ВИША СИЛА
Во случај на настанување на виша сила или други вонредни околности (на пр. природни катастрофи: пожар, поплава, земјотрес; непредвидени застои во производството предизвикани од епидемии, штрајк или поради друг прекин со работа; управни и административни ограничувања: ембарго, заплена, ограничувања на финансиското работење, ограничувања при транспортот; недостаток на стока или суровини кај добавувачите; редукции во испорака на енергија; или други потешкотии кои не зависат од договорните странки) роковите на испорака на стоките ќе се продолжат соодветно на времето додека трае вишата сила или додека траат вонредните околности.
10. ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ
Продадената стока останува сопственост на продавачот и по испораката на купувачот, сé додека купувачот во потполност не ја исплати цената на чинање и додека не ги подмири другите евентуални обврски. Xxxxxxx останува во сопственост на продавачот сé до подмирување на сите обврски на купувачот по било кој основ. Доколку купувачот не ги почитува меѓусебните договори, а особено доколку доцни со плаќањето, продавачот има право да си ја земе стоката. Тогаш ќе се смета дека купувачот отстапил од договорните односи, освен во случај кога тоа ќе го изјави во писмена форма при превземањето на стоката.
11. ЧУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ТАЈНИ И УГЛЕДОТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНКИ
Двете страни се обврзуваат дека ќе ги чуваат како деловна тајна сите податоци кои произлегуваат од договорната документација и сите останати податоци во врска со меѓусебната соработка, за цело времетраење на договорниот однос и уште најмалку 5 години по неговото завршување. Особено како деловна тајна се сметаат: ценовникот, комерцијалните и други услови на продажба, условите во врска со поттикнување на продажбата и огласувањето, сметки, фактури, нарачки, дописи, записници, документи во прилог на договорот и сите други податоци во материјална и нематеријална форма. Оној кој ќе го прекрши начелото на деловна тајност, ќе биде одговорен за надокнада на материјална и нематеријална штета.
Двете договорни страни се обврзуваат дека за времетраење на соработката и уште најмалку 5 години потоа, доследно ќе ги чуваат угледот на другата договорна странка и неговото трговско име. Поради тоа, не смеат на трети лица или во јавност да доставуваат негативни информации или мислења за другата договорна странка, или било какви други јавни коментари, освен во случај на судска парница.
12. ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПРОДАЖБА И МЕСНА НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ
Овие Општи услови на продажба важат во сите случаи, освен во оние за кои странките претходно, во писмена форма не се договорат поинаку. Општите услови ќе се применуваат соодветно и за услугите кои ќе ги пружи продавачот.
На некои од правата, односно обврските на продавачот или купувачот-потрошувачот, кои се поинаку уредени од овие Општи услови со императивни (когентни) прописи за заштита на потрошувачите, непосредно ќе се применуваат поединечните релевантни когентни одредби од областа на заштита на потрошувачите.
Доколку не е можно спогодбено решавање на меѓусебните спорни прашања, за решавање на споровите ќе биде надлежен Основниот Суд Скопје 2 во Скопје.
Двете договорни странки, при решавањето на сите меѓусебни односи, прифаќаат исклучива примена на правните прописи според седиштето на продавачот.
Овие Општи услови се со важност од 01.01.2017 па натаму.
Xxxxxx Xxxxxxxxx, Управител