Со општите услови за отворање и работење со денарски/девизен штеден влог за физички лица (резиденти и нерезиденти) на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отвoрање, водење, работење и затворање на денарски/девизен...
Општи услови за отворање и работење со денарски/девизен штеден влог за физички лица
Со општите услови за отворање и работење со денарски/девизен штеден влог за физички лица (резиденти и нерезиденти) на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отвoрање, водење, работење и затворање на денарски/девизен штеден влог на физички лица(резиденти и нерезиденти) во понатамошниот текст: Депонент
I. ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односите помеѓу Xxxxxxx и Депонентот, кои се засноваат со потпишување на Договорот за отворање на денарски/девизен штеден влог (во понатамошниот текст Договор) и се составен дел на овој Договор. При склучување на Договорот, на Депонентот Xxxxxxx му предава примерок од Општите услови.
1. Отворање на денарски и девизни штедни влогови
Xxxxxxx отвора денарски и девизен штеден влог на:
- деловно способни физички лица (резиденти и нерезиденти),
- малолетни лица, застапувани од законски застапник (родител) со приложување на извод од матична книга на родени за малолетното лице или од старател со приложување на решение од Меѓуопштински центар за Социјални работи,
- лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност кои пред Xxxxxxx ги застапува старател согласно издадено решение од Меѓуопштински центар за Социјални работи,
- неписмено лице или лице со друг физички хендикеп, кое не може своерачно да ги потпише документите за отворање штеден влог врз основа на полномошно заверено на нотар,
- слепо лице со потпишување на Изјава со факсимил пред двајца сведоци во Банката.
При отворање на штеден влог, Депонентот треба да приложи важечки документ за идентификација (лична карта или пасош).
Банката може да отвори денарски и девизни штедни влогови (во сите валути наведени во Курсната листа на Банката). Банката може да го ограничи работењето со одредена валута од курсната листа.
Едно лице може да има отворено повеќе девизни и денарски штедни влогови во Банката.
Депонентот се согласува дека Xxxxxxx има право да одбие отворање на штеден влог, доколку не ги исполнува горе наведените услови.
2. Работење со штедниот влог
За располагање со средствата од штедниот влог, Xxxxxxx издава денарска/девизна штедна книшка, во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Депонентот се потпишува на штедната книшка, со што се обврзува при нејзиното користење секогаш да го употребува истиот потпис.
Со штедниот влог може да располага:
• Лично носителот-Депонентот ;
• Ополномоштено лице, законски застапник или овластен старател;
• Банката, во границите на овластувањата дадени од страна на Депонентот во вид на траен налог за вршење на определени плаќања, договорни овластувања или во случаи наложени од страна на надлежни органи;
• Банката, за подмирување на достасани обврски на други сметки на Депонентот во Банката,
• Лицето кое поднесува барање за наплата на фактура/сметка за извршени трошоци за погреб во случај на смрт на Депонентот - согласно Интерните акти на Банката.
Начинот на располагање со штедниот влог за Депонентот е без ограничувања(освен законски и договорни ограничувања), додека пак начинот на располагање со штедниот влог за ополномоштеното лице, законскиот застапник или овластен старател може да биде со или без ограничувања.
Банката на Депонентот му издава штедна книшка.
Загубена штедна книшка се огласува за неважечка и на Депонентот му се издава нова.
Доколку книшката е изгубена, Депонентот е согласен да ги надомести на свој товар трошоците за замена на истата согласно Интерните акти на Банката.
Искината или уништена штедна книшка се заменува со нова книшка.
Депонентот се обврзува: при работењето со штедната книшка да се легитимира со документ за идентификација и важечката штедна книшка. Депонентот има обврска за секоја промена на личните, адресните, како и податоците за контакт (телефон, факс и Е-маил адреса), веднаш да ја извести Банката. .
На писмено барање од Депонентот, состојбата на штедната книшка може да се следи преку електронско банкарство. Состојбата на штедната книшка Депонентот може да ја следи и преку м-банка.
3. Полномошно за работење со штеден влог
Депонентот може да овласти друго лице да работи со штедниот влог.
