РЕКЛАМАЦИИ. Корисникот е должен да врши редовен увид во промените на сметките, да ги следи и контролира трансакциите веднаш по нивното извршување и сите рекламации да ги пријави во Банката веднаш без никакво одлагање. Времетраењето на разрешување на рекламацијата е во зависност од видот и причините на настанување.
РЕКЛАМАЦИИ. Банката не презема никаква одговорност за квалитетот и количината на производите односно услугите купени со картичката; • Рекламациите во врска со квалитетот и количината на производите односно услугите купени со картичката се решаваат на продажното место; • Корисникот е должен да ги подмири вкупните трошоци по сметка без оглед на рекламациите; • Доколку Корисникот на картичката смета дека некои од трошоците се погрешно пресметани и прокнижени, или дека не му припаѓаат, може да се обрати до Банката поднесувајќи ги сметките и сите останати релевантни документи кои Банката може да ги побара; • Рекламациите се поднесуваат на образец од Банката, на шалтерите на Банката означени за прием на рекламации по картички или до Одделението за банкарски картички; • Рокот на поднесување рекламации е 20 (дваесет) дена по завршување на месецот во кој е книжена трансакцијата. Во спротивно Банката ќе смета дека Корисникот на основната картичка е согласен во вкупните трошоци наведени во изводот; • Доколку Банката утврди дека рекламацијата е оправдана ќе ја одобри сметката на Корисникот на основната картичка, а во случај на неоправдани рекламации корисникот ги сноси сите трошоци кои произлегуваат од постапката за рекламација, како и надомест согласно Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите на Банката; • Рокот за решавање на случајот на рекламацијата го одредува Банката во согласност со правилата на Visa International • Согласно правилата на VISA максималниот број на рекламирани трансакции по картичка се 35 транскации.
РЕКЛАМАЦИИ. За сите реализирани промени на една сметка во еден работен ден на крајот на денот се издава извод. Изводот содржи почетна состојба на сметката, износ и референца на пораките кои извршиле промена на сметката и завршна состојба на сметката. Доколку во рок од 3 работни дена по издавањето на изводот, Xxxxxxx не прими писмена рекламација на содржината на изводот, се смета дека Xxxxxxxxxx се согласува со состојбата на сметката. При разгледувањето на рекламациите Корисникот е должен да соработува и да ги достави сите барани податоци во врска со работењето во системот за Електронско Банкарство.
РЕКЛАМАЦИИ. Сите рекламации во врска со работењето со штедниот влог, Депонентот е должен да ги пријави веднаш во Банката. Банката има право да наплати надомест за пријава на неоснована рекламација од страна на Депонентот.
РЕКЛАМАЦИИ. VI.1 Банката не превзема одговорност за стоката или услугата платена со картичката или неприфаќањето на картичка од страна на некое продажно место или Банкомат. Сите рекламации Корисникот на картичка ги решава непосредно на продажното место.
VI.2 За сите рекламации или оспорувања по трансакции кои се однесуваат на употребата на картичката, Барателот треба да се обрати до надлежниот референт во Банката со доставување на документацијата во рок од 10 (десет) дена од датумот на изготвување на изводот. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxx на картичката ги признава трошоците наведени во неговата сметка.
VI.3 Оспорувањето на трошоците не го одлага нивното намирување. Доколку се покаже дека рекламацијата е основана Xxxxxxx му го враќа оспорениот износ на Барателот на картичката.