Овластено лице - полномошник може да биде секое деловно способно физичко лице, резидент или нерезидент.
Видови на поломошна
a) Интерни полномошна - се издаваат само во просториите на Xxxxxxx, во присуство на работник на Xxxxxxx и лично присуство на двете лица.
b) Екстерни полномошна - овластување дадено од страна на депонентот на штедна книшка, надвор од Банката, пред други надлежни институции и тоа:
• Нотар во Република Македонија
• Нотар во странство заверено со Апостил печат
• Амбасади или конзуларни претставништва на Р. Македонија во странство
Банката постапува по специјални екстерни полномошна и го задржува правото да одбие постапување по екстерното полномошно во кое не се содржани минимум потребните податоци.
Овластувањето (полномошното) важи до рокот за кој е дадено, до негово писмено отповикување, со смрт на Депонентот на книшката или смрт на полномошникот.
Независно од клаузулите за важност содржани во полномошното, Банката не прифаќа полномошна постари од две години.
4. Решение за старателство
Старателот има ограничено овластување за располагање со штеден влог, согласно Решение за старателство издадено од надлежен орган .
.
5. Каматни стапки
На штедните влогови Xxxxxxx пресметува и плаќа камата, во висина и на начин утврден со Договорот и Интерните акти на Комерцијална банка АД Скопје важечка во моментот на склучување на Договорот.
Xxxxxxx го задржува правото да го менува периодот, методот и начинот на пресметка на камата согласно Интерните акти на Банката и/или законските прописи.
6. Ограничување на штеден влог
Xxxxxxx има право да направи ограничување на располагањето со штедниот влог во следните случаи:
- по барање Депонентот на штедниот влог,
- по блокада на транскациска сметка согласно Закон,
- поради смрт на Xxxxxxxxxx,
- по сознание за можна злоупотреба на штедната книшка,
- врз основа на одлука од надлежен орган,
- по одлука на Банката согласно законските прописи,
- поради истечена важност на документ за идентификација кај резидент, нерезидент и странски државјани со дозвола за привремен престој во РМ,
- доколку депонентот не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на неговите лични, адресни податоци, податоци за контакт и документи за идентификација, согласно законската и подзаконската регулатива и/или во рокови утврдени во интерните акти на Банката
- други случаи согласно важечките прописи кои Xxxxxxx ги применува во работењето со штедните влогови.
II. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Банката може, во било кое време да ги менува Општите услови за отворање и работење со денарски/девизен штеден влог за физички лица. Важечките Општи услови се објавени на веб страница на Банката. За измените во Општите услови, Банката го известува Депонентот преку изводот на денарската/девизна трансакциска сметка.
Вкупниот износ на депозити што Депонентот ги има во Банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по Депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Ако износот на депозитите го надминува законски пропишаниот максимиум, за тој дел од износот Депонентот има право остатокот да го побарува согласно законските прописи.
III. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Сите информации што се однесуваат на отворањето и водењето на штедниот влог се од доверлив карактер, односно претставуваат банкарска тајна и истите може да се достават само на Депонентот, законскиот застапник/старател/полномошник, во зависност од овластувањата, на лица и овластени органи во согласност со закон или на трети лица врз основа на согласност од Депонентот.
IV. РЕКЛАМАЦИИ
Сите рекламации во врска со работењето со штедниот влог, Депонентот е должен да ги пријави веднаш во Банката. Банката има право да наплати надомест за пријава на неоснована рекламација од страна на Депонентот.
V. ЗАТВОРАЊЕ НА ШТЕДЕН ВЛОГ
Банката може да затвори штеден влог:
- по барање на Депонентот на штедниот влог
- со промена на статусот резидент во нерезидент и обратно, во кој случај Xxxxxxx е должна да изврши еднократен пренос на средствата од резидентната девизна сметка и/или денарска сметка на неговата девизна и/или денарска сметка како нерезидент и обратно,
- доколку настапат други околности, односно во други случаи определени со важечката законска регулатива и интерните акти на Банката,
- доколку Депонентот на штедниот влог не ги почитува законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно на Општите услови, Договорот или актите на Xxxxxxx.