РЕКЛАМАЦИИ. Давател на платежни услуги на плаќачот е должен на поднесено барање на плаќачот да изврши поврат на паричните средства на плаќачот за извршена и авторизирана платежна трансакција која е иницирана од страна на или преку примачот доколку се исполнети следните услови: ▪ при авторизацијата на платежната трансакција не е наведен точниот износ на платежната трансакција и ▪ износот на платежната трансакција го надминува износот кој плаќачот вообичаено го очекува имајќи ги предвид износите на минатите платежни трансакции, условите од рамковниот договор и релевантните околности во конкретниот случај, освен кога износот на платежната трансакција е надминат поради извршена валутна конверзија со примена на референтен девизен курс договорен помеѓу плаќачот и давателот на платежните услуги Плаќачот од друга страна е должен да го докаже исполнувањето на горенаведените услови. Износот на повратените парични средства од страна на давателот на платежни услуги на плаќачот ќе биде еднаков на вкупниот износ на извршената платежна трансакција, при што датумот на одобрување на платежната сметка на плаќачот не треба да биде подоцна од датумот на кој износот бил задолжен. Во случај на директните задолжувања, плаќачот којшто е потрошувач има право на безусловен поврат на паричните средства од својот давател на платежни услуги, доколку поднесе барање за поврат на средствата за платежна трансакција во рок од 56 дена од датумот на задолжување на износот на паричните средства. Доколку во рамковниот договор меѓу плаќачот којшто не е потрошувач и давателот на платежни услуги на плаќачот, за директните задолжувања не е уредено безусловно право на плаќачот за поврат на паричните средства, давателот на платежните услуги на плаќачот, пред да ја задолжи платежната сметка на плаќачот е должен да изврши верификација на секое директно задолжување според информациите содржани во мандатот, заради проверка на усогласеност на доставената платежна трансакција на директното задолжување со висината и временскиот период определени со мандатот. Плаќачот и давателот на платежни услуги може со рамковниот договор да уредат дека плаќачот нема право на поврат на паричните средства согласно ставот ако: ▪ плаќачот непосредно му ја дал согласноста за извршување на платежната трансакција на давателот на платежни услуги и ▪ давателот на платежните услуги или примачот ги дал или ги ставил на располагање информациите за идната платежна трансакција на плаќачот на договорениот начин, најмалку 28 дена пред крајниот дат...
РЕКЛАМАЦИИ. Сите рекламации во врска со работењето со паричниот депозит, Xxxxxxxxxx е должен да ги пријави веднаш во Банката, а најдоцна во рок од 8 дена од подигањето на Извештајот, односно во рок од 8 дена од денот кога се смета за уредно известен доколку не го подигнал Извештајот. Банката има право да наплати надомест за пријава на неоснована рекламација од страна на Депонентот, утврден согласно интерните акти на Банката.
РЕКЛАМАЦИИ. За сите евентуални рекламации во врска со податоците за состојбата на платежната сметка при употребатата на картичката, Корисникот на картичката се јавува во Банката и ги поднесува документите за извршените плаќања, подигање готовина и друга расположива документација. Банката нема никаква обврска во врска со рекламациите за доставата или квалитетот на стоките и услугите што се платени со основната или дополнителната картичка. Доколку Корисникот рекламира производ/услуга кон продажното место, Корисникот е должен да ги подмири обврските спрема Банката, независно од спорот со трговецот. Доколку Xxxxxxxxxx на картичката смета дека некои од трошоците се погрешно пресметани и прокнижени, или дека не му припаѓаат, може да се обрати до Банката поднесувајќи ги сметките и сите останати релевантни документи кои Банката може да ги побара. Рокот за поднесување на рекламациите е најдоцна 40 дена од денот на платежната трансакција која се оспорува, а доколку основ за оспорување е неавторизирана или неправилно извршена трансакција рокот е 13 месеци од датумот на задолжувањето. Xxxxxxx Xxxxxxx утврди дека рекламацијата е оправдана ќе ја одобри сметката на Корисникот на основната картичка, а во случај на неоправдани рекламации Корисникот ги сноси сите трошоци кои произлегуваат од постапката за рекламација. Услов за поврат на износ по извршена трансакција со картичката е да се поднесе рекламација од страна на Корисникот на картичката. За потребите на Рекламацијата Корисникот е должен да чува и приложи копија од потврдата за извршеното плаќање (слип/e-mail). Рокот за решавање на случајот на рекламацијата го одредува Xxxxxxx во согласност со правилата на платежните организации Visa International и MasterCard Worldwide.
РЕКЛАМАЦИИ. Сите рекламации и забелешки при користење на системот за електронско банкарство Корисникот е должен веднаш и без одлагање да ги пријави до Банката. Во зависност од видот на рекламацијата и причината за истото, Xxxxxxx во најкус можен рок ќе постапи по истата.
РЕКЛАМАЦИИ. Корисникот на картичката по извршената трансакција, односно по приемот на изводот за платежна сметка/картичка доколку утврди неправилност може да пријави рекламација до Банката за спорната трансакција. Приговорот /рекламацијата/ мора да биде поднесен/а во Банката, по писмен пат и мора да биде примена најдоцна 10 дена по завршување на месецот во кој е спорната трансакција и притоа да ја приложи целата документација која е поврзана со рекламацијата/приговорот/. Во спротивно ќе се смета дека корисникот на картичката ги признава трошоците наведени во изводот за платежна сметка/картичка.